Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЧЕШКА

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

Прага признава: нема средства за исполнување на НАТО обврските

Чешка нема да ја исполни клучната обврска кон НАТО за издвојување најмалку два проценти од бруто домашниот производ за одбрана, признава владата на премиерот Андреј Бабиш, што отвори остри критики и нови тензии со сојузниците.И покрај економскиот раст од 2,5 проценти во 2025 година, буџетот за одбрана за 2026 година ќе се зголеми за само околу дваесет милиони евра, со што вкупните издатоци ќе достигнат околу 6,3 милијарди евра, односно 1,7 проценти од БДП.Владата во Прага, сепак, тврди дека ги исполнува обврските, планирајќи во одбранбените трошоци да ги вклучи и инвестициите во инфраструктура, како изградба на автопати и железнички линии.Премиерот Бабиш ја брани ваквата политика, нагласувајќи дека државата не смее да влезе во „трка по проценти“ на штета на економијата.„Одбраната е приоритет на нашата влада, но одбивам идеја дека треба механички да се натпреваруваме со проценти и да воведуваме мерки што би ја поткопале економијата и социјалниот мир во земјата“, изјави Бабиш, додавајќи дека 2,1 процент од БДП е максимумот што Чешка може да си го дозволи без да ги загрози здравството, социјалниот систем, енергетиката и внатрешната безбедност.Политиката на владата се соочува со отпор и од коалициски партнери, меѓу кои е и партијата Слобода и директна демократија, чиј лидер Томио Окамура уште во 2025 година го оцени договорот за зголемување на трошоците за одбрана како „целосно нереален“.Дополнителен притисок доаѓа и од чешкиот претседател Петр Павел, кој предупреди дека НАТО најверојатно нема да ги признае трошоците за автопати и железници како дел од одбранбениот буџет. Иако го потпиша буџетот за 2026 година, тој најави дека во иднина може да одбие таков документ доколку не се зголемат издатоците.Критики пристигнаа и од американскиот амбасадор во Прага, Николас Мерик.„Со намалување на издатоците за одбрана, Чешка ризикува да не ги исполни своите обврски и да се најде меѓу последните во Европа“, предупреди Мерик, потсетувајќи дека земјите членки на НАТО се договориле за постепено зголемување на трошоците до 3,5 проценти од БДП до 2035 година.И поранешниот заменик-министер за одбрана и амбасадор во НАТО, Јакуб Ландовски, смета дека владата ќе мора да вложи дополнителни средства.„Секој сојузник што ги поткопува напорите на САД за зајакнување на одбранбената способност на Европа мора да смета на реакција од САД“, оцени Ландовски.Прашањето за одбранбениот буџет така станува нов извор на внатрешни и надворешни притисоци за Чешка, која се обидува да балансира меѓу економските ограничувања и обврските кон НАТО.

Свет | пред 2 дена

media-librarynrukf8nbe4th3TrFRW9

(Видео) Фрлени молотови коктели врз Рускиот дом во Прага

Непознати лица фрлиле молотови коктели врз Рускиот дом во Прага, соопштија утрово официјални лица.Чешката полиција утрово објави на мрежата Икс дека непознат сторител во четвртокот навечер фрлил неколку молотови коктели врз зградата на Рускиот центар за наука и култура (RSVK), пренесува чешката агенција ČTK.Три од шесте фрлени коктели не експлодирале, што спречило поголемиот последици, изјави директорот на центарот Игор Гиренко, пренесе агенцијата RIA Novosti.Нападот бил насочен кон прозорците на библиотеката, а завршниот настан за Денот на руската култура бил планиран за денеска, што според зборовите на Гиренко покажува дека времето на нападот не било случајно.„Само нечовечки суштества можат да целат кон културата", оцени директорот.Рускиот центар за наука и култура, познат како Руски дом, од 1971 година го води руската државна агенција Рошотрудничество, а на незадоволство на Москва, Чешката Република не го признава дипломатскиот статус на зградата во која се наоѓа центарот, наведува ČTK.Заменик шефот на Рошотрудничество Павел Шевцов, изјавил дека напаѓачите имале намера да предизвикаат голем пожар.Полицијата соопштила дека трага по сторителот и дека против него се води истрага за оштетување туѓ имот.Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го нарекла нападот „варварски чин“, додека нападот во медиумите бил опишан како обид за загрозување на културниот центар и предизвикување пожар, пренесе Тасс.Русија во минатото се жалела на ставот на Чешката Република кон овој центар, па така поранешниот руски амбасадор во Прага, Александар Змејевски, во интервју за весникот Известија минатиот мај изјавил дека околу Рускиот дом владее нездрава атмосфера, наведува агенцијата ČTK.Змејевски тогаш изјавил дека повиците за затворање на Рускиот дом редовно се појавуваат во чешките медиуми, а тој бил и мета на хулигански напади на разни организации, меѓу другото и во врска со руската војна во Украина.Кон средината на април минатата година, десетици луѓе предводени од иницијативата Глас Украина, протестирале пред Рускиот дом против ширењето на руската култура, додава чешката агенција.

Свет | пред 3 дена

media-libraryo0eo3n46gaap3g3qPaK

Пожар во фабрика за оружје во Чешка: се истражува тероризам, компанијата ги демантира наводите за врска со Израел

Голем пожар избувна во хали на компанијата ЛПП Холдинг во Пардубице, Чешка, по што одговорност за инцидентот презеде анонимна група, тврдејќи дека станува збор за акција поврзана со наводна соработка со израелската воена индустрија.Според локалните медиуми, неколку минути пред избувнувањето на пожарот, редакции добиле електронска порака од група која се претставува како „Earthquake Faction“, во која се наведува дека нападот бил извршен за да се „прекине улогата во израелските воени операции“.Во пораката се тврди дека фабриката била дел од заеднички проект со израелската компанија „Елбит Системс“, која е еден од главните снабдувачи на израелската армија.Чешките власти случајот го третираат како можно терористичко дело. Министерот за внатрешни работи свика кризен штаб, а истрагата ја презеде Националниот центар за борба против тероризам, со вклучување и на безбедносно-разузнавачките служби.Сепак, од компанијата ЛПП Холдинг ги демантираат клучните тврдења. Велат дека иако во минатото постоеле планови за соработка со израелската компанија, тие никогаш не биле реализирани.„Во нашата фабрика никогаш не се произведувале израелски дронови. Планираната соработка не се оствари поради откажување на тендерот“, изјавија од компанијата.Според нив, објектот во Пардубице работи на развој и производство на оптичка опрема, термовизиски уреди и технологии за ноќно гледање, главно во соработка со украински партнери.Истрагата моментално разгледува повеќе можни сценарија – од намерно подметнат пожар, преку екстремистички напад, до потенцијално странско влијание. Засега нема официјална потврда за мотивите, а властите предупредуваат да не се шират непроверени информации.Во пожарот нема повредени, но материјалната штета е значителна.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryocgo6bg9mv5d5XR0VAL

Чешкиот премиер предупреди: „Руските ракети би стигнале до Белата куќа за 26 минути“

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ги разбира аргументите на претседателот на САД, Доналд Трамп, поврзани со Гренланд, нагласувајќи дека тој простор има значајна улога во глобалната безбедносна архитектура. Според неговите зборови, проценките покажуваат дека руските суперракети познати како „орешник“ би можеле од Русија, преку Гренланд, да стигнат до Белата куќа за само 26 минути.„Купив еден голем и убав глобус за 15 илјади чешки круни, односно околу 620 евра, за точно да видам каде се наоѓа Гренланд. Според проценките, руските суперракети „орешник“ би стигнале од Русија до Белата куќа за 26 минути и би прелетале токму преку Гренланд“, изјави Бабиш, пренесува чешката телевизија Прима.Чешкиот премиер оцени дека безбедносните предизвици кои ги претставуваат Русија и Кина не треба да се потценуваат и додаде дека отворените конфликти се контрапродуктивни, нагласувајќи ја потребата од дијалог и договор.На прашањето дали Чешка стои зад Гренланд и дали ќе се приклучи на заедничката изјава на европските земји кои предупредија на воведување американски царини, Бабиш изјави дека во овој момент не може да го потврди тоа.Тој потсети дека во рамките на НАТО, водечка улога имаат Соединетите Американски Држави и заклучи дека ваквите несогласувања мора да се решаваат преку договор, а не преку заострување на односите.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryocgo6bg9mv5d5XR0VAL

Милјардерот Андреј Бабиш се враќа на власт: Чешка веднаш најави промена на политиката кон Украина

Чешката Република доби нов премиер по повеќемесечни политички преговори. Претседателот Петр Павел го именува Андреј Бабиш – влијателен бизнисмен и близок политички сојузник на унгарскиот премиер Виктор Орбан – со што е заокружен процесот на формирање влада.По назначувањето, Бабиш изјави дека Прага нема да продолжи да го финансира воениот пакет за Украина, нагласувајќи дека државата треба да се посвети на „сопствените економски приоритети“. Тој не прецизираше дали ќе биде запрен меѓународниот проект за набавка на муниција за Украина, кој го поддржува претседателот Павел, но најави дека е можно ограничување на извозот на чешко оружје и муниција кон Киев.Новата влада е составена од неговото движење АНО и две партии од крајната десница – Слобода и директна демократија и Партијата на возачите. Трите формации, познати по ставови против климатските политики на ЕУ и по залагање за неутрален или попустлив однос кон Русија, заедно контролираат 108 места во парламентот.Бабиш, кој има 71 година, се враќа на премиерската функција по четиригодишна пауза во која неговата реторика сè повеќе се приближуваше кон европските конзервативни и суверенистички блокови.За да го добие мандатот и да избегне правни пречки поврзани со сопственичката концентрација, тој го префрли својот конгломерат „Агроферт“ – кој обединува повеќе од 200 компании – во доверителна структура.Политичките аналитичари предупредуваат дека новата влада може да ја позиционира Чешка поблиску до групата на „суверенистички“ држави во Европа, предводени од Орбан во Унгарија и Роберт Фицо во Словачка.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryhve38ea6fuv67s72XHB

Петар Павел: Руските дронови влегуваат во НАТО-простор, Путин ја тестира решителноста на Алијансата

Чешкиот претседател Петар Павел изјави дека Русија во повеќе наврати го повредила воздушниот простор на НАТО со авиони и дронови, целејќи да ја тестира решителноста на Алијансата во однос на руската агресија. Во интервју за британскиот „Сандеј тајмс“, Павел порача дека Европа мора да остане единствена и цврста во односот кон Москва.„Доколку дозволиме Русија да излезе како победник од овој конфликт, тогаш сите сме поразени“, нагласи чешкиот претседател, предупредувајќи дека секое попуштање би било опасен сигнал за Кремљ.Павел се осврна и на информациите за тајни преговори меѓу Русија и САД минатиот месец, во кои наводно бил разгледуван предлог за одземање украинска територија како дел од потенцијален мировен договор. Таквиот пристап, оцени тој, премногу потсетува на Минхенскиот договор од 1938 година, со кој тогашните европски сили прифатија отстапување на делови од Чехословачка на нацистичка Германија – потег што историски се смета за вовед во уште поголема катастрофа.„Историјата нè учи дека отстапките пред агресорот не носат мир, туку само поголем ризик и подлабоки конфликти“, изјави Павел, повикувајќи ја Европа да не повторува грешки од минатото и да остане доследна во поддршката за Украина.

Свет | пред 3 месеци

pruga-veles

Судир на два воза во јужна Чешка, над 50 повредени, петмина критично

Рано утрово, на железничката делница меѓу станиците Зливи и Дивчице, недалеку од Чешке Будејовице, се случи тежок железнички инцидент во кој повеќе од 50 патници беа повредени, а најмалку петмина се во животна опасност. Според информациите од чешките служби за итна помош, околу 6:20 часот дошло до директен судир помеѓу експресниот воз R 658 и локалниот патнички воз Os 8053, во време кога стотици луѓе патуваат кон работа и училиште.Првичните процени укажуваат дека повредени се околу 57 лица – петмина со тешки повреди се пренесени во болници во регионот, додека останатите примиле медицинска помош на лице место.Железничкиот сообраќај на оваа важна линија е целосно запрен. Чешките железници информираа дека врските помеѓу Чешке Будејовице и Плзењ ќе останат во прекин најмалку до доцните попладневни часови. За патниците кои останаа заглавени на станиците се организираат замени автобуски линии.Човечки фактор - причина за несреќата?Иако истрагата е на самиот почеток, првите изјави од министерот за транспорт, Мартин Купка, упатуваат на можен пропуст од човечки фактор. Според досега собраните податоци, едниот од возовите најверојатно не застанал на стоп-сигнал и влегол на делницата каде што во тој момент се движел другиот патнички состав.Спасувачките екипи на терен го евакуирале целиот возен персонал и патниците од двата воза. Локалните власти потврдија дека меѓу повредените има и деца, но засега нема информации за загинати. Сериозно е оштетена и железничката инфраструктура, што дополнително ќе го забави воспоставувањето на редовниот сообраќај. Националната инспекција за железничка безбедност отвори самостојна истрага, а најавено е и детално проверување на сигнално-сигурносните системи на проблемната делница.

Свет | пред 4 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-03-at-18.41.36_06aac166

Душко Чифлиганец тешко повреден при возење мотор во Чешка

Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец е тешко повреден управувајќи мотор и се наоѓа во критична состојба.Несреќата се случила на позната патека за возење мотори во Чешка.Душко е познат како љубител на мотори и автомобили. Има добивано престижни признанија за брзински мотоциклизам.Душко Чифлиганец е генерален менаџер на фирмата „Адора”. Долги години живее во Дубаи, каде заврши и дел од високото образование.

Македонија | пред 7 месеци

grcija4

Словенечки пожарникари и чешки хеликоптер се вклучуваат во битката со пожарите!

Словенија се вклучува со 50 пожарникари и специјализирана опрема, а Чешка испраќа хеликоптер како поддршка во гаснењето на пожарите што беснеат низ повеќе региони во земјава. Помошта од овие две земји се очекува да пристигне во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според нивните податоци, од вкупно 27 активирани пожари на отворен простор, во моментов седум се сè уште активни, три се ставени под контрола, а 17 се целосно изгаснати.Активни пожари се регистрирани на планината Голем Готен и во Малешевските планини, како и во прилепското село Бешишки Рид, каде огнот се шири кон селото Градежница во општина Новаци и кон државната граница со Грција.Гори и во подрачјето меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радибил и Дрен во Општина Прилеп, потоа во селата Галиште и Трстеник во Општина Кавадарци, како и меѓу селата Црешево, Локцива и Крапа во Општина Македонски Брод. Пожар е активен и во селото Ќосевица во општина Македонска Каменица, како и во селото Ореше во Чашка и во кичевското село Горно Црско.Пожарите кои се ставени под контрола се во селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што горела мешана шума и сува трева, потоа меѓу селата Драгоево и Селце во Општина Штип, каде биле зафатени нискостеблеста шума, прнар и сува трева, и во село Јунузлија, општина Карбинци, каде се регистрирано горење на шума.

Македонија | пред 8 месеци

poplavi-cheska

Автомобил со три лица паднал во надојдена река во Чешка: Два дена подоцна е пронајдено само возилото, нема трага од патниците

Автомобил со три лица паднал во разбеснетата река во саботата во близина на градот Јесењица во Чешка. Денеска е пронајдено само возилото, додека потрагата по неговите сопатници продолжува.„Во селото Липова-лазне кај Јесењица имаме работа со автомобил кој паднал во разбеснетата Старичка река. Едно лице успеало да дојде до брегот, другите три се внатре. Го бараме возилото и неговите патници. “, соопшти полицијата во саботата.Откако возилото било пронајдено празно, спасувачите продолжуваат со потрагата по исчезнатите лица.Наводно станува збор за мажи и сите се над 18 години, пренесува Блеск.Да потсетиме, во Чешка е потврдено дека едно лице загинало во поплавите, додека осум лица се водат како исчезнати.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-09-15-at-10.34.34-1

Започна евакуацијата во Чешка: Хаос поради циклонот Борис

Во последните 24 часа наврнаа над 200 милиметри дожд, покажуваат мерните станици во чешките градови Јесеник и Бескидс, поради што сега започна евакуацијата на населението од тоа подрачје.„Од средата навечер на падините на Јесеник паднаа речиси 450 мм, на сртовите на Крконоше околу 400 мм, кај Бескидите скоро 300 мм, додека на планините Новорад и Јизера забележавме над 250 мм врнежи. како во Острава“, изјавија утрово од чешкиот хидрометеоролошки завод, а потоа кажаа каква е прогнозата за денеска:„Денеска најмногу ќе падне до 30 мм и тоа околу 50 мм на планините Јесенице и Крконоше, додека на планините Јизера околу 60 мм. Кај Бескидите врнежите веќе се намалуваат, а денеска ќе паднат само до 5 мм.“Состојбата со поплавите не стивнува, а неколку чешки градови ќе бидат евакуирани во текот на денот.„Започнува евакуацијата на чешкиот Тесин на Олша, а се подготвува евакуација во Острава и Бохумин“, изјави портпаролката на Хидрометеоролошкиот завод.„Во последните 12 часа во Јесенице паднаа меѓу 50 и 130 милиметри, а кај Бескидите меѓу 40 и 150 милиметри. За денеска се предвидуваат уште 10 до 20 милиметри кај Бескидите, а до 50 милиметри во Јесенице“, додаде таа.Хидролозите најверојатно ќе треба да го зголемат испуштањето вода од акумулацијата Римов во Чески Будејовице, што ќе го подигне нивото на реката Малша. Најпогодени ќе бидат селата Плав и Рудне кои се под Римово. Во моментов од браната се испуштаат 150 кубни метри вода во секунда, додека дотекот е на ниво од 220 кубни метри во секунда, пренесува Aktualne.cz.

Свет | пред 1 година

liverpul-policija

13-годишна ученичка од основно училиште во Чешка нападналa двајца ученици со нож

13-годишна ученичка од основно училиште во градот Домажлице на југот на Чешка денеска со нож нападнала и ранила двајца ученици во нејзиното училиште, а полицијата брзо интервенирала и jа привела осомничената.Според информациите, нападнатите момче и девојче се надвор од животна опасност, пренесува порталот Novinki.cz.„Таа избоде девојка и момче со нож. За среќа, повредите не се премногу сериозни“, вели анонимен упатен извор за чешкиот портал.Извори наведуваат дека нападот се случил утринава пред почетокот на наставата кога осомничената тинејџерка неочекувано влетлала во одделението со нож, при што момчето било прободено во стомакот, а девојчето во грбот.Станува збор за деца со кои осомниченото девојче претходно одело во седмо одделение во основно училиште. Осомничената поради слабите резултати била принудена да го повтори седмото одделение, додава една од основците во Домажлице.Засега не е јасно кој бил мотивот за овој напад.„Причината може да биде ментална болест, влијанието на семејството и социјалните мрежи, можам да замислам и дека е шизофренија“, изјавила заменик директорката на Психијатриската болница во Добржани, Каролина Мала, пренесува порталот idnes.cz.

Свет | пред 1 година

municija-1

Украина и Чешка се договорија: Ќе градат фабрика за муниција

Украинската државна компанија Укроборонсервис и чешкиот производител на муниција Селиер и Белот планираат да изградат фабрика за муниција во Украина, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал по заедничките состаноци на двете влади во Прага.Чешка е важен сојузник на официјален Киев во борбата против Русија и ја предводеше иницијативата со која на Украина и беа доставени стотици илјади муниција од целиот свет, пренесува Ројтерс.„Помеѓу другите договори во областа на одбраната, договорена е и изградба на нова фабрика за муниција во Украина. Договорот е потпишан меѓу компаниите Селиер и Белот и Укроборонсервис. рече Шмихал, без дополнителни детали.Чешкиот производител на пушки Colt CZ Group, кој годинава ја презеде компанијата Селиер и Белот, соопшти дека во рамките на овој проект ќе обезбеди машини за производство на муниција од мал калибар.Друга единица на Colt CZ Group, чешката Збројовка, исто така, како дел од претходните планови, потпиша договор за трансфер на технологија за производство на пушки CZ BREN 2 во Украина.

Свет | пред 1 година

ceska

Претседателот на Чешка повреден во возење мотор: Задржан во болница на набљудување

Претседателот на Чешката Република Петр Павел е повреден додека возел мотор, но повредите не се сериозни, соопштија од неговиот кабинет.„Претседателот е повреден додека возел мотоцикл“, објавија од кабинетот на претседателот на платформата Икс (Твитер), пренесе Ројтерс.Според кабинетот, повредите не се сериозни, но Павел мора кратко да биде задржан на опсервација во болница.Канцеларијата соопшти дека ќе обезбеди повеќе информации кога ќе станат достапни.Павел, 62-годишен поранешен началник на чешката армија и висок функционер на НАТО, ја презеде функцијата минатата година и продолжи да се занимава со своето хоби - мотоциклизмот.

Свет | пред 1 година

EU-1

„Европа направи голема грешка, беше наивна за Русија“, вели чешки министер

„Европа направи голема грешка во однос на енергетските извори, беше наивна за Русија“. Ова го изјави министерот за индустрија на Чешка, Јозеф Сикела, алудирајќи на воведувањето санкции против Москва и претстојната транзиција од руски енергетски извори на други добавувачи.„Покрај Русија, сушата во јужна Европа, проблемите со откажувањето на нуклеарните реактори во Франција се дополнителни фактори кои создаваат проблеми на енергетскиот пазар“, рече Сикела.Вонредниот состанок на ЕУ за енергетиката на 9 септември ќе ги разгледа предлозите како ограничување на цената на гасот што се користи за производство на електрична енергија или интервенции за да се спречи колапс на пазарот, додаде чешкиот министер, пренесува Ројтерс.Чешка, која го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ, свика состанок на министрите на ЕУ за 9 септември со цел да се најде решение цела Европа да се справи со поскапувањето на енергенсите.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања