Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Чешкиот премиер предупреди: „Руските ракети би стигнале до Белата куќа за 26 минути“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryocgo6bg9mv5d5XR0VAL
ФБ

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ги разбира аргументите на претседателот на САД, Доналд Трамп, поврзани со Гренланд, нагласувајќи дека тој простор има значајна улога во глобалната безбедносна архитектура. Според неговите зборови, проценките покажуваат дека руските суперракети познати како „орешник“ би можеле од Русија, преку Гренланд, да стигнат до Белата куќа за само 26 минути.

— реклама —

„Купив еден голем и убав глобус за 15 илјади чешки круни, односно околу 620 евра, за точно да видам каде се наоѓа Гренланд. Според проценките, руските суперракети „орешник“ би стигнале од Русија до Белата куќа за 26 минути и би прелетале токму преку Гренланд“, изјави Бабиш, пренесува чешката телевизија Прима.

— реклама —

Чешкиот премиер оцени дека безбедносните предизвици кои ги претставуваат Русија и Кина не треба да се потценуваат и додаде дека отворените конфликти се контрапродуктивни, нагласувајќи ја потребата од дијалог и договор.

— реклама —

На прашањето дали Чешка стои зад Гренланд и дали ќе се приклучи на заедничката изјава на европските земји кои предупредија на воведување американски царини, Бабиш изјави дека во овој момент не може да го потврди тоа.

Тој потсети дека во рамките на НАТО, водечка улога имаат Соединетите Американски Држави и заклучи дека ваквите несогласувања мора да се решаваат преку договор, а не преку заострување на односите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 15 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања