Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДАНЕЛА АРСОВСКА

spas

(Видео) Обвинувања за тортура кон Данела Арсовска, формирана група за „спас на вработени во Град Скопје“: таа молчи

Јавни обвинувања за тортура врз вработени во Град Скопје, за кои Данела Арсовска и секретарот Зоран Глигоров - молчат. Заканите за тужби не нѐ заплашуваат, туку очигледно мотивираа луѓе и јавно да пишуваат. Градот Скопје тоне во проблеми. А проблеми има и внатре, кај администрацијата.Еве што точно се случува:Претходно:

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska2

Потрага по Данела: Не се појави на советнички прашања во Град Скопје

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не се појави на седницата за советнички прашања во Град Скопје. Поради ова, советниците од СДСМ се откажаа од работа, оти како што велат, нема поента да прашуваат било што, кога ја нема Арсовска да одговори.„Советничките прашања се седница каде поставуваат прашања до градоначалник. Ако градоначалник не е присутен, ние нема да учествуваме во работата на седницата“, рече Љубица Јанчева, советничка од СДСМ.По ова, претседателот на Советот, Трајко Славески, даде пауза за да ја бара Арсовска.„Стандардна е процедурата да ја повикам градоначалник, да дојде во салата, бидејќи се бара нејзино присуство. 10 минути пауза за да обезбедиме присуство на градоначалник“, рече Трајко Славески, претседавач на Советот од Град Скопје.Арсовска е во постојана караница со советниците во Градот. Дел од нив пак, неколку пати и укажаа дека непочитувањето на Советот е непочитување на жителите на Скопје, но и дека немаат намера да ја поддржат доколку не се појавува да образложи постапки и да каже детални решенија.

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Мицкоски за Арсовска: Не се карам, решавањето на проблемот со превозот е во раце на Градот и ЈСП, ако се купат автобуси ќе стигнат догодина

“Јас не се карам со никого”, рече премиерот Христијан Мицкоски, на констатација од новинар дека тој и скопската градоначалничка Данела Арсовска се расправаат наместо да се набават автобуси за жителите.“Ги повикуваме да аплицираат на повикот. Набавката на автобуси можеби не претставува проблем. На состанокот со Арсовска очекувавме да чуеме план. Рековме дека ќе ги поддржиме програмите, ги подддржавме. Иако не веруваме дека ќе допринесат нешто позитивно. Денеска да почнеме процес на набавка на автобуси за Скопје, ќе бидат испорачани следната година”, рече Мицкоски.Според него, тие биле конструктивни како партија.“Ние стоиме на располагање да чуеме план, а ако е планот: гладајте за кредит, за да ги добиеме за догодина”, тоа не го решава проблемот бидејќи ќе стигнат догодина”, рече Мицкоски.Според него, со наменско трошење на средствста кои ЈСП ги добива од Град Скопје, се решава проблемот.“Тоа е во рацете на менаџментот на ЈСП и Градот Скопје”, додаде тој.На констатацијата дека набавка на 250 автобуси, тој рече дека: “Да размислуваме како Влада за да направиме пакет за сите општини кои имаат потреба од јавен градски превоз. Ако на Скопје му требаат 250 автобуси, тогаш на другите им требаат уште 250. Овие прашања ќе бидат решени”.

Скопје | пред 1 година

IMG_6430

(Видео) Додека Скопје тоне во проблеми, Градот на Арсовска го врати Ќосето на кружен тек

Градоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на Град Скопје раководен од Арсовска доаѓа во време кога граѓаните имаат куп поплаки за раководењето на градот, кој се соочува со проблеми кои ги засегаат граѓаните.Таблата за враќање на Ќосето е поставена на кружниот тек как “Ист гејт мол”. Арсовска и Градот практично ја спроведуваат одлуката изгласана од Советот на три дена пред Нова година. Тогаш, со 23 гласови „за“, 3 „против“ и 7 „воздржани“ Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој пред пет години беше отстранет од пред комплексот судови.Споменикот на Ќосето беше поставен пред зградата на Врховниот суд ноќта меѓу 6 и 7 септември 2014 година, како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, но голем дел од јавноста го гледаше како дел од контроверзниот проект „Скопје 2014“.Споменикот беше отстранет во февруари 2018 година, на почетокот од мандатот на претходната администрација на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со образложение дека се работи за дивоградба.Во меѓувреме, не спроведувањето на изборната програма и ветувања, (не)хигиената во градот, нередовниот превоз, неисправните автобуси, преполните контејнери остануваат нерешен проблем од градските власти, предводени од Арсовска.

Скопје | пред 1 година

IMG_2106ll

Обвинителството „замижува“ или „глувее“? Арсовска нема потреба да се вознемирува, засега...

Неработата односно нефунцкионалноста на скопските претпријатија и Градот Скопје предводен од градоначалничката, Данела Арсовска, засега не го засега скопското Обвинителство. Тие сметаат дека овие проблеми треба да ги решаваат инспекторатите. Иако Скопје е претворено во мини-депонија, ЈСП не функционира, приватните превозници нема да возат, „Водовод“ го закочи проектот за прочистителната станица – Обвинителството не гледа злоупотреба на службената положба и овластување кај ниту еден од функционерите.„Јавното обвинителство постапува секогаш кога во конкретен настан има обележја на кривично дело. Проблемите кои ги наведувате се во надлежност на соодветни инспекторати и на органите од правосудната полиција кои се надлежни за детектирање, откривање на кривични дела и нивно натамошно процесуирање до Јавното обвинителство или до прекршочен орган. Предмет по допрен глас би можел да биде отворен доколку Јавното обвинителство процени дека во конкретен настан има кривично-правни дејствија, а инспекторатите и органите од правосудната полиција не постапуваат согласно своите надлежности за процесуирање“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Во поткастот „Претрес со Ландов“, во јули, Умејр Мухамеди, екссоветник на Арсовска, сподели информации за кои посочува дека се точни и вистинити, а се однесуваат на злоупотреби од градоначалничката. Стануваше збор за наводни злоупотреби со јавни набавки, пари за патувања, лица на платни списоци на сметка на граѓаните. Обвинителството и тогаш рече дека ги следи информациите, но „глас“ не допре до нив. Тогаш, за „Скопје1“ посочија дека ќе чекаат пријава.„Јавното обвинителство ги следи информациите. Доколку органите надлежни за откривање на кривични дела и контрола на финансиските текови (во конкретниот случај Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи или др.) достават известување или пријава, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности. Инструментот на допрен глас се користи доколку органите надлежни за откривање кривични дела не постапуваат согласно своите надлежности. Исто така, секој што има сознанија за сторено кривично дело истото треба да го пријави кај истражните органи“, кажаа од Обвинителството на 16 јули за „Скопје1“.Од тогаш до денеска, Арсовска смени десетина директори, Скопје е во уште полоша состојба, жителите остануваат без превоз. Решение не е на повидок, бидејќи Советот не и верува на Арсовска за да се изгласа одлука за набавка на нови автобуси, а програмите кои ги излгасаа тешко дека ќе го решат проблемот со мини-депониите.Кривична пријава за Арсовска, најави министерот за локална самоуправа, Златко Пирински. Тој кажа дека тоа ќе го направи како граѓанин, бидејќи смета дека Арсовска прави злоупотреба на службената положба и овластување.Арсовска на прашање од “Скопје1”, дали се плаши од кривична одговорност, на прес одговори со “не”, бидејќи според неа, не сторила ништо спротивно на закон.Бонус видео:

Скопје | пред 1 година

IMG_6319

“Побрзо стигнав од Јужен Трипол до Скопје, него од Ѓорче до Центар, секоја чест Данела”, граѓаните гневни за ЈСП, директорот проверува дали чувствува одговорност

Поплаките за превозот со ЈСП, се побројни. На социјалните мрежи граѓаните се жалат на хаосот, а тоа го гледаат и посетителите, како и странските туристи. Болна точка се автобусите и нивното недоаѓање на време, но и честото расипување.,,Секоја чест JSP Skopje (ЈСП Скопје) Danela Arsovska. Побрзо стигнав од Јужен Тирол до Скопје, одколку од Ѓорче до Центар!!! Секако после маратонско чекање автобус морав да одам со такси на работа (едвај најдов)! До толку ли не можете еден јавен превоз да средите?! Народот не го заслужува овој хаос!", напиша Силвана Ивановска на својот Фејсбук профил.“Скопје1” веќе побара одговори од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, дали гледа кај себе одговорност за тоа што превозот е и небезбеден. Тој рече: “Ќе проверам” и седум дена не добиваме одговор.

Скопје | пред 1 година

IMG_6187

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ не гледа вина кај нив и и одговори на Арсовска: За да се исчисти Скопје не треба одлука на Совет, туку само да работат камионите на Комунална хигиена

Кулминираат недоразбирањата и кавгите меѓу скопската градоначалничка и ВМРО-ДПМНЕ. По прес-конференцијата на Арсовска, на прес, Мартин Стојановски, советник од редовите на владеачката партија, на прашање на Скопје 1 зошто не ги гласа предлозите на Совет од градоначалничката одговори дека нејзините предлози не се потковани но не се и образложени.,,Ние како советници сме секогаш спремни да изгласаме се што е во интерес на граѓаните”, рече Стојановски кој не гледа вина кај нив за тоа како изгледа сега Скопје. За да се исчисти, рече не треба одлука на Совет, треба камионите на Комунална хигиена да работат.,,За другите претпријатија гледате какви луѓе се поставуваат и се менуваат”, рече Стојановски кој не сакаше да прејудицира одговор и ги упати новинарите да испитаат дали Арсовска ги носи одлуките само за своја корист.

Македонија | пред 1 година

danela-arsovska2

(Видео) На Арсовска сите и се виновни: не знае, не умее, не може? Зошто останува да зема плата?

На Данела секогаш другите и се криви. Советот си носи свои одговорности, но градоначалничката не умее да најде решение за проблемите на скопјани.Ќе си останела да зема плата до крајот на мандатот од граѓаните.

Скопје | пред 1 година

Danela-Arsovska-pred-Vlada

Данела Арсовска конечно утре на прес ќе одговара на новинарски прашања

Утре во 11 часот ќе се одржи прес конференција во град Скопје. Денеска, по средбата во Влада, Арсовска на прашање на Скопје1, рече дека по средбата ќе одговори на новинарски прашања или во Влада или во градот. Сепак реши да преспие и пресот е закажан за утре.По долго молчење и криење од јавноста скопската градоначалничка ќе треба да даде одговори за хаосот во градот, но и за четириесетината директорски смени кои уште повеќе ја влошија состојбата.Денешната средба со премиерот и министерот дојде на барање на Арсовска која на средбата дојде без предлози и план. Тоа ќе го сторела до крај на неделава. Владата не побарала оставка, но остава можност за покренување прашање за кривична одговорност на Данела Арсовска.

Скопје | пред 1 година

20220915120831

Арсовска инсистира Мицкоски да и помогне

,,Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата на Р.Македонија.За таа цел, го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија.Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје.", напиша Данела Арсовска.

Скопје | пред 1 година

Sequence-09.00_00_24_07.Still001

(Видео) Арсовска избега од јавноста! Тргна да се слика, застана, па замина!

Данела Арсовска скришум, без најави, тргна да прави увид на градежни работи во скопско Волково. Но, не направи фотосесија, откако ја виде екипата на „Скопје1“. Наместо одговори зошто градот тоне во долгови, смрдеа, нечистотија и нефункционалност – таа му даде насока на шоферот да тргне и да избегаат од локацијата. Заедно со неа, во автомобилот, беше и советничката Ирена Витина.„Скопје1“ проба да ја добие и телефонски Арсовска, но таа не одговараше. Нејзиниот тим извиси, а ја чекаше од 09 часот да стигне. Откако Арсовска брутално ги одмина, без поздрав и во брзање со службениот „пасат“, заминаа и тие. Дел беа од фирмата „Жикол“, која е изведувач, други пак градежни службеници од Град Скопје.Скопјани за нејзе велат дека треба да ѝ е срам да се појави во јавност.Куп скандали се врзуваат со Арсовска и нејзиното мандатување со Градот Скопје. Од нејзе и јавно се бара оставка, во спротивно најавуваат и протести. Нејзиниот поранешен советник, Умејр Мухамеди во поткастот „Претрес со Ландов“ тврдеше дека во Градот се местат тендери, се постапува спротивно на законите, а Арсовска врши и тортура врз вработените – кои „плачат“ од неа.[caption id="attachment_299199" align="alignnone" width="1290"] Арсовска не одговори на ниту еден од 17-те повици од „Скопје1“[/caption]Арсовска должи одговори и за долгот кој го направила во Град Скопје и го зголемила за шест пати, за што „Скопје1“ поседува документи. Јавните прашања до неа се и дали ќе негира поврзаност со запаленото возило сопственост на фирма, кое го управувал и Драган Митковски-Книга, соработник со кој таа се скарала пред скоро време.[caption id="attachment_299201" align="alignnone" width="1290"] Не одговори ниту на СМС пораката[/caption]

Скопје | пред 1 година

20220915120831

И директорот на „Дрисла“ крена раце од Данела, а таа дели откази во Градот - избрканите спремаат тужби

Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, крена раце од директорската позиција, дознава „Скопје1“. Но истовремено, скопската градоначалничка Данела Арсовска „на големо“ дели откази низ Град Скопје, тврдат нашите извори. Тоа го прави по разни основи, известувања се закачуваат и на огласната табла. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“. Кој ќе ги наследи - градот кој Арсовска го „приватизираше“, не соопштува.Неофицијално, а во недостаток на официјални информации, дознаваме дека десетина лица останале „на улица“, откако Арсовска решила дека не сака повеќе да соработува со нив. Меѓу нив, блиски соработници, но и лица кои имале договори со Град Скопје. Тоа, според одредени информации го прави поради несогласувања, а не поради проблеми при извршувањето на работните задачи. „Скопје1“ дојде до информации дека ваквото постапување на Арсовска ќе донесе нови тужби кон градот, а со тоа и нови трошоци.„Скопје1“ овие прашања сакаше да ги постави и утрово до Арсовска, но таа, наместо да излезе од автомобилот, кога ја виде новинарската екипа - избега со службениот „пасат“.Претходно, таа ги разреши директорите на „Водовод“, а потоа и на „Комунална хигиена“.Скопјани пак, нервозни. Бараат од Арсовска да поднесе оставка до петок.„Ајде вака да ѝ дадеме можност на “дамата” Данела да биде достојна до петок 16.08.2024 да си поднесе оставка причините се повеќе од јасни, ако почнеме да ги набројуваме немаат крај, нека биде достојна нека си даде оставка, доколку не се случи тоа, неа ке ѝ се случи народ, но не партиски, напротив од незадоволството на секој еден граѓанин на Скопје без разлика на партија вера и нација“, пишува Игор Кнеле, жител на Скопје.Скопје во мандатот на Арсовска наместо модерен – стана град со незадоволни луѓе, наместо метропола – град на заборавени жители.

Скопје | пред 1 година

IMG_5233

(Видео) Данела, депонииве што ќе ги чистеше, ти горат!

Данела Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе ги исчисти депониите низ Скопје. На една година пред крајот на мандатот, тие уште „сјаат“ низ градот, а повремено и горат. Ова е сликата од утрово во Шуто Оризари.Големата подршка која Данела Арсовска ја доби на локалните избори, се „стопи“.Градот тоне во проблеми, таа го затвори за јавноста и медиумите немаат пристап до информации, односно оттаму не одговараат на прашања. Приватиазцијата на градот оди до тој степен што за годишнината од катастрофалниот земјотрес, Арсовска скришум се појави на настан, без да повика медиуми.

Скопје | пред 1 година

IMG_7670

(Видео) Извини Данела!

Кликнете на сликите за да ги видите видеата![caption id="attachment_294814" align="alignnone" width="304"]  [/caption]

пред 1 година

danela-arsovska-1

Арсовска 20ти пат достави предлог одлука за нови еко автобуси, велат од Град Скопје

,,Градоначалничката на Град Скопје за седницата на Совет на 19.06.2024 по 20ти пат достави предлог одлука за нови еко автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.Бидејќи согласно закон градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, единствена одговорност по повеќе од две години за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Град Скопје и од кои зависи дали ќе има нови еко автобуси и подобар превоз.Со цел советниците од ВМРО ДПМНЕ да немаат оправдание за неносење на одлуката за нови еколошки автобуси, Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска јавно континуирано им предлага да го контролираат целосно процесот односно банката која ќе го финансира проектот како и условите за набавка на еко автобуси да ги изберат самите советници во рамки на Советот, бидејќи оваа одлука единствено тие можат да ја донесат.Како очигледна демонстрација на сила и самоволие, спротивно на деловникот и статутот Претседателот на Совет Трајко Славески ниту на Советот закажан за 19.06.2024 година не ја стави точката за нови автобуси на дневен ред за гласање, иако поради недостаток на автобуси скопјани чекаат на автобуските станици, а новите автобуси ВМРО ДПМНЕ ги имаат ветено пред граѓаните на локалните избори во 2021.За потсетување во претходниот мандат 2017-2021 година советниците на ВМРО ДПМНЕ гласале за набавка на еко автобуси на предлог на СДСМ, во истата форма како и сега и без никакви забелешки, бидејќи тогаш сметале дека треба да поддржат нови автобуси во интерес на граѓаните.За потсетување претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лично ги ветуваше новите автобуси за скопјани, за кои дури најави и дека преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, но до сега повеќе од 2,5 години тоа ветување не се реализира, како ни неговото ветување за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје која континуирано изјавува дека и лично ја поддржува.Досега според програмата требаше да се набавуваат секоја година по 50 автобуси за да се постигне квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат и да се испорачаат до крај на мандатот 250 автобуси, но советниците на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две години не ја гласаат одлуката.”, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-DSC09337

Скопје и Прага со меморандум ќе работат на имплементација на конкретни проекти

,,Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во рамки на работната посета на Чешка, оствари официјална средба со Градоначалникот на Прага, Бохуслав Свобода. Градоначалниците разговараа на повеќе теми за интензивирање на соработката на двата града и отпочнување конкретна реализација на проекти од областа на транспортот, животната средина, цивилната заштита, здравството и економијата.Арсовска и Свобода ја истакнаа потребата од градење нови пријателства, интензивирање на соработката која едновремено ќе создаде можности за поврзување и работа на заеднички проекти особено во областа на културата, образованието и туризмот, а во рамки на Скопје Европска претстолнина на културата 2028.Во Прага Градоначалникот Свобода, организираше работни средби во Градското Собрание на Прага, за Планот за одржлива мобилност, Зелениот климатски план 2030, и успешно беа договорени идните мерки и решенија кои треба да бидат превземени за подобрување и унапредување во повеќе области во Скопје со соработка со Прага.”, велат од Град Скопје.

Македонија | пред 1 година

4141danela-arsovska23

Град Скопје ја демантираа изјавата на Џафери

,,На денешната прес конференција во Влада, ВД премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада.Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.ЈП “Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија.”, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-14.39.43

Данела Арсовска со само 1.571 глас во Скопје каде е градоначалничка

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за пратенички мандат.Според податоците на ДИК, од обработени 97,32% од избирачките места, како носител на изборната листа во ИЕ 1, во која спаѓа и Скопје, Арсовска освои само 1.571 глас.Во ИЕ 2 каде што беа скопските општини Ѓорче Петров и Сараја, таа доби 1.109 гласови. Нова Алтернатива имаше листи и во ИЕ3 и ИЕ4.За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, па во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.

Македонија | пред 1 година

4141danela-arsovska23

Арсовска за министерката за култура: Жената се уби од лажење, ако знаела за пожарот во Универзална зошто не пријави пред 9 часот?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, една недела по пожарот во Универзална сака, на прес конференција рече дека Град Скиоје воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности во Универзалната сала, пред да се случи пожарот.Арсовска ја праша министерката за култура ако дознала за пожарот пред 9 часот, зошто истиот не го пријавила?,,Зошто ако работниците и инженерката на фирмата се обидувале да го гаснат пожарот и откако не го локализирале, не пријавиле и не побарале помош од Противпожарната бригада на Град Скопје, каде многу подоцна е пријавен пожарот од страна на случаен минувач? На што се должи изјавата на Лазар Арсовски, сопственик на фирмата изведувач дека причината за пожарот е стар кабел или инсталација? Каде поточно е започнат пожарот? Врз основа на кој проект е продолжено да се реконструктуира Универзалната сала”, праша Арсовска.Се пожали дека против неа се создала голема хајка во изминатите години, со изјави дека „не поседувала способност за да ја продолжи реализацијата на Универзалната сала.,,По две години и увидување на неможноста да се реализира оваа реконструкција, гледате дека мистериозно има пожар на Универзалната сала, во моментот кога е веќе отпочната на терен од страна на Министерството за култура. Бев напаѓана дека не дозволувам продолжување на проектот на реконструкција кога на секој наш граѓанин му е јасно дека градоначалникот нема ингеренции, ниту надлежности да пренесе право на реконструкција или било каква одлука со сопственост на имотот на Град Скопје, без соодветна одлука на Советот. Имаше многу невистини од жената која се уби од лажење во изминатите месеци”, рече Арсовска.Градоначалничката приложи документ, според кој, како што рече, не може повеќе да се работи и гради на проектот за Универзалната сала. Според неа, фирмата изведувач работела спротивно на основниот проект.-Има три столбови кои понатаму ИЗИС детектира дека по тој проект на може да се работи. Позитивното мислење на сеизмичната заштита по овој проект е поништено, а проектантот Бујар Муча доставува некакво техничко решение каде што има четири столбови кои во тој момент си ги има доградувано самиот изведувач на терен, посочи градоначалничката.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska2

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во организација на голема еколошка акција

,,Во рамки на големиот проект кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија, во средното училиште “Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема. Овој проект им овозможува на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња во кои можат да се дружат, имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници.Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и над педесет ученици од скопските средни училишта „Кочо Рацин“ и „Георги Димитров“ заедно со наставниот кадар, организираа голема еколошка акција за уредување на дворот во средното училиште „Кочо Рацин“ во која засадија дрвја и садници како продолжение на серијата на активности кои Градот Скопје ги реализира заедно со скопските средношколци за подигање на свесноста и зголемување на зелените површини, зелените коридори и паркови во Скопје.Во рамки на настанот се одржаа интерактивните работилници и предавања, со претставници на еко здруженија од областа на животната средина со цел подигнување на свесноста кај младите за чекорите кои секој поединец може да ги превземе да влијае на заштитата на животната средина и природата.Важноста и целта на овие проекти е да се поттикнат младите за зачувување, одржување и негување на животната средина како и да се креираат нови паркови површини. Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ градот, како еден од приоритетите од програмата за Модерно Скопје. Изминатиов период заедно со скопските средношколци беа реализирани акции за садење на Водно, парк шумата Гази Баба, а продолжува со реализација и голем проект за уредување на дворните површини на сите 23 градски средни училишта.”, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-DSC09337

Арсовска избрана во Совет на Европа на Конгресот на локални власти за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво

,,Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.Нејзини надлежности меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.", велат од Град Скопје.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Данела Арсовска на состанок на политичката група во Конгресот

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како потпретседател на Европската народна партија ЕПП за локални власти ко-претседаваше со пленарниот состанок на политичката група во Конгресот.Во Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа - Council of Europe во Стразбур, Франција како предлог на претседателството на Европската народна партија EPP European People’s Party минатата година Арсовска едногласно беше избрана за потпретседател.На пленарниот состанок на политичката група се презентираa извештајот на Претседателството и се дискутираше за решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, особено за соработка со цел обезбедување грижа кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и развој на инфраструктурата.

Македонија | пред 2 години

danela-arsovska-1

Данела за сите кражби од големи размери нема да ја спаси ни Тодор Александров да воскресе, затвор не и бега, тврди Мухамеди

Умејр Мухамеди е поранешен соработник на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој замина од Град Скопје, па напиша дека бил натепан. Сега, со нов жесток напад над Арсовска. Зборува за тендерите кои се плаќаат од државни пари, па посочува: „Данела за сите овие кражби од големи размери нема да ја спаси никој“.Неговото пишување во целост:„Ај вака да објасниме некои работи:1. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 500.000 евра за чистење на кејот на Вардар. Изведувач е “Гама Градба”, багерите се појавуваат една недела и ги снемува. Кејот на Вардар го чистат јавните претпријатија на градот. Од податоците кои ги добив на е-finance на фирмата Гама Градба редовно и се плаќаат големи суми.2. Данела Арсовска склучува договор со фирмата Нексос инженеринг за чистење на снегот, набавка вредна 65.000.000 денари, во договорот стои дека и да има и да нема снег парите треба да и се исплатат на фирмата. Носителот на набавката е близок со Стевчо Јакимовски и кон истата фирма исплатите се вршат редовно.3. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 60.000.000 денари за набавка на садници (најголема набавка на садници во историјата на градот). Јас и пишувам дека нема многу засадени садници а вредноста на набавката е преголема она ми вика дека биле засадени 600.000 дрвја. Носител на набавката е “хорти ком” (нејзин пријател).4. Данела Арсовска преку ЈСП склучува договор со Пуцко Петрол за набавка на нафта и нафтени деривати, вредноста на набавката е 27 милиони евра (најголема во историјата на градот односно двојно поголема од претходните набавки), во меѓувреме преку комунална хигиена склучува нови договори за набавка на нафта. (кражба од невидени размери).5. Данела Арсовска им ги централизира поголемите набавки на средните училишта и преку таканаречена групна набавка она да одлучува која фирма ке го добие тендерот.6. Данела Арсовска (не она лично) сече дрвја за кок нема “одобреније за сеча” за 500 евра. (За ова тие изгубените во простор од ЗХГ немаа никаков коментар).7. Сите вредни вработени со по 20 години искуство ги исклучува од работниот процес и ги носи во пожарна преку брутален мобинг и незаконски постапки.Данела Арсовска се “кара” со Умејр Муамеди бидејки за сите овие набавки и за многу други работи директно сум и се спротиставил и за тоа имам и докази. Данела Арсовска за сите овие кражби од големи размери од идната власт нема да ја спаси од кривичен прогон ни Ванчо Јовановски ни Никола Груевски, дури и Тодор Александров да воскресне затвор не и бега.Има и многу други работи но сето тоа кога ке дојде времето да се докажеме во суд“.Претходно:(Фото) Соработник на Арсовска си замина од Град Скопје, па објави дека бил натепан: Напаѓачот ме нападна со зборовите зошто пишуваш против Данела - Скопје1.мк (skopje1.mk)Правник ја искина дипломата откако почна бришење на казни од Кривичен законик во Собрание - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Коментари | пред 2 години

danela-skopje

(Видео) И на Арсовска повеќе не и е Нова година, втора недела го откитува Скопје

Еден месец по празничните новогодишни денови, а втора недела по ред – трае откитувањето на скопските улици. Касното украснување, донесе и касно откитување. Фирмата која ги постави сијаличките треба да добие 30.000 евра. Дел работеа, дел не – но во градот имаше празнична магија. Истовремено, во тек е истрагата за Данела Арсовска, на која во Град Скопје ѝ влезе Финансиска полиција. Си отиде и Дедо Мраз со кого Арсовска играше шах додека инспекторите ровареа по канцелариите. „Скопје1“ го праша директорот на Финансиска полиција, Горан Иванов дали утврдиле законски прекршувања од страна на Градот и Арсовска со склучување на договорот со фирмата-украсувач. Оттаму очекуваме одговори. Градот беше накитен на крајот од декември. Поради ова, Арсовска најави дека следната Нова година, ќе го украсува од октомври за да нема критики.

Скопје | пред 2 години

321296632_678988560575052_4320470385291497246_n

(ФОТО) Данела седна на маса со Ковачевски и Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на социјалните мрежи објави фотографии од средбата со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Тој на фотографиите е заедно со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и премиерот на државата Димитар Ковачевски.„Почитувани граѓани,Дозволете ми свое лично име и од име на МВР да ви го честитам првиот празник меѓу празниците, Рождеството Христово – Божиќ, со желби, пред сѐ, за добро здравје, духовен спокој и мир.На спасоносниот и најрадосниот ден, кога надежта и верата победуваат, Синот Божји се раѓа, носејќи го семето на вечниот живот за да нѐ избави од ропството на гревот, подавајќи ни рака за наше спасение.Христовата незалезна светлина духовно нѐ воздигнува и ни отвора нови порти кон нови возвишени цели. Преку новиот живот да создадеме подобра иднина.Со нова енергија да бидеме инспирирани на благородни дела, солидарност и заедништво. Да бидеме добри секогаш, секаде и со секого.Нека блескавата Витлеемската ѕвезда повторно го осветли нашиот пат, потсетувајќи нѐ на вистината, дека Христос се роди и Бог го испрати спасението на човештвото.Честитајќи ви го Божиќ, ви посакувам празничната радост да ја споделите со најблиските, со чисто срце и искрена љубов.Христос се роди“, напиша Спасовски.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања