Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ГАСОВОД

gasovod

Унгарски министер: Шест единици го чуваат унгарскиот дел на Турски поток

Унгарскиот министер за национална одбрана, Кристоф Салај-Бобровнички, изјави дека Унгарските одбранбени сили го засилиле обезбедувањето на унгарскиот дел од гасоводот Турски поток со шест единици копнени сили, како и воздушни патроли.Салај-Бобровнички посочи дека НАТО континуирано се информира за ситуацијата преку соодветни канали, а истрагата од страна на Србија ќе продолжи, пренесува денес унгарскиот портал Индекс.„Енергетската безбедност на Унгарците не е игра! Унгарските одбранбени сили се подготвени целосно да ги извршат своите задачи како што е наведено во Основниот закон“, рече Кристоф Салај-Бобровнички во видео на неговата страница на социјалните мрежи.Министерот додаде дека „засилувањето на безбедноста на критичните национални енергетски објекти започна пред неколку недели“ и дека „врз основа на информациите добиени од Србија, војската го дополнувала обезбедувањето на унгарскиот гасоводен систем“.Унгарскиот премиер Виктор Орбан се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за „брзиот и ефикасен одговор на Србија“ и истакна дека „Турски поток ќе го штитат дополнителни воени сили“.„Благодарност до нашите војници за храброста за време на велигденските празници. Ќе ја штитиме енергетската безбедност на Унгарија под сите околности“, заклучи унгарскиот министер за национална одбрана.Во реонот на селата Велебит, Трешњевец и Војводе Зимониќ во општина Кањижа во Србија, во неделата беа пронајдени два големи пакети експлозив во близина на критична гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.Орбан нареди итна седница на советот за одбрана, по телефонскиот разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и нареди унгарскиот дел од гасоводот Турски поток да биде ставен под воена заштита, што значи дека војници ќе го штитат гасоводот и „точките на пренос по целата должина од српско-унгарската до унгарско-словачката граница“.Премиерот Орбан го нарече инцидентот со откривањето експлозив во Кањижа акт на саботажа и додаде дека никој не е повреден и дека гасоводот функционира непречено.Тој потенцира дека Турски поток е од витално значење за Унгарија, бидејќи преку овој гасовод доаѓа 60 отсто од потрошувачката на гас во земјата.

Свет | пред 2 седмици

gasovod

Сијарто: Српските власти спречиле терористички напад

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека српските власти спречиле терористички напад во кој требало да биде кренат во воздух српскиот дел од гасоводот „Турски тек“, кој, како што истакна, е неопходен за снабдување на Унгарија со гас.„Вчера српските власти спречија терористички напад во кој сакаа да го кренат во воздух српскиот дел од гасоводот ‘Турски тек’. Овој гасовод е неопходен за снабдување на Унгарија со природен гас, бидејќи 56 отсто од природниот гас во нашиот систем, односно повеќе од половина, доаѓа преку гасоводот ‘Турски тек’“, изјави Сијарто во денешна објава на Фејсбук.Сијарто денеска, заедно со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, тргнал кон границата со Србија, во Кишкунхалаш во областа Сегедин, за да провери дали е сè во ред со гасоводот на унгарската страна.„Наша задача е да го заштитиме суверенитетот на Унгарија, да го заштитиме снабдувањето на унгарските семејства, да ја заштитиме способноста на земјата да функционира и да се бориме за намалување на сметките за комунални услуги“, рече Сијарто.Тој истакна дека едноставно не сака Унгарците да плаќаат барем три пати повеќе за комунални услуги отколку сега, што би било резултат од прекин на испораката на руски гас и нафта.„Затоа унгарскиот дел од ‘Турски тек’, кој е гасовод долг 250 километри, го ставивме под воена заштита“, објасни министерот за надворешни работи на Унгарија.Тоа денеска го потврди и Орбан во својата објава на Фејсбук, велејќи дека „гасоводот сакале да го кренат во воздух на српска страна, а ние моравме да наредиме воена заштита за унгарскиот дел од гасоводот“.„Велигденски понеделник, 6 часот наутро. Вчера се обидоа да го кренат во воздух гасоводот на српскиот дел. Проверуваме дали е сè во ред на унгарската страна“, наведе Орбан.Тој рече дека ќе ја провери влезната точка на гасоводот кај Кишкунхалаш.Гасоводот „Турски тек“ годишно транспортира од 7,5 до осум милијарди кубни метри и претставува главна енергетска артерија на Унгарија.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања