Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДАНЕЛА АРСОВСКА

20220915120831

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Данела и Левица функционира, кавгите им се само за тендери, вели СДСМ

Вчера Советот на Град Скопје го усвои Буџетот на Градот за 2023 година, предложен од градоначалничката Данела Арсовска, вели СДСМ„За усвојување на Буџетот гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица со што докажаа дека нивната коалиција со Арсовска и натаму функционира.Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се едно, нивните кавги се само заради тендери.ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје има своја градоначалничка има претседател на Совет и мнозинство во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство на членови во управните одбори во јавните претпријатија и со тоа ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје.По вчерашното усвојување на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди коалицијата со Арсовска и докажа дека секој нивни обид да се оттргнат од Арсовска е само уште една лага на партијата предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-11-08-141044

Арсовска викна полиција оти Славески и го зел микрофонот

Градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје викна полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата, пишува СДК.МК.Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.Претходно Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата и му рече на Славески дека е Хитлер и крадец.„Господине Хитлер не ви доликува ова што го правите. Вие го кршите деловникот и сте крадец. Немате никаков интегритет”, рече Арсовска.По ова, Славески даде пауза, а потоа рече дека ѝ го одзема правото на збор на Арсовска затоа што го кршела деловникот, вршела опструкции и недолично се однесувала.

Скопје | пред 3 години

danela-arsova-2

„Работиме на реконструкција на урбаната опрема во Луна Паркот“, вели Арсовска

Во новото издание на “Наше Скопје”, градоначалничката Арсовска истакна дека изминатиот период е отпочнато со реконструкција на патеките и реконструирани се над 9000 m2. Исто така Арсовска кажа дека Град Скопје работи на тоа да се отпочне со проектот кој го чекаат сите скопјани а тоа е Луна Паркот.“Во градскиот парк отпочнавме со она за кое што сметавме дека е најкритично. Отпочнавме со реконструкција на патеките. Реконструирани се над 9000 м2, ни остануваат уште околу 1000 м2, тоа е простор каде е тешко пристапно за механизацијата. Работиме и на тоа да се отпочне проектот што го најавивме а тоа е Луна Паркот. Тоа е нешто кое е значајно за сите скопјани, беше силно отпоздравено. Се работи на реконструкција на дел од урбаната опрема, морам да напоменам дека има високо ниво на вандализирање во изминатиот период на самата урбана опрема.” – истакна Арсовска

Скопје | пред 3 години

danela964521

Арсовска ги покачи платите во Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со репрезентативниот синдикат на вработените потпиша зголемување за сите работници во градската администрација од 2800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата.- Градот Скопје е прва институција која врши линеарно зголемување за усогласување на платите согласно барањата на репрезентативниот синдикат на Град Скопје, а во интерес на унапредување на работничките права. Со ова усогласување се излегува во пресрет на потребите на вработени на Град Скопје, со цел амортизирање на негативните ефекти од двоцифрената инфлација и економската криза со која се соочени, истакна Арсовска.Со зголемувањето на платите се опфатени сите административни службеници, вработените во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и вработените ангажирани согласно ЗРО.- Во насока на унапредување на правата и вреднување на трудот, се презема се што е во рамки на нашите можности, имајќи во предвид дека сакаме да мотивираме работен процес преку кој се испорачуваат ефикасни, ефективни и квалитетни услуги за граѓаните, додаде Арсовска.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања