Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЕУ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-31-6410PM

Од октомври нови правила за патување во ЕУ – дигитална регистрација, биометриски податоци, нова давачка

Ако досега при патување во странство главната грижа ви беа пасошот, парите и авионскиот билет, од октомври 2025 ќе имате и нова обврска. Повеќето земји-членки на Европската Унија и уште четири европски држави од 12 октомври ќе почнат постепено да го применуваат новиот Систем за влез/излез (Entry/Exit System – EES) за патници од земји надвор од ЕУ, соопшти Европската комисија.Со новите правила, наместо рачно печатење пасоши, ќе се воведе дигитална регистрација за сите патници кои влегуваат во Шенген зоната за краток престој до 90 дена. При првото влегување, патниците ќе мора да достават биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија – до граничните службеници.Воведувањето на EES е подготвителен чекор за стартот на Европскиот систем за патнички информации и одобрување (ETIAS), кој според најновите информации ќе започне да важи во последниот квартал од 2026 година. Тогаш, државјаните на трети земји кои се ослободени од виза за ЕУ ќе мора да поднесат онлајн апликација и да платат такса од 20 евра – повисока од претходно најавените 7 евра. Одобрението ќе важи три години.Што е потребно за ETIAS апликацијата?За да аплицирате ќе ви треба:важечки пасош (не постар од 10 години, со важност најмалку уште три месеци),платежна картичка,лични податоци.Пасош кој не ги исполнува меѓународните стандарди може да биде одбиен.Како ќе се спроведува EES?Системот ќе се воведува постепено на надворешните граници на 29 европски земји во рок од шест месеци. Ќе се собираат биометриски податоци (фотографии и отпечатоци од прсти), а патник кој одбива да ги даде нема да може да влезе во земјите што го користат EES.

Свет | пред 7 месеци

ursula

Трамп планира средба со Путин и Зеленски, ЕУ: „Нас никој не нè повикал“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги информирал дел од европските лидери за планот да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и за можен трилатерален состанок со него и украинскиот лидер Володимир Зеленски.Од Европската комисија потврдија дека претседателката Урсула фон дер Лајен не била во директен контакт со Трамп и не учествувала во координација со западните лидери. Неколку лидери на земји-членки ја информирале за иницијативата, но официјална покана од Вашингтон нема.„Го поддржуваме праведниот и траен мир за Украина. Што се однесува до самитот, допрва треба да се види дали ќе се одржи – прерано е за детали“, изјави портпаролката на ЕК Ариана Подеста, одбивајќи да потврди дали ЕУ ќе биде поканета.Брисел повтори дека не постои решение за Украина без согласност на Киев, и дека за улогата на ЕУ во поствоената реконструкција мора да има консултации.„Никој не сака мир повеќе од Украина и Европската унија. Русија во моментов не е заинтересирана за мир. Поддржуваме секој чекор кон примирје, но во меѓувреме ѝ помагаме на Украина да биде силна – и на бојното поле и на преговарачката маса“, порачаа од ЕК.Иако ЕУ не е вклучена во актуелните американски дипломатски напори, европските држави ќе го понесат најголемиот товар по завршувањето на војната – и финансиски, и со евентуално присуство на теренот. Трамп веќе порача дека САД нема да имаат активна улога, освен во инвестиции за експлоатација на стратешки минерали, а трошоците ќе паднат на ЕУ. Киев, пак, се надева на брзо отворање на првите поглавја во пристапните преговори за членство.

Свет | пред 7 месеци

dimitrov-i-osmani

Никола Димитров: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме“, порача претседателот на „Солуција“, Никола Димитров, на „Сими Симпозиумот“ што се одржува по 27-ми пат во Грција.“Силата на ЕУ секогаш била во принципите. Во моментот кога Европа ги напушта вредностите, тоа станува ништо. Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме”. Ова го порача претседателот на “Солуција”, Никола Димитров на дваесет и седмиот Сими Симпозиум, оваа година под насловот “Парадоксот на Пандора”.Димитров зборуваше за македонското искуство во европските интеграции и блокадите со кои земјава се соочува:“ЕУ дозволи тоа што нас ни беше најважно и тоа што го обезбедивме со Преспанскиот договор, тоа што Грција го прифати - дека ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, да биде сега нападнато од Бугарија. Бугарија гордо го грабна ветото, откако тоа прво ни беше ставено од Франција, ужасна геостратешка грешка на Париз. И сега наместо да зборуваме за реформи, заглавени сме со срамни прашања од минатиот век, со наратив што едноставно е недозволив во 21 век во Европа - некој друг да ми кажува кој сум и каков јазик зборувам”, порача Димитров.Тој зборуваше и за улогата на ЕУ на светската геополитичка сцена, потенцирајќи дека со политика на компромиси кога се клучните вредности во прашање, ЕУ си го подрива и сопствениот кредибилитет и своето значење во свет, кој станува мошне опасен и непредвидлив.“Мислам дека многу европски лидери, со чест на исклучоци, не се свесни колку на долг рок ќе се одрази врз силата на ЕУ нивниот молк за Газа, на пример”, заклучи Димитров.

Коментари | пред 8 месеци

Vankovska

„Добрососедство по мерка на ЕУ: Блискоста со Србија не се дозволува“, професорката Ванковска објасни што и пречи на Европа

Иако Европската унија постојано инсистира на добрососедски односи меѓу земјите од Западен Балкан, од Македонија очекува да се дистанцира од Србија – став што, според професорката Билјана Ванковска, не само што е контрадикторен, туку и опасен по внатрешната стабилност на државата.-Прво, нѐ обвинуваат за блиски односи со нивна полноправна членка (иако не многу популарна) - Унгарија.Второ, од нас бараат “добрососедски односи” ама сакаат да се скараме со Србите, иако тие (божем) го поддржуваат и членството на Србија (и БиХ) во ЕУ.Конечно, треба да се скараме и со Русија и со Кина - а тие развиваат односи на соработка со Кина особено поради царините на Трамп. Руски енергенси купуваат “под рака” со прокси.За нас знам дека имаме власт која колку и да ја понижуваат, таа ќе им бакнува рака. Ама, ЕУ знае ли кај тера? И како мисли да го стабилизира Балканот со негова дестабилизација?Заборавив да додадам нешто за ефектите врз внатрешната стабилност на Македонија: инсистирајќи на наводно влијание на т.н. Српски свет, ЕП директно ги поткопува меѓуетничките односи. Албанската заедница едвај дочека да викне: “фатете го крадецот (Србите ни се непријатели)”. Уставен суверенитет не постои кај нас од 2018, од миксот на европски и балкански методи како што сугерираше еврокомесарот Хан.Балканскиот котел го меша Брисел. Големите европски сили нѐ третираат како парички за поткусурување“, вели таа.

Македонија | пред 8 месеци

orban-2

Прв пат во историјата? „Активирајте ја нуклеарната опција против Унгарија!“

Под слоганот „Силна Европа во светот што се менува“, во текот на следните шест месеци Кралството Данска, кое го презеде претседателството со Советот на Европската Унија на 1 јули, ќе се фокусира на две главни теми - безбедност и одбрана и конкурентност и зелена транзиција.На овој пат, Данска покрена важна иницијатива, имено, сака Европа да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија за кршење на основните права на Унијата, вклучително и покренување на таканаречената „нуклеарна опција“, Член 7, против Будимпешта, пишува Политико.„Продолжуваме да бидеме сведоци на кршење на фундаменталните вредности“, изјави данската министерка за европски прашања, Мари Бјер, пред новинарите во Архус, каде што е во посета Европската комисија, додека Копенхаген го презема претседателствоto со Советот на ЕУ, додавајќи: „Затоа ќе ја продолжиме постапката според Член 7, како и расправата за Унгарија“.„Нуклеарна опција“Член 7 е клаузула во договорот на ЕУ што им овозможува на земјите да гласаат за исклучување или санкционирање на членка што ги крши правилата на Унијата. Се смета за најтешка законска мерка - „нуклеарната опција“, која ЕУ сè уште не ја имплементирала и покрај тврдењата на Брисел дека Унгарија го прекршила законот.Бјер, исто така, рече дека Унијата треба да размисли за ограничување на пристапот до фондовите на Унијата за земјите што го кршат европското право, а друго важно прашање за Данска е проширувањето на ЕУ. Министерот ја критикуваше Унгарија за постојаната блокада на членството на Украина во Унијата и рече дека Данска е подготвена да ги разгледа сите политички и практични решенија „за да можеме да продолжиме напред“.Недостаток на поддршка од две земјиДоколку земјите од ЕУ одлучат да ја заострат постапката според Член 7, тие би можеле да ѝ го одземат правото на глас на Унгарија за прашања од европската политика, како што е проширувањето, со што ќе го изгубат правото на вето на Будимпешта врз членството на Украина.Сепак, дипломатите предупредуваат дека таков чекор би барал решителна поддршка од Париз и Берлин за да се убеди остатокот од Унијата, и дека поддршката во моментов недостасува.Иако Унгарија продолжува категорично да го отфрла членството на Украина, се шпекулира дека Европската комисија може да одлучи да продолжи со членството на Молдавија со формално отворање на преговарачки кластер во наредните денови. Молдавија и Украина се движат кон членство во ЕУ заедно, па затоа нивното одвојување би било контроверзно.

Свет | пред 8 месеци

920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски прашува: Која земја не се замара со ЕУ? Одговорот ќе ве изненади

Поранешниот амбасадор на Македонија, Андреј Жерновски со иронија го привлече вниманието на фактот што Македонија нема амбасадор во Данска.„Која е земјата без амбасадор во Данска?Вчера, Данска официјално го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ, со две главни приоритети: безбедност и конкурентност. Задачата е доста тешка, како резултат на екстремната неизвесност и нестабилност со кои денес се соочува Европската Унија.Инаку, Данска повторно стана силен застапник на проширувањето, тврдејќи дека Украина само во рамките на ЕУ и НАТО може да биде безбедна и просперитетна. Да се потсетиме на историското наследство на Данска во однос на проширувањето: во 1993 година, данското претседателство со Советот на ЕУ заврши со самитот на кој се воспоставија Копенхашките критериуми, кои станаа библија за сите последователни рунди на проширување.Овојпат, Данска го поставува својот основен приоритет за проширување на ЕУ низ безбедносна перспектива. Мошне значајно е што го опишува проширувањето како „геополитичка неопходност“ и „единствениот начин ЕУ ефикасно да придонесе за стабилизирање на европскиот континент“. Но, нејзиното претседателство со Советот се соочува со предизвикот да го усогласи овој геополитички императив со пристапот на ЕУ кон проширувањето, базиран на заслуги и сопствената подготвеност на ЕУ за проширување.Сите земји кои се членки на ЕУ или се кандидати за влез во истата, имаат свој амбасадор во Копенхаген, освен една. Причината е едноставна- владата на таа земја има други приоритети и нема време да се занимава со небитни работи како што е, на пример, нејзиниот евроинтеграциски процес.Прашање:Која е таа земја?“ праша Жерновски

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-10.53.27

„Македонскиот идентитет не се служи на чинија, вие стапнавте на македонска земја која на словенските народи во Европа им ја даде писменоста“ – реакција на Цаневска до Кос

По спорната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос, во која македонскиот идентитет го сведе на традиционални јадења како „тавче-гравче, пинџур и полнети пиперки“, со јавна реакција се огласи и новинарката Катерина Цаневска.„Добро е што знаете за убавините на вековната македонска кујна. Но, како поранешна колешка и со која живеевме во иста држава, повеќе од јасно ви е дека тоа не се темелите на македонскиот идентитет. Вие стапнавте на македонска земја која на словенските народи во Европа им ја даде писменоста, згазивте на земја која го има Свети Климентовиот универзитет од 886 година, центарот на словенската писменост и култура, земја во која манастири чествуваат 1.000 годишно постоење.Оваа земја ги изнедрила Прличев, Цепенков, Жинзифов, Пејчиновиќ…Рацин, Конески, Петре М. Андреевски, Горан Стефановски, Чинго… Знаете дека сте на земја во која се виело Тешкото-,, Зурли штом диво ќе писнат, штом тапан ќе грмне со подземен екот…во бескрајно оро син оди по татка, по деда си- внук…”.Земја во која низ векови создавано е македонското творештво признато во цел свет. Од Македонија изнедриле златните грла на Бадев, Илиева, Томовска, Манчевски, Лазарова, Јонче, Пепи… но и Тоше, Каролина, Илкова, Биџова, Гугуловски, Нацевски, музички групи и виртуозите Влатко Стефановски, Трпчевски… Сигурна сум дека знаете за Делчев, Карев, Питу, за Првата република на Балканот, за хероите и дека секогаш Македонија била на вистинската страна на историјата. Вратете се во својата земја и во Европа со чувство на задоволство дека сте биле во земја со вековна традиција, непроценливо културно и образовно богатство.Дојдете и друг пат, не со зборови туку вистински да го почувствувате вкусот на македонска кујна: тавче гравче, пинџур, погача, полнети пиперки, но и да ги видите охридските фрески и да ја дегустирате пастрмката, македонската жолта и вината. Сакам да верувам дека вчера имавте лош ден и дека ќе се извините за тешко повредените чувства на македонскиот народ“.

Коментари | пред 8 месеци

Screenshot_3-Copy-32

Бугарија доби зелено светло за евро: ЕУ поддржа влез во еврозоната од 2026 година

Бугарија вчера официјално доби поддршка од лидерите на Европската унија за воведување на еврото како национална валута од 1 јануари 2026 година, по неуспешниот обид да го стори тоа во 2024.На самитот во Брисел, европските лидери го одобрија предлогот на Европската комисија, со кој Бугарија би станала 21-та членка на еврозоната. Преостануваат уште консултации со Европскиот парламент и Европската централна банка, но тие се сметаат за формалност.Бугарија, членка на ЕУ од 2007 година, би била првата земја што се приклучува на еврозоната по Хрватска, која го воведе еврото во 2023 година. И покрај тоа што е меѓу најсиромашните членки на ЕУ според БДП по глава на жител, Бугарија бележи повисоки стапки на раст споредено со другите членки.Комисијата очекува инфлацијата во Бугарија да изнесува 3,6% оваа година и да падне на 1,8% во 2026 година, што е во согласност со критериумите за членство во еврозоната – стабилни цени, јавни финансии и валутен курс.Сепак, процесот на евроинтеграција предизвика силни реакции во земјата. Во февруари, националистички групи протестираа во Софија, фрлаа молотови коктели и црвена боја врз зградата на претставништвото на ЕУ. И во мај 2025 година продолжија демонстрациите против еврото, организирани од проруски и националистички партии.И покрај тоа што беа собрани над 600.000 потписи за референдум, бугарскиот парламент двапати го одби предлогот за народно изјаснување – во 2023 и во мај 2025 година.Анкетите покажуваат дека мнозинството граѓани се против. Според истражување на институтот „Мјара“ од мај 2025, 54,9% од испитаниците се изјасниле против воведување на еврото, додека 34,4% го поддржуваат преминот кон заедничката валута во 2026 година.

Свет | пред 9 месеци

EU-1

ЕУ ги продолжува санкциите против Русија до јануари 2026: Избегната нова блокада од Унгарија

Лидерите на земјите-членки на Европската унија постигнаа договор за продолжување на секторските санкции против Русија за дополнителни шест месеци, до јануари 2026 година. Одлуката доаѓа цел месец пред крајниот рок – 31 јули – и претставува изненадување, со оглед на честите закани од Унгарија дека ќе ја блокира одлуката.Секторските санкции, кои вклучуваат забрана за извоз на различни производи во Русија, како и замрзнување на средства и забрана за влез на одредени лица и компании, се обновуваат на секои шест месеци – во јануари и јули. Листата на индивидуални санкции се обновува во март и септември.И покрај договорот за продолжување на постојните санкции, и понатаму нема согласност за најновиот – 18-ти пакет санкции – против Москва. Словачка и Унгарија се против предложените мерки и бараат дозвола за понатамошно купување руски гас и нафта.Европската комисија претходно предложи ЕУ целосно да се ослободи од зависноста од руските фосилни горива до крајот на 2027 година.

Свет | пред 9 месеци

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европскиот парламент со силна поддршка за извештајот за Македонија – Вајц: „Македонија припаѓа во ЕУ“

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска со широко политичко мнозинство го усвои извештајот за напредокот на Македонија, кој го поднесе европратеникот и известувач за земјата, Томас Вајц.„Горд сум на напорната работа и на компромисите што овозможија да донесеме избалансиран документ кој доби широка поддршка. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во овој предизвикувачки геополитички момент. Македонија припаѓа во ЕУ“, изјави Вајц по гласањето, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на добриот моментум во процесот на проширување.Извештајот требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради противењето на бугарските европратеници, кои се спротивставија на јасното именување на македонскиот јазик и идентитет во текстот. Вајц тогаш изјави дека бил сведок на интензивни политички дебати, но останал цврсто на ставот дека документот го одразува консензусот на сите пратенички групи.Во извештајот се нагласува потребата од задржување на кредибилитетот на процесот на проширување, се поздравува усогласеноста на Македонија со европските политики, а се повикува и на брзо продолжување на преговорите за членство и на спроведување на уставните измени. Во документот се содржани неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет, што претставува дипломатски сигнал со силна тежина.Следниот чекор е извештајот да биде ставен на гласање на пленарната седница на Европскиот парламент, која ќе се одржи од 7 до 10 јули во Стразбур. Во меѓувреме, бугарски европратеник најави дека ќе предложи додаток во форма на „мислење на малцинството“, што укажува дека политичките тензии околу македонското прашање сè уште не стивнуваат.

Македонија | пред 9 месеци

mkd-eu-makedonija-eu-nato

Страстите се разгореа: Вајц бара извештајот за Македонија да не се гласа сега, Бугарија притиска, Кос бара уставни измени

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, побара и доби одложување на гласањето за Извештајот за напредокот на земјава. Иако истакна дека цврсто стои зад содржината на извештајот, Вајц одлучи да им даде простор на европратениците, главно од Бугарија.На предлог на Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска одлучи гласањето за извештајот да се одложи за 24 јуни.Во меѓувреме, европската комесарка за проширување, Марта Кос, се понуди да посредува во спорот меѓу Македонија и Бугарија. Таа, во обраќањето пред АФЕТ, истакна дека промената на Уставот останува клучен услов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ.„Бугарија и Северна Македонија треба интензивно да разговараат и да најдат решение за ова билатерално прашање. Јас сум подготвена да помогнам како олеснувач, колку и да е потребно. И да, Северна Македонија мора да го смени Уставот, по што ќе продолжиме со процесот на пристапување. Тоа е тежок процес, но верувам дека сите ќе придонесат“, изјави Кос.

Македонија | пред 9 месеци

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Македонскиот идентитет не е „сегашен“, Европа има шанса да исправи историска неправда, вели Мицкоски

Работната верзија од извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е – важна и значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историската неправда и истакна дека „ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик“, но дека европратениците имаат поинакви ставови.„За жал, од страна на некои негови колеги – пратеници кои доаѓаат од, за жал, нашата сестринска партија ГЕРБ – се предлага пред македонскиот идентитет да стои зборчето ‘сегашен’“, изјави Мицкоски.„Имав интензивни разговори со неколку влијателни луѓе во Европскиот парламент и во Брисел, и денеска ќе продолжам со истото. Ќе кажам дека, доколку тоа се случи, само уште еднаш ќе се потврди она за кое зборуваме цело време – а тоа е дека не станува збор за неколку стотини наши сограѓани кои се идентификуваат како дел од бугарската заедница во Македонија, туку за обид за создавање нова, вештачка, ‘сегашна’ македонска нација која почива на корените на бугарската нација. Тоа е суштината. Јас тоа нема да го прифатам. Ќе го отфрлам и никогаш нема да го прифатам, затоа што тоа нема никаква врска ниту со европските, ниту со какви било вредности“, рече премиерот Мицкоски.Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува „посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик“. Извештајот ќе се гласа в среда, а 4 јуни.

Македонија | пред 9 месеци

Liberali_Ukraina-PosetaIMG_4058

Европа и Украина навистина се плашат само од еден момент - повлекувањето на Трамп од преговорите на Русија и Украина

Мировниот договор меѓу Украина и Русија ќе зависи од тоа дали Трамп конечно ќе најде храброст да ги поткрепи своите реторички напади врз претседателот Владимир Путин за време на викендот со акција.„Кремљ се обложува дека нема да го стори тоа“, објави CNN.Фрустрацијата на Трамп (го нарече Путин луд, ур.) Москва ја опиша како симптом на „емоционално преоптоварување“.Засилените руски напади врз украинските цивили се чини дека се намерен руски тест за Трамп - само една недела по неговиот повик со Путин, објави американскиот медиум во својата анализа.Како што велат, постојат два пата што Трамп може да ги избере, под претпоставка дека е подготвен да ја напушти непријатната позиција во која Путин постојано го турка.Тој би можел да воведе нови санкции врз Русија, за кои претходно тврдеше дека ќе ја попречат дипломатијата. Во неделата, тој им потврди на новинарите дека ова е нешто што „апсолутно се разгледува“.Што друго може да направи?Тој би можел да побара од Конгресот да одобри нови испораки на оружје и муниција во Украина. Но, оваа опција би значела огромен пресврт што би бил политички непријатен, бидејќи противењето на Трамп на трошењето милијарди долари во Украина е камен-темелник на неговото второ претседателствување.И тоа би значело дека претседателот ќе прифати дека, како што беше случајот со многу од неговите неодамнешни претходници, неговото верување дека може да го управува Путин е целосно погрешно.Постои уште една опција - и тоа е онаа од која Украина и нејзините европски сојузници најмногу се плашат. Трамп би можел да го одмери сидрото и да тврди дека ниту една страна не сака мир. Тоа би сигнализирало дека е време САД да се повлечат. Русија потоа би ја продолжила својата војна на исцрпување и напади врз цивили, заземајќи територија во катастрофално сценарио за европската безбедност.Изолационистичкиот тренд што се провлекува низ движењето MAGA укажува дека неодамнешните навестувања од државниот секретар Марко Рубио и потпретседателот Џ.Д. Венс дека САД може да се повлечат, според CNN, се чини дека се повеќе од само преговарачка тактика.Во овој поглед, објавата на Трамп на Truth Social во понеделник е исклучително индикативна, но и вознемирувачка за европските сојузници.„Ова е војна што никогаш немаше да започне ако јас бев претседател. Ова е војната на Зеленски, Путин и Бајден, а не на Трамп“, напиша американскиот претседател.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-09-at-10.27.31

Светските берзи паѓаат поради заканата на Трамп кон ЕУ

На светските берзи, цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите се загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а пазарите беа негативно погодени и од новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увоз од Европската Унија. На Волстрит, Dow Jones минатата недела се лизна за 2,5 проценти на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 проценти на 5.802 поени, а индексот Nasdaq падна за 2,5 проценти на 18.737 поени.Индексите се во минус од почетокот на неделата бидејќи Moody's го намали кредитниот рејтинг на САД од Aaa на Aa1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните намалувања на даноците.Јавниот долг на САД е околу 36,2 трилиони долари и може да се зголеми за уште 3,8 трилиони во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Ова доведе до значително зголемување на приносите на државните обврзници, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.Намалувањето на даноците веројатно би го зголемило трошењето и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил ако не се намалат владините трошоци. А намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку непречено како што најави претседателот. Покрај тоа, се чини дека овој проект не е добро подготвен.Сепак, приносите од обврзниците се стабилизираа донекаде на крајот од неделата, откако Претставничкиот дом тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за намалување на даноците, па затоа сè уште се чека поддршката од Сенатот.Сепак, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи се на Европската Унија со царини од 50 проценти од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од напредокот на трговските преговори меѓу САД и ЕУ.Цените на акциите, исто така, паднаа на повеќето европски берзи минатата недела. Мора да се признае, лондонскиот индекс FTSE се зајакна за 0,4 проценти, на 8.717 поени, но франкфуртскиот DAX се лизна за 0,6 проценти, на 23.629 поени, а парискиот CAC за 1,9 проценти, на 7.734 поени.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп за ЕУ: Нашите преговори со нив не водат никаде! Препорачувам царина од 50%

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување царина од 50% врз Европската Унија почнувајќи од 1 јуни.„Европската Унија, која беше основана првенствено за да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нивните високи трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, нетарифни бариери, манипулација со валути, неправедни и неосновани тужби против американски компании и друго доведоа до трговски дефицит со Соединетите Американски Држави од повеќе од 250 милијарди долари годишно - бројка што е целосно неприфатлива.Нашите преговори со нив не водат никаде! Затоа, препорачувам воведување рамна царина од 50% врз Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. За производи произведени или склопени во Соединетите Американски Држави, царината нема да се применува. Ви благодарам за вашето внимание“, напиша Трамп.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-23-at-13.19.09

Има пречки на патот, има простор каде може да направиме нешто, вели Калас за патот на Македонија кон ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас рече дека има механизми за да се надминат пречките за Македонија на патот кон Унијата.„Јасно е дека сакаме Северна Македонија да се привдижи кон овој пат и знаеме дека има пречки на него, го дискутиравме тоа, за да најдеме механизми за да се надминат тие пречки. Сметам дека има простор каде може да направиме нешто, не би навлегувала во детали. Ако се придвижиме, ќе објавиме“, рече Калас.Одговарајќи на прашањето, колку неинтеграцијата на Западниот Балкан е безбедносна закана, таа вели: „Ако ја видиме поголемата светска слика, јасно гледаме дека има разлика во големите сили, тектонски промени. Западен Балкан секако се дел од Европа и за нас е важно да бидеме целосно интегрирани. Тоа овозможува да се намалат тензиите во реонот на Западен Балкан, тоа е и безбедносно прашање“.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-23-at-13.25.39

Се навестува средба Македонија-Бугарија, Мицкоски: Можеби ќе чуеме каде исчезнаа 200.000 Македонци од Западна Буагарија од 1956 до 1965 година

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот. Нас ќе нѐ претставува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а на маса треба да бидат четири високи претставници на Европската Унија, но и членки на НАТО. Мицкоски вели „Ние сме фактор на стабилност и така треба да зрачиме, во регионот има земји кои сакаат да рефлектираат нестабилност. А добро би било да се слушне, да се седне на маса. Можеби од таа страна ќе чуеме аргументи што не сме ги знаеле, каде исчезнаа 200.000 Македонци во Западна Бугарија од 1956 до 1965 година“.„За време на Хашкиот самит на НАТО, да има билатерална средба на претставници од Македонија и Бугарија. Бидејќи таму ќе биде претседателката, тоа ќе биде одлична можност да има билатерална средба. На неа би присуствувала претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, генералниот секретар на НАТО, дел од земјите членки на НАТО, за да можеме да ги кажеме на билатерална средба аргументите. Од една страна едни аргументи, од друга страна други аргументи, ама кога ќе бидеме сите на иста маса, колку и да трае тоа, добро е да се разговара. Ние тоа веднаш го прифативме. И денеска повторно тоа, заедно со Калас расговаравме за тоа, и прифативме. Ќе се подготвиме најдобро што знаеме и мислам дека е добро да има таква средба каде ќе можат да се чујат аргументите на двете страни, особено на НАТО самитот“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

Liberali_Ukraina-PosetaIMG_4058

Важен состанок на ЕУ денес: Ќе се договорат санкции против Русија, насочени кон „флотата во сенка“

Министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ денес се состануваат во Брисел за да разговараат за тековниот конфликт во Украина, одбранбените капацитети на блокот и зголемените тензии на Блискиот Исток. Се очекува министрите за надворешни работи формално да го одобрат 17-тиот пакет санкции на ЕУ против Москва поради војната на Русија во Украина, кој ќе се фокусира на таканаречената руска флота во сенка.Ова се бродови што пловат под знамиња на трети земји што Русија ги користи за да ги избегне санкциите.Лични санкции, како што се забрани за влез во ЕУ и замрзнување на средства, се планирани во повеќе од десетина случаи. Исто така, постојат планови за казнување на десетици компании вклучени во руското заобиколување на санкциите.Се очекува украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха да се сретне со своите европски колеги преку видео врска откако разговорите меѓу украинските и руските претставници за прекин на огнот предложен од Киев не дадоа конкретни резултати.Министрите за надворешни работи ќе разговараат за најновите случувања на Блискиот Исток, вклучувајќи го Појасот Газа и Сирија. Министрите за одбрана ќе започнат со дискусија за воената поддршка на Унијата за Украина, разорена од војна. Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров ќе се приклучи на разговорите преку видео врска, а се очекува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, лично да учествува во Брисел.Министрите за одбрана ќе разговараат и за тоа како да се подобрат европските одбранбени капацитети и да се зголемат воените трошоци, вклучително и предлог за фонд за одбрана од 150 милијарди евра.

Свет | пред 10 месеци

mkd-eu-makedonija-eu-nato

И на нас ни е од почеток јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени, но тие да бидат последен билатерален услов, вели Муртезани

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, за пораките испратени од Европската Унија, вели дека им е јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени и вметнувањето на Бугарите.Тој вели: „Наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов. Нема проблем ако сите земји членки имаат дополнителни барања, но да бидат за европски стандарди, а не да содржат билатерални прашања.„Нашето инсистирање не е на еден предлог, туку да нема билатеризирање на преговорите. За да се случат разговорите, мора да градиме меѓусебна доверба со Бугарија и да веруваме во ЕУ“, рече Муртезани.

Македонија | пред 10 месеци

zapaden_balkan_4564

Британија предупредува за амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

И додека oчите на Европа и на Западот најмногу се насочени кон војната во Украина, тензиите во Западен Балкан растат. Во врвот на британските власти тие го нарекуваат регионот „уште една фокусна точка“ и предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин го користи моментот за да ги дестабилизира поранешните југословенски земји, да ги поттикне поделбите и да го турка регионот подалеку од ЕУ и Западот, а поблиску до Москва и Пекинг, пишува Политико.Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами го посети регионот минатата недела за да ја потврди поддршката на Велика Британија за проширување на Европската унија во сите шест земји од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.„Со војната во Европа и долгата рака на руското мешање и овде, би било крајно неодговорно да се игнорира Западен Балкан“, изјави Лами за Политико.Според Лами, целта на Путин не е помирување, туку постојана нестабилност и немири.„Во негов интерес е да го држи регионот на работ, да ги одржува општествата немирни и да ги одржува конфликтите поттикнати од сајбер и хибридната војна“, рече тој.Многу западни дипломати веруваат дека Кремљ би можел да ги искористи длабоко вкоренетите етнички и верски тензии за да поттикне нови конфликти и да го зајакне своето влијание во дворот на Европската унија.Британски функционер предупреди дека Балканот мора брзо да оди напред, бидејќи Брисел наскоро би можел да биде преокупиран со влезот на Украина во ЕУ.„Прозорецот на можности е многу тесен. Балканот повеќе не може да седи на две столчиња“, рече тој.Иако Србија преговара за влез во ЕУ од 2009 година, британскиот министер признава дека постојат две визии за иднината на земјата - едната ориентирана кон Европа, а другата поавторитарна, со поголема контрола, корупција и блискост со Русија. На белградските улици јасно се гледаат овие поделби.Бранот масовни студентски протести, кои траат од ноември минатата година, кога 16 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад, секојдневно ги блокираат патиштата. Протестите се проширија и на спротивставување на планираниот луксузен комплекс на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, на местото на поранешното Министерство за одбрана што беше бомбардирана од НАТО во 1999 година.Знамињата на ЕУ не се веат на протестите, а многу студенти сметаат дека Брисел е соучесник на корупцијата против која се борат.„Истовремено со Вучиќ преговараат за членство и се обидуваат да му пријдат поради српскиот литиум“, велат организаторите, нагласувајќи го лицемерието на европската политика.Србија не ја признава независноста на Косово, одбива да воведе санкции кон Русија и продолжува да ги продлабочува воените и економските односи со Москва и Пекинг.„Парадоксот е жив и здрав овде“, рече Лами, кој вели дека Путин го сака Западен Балкан како негово „следно игралиште“.Во Приштина, главниот град на Косово, британската делегација беше пречекана со голема почит. Косовскиот претседател Вјоса Османи, енергична политичарка од „милениумската генерација“, рече дека односот со Србија е во „критична фаза“. Таа го нарече Белград „хегемоничен сосед“ и предупреди дека не е исклучена заканата од нова војна.Косово директно ја обвини Србија за бројни напади и инциденти, вклучувајќи ја и опсадата на српскиот манастир во селото Бањска и саботажа на инфраструктурата. Вучиќ тоа го негира и тврди дека инцидентите се користат како изговор за репресијата на Србите на Косово. Османи, пак, тврди дека Белград се повеќе соработува со Русија, Кина и Иран, кои ги нарекува „триаголник на злото“.Косовскиот претседател побара билатерален безбедносен договор со Обединетото Кралство и најави подготвеност на Косово да учествува во мировната мисија што Обединетото Кралство и Франција сакаат да ја организираат за Украина - доколку Британците го потпишат договорот што таа го предлага.Во Босна и Херцеговина, претседателот на Република Српска, Милорад Додик е пред правосилна пресуда за непочитување на одлуките на меѓународниот висок претставник. Наместо да биде уапсен, Додик се движи слободно, тој неодамна беше во Белград со Вучиќ, а потоа во Москва со Путин.Иако САД и Велика Британија веќе му воведоа санкции, британската политичарка Арминка Хелиќ бара построги мерки.„Ова не е брзо расекување, туку бавна инфекција“, вели Хелиќ, која и самата побегнала од Босна за време на војната.Се предупредува дека Западот е премногу пасивен кон ширењето на влијанието на Русија на Балканот, што се врши преку црквата, медиумите, дезинформациите и политичките сојузи.Хелена Иванов од британскиот тинк-тенк „Здружението Хенри Џексон“ смета дека Западот може повторно да доцни, како што беше доцна во 1990-тите.„Тоа не е војна, но тие би можеле да се разбудат во време кога руските и кинеските влијанија се веќе длабоко вкоренети и тогаш ќе биде предоцна“, рече таа.Заедничкиот заклучок на британските и косовските претставници, како и политичките аналитичари е јасен: доколку ЕУ и пошироката меѓународна заедница не дејствуваат брзо и решително, Путин би можел да го претвори Балканот во нова зона на конфликт и нестабилност, исто како што направи во Украина.

Свет | пред 11 месец

ursula-1

Пристигна првата реакција на ЕУ за пресвртот на Трамп за тарифите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира „реципрочните“ царини на 90 дена, нагласувајќи дека ЕУ останува посветена на конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне непречена и заемно корисна трговија.„Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, рече фон дер Лајен во изјавата објавена од Комисијата.Претседателката на Комисијата ја повторува подготвеноста за преговори и нулта царинска стапка меѓу ЕУ и САД.„Тарифите се даноци кои само им штетат на компаниите и потрошувачите. Затоа отсекогаш сум се залагал за договор за нула царини меѓу Европската унија и САД“, вели Фон дер Лајен.Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да се труди да ги диверзифицира своите трговски партнерства со земјите кои сочинуваат 87 отсто од глобалната трговија и кои ја делат истата посветеност на слободна и отворена размена на стоки, услуги и идеи.Таа најави дека Комисијата ќе ги засили напорите за отстранување на пречките на единствениот пазар. „Оваа криза јасно стави до знаење: во време на неизвесност, единствениот пазар е нашето сидро на стабилност и издржливост.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека ќе ги паузира реципрочните царини на 90 дена и дека дополнително ќе ги зголеми царините за увоз од Кина.Ненадејната промена се случи помалку од 24 часа откако стапија на сила новите американски царини за увоз од десетици земји, трговски партнери на Соединетите Американски Држави.Според економските аналитичари во САД, Трамп направи пресврт откако пазарот на обврзници беше разнишан. Приносите на 30-годишните и 10-годишните државни трезори на САД се зголемија, доведувајќи ја во прашање одржливоста на долгот на САД.

Свет | пред 11 месец

ursula-1

ЕУ подготви одговор на првите царини на Трамп: сите детали се објавени

Сите 27 земји-членки на Европската унија се очекува да одобрат сеопфатна листа на американски производи кои ќе бидат предмет на царини почнувајќи од следната недела, како одговор на царината од 25 отсто што ја наметна актуелниот американски претседател Доналд Трамп за европскиот челик и алуминиум минатиот месец.Европските тарифи ќе се воведат во три фази:Од вторник, 15 април, планирано е да се воведат тарифи од 25 проценти на првичната листа на производи, на која се очекува да бидат мотоцикли, луксузни чамци и сок од портокал.Оригиналната листа вклучуваше и американски бурбон, вино и млечни производи, но тие беа отстранети по лобирањето од европската винска индустрија.Првично, овие мерки требаше да стапат на сила на 1 април, но беа одложени за да се остави простор за преговори. Сепак, Трамп веднаш го отфрли предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за договор без царини.Втората фаза, која ќе започне во средината на мај, ќе опфати текстил, кожни производи, јајца, забен конец и живина.Третата фаза е закажана за 1 декември, кога ќе се воведат контрамерки за американските производи од соја и бадеми. Сојата, која се користи како добиточна храна, има најголема извозна вредност меѓу американските земјоделски производи извезени во Европа.Во меѓувреме, денеска стапија на сила новите американски царини од 20 отсто за увозот од ЕУ, но овие европски контрамерки за кои денеска се гласаше во Брисел не се однесуваат на овие последни потези на Трамп. Европската комисија подготвува дополнителни контрамерки кои би можеле да бидат објавени веќе следната недела.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-21-at-09.54.38

Трамп ја отфрли понудата на Европа: „Тие треба да купат енергија во вредност од 350 милијарди долари“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од 350 милијарди долари ако сака да ги избегне широките царини наметнати од неговата администрација. Така тој ја отфрли понудата на Брисел за укинување на царините за автомобили и индустриски стоки.Вчера вечерта, на прес-конференција во Белата куќа, Трамп реагираше на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која претходно истиот ден рече дека ЕУ е подготвена да ги укине сите царини за увоз на автомобили и индустриски производи од САД, доколку Вашингтон го стори истото.Запрашан од новинарите дали смета дека таа понуда е доволна за да се намалат тарифите, Трамп рече: „Не, не е“.„Имаме дефицит од 350 милијарди долари со Европската унија и тој брзо ќе исчезне. Еден начин тоа брзо и едноставно да исчезне е тие да мораат да ја купат нашата енергија... ако ја купат, можеме да ги извадиме тие 350 милијарди за една недела. Тие мора да купат и да се обврзат да купат еднаква вредност на енергија“, рече Трамп.Фон дер Лајен ја даде понудата откако Трамп минатата недела воведе царини од 20 отсто за производите на ЕУ, како и најмалку 10 отсто за стоки од други трговски партнери. Како одговор, глобалните пазари загубија трилиони долари, а европските берзи во понеделникот го забележаа својот најголем еднодневен пад од почетокот на пандемијата „Ковид-19“. „Многу луѓе велат дека вишокот не е важен. За мене тоа значи многу. Тоа е речиси како финансиски извештај, имате добивка или загуба“, рече Трамп.Американскиот претседател зборуваше од Овалната соба, заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој пристигна во Вашингтон за да разговара со Трамп и да побара изземање на Израел од американските царини. По состанокот, Трамп повторно ја критикуваше ЕУ, но навести дека е отворен за договор - доколку Брисел се обврзе да го намали трговскиот дефицит со Америка со купување американска енергија.Купувањето американска енергија како начин да се избегнат царините не е нова идеја. Веќе по реизборната победа на Трамп, фон дер Лајен предложи отворање преговори за зголемен увоз на американски течен природен гас (ЛНГ). Но, како што објави Политико, американската страна во тоа време не обезбеди јасни правила за тоа како ќе функционира договорот.Во понеделникот, Трамп, на прашањето дали наметнувањето на глобалните тарифи е само преговарачки притисок или трајна мерка, рече: „Тоа може да бидат трајни царини, но може да бидат и преговори, бидејќи има работи што ни требаат покрај царините“.Тој додаде: „Ако можеме да постигнеме навистина фер и добар договор за Соединетите Држави, а не добар договор за другите, ова е Америка на прво место. Сега е Америка на прво место“.

Свет | пред 11 месец

EU-1

ДВ: ЕУ ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје дури и во случај на прекин на огнот

Европската Унија ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје дури и ако се воспостави 30-дневен прекин на огнот, со цел да се зајакне позицијата на Украина во преговорите и да се спречи потенцијална нова руска офанзива, дознава Дојче веле (DW), повикувајќи се на европски дипломати на 14 март.„Лидерите на ЕУ сакаат да обезбедат дека Украина е во најсилна можна позиција за мировни преговори и може да отфрли неповолен договор, избирајќи го вистинскиот момент за дијалог“, рече дипломат од Брисел.Неколку дипломати се согласија дека ЕУ и нејзините земји-членки треба да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје, дури и ако Русија бара прекин како услов за прекин на огнот. Тие нагласија дека наместо да се намали поддршката, Украина треба дополнително да се вооружува при секое затишје во борбите.„Борбените операции се во тек, но дури и ако има привремена пауза, Украина мора да стане железен еж“, рече претставник на ЕУ.Според ДВ, на претстојниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ на 17 март ќе се разговара за потенцијален прекин на огнот, при што европските лидери повторуваат дека одбраната на Украина е директно поврзана со безбедноста на ЕУ. Официјални лица нагласуваат дека блокот мора да игра клучна улога во обликувањето на безбедносниот пејзаж на Европа.Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат и за пакетот воена помош предложен од потпретседателката на Европската комисија Каја Калас. Предлогот наведува нова иницијатива за финансирање во опсег од 20 до 40 милијарди евра за поддршка на одбранбените потреби на Украина до 2025 година.Пакетот ќе финансира артилериски гранати, системи за противвоздушна одбрана и ракетни набавки, како и обука и опремување на украинските воени бригади. Иако првичните дискусии не ја прецизираа точната сума, ревидираниот предлог поставува минимален праг од 20 милијарди евра.„Дваесет милијарди евра одговараат на пакетот за поддршка на ЕУ за Украина за 2024 година, додека 40 милијарди евра би можеле да компензираат за потенцијалното намалување на американската помош, која изнесува 16 милијарди евра оваа година“, објасни европскиот дипломат.Претходно, Михаило Подољак, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател изјави дека доколку стапи на сила 30-дневниот прекин на огнот, воената состојба ќе остане на сила и нема да се одржат избори.

Свет | пред 1 година

peskov-putin1

Русија и се закани на Европа

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Русија би можела да преземе мерки поради, како што ја нарече, милитаризација на Европската унија, пренесе руската државна новинска агенција РИА Новости.„Оваа милитаризација се случува главно насочена против Русија. Ова секако е причина за сериозна загриженост и потенцијално може да доведе до потреба од преземање соодветни мерки за заштита на сопствената безбедност“, рече Песков, одговарајќи на прашање за плановите на ЕУ за зајакнување на одбранбената индустрија.Неговите изјави доаѓаат откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предложи да се соберат 800 милијарди евра за финансирање на планот за повторно вооружување на Европа. Лидерите на ЕУ ја поддржаа идејата на вонреден самит во Брисел, а дел од средствата треба да се насочат и за воено снабдување на Украина.Песков, исто така, рече дека Русија внимателно ги следи дискусиите за развојот на европскиот одбранбен сектор и додаде дека милитаризацијата на ЕУ „не се вклопува во напорите за мирно решавање на конфликтот во Украина“.Тој ги коментираше и актуелните дискусии за европското нуклеарно оружје, особено откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција може да го стави својот „нуклеарен чадор“ во служба на безбедноста на европските држави.„Имајќи ја предвид изјавата на Макрон, потребата да се земат предвид европските нуклеарни арсенали денес е уште поважна од порано. Некои европски држави, колку што слушнавме, веќе ја поддржаа оваа идеја“, рече Песков.Тој додаде дека во моментов нема конкретни разговори за контрола на оружјето меѓу Русија и САД и дека не се знае кога таквите преговори би можеле да започнат. Тој исто така изјави дека се чека позицијата на Кина за овие прашања.Песков исто така нагласи дека нападите врз енергетските објекти поврзани со украинската воена индустрија не се одговор на предлозите на Макрон за делумен прекин на огнот, туку се дел од руската инвазија на Украина.Тој, исто така, ја повтори претходната позиција на рускиот претседател Владимир Путин дека основата за евентуален мировен договор може да биде т.н. Истанбулски договори.„Постигнувањето на нашите цели преку политички и дипломатски средства е приоритет за нас. Меѓутоа, во услови кога Украина го отфрла дијалогот, па дури и законски го забранува, ние продолжуваме со специјална воена операција за заштита на нашите интереси“, заклучи Песков.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања