Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЕУ

kovacevski-maricic-bujar

Нема потреба од референдум, му врати Маричиќ на Мицкоски

Вицепремиерот Бојан Маричиќ се противи на барањето да се организира референдум за одобрување на преговарачката рамка, барање од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.„Ние имаме научени лекции, се сеќавате дека опозицијата инсистираше на референдум за договорот со Грција. Тоа во 2018 година го прифати и Владата, тогаш на Заев, решивме да организираме референдум, кој што, партијата која го бараше, реши да го бојкотира. На тој начин отвори дамка, остави една сенка на процесот, иако можеше да учествува и да се затвори. Мислам дека тоа треба да ни е научена лекција. Имаме доволен капацитет и легитимитет на институциите, особено на Собранието, да дискутира, разговара, преку дијалог да дојдеме до 2/3 мнозинство, што е доволен легитимитет на уставните измени без референдум. Ова е мој личен став, Владата нема став. Мој личен став е дека од тоа нема потреба, а институциите треба да си ја преземат одговорноста, наместо да се користи евентуалниот референдум за политички поени“, кажа Маричиќ.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Почеток на преговори со ЕУ, започнува ново поглавје од македонската историја, смета власта

„Започнува ново поглавје од македонската историја. Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија“, вели СДСМ.Тие додаваат:По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите со ЕУ.Европската унија со одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел ја отвори врата за нашата држава.Веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ.СДСМ како државотворна партија реализира уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет.Со приклучувањето кон големото европско семејство се отвораат нови перспективи за државата и за граѓаните, забрзан развој, просперитет и стабилност.Имаме јасна визија за тоа каква држава сакаме да градиме и да оставиме на идните генерации.

Македонија | пред 3 години

asdfasdasdfasdfasdgasd

„Република Северна Македонија го смени името во Наде Торти Ефтино“, „Еден Маричиќ три торти“, бура од шеги за коктелот во Брисел

Димитар Ковачевски како премиер ја пресече тортата со македонското знаме во Брисел, а таа се изеде до последно парче. Околу него, беше опкружен со бројни новинари, кои го фотографираа од сите страни. Освен таа торта, на коктелот имаше и уште две други, со знамињата на ЕУ и Албанија.На социјалните мрежи има низа реакции. Иако вицепремиерот Бојан Маричиќ беше во Брисел, тој не може да се забележи близу тортите на ниту една новинарска фотографија. Но затоа, по сторијата дека јадел бифтеци и калифорниски пастрмки на државна сметка, се најде на тапет кај твитерџиите и корисниците на „Фејсбук“.Дел од ироничните коментари и критики, во продолжение:„Еден Маричиќ, три торти“, е еден од коментарите.„Един народ, две држави. Еден Маричиќ, три торти“, е друг коментар од Иљче.Маричиќ се најде намонтиран пред тортите и на друга фотографија.Фотографијата со изедената торта со македонско знаме, исто така се коментираше:Други, шегувајќи се со Маричиќ, пишуваат: „на здравје“.Коментари има и под објавените новниарски натписи, на социјалните мрежи.

Коментари | пред 3 години

kjulavkova

„Се откажуваме од научен факт дека македонските говори од денешна Грција се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик“, реагира Ќулавкова

Академик Катица Ќулавкова, книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, посочува дека Македонија се откажува од историски и научен факт со унилатералната изјава дадена во ЕУ за македонскиот јазик. Таа е децидна дека никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици.„Со унилатералната изјава на Р с. Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација. Просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време. Никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици. Никој нема право да се откажува од македонските дијалекти во соседните држави. И никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и во светот“, вели Ќулавкова.Министерот Бујар Османи на веб страницата на Министерството за надворешни работи ја објави едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик која е приложена кон Записникот од првата меѓувладина конференција.„Македонскиот јазик е неспорен и од денес станува рамноправен во семејството на официјални јазици на ЕУ и ничија друга еднострана издвоена изјава не може тоа да го поништи“, напиша Османи.„Како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на Република Северна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија.Македонскиот јазик се определува како словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ. Македонскиот јазик беше признаен од Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година.Македонскиот јазик се изучува на многу катедри за славистика и лекторати на факултети и универзитети низ Европа и светот. Неговата долга говорна и писмена традиција е неоспорен факт во лингвистичката наука. Литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија.При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, истите треба да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти.Во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување на Договор за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и по приемот во полноправно членство во ЕУ, Северна Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ“, стои во изјавата која ја доставил Бујар Османи.

Македонија | пред 3 години

ilija-dimovski

„Ова е тоа ниво на криминал, изјавата во ЕУ за македонскиот јазик е спротивна на Резулуцијата“, критикува Димовски

Илија Димовски, експратеник од ВМРО-ДПМНЕ, смета дека едностраната изјава на Македонија во ЕУ за македонскиот јазик е спротивна на Резулуцијата во Собранието.Тој посочува:Ова е на ниво на криминал...➡️ Прво, ова е во спротивност со Резолуцијата на Собранието на Република Македонија...➡️ Втор, ова е антинаучно тврдење...➡️ Трето, македонскиот јазик за официјален се утврдува уште на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година...➡️ Четврто, македонскиот јазик се гради низ црковните редакции и творештвото на низа преродбеници низ средниот век, па се до 19-ти век...➡️ Петто, македонска литература се создава на македонскиот јазик далеку пред 1945 година...➡️ Шесто, дијалектите на македонскиот јазик не потекнуваат само до Република * Македонија (како што пишуваат #неписмениве), напротив ги има и низ Грција (егејска Македонија) и Бугарија (пиринска Македонија)...

Коментари | пред 3 години

52225442467_ac57e4c80f_c

Изјавата на Македонија во ЕУ за македонскиот јазик

Политички состанок на Меѓувладината конференцијаза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија Брисел, 19 јули 2022 годинаЕДНОСТРАНА ИЗЈАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА(да се приложи кон записникот на првата политичка МВК)Како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на Република Северна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија. Македонскиот јазик се определува како словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на Македонскиот народ.Македонскиот јазик беше признат на Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година.Македонскиот јазик се изучува на многу катедри за славистика и лекторати на факултети и универзитети низ Европа и светот. Неговата долга говорна и писмена традиција е неоспорен факт во лингвистичката наука. Литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија.При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, Северна Македонија очекува истите да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти.Во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување на Договор за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и по приемот во полноправно членство во ЕУ, Северна Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за Македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, Македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ.

Македонија | пред 3 години

pendarovski-nato

Изјава на претседателот Пендаровски по повод почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ

Им честитам на сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. И покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда.Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата.Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори.Благодарност до сите кои низ годините беа дел од институциите кои работеа на пристапувањето кон Европската Унија и максимално се вложуваа за успешна евроинтеграција.Да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, различност и просперитет да завладеат и кај нас дома, во нашата заедничка татковина.

Македонија | пред 3 години

fsadfasd

Апасиев: Го шитнаа народот за една фотосесија

Пратеникот Димитар Апасиев, кој е и лидер на Левица, посочи: „Ќе победиме“. Тој за денешното патување во Брисел на половина од македонската Влада вели дека е само фотографирање.„За една фотосесија на ко божемска "конференција" која не постои во европското право - го шитнаа и народот, и јазикот, и културата, и историјата и Републиката!? СДС не е партија. СДС е дијагноза“, напиша Апасиев.Инаку, во Брисел се одржува првата Меѓувладина конференција.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ посочи дека Македонија забрзано ќе чекори на патот кон ЕУ. Скринингот почнува веднаш, додаде тој.„С. Македонија е партнер од доверба. За првпат ја применуваме ревидираната методологија, целосно, со новите пристапни преговори. Нашата порака денес за граѓаните од С. Македонија е јасна, ве сакаме во ЕУ. Тука не постојат сомнежи. Денес праќаме и моќна порака и надвор од него. Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да се забрза процесот на преговори со ЕУ. Уште попладнево ќе почнеме со скининг на законодавството на ЕУ. Уверен сум дека со одлучноста и решителноста на Македонија ќе можеме да работиме брзо и ефективно во текот на преговорите“, рече Вархеји.„Премиере знам дека не беше лесно, но го избравте најдемократскиот процес, го прашавте Собранието, а тоа кажа многу јасно. Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза. Европа донесе исто така одлука и се согласи со вашето Собрание. Ова ни се моментите кои се потреби, кои ќе ја порменат и унапредат Европа. Сакаме да продлжите да комуницирате со сите во С. Македонија, потребни ни се да работат за земјата, за тоа С. Македонија да стане земја членка“, додаде Вархеји.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-grubi

Али Ахмети се обрати за првата меѓувладина конференција

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по повод одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската Унија во Брисел им честиташе на сите граѓани за овој важен момент кој значи деблокирање на евроинтегративниот процес.Во продолжение неговата целосна објава:Почитувани граѓани,Започнуваме ново поглавје. Секогаш сме докажале дека заедно можеме да го надминеме секој предизвик.Европа е нашиот дом и немавме друг избор и покрај препреките низ кои поминавме.Во овие 20 години покажавме дека знаеме да водиме и насочуваме големи процеси за доброто на сите граѓани со голема поддршка од нашите меѓународни сојузници, особено од Брисел и Вашингтон.Со храбри и мудри одлуки решивме предизвици кои за некои изгледаа како невозможна мисија и затворивме отворени билатерални прашања.Притоа, во ниту еден случај не отстапивме од европскиот курс, од реформите и изградбата на добрососедските односи и регионалната соработка. Остануваме посветени на спроведувањето на реформските процеси и постигнатите договори.Патувањето секако не беше лесно, но не беше и невозможно бидејќи нашата ориентација кон големото европско семејство беше јасна.Ја користам ова прилика да им честитам на сите наши граѓани за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе ви обезбедиме јасна перспектива, безбедност во земјата и регионот како и пошироко, а со една единствена цел за поголема благосостојба за идните генерации.Продолжуваме напред со целосна храброст, одлучност и максимална посветеност!

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Уставните измени мора да се случат. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, се обрати до опозицијата, која е децидна дека нема да гласа за промена на Уставот, да докажат дека се посветени да се случи членството на Македонија во Европската Унија.„Во врска со уставните измени, мислам дека е јасно дека тие мора да се случат. Постои јасна посветеност, не само од Владата туку и од Собранието. Токму поради тоа кажав дека ова е најдемократскиот начин да се добие мандат за Владата. Затоа што, уредувањето на францускиот предлог вклучува дел од компетенциите на Собранието. Затоа беше важно да се слушне Собранието и Собранието јасно покажа дека се подготвени за вакво нешто“, кажа Вархеји.Тој изрази надеж дека и опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои кажаа дека нема да гласаат уставни измени, а без кои нема мнозинство, ќе се вклучат во работата за европска иднина.„Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја носат земјата напред. Емоции кои нема да резултираат со ништо битно во земјата. Ја повикувам опозицијата, а имав прилика да видам како се надминаа границите на европски вредности. Но се надевам дека со оваа одлука денес, можеме да свртиме нова страна и да работиме, С. Македонија да стане земја членка. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата. Ајде да го докажеме тоа“, додаде Вархеји.Во врска со извештаите кои се бараат со францускиот предлог, а се однесуваат на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија, Вархеји даде свое објаснување.„Извештаите на Комисијата се годишна активност. И можеби медиумите не го откриле тоа, но известуваме за овие прашања, добрососедските односи, со сите земји кои пристапуваат. Самото посебе, известувањето постои за да ги презентира фактите, не само за земјите членки туку и јавноста“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

52225442467_ac57e4c80f_c

Груби: Во срцето на Европа ја проектираме европската иднина

Првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија од Брисел денес им честиташе на граѓаните на земјата за реализацијата на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската унија, момент од кој земјата ја започнува активната фаза на преговорите за интеграција.Груби истакна дека ова достигнување е резултат на определбата на граѓаните, на искрената работа за да се надмине секој предизвик, за да се има хоризонт без никакви пречки кон интегративниот процес.Во продолжение целосната изјава на Првиот подпретседател на Владата на нашата земја, Артан Груби од Брисел:“Дојде денот кога сите напори за одржување на прозападната ориентација на земјата се крунисаа со успех, кога целиот наш конструктивен пристап да имаме хоризонт без никакви пречки кон крајната цел на интеграцијата стана реалност.Се наоѓаме во Брисел на првата меѓувладина конференција и од денес заедно со граѓаните на земјата почнуваме да го пишуваме новото поглавје на напредокот и развојот, тоа на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.Колку само предизвици имавме пред нас, се чинеше невозможно да се постигне целта, колку идеологии на дезориентација и страв од регресивните сили сакаа да не спречат да ја постигнеме оваа цел, но со решителност, со работа, со голема поддршка од цела Европа успеавме да седнеме на работната маса во срцето на Европа денес за да ја проектираме европската иднина.Ни претстои многу работа, голема одговорност да ги спроведеме следните процеси, но со зрелост и рационалност, како и досега, ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. СО СРЦЕ И УМ ЗАЕДНО КОН ЕВРОПА!“.

Македонија | пред 3 години

52225442737_c075284a9f_c

„Честитки до граѓаните, нашата земја е Европа во мало“, рече Ковачевски говорејќи за компромисите

Премиерот Димитар Ковачевски честиташе на граѓаните на Македонија, на кои им порача дека овој ден, кој го нарече историски, е нивни ден. Кажа дека донесени се тешки одлуки, патриотски одлуки, за да се отпочнат преговорите.„Им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија, тие се најзаслужни за овој ден. Тие не се предадоа пред ниту еден предизвик, пред планини тешки отстапки и компромиси, за да го исполнат својот сон, припадност во ЕУ. По 17 години и тешки компромиси, се отвора приемот на Македонија кон ЕУ. Првиот чекор е направен. Денес почнуваме ново поглавје во македонската историја“, кажа Ковачевски.Според него, залагањето за просперитетот на државата е најголем патриотизам.„Зачуван е македонскиот јазик, ЕУ не прифаќа како Македонци кои говорат македонски јазик. Ова е обезбедено засекогаш, не се преговара за ова, ниту ќе се преговара. Сите ќе излеземе посилни и постабилни“, додаде Ковачевски.Според него, помошта која ЕУ ќе ја обезбеди, ќе овозможи македонските граѓани да добијат европска поддршка.„Со верба во себе, предците, посебноста, ја движиме државата напред. Градиме европско општество. Нашата држава е Европа во мало“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

19072022_PVRSM_Brisel_4

Ковачевски: Во овој голем ден е вграден трудот и работата на сите граѓани и чинители од осамостојувањето до сега

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на Првата меѓувладина конференција во Советот на Европската Унија изјави дека во овој голем ден за Република Северна Македонија е вграден трудот на голем број лидери на земјата, но и трудот и работата на сите граѓани.,,После 17 години чекање, после 17 години носење на тешки, важни, патриотски одлуки Република Северна Македонија денес ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ. Во овој голем ден вградена е работата, трудот на сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност. Вграден е трудот и работата на голем број лидери на државата од нејзиното осамостојување, од првиот претседател Киро Глигоров, премиерот Кљусев, преку претседателот Борис Трајковски, Црвенковски и другите премиери, министри на државата. Сите вработени во институциите кои работеа на подготовки на Република Северна Македонија за отпочнување на преговорите.Ова е резултат и на големата одлука што граѓаните преку своите пратеници во Собранието ја донесоа во изминатите денови каде што многу јасно кажавме дека ние сме држава која што е Европа во мало и која што цивилизациски, историски и на секој друг начин припаѓа во ЕУ. Овој голем ден го започнавме со заедничка прес-конференција и состанок со претседателката на ЕУ, со премиерот на Албанија на чиишто граѓани исто така сакам да им го честитам почетокот на преговорите со ЕУ и со чешкиот премиер кој и претседава со ЕУ. Сакам да им се заблагодарам на францускиот претседател Макрон, на германскиот канцелар Шолц и на сите други претседатели и премиери на 27-те земји членки на ЕУ за што денес Република Северна Македонија ги започнува преговорите со ЕУ”, изјави Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

СДСМ и ДУИ водени од болна амбиција за власт, дозволија Бугарија да го оспорува македонскиот јазик, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ги лажеше граѓаните дека македонскиот јазик е загарантиран и никој не го оспорува. Вистината е дека СДСМ со своите предавнички политики им отвори врата на негаторите на македонскиот јазик и идентитетот постојано да оспоруваат. Последниот доказ за тоа е изјавата на бугарското МНР кое тврди дека за нив македонскиот јазик е непризнат. Ова е огромен дипломатски пораз за Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ„Дипломатијата на Ковачевски и Османи дозволи Бугарија да подготви документ поврзан со нашето пристапување во ЕУ, во кој го оспорува македонскиот јазик и го нарекува бугарски дијалект. Тоа е срамно и преставува предавство. Дека оваа власт на СДСМ и ДУИ ништо не загарантирала говори и изјавата на портпаролката на ЕК, што целосно се коси со уверувањата кои ги даваат владините функционери. Ова покажува дека власта на СДСМ и ДУИ водени од болната амбиција за власт, распродаваат и асимилираат се што е македонско.Предавникот Ковачевски треба да знае дека за овие велепредавства ќе одговара. И ќе има одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-09.02.29

Фон дер Лајен се обрати: Албанија и С. Македонија ги почнуваат преговорите

Луѓето од Албанија и Северна Македонија го заслужуваат ова. Ова е ставот на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Таа кажа дека денеска двете држави ги отвораат пристапните преговори со ЕУ. За неа, ова е успех на граѓаните и државите.„Македонија набрзо ќе преговара со нас за ФРОНТЕКС. Тоа ќе ја зацврсти нашата соработка за миграцијата. Можете да сметате на мене за да бидете сигурни дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик без фусноти. Ќе има зголемени инвестиции, подобрени трговски врски, подобра соработка за енергетиката и транспортот. И ова е она што вашите граѓани го чекаа толку долго и го заслужуваат. Покажавте лидерство, стратешко трпение. Особено Еди. Покажавте дека сте вистински пријатели и партнери“, посочи Урсула Фон дер Лајен.Таа посочи дека се покажало отпорност и задржана е вербата во пристапниот процес со борбата против корупцијата, зацврстување на правото, добро граѓанско општество, бројни реформи.

Македонија | пред 3 години

14032022_PVRSM_Kovacevski_sredba-so-Borel_2

Борељ за пристапните преговори со Македонија и Албанија: Ова е истоориски момент

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борељ, за денеска најави почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија.Тој оцени дека ова е „историски момент“.Борељ изјави дека гласањето во македонското Собрание ја „отвори вратата“ за процесот што ќе започне денеска со Меѓувладината конференција во Брисел.„Ова е добра вест. Немаме многу добри вести, но се надевам дека ова ќе го зајакне нашиот ангажман на Балканот“, рече Борељ.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-512

Се огласи и Османи за францускиот предлог

„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кој Француското претседателство го сподели денес со Владата преку Министерството за надворешни работи“, посочи Бујар Османи, министер за надворешни работи.„Имаме целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но во исто време ќе замолиме за кратко трпение со цел да поминат консултациите низ институциите и предлогот соодветно да биде презентиран. Како што беше ветено, почнуваме процес на широку консултации и автентичниот предлог интегрално ќе биде ставен на увид на јавноста“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

CFCA01ED-2D6D-48B5-991D-D7363FAC1293_v0_l

Нехамер: „Босна може да стане кандидат оваа година“

Босна и Херцеговина оваа година и официјално би можела да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, истакна австрискиот канцелар Карл Нехамер.По Европскиот совет, Нехамер рече дека има промена на парадигмата. Според него, БиХ успеала повторно да се најде во фокусот, иако Украина и војната таму се доминантна тема.Тој потсети дека БиХ мора да спроведе 14 реформски точки, бидејќи досега направила премалку.Доколку БиХ сега ја спроведе реформата на изборниот закон и Уставот, тогаш земјата има јасна можност да добие статус на кандидат, а штом ги исполни сите 14 претходно поднесени барања, тогаш можно е да ги започне пристапните преговори, убеден е Нехамер.Тој пренесе дека од Самитот е испратена порака до Европската комисија да се забрза процесот за кандидатите.„Тоа ќе донесе резултати оваа година“, рече тој.

пред 3 години

Screenshot-2022-06-23-150124

ВИДЕО: Францускиот предлог не е прифатлив, рече Ковачевски и ја искара и ЕУ

Изарзив незадоволсто од динамиката со која се одвиваат пристапните преговори. Македонија е кандидат близу 18 години. Ова што се случува e сериозен проблем и сериозен удеар врз кредибилитетот на ЕУ. Македонија и Албанија не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка која едноставно не успева да се искоординира и да обезбеди деблокада на нашиот европски пат. Бугарија реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада која никому не оди во прилог. Македонија направи многу, донесовме многу тешки одлуки, врме Ееу да ги даде своите ветувања пред да даде нови, ова го изјави Димитар Ковачевски по самитот на ЕУ.„Во врска со францускиот предлог, предлог кој би бил прифатлив треба да ги гарантира клучните елементи: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Иаториските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка. Преговорите меѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред почнување на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на уставот. Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, претседателот на државата, за Владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија“, изјави Ковачевски

Македонија | пред 3 години

289477145_443799361082818_1043238813543107999_n

Денес напладне Македонија, Србија и Албанија ќе соопштат дали ќе учествуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан

Претседателот на Србија и премиерите на Албанија и Македонија денес напладне ќе ја соопштат одлуката дали ќе учествуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан.Тројцата лидери одлуката ќе ја донесат по консултации со нивните влади и советници.Лидерите на шесте земји од регионот се поканети на средба со лидерите на Европскиот совет, која треба да се одржи утре пред почетокот на редовниот јунски самит на Унијата, на кој ќе се разговара за проширувањето.„Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама„Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел.Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот. Тема беше и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегоа од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид“, напиша Ковачевски вчера на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

25012022_PVRSMKovacevski_PVRB_Petkov_tet-a-tet-sredba

„Престанете сами да преговарате и да го криете предлогот, оти не е ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата“, вели Трајковска

Најдобро е само да престанете сами да преговарате и да го криете предлогот/предлозите оти не ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата, а немате никаково право да зборувате и во мое име, а не па да се согласувате за било што, вели новинарката Жанета Трајкоска.„Решението мора да биде врзано исклучително со крајот на пристапниот процес – по ратификацијата на пристапниот договор меѓу ЕУ и Македонија од сите субјекти (држави членки, ЕУ, Северна Македонија) – вклучувајќи го и евентуалното внесување на бугарско малцинство во Уставот; МОРА да спречи можност за нови блокади на преговорите од страна на Бугарија врз основа на нејзиното толкување на Договорот;.... Да има широка поддршка од јавноста и политичките субјекти...КОН МАКЕДОНСКИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИНедозволиво е внесување механизам за следење или спроведување на Договорот во преговорите (преку Преговарачката рамка)Бугарија мора да се обврзе дека нема дополнително да отвора нови прашањаНе смеат да се дозволат измени на предложениот текст на Преговарачката рамка во која стои македонскиот јазик, ниту какви и да е дополнителни појаснувања, изјави, итн.Текстот на Пристапниот договор со ЕУ во однос на јазикот мора да биде идентичен како и за другите држави пристапнички.Не смее да се прифати менување на Уставот како услов за почеток и текот на преговорите.Барањата за правична застапеност и јазични права можат да произлегуваат единствено од пописот.Секаква изјава со која Северна Македонија би го негирала постоењето на македонското национално малцинство во Бугарија би била спротивна на меѓународните принципи на правата на малцинствата и сериозно би го нарушила дигнитетот на државата.Итно спроведување на пресудите на ЕСЧП за македонските организации во Бугарија би бил не само знак на добра волја од страна на Бугарија, туку и извршување на нејзини дамнешни меѓународни обврски.Апсурдно е признавањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија во услови кога Бугарија го негира постоењето на македонската нација и македонскиот јазик. Обидот бугарското барање за промена на Уставот да дојде преку Брисел е спротивен на принципите на ЕУ.Да се спречи злоупотреба на историското минато за етнополитички цели... Антифашистичката димензија на споменичните обележја мора да се зачува, бидејќи е суштински дел од македонската државност.Спречување на говорот на омраза од двете страни гарантирајќи ја слободата на изразувањеРаботата на историска комисија ослободена од диктат и без ограничување со рокови“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

milososki

Милошоски објави дел од преговарачката рамка на ЕУ: Власта не успеа да ги заштити македонските национални интереси

Антонио Милошоски на неговиот профил на Фејсбук објави дел од преговарачката рамка на Европската унија (ЕУ).Милошоски смета дека Власта не успеа да ги заштити македонските национални интереси.„Ова е извадок од предлог преговарачката рамка на ЕУ, во која има сериозни влошувања наметнати како дополнителни услови за Македонија:1. Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, заедно со записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати.2. На Македонија И се отвара уште едно малцинско прашање (читај повторно отварање на Уставот) кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција.3. Процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната Декларација на Бугарија од 2019 година .Ковачевски, иако тврди дека не бил во тек со преговорите, овој текст го имал на увид уште пред неколку недели, но со министрите Бујар Османи и Маричиќ не успеале да го заштитат основниот принцип за кој се залагаа многу пријатели членки на ЕУ, и кој И одговара на Македонија, а тоа е билатералните договори да не стануваат дел од рамката за преговори“, напиша Милошоски.

Македонија | пред 3 години

26032020_VRSM_Osmani_pres1

Османи: Кога се зборува за интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, вистинскиот термин би бил заокружување на Унијата, а не проширување

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше воведно обраќање на министерската сесија насловена „Заедничко градење на отпорна европска безбедност”, во рамки на Преспа форумот за дијалог, кој денеска и утре се одржува во Охрид.На сесијата, како специјален гостин, се обрати генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, а во дискусијата учествуваа министрите за надворешни работи на Светата Престол, надбискупот Пол Ричард Галагер, на Полска, Збигнев Рау и на Косово, Доника Гервала Шварц, заменик-министри за надворешни работи на Албанија, БиХ и Малта, Меги Фино, Јосип Бркиќ и Кристофер Кутајар, како и директорката за Европа на Европската служба за надворешни работи при Европсакта комисија, Ангелина Ајхорст, а онлајн обраќање имаше заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.Во фокусот на дискусиите беа нарушената европска безбедносна архитектура во променливото геополитичко опкружување; справувањетo со глобалните и регионалните безбедносни предизвици и најновите безбедносни ризици со кои се соочува Европа денес, како и улогата на ЕУ, ОБСЕ и НАТО во одржувањето на меѓународниот мир.Зборувајќи за новата геополитичка реалност која ја тестира отпорноста на европската архитектура, Османи рече:„Одбраната на Украина не е прашање само на опстојување на националниот суверенитет и територијален интегритет – историски, двата фундаментални принципи на демократското владеење – туку во крајна линија станува збор за одбрана на Европа од мешање и империјален нагон на трети актери со цел целосно распаѓање на државата. Оттука, зачувувањето на независноста на Украина не е фундаментално само за самите Украинци, туку и за секој друг Европеец. На геостратешко ниво, слободна, независна, успешна и европска Украина, подеднакво би помогнала Европа безбедносно да се консолидира.“Министерот Османи се осврна и на иднината на Западниот Балкан, која инхерентно е поврзана со Европа, европските и евро-атлантските структури:„Да ја повторам клучната порака од минатогодишниот форум, а тоа е дека Западниот Балкан и географски и политички и културно е дел од Европа, и оттука нема дилема дека неговата иднина е во европските и евро-атлантските сојузи. Само еден краток поглед на географската карта јасно покажува дека Балканот не е на периферијата туку во срцето на Европа, опкружен од сите страни со земји членки на Унијата. Овој регион нема други граници, туку само граници кон ЕУ и оттука, кога се зборува за интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, вистинскиот термин би бил заокружување на Унијата, а не проширување. И ова не е само политичка, туку и геостратешка констатација. Лоцирани на југоисточниот дел од Европа, Западниот Балкан од секаков можен аспект претставува југоисточна порта на Европа. Кога се зборува за енергетска диверзификација, неминовно се размислува за југоисточните коридори на енергетско поврзување; кога се осврнуваме на предизвиците на миграцијата, неминовно на дневен ред доаѓаат балканските рути на движење; кога го имаме на ум поврзувањето со Централна Азија, со Африка – единствениот пат проаѓа низ овој регион. Оттука, стабилен, просперитетен и интегриран Западен Балкан претставува геополитичка инвестиција за безбеден, стабилен и просперитетен континент.“

Македонија | пред 3 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_3

Бесими: ЕУ за да биде целосна веднаш треба да го интегрира Западниот Балкан

Заедничка цел на сите земји од Западен Балкан е да бидеме дел од ЕУ и од единствениот европски пазар. Само ЕУ интеграцијата, регионалните интеграции и единствениот пазар можат да придонесат за економски развој, како на национално, така и на регионално ниво. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во обраќањето на Преспа форумот за дијалог, говорејќи на панел дискусијата на тема „65 години по Договорот од Рим: Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?“.– По 65 години од Договорот во Рим, европскиот единствен пазар е најголемата економска област во светот и едно од најголемите достигнувања на Европската унија, со околу 500 милиони потрошувачи, 24 милиони компании и околу 17 милиони граѓани кои работат или живеат во различна земја од онаа од која потекнуваат. Сето ова придонесува кон подобри услови за живот за граѓаните, а воедно и за подобар економски резултат, рече Бесими потенцирајќи ја важноста на поврзаност.Тој порача дека имајќи ја предвид актуелната состојба во која живееме, војната на европско тло и предизвиците кои произлегуваат од тоа регионот треба да биде дел од ЕУ и дека ЕУ за да биде целосна веднаш треба да го интегрира Западниот Балкан.– Европа покажува дека се подобро се справува со предизвиците. Тоа го покажа со ковид-кризата, сега со предизвиците поврзани со воведените санкции со Русија, но во сета таа криза го покажува и одговорниот однос кон земјите од Западен Балкан, истакна министерот и додаде дека индината и на ЕУ и на земјите од Западен Балкан по оваа криза е да се даде предност на процесите на дигитализација, зелената транзиција, инфраструктурна поврзаност на регионот, човечкиот капитал, како и доброто владеење и борба со корупцијата.Тоа, како што кажа, се петте цели кон кои заедно треба да бидеме насочени во иднина, со цел развој и постигнување подобри услови за живот за граѓаните.Сесијата посветена на 65 години после Римскиот договор:Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана“ ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, а меѓу учесниците беа и премиерката на Србија Ана Брнабиќ, Мајлинда Брегу генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим, како и Горан Ѓуровиќ министер за економски развој и туризам на Црна Гора и Артане Ризваноли министерка за економија на Косово.Преспа форумот за Дијалог (ПФД) е платформа креирана од Владата на Република Северна Македонија со цел да им овозможи на земјите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долгорочни односи и да ги зајакнуваат партнерствата. Годинашното второ издание се одржува во Охрид и е посветено на акутлени безбедносни, политички и економски прашања со кои се соочува Европа и Западен Балкан.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања