Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Сосетка со тешки обвинувања по трагедијата во Карпош: 150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Коментари
media-library5fpig7hhi4e9bCJa3s2

По трагедијата во Карпош, каде што по пад од зграда животот го загубија мајка и малолетно девојче, на социјалните мрежи се огласи Тања Спировска, која се претставува како нивна сосетка, изнесувајќи сериозни обвинувања за долготрајно семејно насилство и институционален пропуст.

„Почивајте во мир, Ивана и Кате. 150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше. Сите сме виновни во оваа приказна и ние и сите институции исто така“, напиша таа.

Во објавата таа посочува конкретно лице како причина за трагедијата, повикувајќи јавноста да не ја обвинува мајката и наведувајќи дека, според нејзиното мислење, тоа бил „последниот излез од мракот во кој што била“.

Објавата содржи и тешки навреди и повици на насилство кон лицето што го споменува, што дополнително ја разгоре јавната дебата на социјалните мрежи.

Надлежните институции засега водат истрага за околностите под кои се случил настанот. Од Обвинителството претходно соопштија дека се преземаат мерки за утврдување на причините, како и разговори со лица што би можеле да имаат сознанија за случајот.

Јавноста повикува на целосно расветлување на настанот и утврдување на евентуална одговорност, доколку се потврдат наводите за претходно пријавувано насилство.

— реклама —
media-librarykubm6q7rnc435ZdJHMr

МВР и Обвинителството до овој момент немаат доставено податоци за тоа дали и колку пријави имало од страна на сега починатата девојка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 2 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 3 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 4 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања