Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДЕТЕ

media-librarysg67179093qn5sofqnv

Жители на Баир протестираат по нападот на четиригодишно девојче од бездомно куче: „Ако нема мерки, ќе го блокираме влезот“

Вчера четиригодишно девојче беше тешко повредено откако било нападнато од куче скитник, кое ја искасало во пределот на лицето. Спроед објавата на Сафет Бајрамов, девојчето било нападнато во дворот, а понападот завршило на операција.Денес жители на населбата Баир во Битола излегоа на протест пред Општинската зграда.Тие побараа од градоначалникот и надлежните служби да го решат проблемот со бездомните кучиња во рок од седум дена, предупредувајќи дека во спротивно ќе го блокираат влезот во општинската зграда.Градоначалникот, изрази жалење за последниот инцидент, повика на дијалог со граѓаните и најави поинтензивна соработка со други надлежни институции за да се најде трајно решение за проблемот.На овој начин, локалната самоуправа се обврза на мерки за контрола на бројот на бездомни кучиња и подобрување на безбедноста на јавните површини.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5fpig7hhi4e9bCJa3s2

Сосетка со тешки обвинувања по трагедијата во Карпош: 150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше

По трагедијата во Карпош, каде што по пад од зграда животот го загубија мајка и малолетно девојче, на социјалните мрежи се огласи Тања Спировска, која се претставува како нивна сосетка, изнесувајќи сериозни обвинувања за долготрајно семејно насилство и институционален пропуст.„Почивајте во мир, Ивана и Кате. 150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше. Сите сме виновни во оваа приказна и ние и сите институции исто така“, напиша таа.Во објавата таа посочува конкретно лице како причина за трагедијата, повикувајќи јавноста да не ја обвинува мајката и наведувајќи дека, според нејзиното мислење, тоа бил „последниот излез од мракот во кој што била“.Објавата содржи и тешки навреди и повици на насилство кон лицето што го споменува, што дополнително ја разгоре јавната дебата на социјалните мрежи.Надлежните институции засега водат истрага за околностите под кои се случил настанот. Од Обвинителството претходно соопштија дека се преземаат мерки за утврдување на причините, како и разговори со лица што би можеле да имаат сознанија за случајот.Јавноста повикува на целосно расветлување на настанот и утврдување на евентуална одговорност, доколку се потврдат наводите за претходно пријавувано насилство.МВР и Обвинителството до овој момент немаат доставено податоци за тоа дали и колку пријави имало од страна на сега починатата девојка.

Коментари | пред 3 седмици

media-librarydntl8mareovhf95NJaM

Семејно насилство треба да се казнува повеќе од обичното насилство, под итно реформа на Центрите за социјална работа, вели Апасиев

По трагедијата во скопската населба Карпош, каде што животот го загубија мајка и малолетно дете, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, побара построги казни за семејното насилство и радикална реформа на центрите за социјална работа.„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалку од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалку од убиство на миг; така и СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО треба да се казнува повеќе, а не помалку од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква ‘заштита’ имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, напиша Апасиев.Тој во објавата дополнително посочи дека, според него, е неопходна „под итно радикална реформа на заостанатите центри за социјална работа“, оценувајќи дека тие се исполнети со „неспособни и нестручни партиски кадри“.Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, а случајот е предмет на истрага од надлежните институции.

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryivuepsibk2ud85exLvM

(Видео) Познато во каква состојба е детето кое падна од жичарница на Јахорина

Детето кое паднал од жичарница на Јахорина е надвор од животна опасност, соопштиле утрово од болницата во Источно Сараево за „БН ТВ“. Лекарите потврдиле дека детето е стабилизирано и згрижено.„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавиле од болницата за „БН ТВ“.Медиумите пренеле дека инцидентот се случил вчера, кога детето висело од жичарницата, а потоа паднало на земја од висина од неколку метри. Скијачи кои се нашле на местото го забележале настанот и реагирале.Од Полициската управа во Источно Сараево досега не го коментирале случајот. Од Олимписки центар Јахорина најавиле дека наскоро ќе објават официјално соопштение во врска со инцидентот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryivuepsibk2ud85exLvM

(Видео) Драма на Јахорина: Дете падна од жичница

На планината Јахорина се одвивала вистинска драма кога дете останало да виси од корпата на жичницата, а потоа паднало на земја.Како што може да се види на снимката, сè се одвивало многу брзо.Глетката бил застрашувачка. На снимката се гледа како детето се обидува да се задржи на жичницата, но набрзо губи сила и со силен удар паѓа на снегот.Засега не е познато од која причина дошло до испаѓањето на детето од жичницата, ниту каква е неговата состојба.Скијачите кои се нашле под жичницата се обидувале да го фатат детето, пренесува БН.

Свет | пред 1 месец

kucinja-skitnici

Кучиња скитници нападнале двегодишно дете во Битола, со сериозни повреди е префрлено на лекување во Скопје

Двегодишно дете од Битола се здобило со тешки телесни повреди откако било нападнато од кучиња скитници додека си играло во близина на семејната куќа, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според официјалните информации, на 6 февруари 2026 година во 15:53 часот, во СВР Битола било пријавено од страна на лекар од Клиничката болница во Битола дека кај нив е донесено малолетното дете со сериозни повреди. По укажаната првична медицинска помош, детето било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што продолжува лекувањето.Од СВР Битола соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, како и за утврдување на сите околности под кои дошло до нападот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhl8o1r5650eechoLTmi

(Видео) „Што е со тебе проблемот“ – вознемирувачко видео на Инстаграм, дете тепа домашно куче

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео во кое е прикажано дете кое малтретира домашно куче. На снимката се гледа како детето со едната рака го држи кучето за левото уво, а со другата го удира. Во еден момент, додека детето го удира, вели: „Што е со тебе проблемот“, додека кучето ржи и го гризнува, предизвикувајќи кај детето плач.Видеото е објавено на Инстаграм стори и предизвика силна реакција кај граѓаните.„Ова не е игра. Ова не е воспитување. Ова е малтретирање и нечовечно постапување со животно – дело кое е казниво со закон. Агресивното однесување кај децата не е изговор, туку последица на неодговорно воспитување. Секое насилство, без разлика дали е врз човек или животно, остава трајни последици и создава уште поголема агресија. Законот е јасен. Одговорноста е кај возрасните.“

Настани | пред 2 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Дете од Градско донесено починато во болница во Велес

Шестгодишно дете од Градско било донесено починато на Детското одделение во Општата болница во Велес, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.Настанот бил пријавен вчера во 19:45 часот, а според првичните информации станува збор за дете кое имало претходни здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, по што увид на местото извршила екипа од СВР Велес.По насоки на надлежен јавен обвинител, телото на детето е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Македонија | пред 2 месеци

klinika-hirurski-kliniki-4

Детето не можело да биде оперативно лекувано, повредите на мозоочното ткиво од куршумот биле неоперабилни, МЗ со детали за починатото дете

Министерството за здравство соопшти дека кај двегодишното дете повредено од залутан куршум за време на новогодишната ноќ не постоела можност да се направи хируршка интервенција, бидејќи оштетувањето на мозочното ткиво било исклучително тешко и неприменливо за оперативен зафат.Во соопштението се наведува дека детето најпрво било примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на повредите веднаш било префрлено на Клиниката за неврохирургија, каде било сместено на Одделот за интензивна нега.Пациентот бил интубиран, приклучен на механичка вентилација и ставен под 24-часовен мониторинг, а била ординирана антибиотска и антиедематозна терапија.„Интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело“, соопшти Министерството за здравство.Институцијата упати искрено сочувство до семејството и најблиските во овие исклучително тешки моменти и повтори апел Новата година да се прославува мирно, без пиротехнички средства и огнено оружје, бидејќи неодговорното однесување може да заврши со трагични последици.

Македонија | пред 2 месеци

klinikimajka-tereza

Почина двегодишното дете повредено од залутан куршум на Новата година

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ утринава им подлегна на повредите на Клиниката за детска хирургија во Скопје.И покрај сите напори на медицинските тимови, утрово било констатирано дека тоа починало.Според досегашните информации од истрагата, детето било надвор со својата мајка додека гледале огномет, кога било погодено од метален проектил — најверојатно залутан куршум.По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болница. Прво било згрижено во Градската општа болница, а поради тешката состојба било транспортирано на Детската клиника. Лекарите констатирале сериозни повреди на мозокот и состојба опасна по живот.

Скопје | пред 2 месеци

klinikimajka-tereza

Детето кое беше прегазено во Чаир се уште е на интензивна нега, уапсен возачот кој побегна

Нема нови информации за здравствената состојба на детето кое вчера беше примено на Интензивна нега во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по сообраќајната несреќа што се случи во скопски Чаир.Од МВР потврдија дека несреќата се случила околу 14:50 часот на крстосницата меѓу улиците „Џон Кенеди“, „Максут Садик“ и „Македонска бригада“, кога патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблици удрило во дете пешак.Возачот по ударот го напуштил местото на несреќата, оставајќи го возилото зад себе. Полициските екипи кратко потоа го лоцирале во близина и го лишиле од слобода 65-годишниот С.И., осомничен за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.Повреденото дете било транспортирано со Итна медицинска помош во Клиничкиот центар, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди и го задржале на болничко лекување.По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Петарда му експлодирала во рака - повредено осумгодишно дете, полицијата одзеде стотици парчиња пиротехника

Осумгодишно дете од гостиварското село Врапчиште е тешко повредено откако петарда експлодирала во неговата рака. Случајот бил пријавен на 29 декември во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентниот центар во Гостивар. По укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Истовремено, низ повеќе градови продолжуваат полициските контроли за нелегална трговија и поседување пиротехнички средства. На 29 декември во село Конче, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш со судска наредба извршиле претрес во домот на К.К.(38), при што биле пронајдени 105 парчиња пиротехнички средства. Истиот ден, во село Ињево, при претрес во домот на И.К.(30) биле откриени уште 198 парчиња пиротехника. По документирањето на случаите, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.Полициските акции продолжиле и во Тетово. Во периодот од 14:40 до 19:15 часот на различни локации биле приведени А.М.(34), Н.Ф.(53) и Н.Ј.(40), кај кои била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства. По завршување на постапката, ќе бидат поднесени соодветни пријави.Полицијата повторно апелира употребата на пиротехника да се избегнува, особено кај деца и малолетници, бидејќи законот ја ограничува продажбата и употребата, а последиците може да бидат сериозни и трајни.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Маж на 53 години нападнал 12годишно дете со тупаници, клоци и нож

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 53-годишник кој на 11 ноември извршил брутален напад врз 12-годишно дете.Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и почнал да го удира со тупаници и клоци по лицето и телото. Во еден момент извадил нож и замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Напаѓачот потоа го одзел велосипедот, му ги исекол гумите и го фрлил на булеварот, со намера да оштети возила, по што го напуштил местото на настанот.Оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар за лекарска помош. Јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

Брутален напад на дете Скопје, маж со тупаници, клоци и нож го тепал 12-годишното момче: Обвинителството итно бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик.Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете.Додека детето се движело со велосипед по булеварот “Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото.Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Осомничениот го зел велосипедот од оштетеното дете, му ги исекол двете гуми и го фрлил кон булеварот со намера да го оштетат возилата кои поминувале. Потоа со моторот го напуштил местото на настанот, додека пак оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Скопје | пред 4 месеци

klinikimajka-tereza

Нападнатo 12-годишнo дете центарот на Скопје, осомничениот го исекол со остар предмет

Полицијата трага по напаѓачот.На 11.11.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, Г.М.(39) од Скопје пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. Малолетникот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

240646547_996452591177168_8429942148345254552_n

Го натерал девојчето да проси, па ѝ ги земал парите, приведен татко во Струга

Маж од Скопје е уапсен во Струга затоа што ја користел својата малолетна ќерка за просење и ги земал парите што ги собирала.Текст:Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 22.10.2025 во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на ул.„Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот како ја носи неговата малолетна ќерка да проси и потоа ги земал парите од детето. Тој веднаш е лишен од слобода и поднесена му е пријава.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryc77kv9o20asg14OCsR4

Се вратило од училиште и затекнало празен стан: Дете од Тексас останало само, мајката го напуштила и заминала со нејзиниот партнер

Мајка и нејзиното момче од сојузната држава Тексас се уапсени под обвинение дека го напуштиле нејзиниот 12-годишен син, откако се иселиле од станот додека тој бил на училиште, без да го известат за своите намери. Двајцата наводно го испразниле домот и ги однеле речиси сите работи, па кога детето се вратило дома, затекнало празен стан, објави UNILAD.Случајот бил пријавен во полицијата во градот Копeрас Коув на 17 октомври од директорот на училиштето што го посетувал момчето. Кога полицајците разговарале со детето, тој им рекол дека не знаел ништо за плановите за преселба и дека по враќањето од училиште затекнал стан без мебел и предмети што наутро биле таму. Службениците ја потврдиле неговата приказна, опишувајќи го домот како „празен и целосно опустошен“.Соседите на парот, исто така, разговарале со властите и изјавиле дека тие и претходно знаеле да го избркаат момчето од дома. Детето потврдило дека му спомнале „дека во некој момент ќе се преселат“, но никогаш не му кажале кога тоа ќе се случи.Уапсениот Кевин Двејн Адамс негирал дека неговата девојка, Ерика Рене Сандерс, го напуштила синот. „Ние сега живееме заедно, а нејзиниот син не е добредојден во мојот дом“, изјавил тој. Од друга страна, мајката на момчето рекла дека нејзиниот брат, односно вујкото на детето, требало да го земе по завршувањето на часовите.Сепак, таа не можела да обезбеди никакви контакт-податоци или дополнителни информации за братот. Потоа Адамс дал спротивставена изјава, тврдејќи дека тој самиот требало да го земе 12-годишното дете и да го однесе кај вујкото. Бидејќи поминале неколку часа, а никој не се појавил, властите конечно успеале да стапат во контакт со девојката на вујкото, која потврдила дека тој воопшто не знаел дека треба да го преземе момчето.Детето било привремено згрижено од Службата за заштита на децата, која подоцна, од непознати причини, наложила повторно да му се довери на грижа на Адамс. Тој го презел детето истата вечер околу 21:30 часот, но кратко потоа парот бил уапсен.Мајката и нејзиното момче се обвинети за напуштање и загрозување на дете со намера да не се вратат. Според судските записи, момчето на крај било згрижено кај својот вујко.

Свет | пред 5 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Четворица повредени во несреќа кај Липково, меѓу нив има и осумгодишно дете

Автомобил со швајцарски ознаки излетал од патот, при што четворица биле повредени, а меѓу повредените има и дете.На 26.10.2025 околу 11:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Липково-с.Арачиново, во атар на с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.С.(29) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со полесни неговите сопатници Н.С.(37), Х.С.(35) и осумгодишно дете. Повредите се констатирани во Општата болница Куманово, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygbpgjfncpij263iV4eZ

Прегазено седумгодишно дете во Скопје, има тешки повреди

На 12.10.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшто МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryq7ur42vt2eu94zTJf5V

(Фото) Шестгодишно дете нападнато од куче скитник во Кочани – мајката бара одговорност

Во Кочани шестгодишно дете било нападнато и каснато од улично куче, при што добило повреди во пределот на горниот дел од устата и отечено непце. За инцидентот на социјалните мрежи информираше неговата мајка, Ана Симонова, која сподели и фотографија од повредите.„Во саботата на 12.09 детето (6 години) е нападнато и каснато од куче скитник на горниот дел од устата. Детето е со отечено горно непце! Кој треба да одговара за уличните кучиња кои ги има во сè поголем број? Кoja институција е одговорна? Дали некое дете треба да биде распарчено за конечно да почнат да си ја вршат работата?“, напиша Симонова.Таа предупреди дека во дворот на ОУ „Малина Поп Иванова“ има цел чопор кучиња, поради што децата, како што вели, не можат да бидат безбедни за време на одморите. „Не можеш да излезеш да прошеташ како човек. Не е само во посоченото училиште – во трговскиот, во паркот тоа е чудо од кучиња скитници, а институциите не си ја вршат работата. Да се срамиш да кажеш дека живееш во Кочани... Страшна работа“, додаде таа.Граѓаните сè почесто алармираат на социјалните мрежи за проблемот со зголемениот број улични кучиња, барајќи од институциите системски и трајни решенија за нивното згрижување и контрола.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Бруталност во Карбинци: 73-годишник претепал дете, со тешки повреди пренесено е во болница

Во селото Радање, 73-годишен маж брутално нападнал 15-годишно дете кое со повреди завршило во болница – СВР Штип поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“.СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“.Пријавениот физички го нападнал 15-годишното дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Македонија | пред 6 месеци

lefkada-brza-pomos

Едноиполгодишно дете од Радовиш во болница – најверојатно испило таблета

Дете на возраст од една и пол година заврши во болница откако, според пријавата на неговиот татко, во семејната куќа во Радовиш најверојатно испило таблета. По укажаната итна медицинска помош, детето е пренесено во Клиничката болница во Штип.-На 07.09.2025 во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17:00 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета. Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош, соопшти МВР.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Мопед удри 13-годишно дете во Лојане кое е тешко повредено, возачот побегнал

Вчера околу 21:10 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат од село Лојане кон граничниот премин Миратовац, кај селото Лојане во општина Липково, мопед удрил во 13-годишно дете од истото село. По ударот, возачот со мопедот го напуштил местото на несреќата.Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово. На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот.

Македонија | пред 7 месеци

Vardar

И денеска се трага по тинејџерот кој потона во водите на Вардар

Потрагата по 16-годишното дете кое вчера потонало во водите на Вардар кај селото Улаци, Градско, продолжува и денеска.Ангажирани се екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-нуркачи, како и Специјалните сили - Волци, припадници на Армијата. На терен има и тим од ДЗССВР Велес вчера информираше дека кај нив било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката.26-годишната девојка била пронајдена жива и извлечена од водата, додека за 16-годишното дете сѐ уште се води интензивна потрага.

Македонија | пред 8 месеци

20180506_040611-1

Петгодишно дете питачи со таткото – пријава за запуштање и малтретирање

Маж од Скопје (30) е кривично пријавен поради сомнение за запуштање и малтретирање на дете. На 10 јули во Дебар, полицијата го затекнала додека питачел на улица заедно со неговата петгодишна ќерка.Повикани биле Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, а лицето било веднаш приведено. Случајот е процесуиран со кривична пријава по член 201 од Кривичниот законик.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања