Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Шок на лет од Малага до Лондон: патници тврдат дека жена била качена мртва во авион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryam720069j4c5c6Gm0yQ
АИ

Шокантен настан го одбележал летот на easyJet од Малага до Лондон, откако патници тврдат дека 89-годишна Британка била внесена во авионот со инвалидска количка кога веќе била почината.

— реклама —

Според сведоштвата, роднини ѝ помогнале на жената да се качи во авионот и при тоа му соопштиле на персоналот дека таа не се чувствува добро и дека заспала. Патниците раскажуваат дека телото било донесено до задниот дел од авионот, поставено на седиштето, а семејството се однесувало како таа да е жива, обидувајќи се да комуницира со неа.

— реклама —

Авионот веќе се движел кон крајот на пистата кога, непосредно пред полетувањето, екипажот добил информација дека жената починала. Леталото било итно запрено и вратено, по што летот бил одложен за 12 часа.

— реклама —

„Од првиот момент кога ја видов жената знаев дека не е жива. Нејзиното семејство зборуваше со неа како да е жива“, изјавила 19-годишната патничка Елизабет Роуланд, опишувајќи ја сцената како вознемирувачка и шокантна.

Од „Изиџет“, пак, ги отфрлаат тврдењата на патниците. Авиокомпанијата соопшти дека патничката имала валидна медицинска потврда дека е способна за летање и дека била жива во моментот кога се качила во авионот, инсистирајќи дека процедурите биле почитувани.

Случајот предизвика бројни реакции и отвори прашања за контролите и одговорноста при качување на патници со сериозни здравствени проблеми, додека спротивставените верзии на настанот дополнително ја зголемуваат јавната вознемиреност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk6aukb4lem9md7BSm2L

(Видео) Авион се судри со противпожарно возило во Њујорк

Свет | пред 1 седмица

media-librarynl85hd2eoef72iTzc1t

Зошто двајцата пилоти на ист лет никогаш не јадат исто јадење?

Магазин | пред 1 седмица

media-library6u2vkmkev8o992g6IfL

Патничка почина на лет од Хонгконг до Лондон, пилотот продолжил со 12 часовниот лет

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

(Видео) Погоден уште еден американски авион

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања