Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Унгарски министер: Шест единици го чуваат унгарскиот дел на Турски поток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
gasovod

Унгарија го засили обезбедувањето на својот дел од гасоводот Турски поток со шест копнени единици и воздушни патроли, по информации од Србија. НАТО е континуирано информирано, а српската истрага продолжува. По пронајдени два пакета експлозив кај Кањижа во близина на критична гасна инфраструктура, Орбан нареди воена заштита долж трасата до словачката граница. Инцидентот го нарече саботажа; нема повредени и гасоводот работи, а преку него доаѓа 60% од гасот во Унгарија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Унгарскиот министер за национална одбрана, Кристоф Салај-Бобровнички, изјави дека Унгарските одбранбени сили го засилиле обезбедувањето на унгарскиот дел од гасоводот Турски поток со шест единици копнени сили, како и воздушни патроли.

Салај-Бобровнички посочи дека НАТО континуирано се информира за ситуацијата преку соодветни канали, а истрагата од страна на Србија ќе продолжи, пренесува денес унгарскиот портал Индекс.

— реклама —

„Енергетската безбедност на Унгарците не е игра! Унгарските одбранбени сили се подготвени целосно да ги извршат своите задачи како што е наведено во Основниот закон“, рече Кристоф Салај-Бобровнички во видео на неговата страница на социјалните мрежи.

Министерот додаде дека „засилувањето на безбедноста на критичните национални енергетски објекти започна пред неколку недели“ и дека „врз основа на информациите добиени од Србија, војската го дополнувала обезбедувањето на унгарскиот гасоводен систем“.

— реклама —

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за „брзиот и ефикасен одговор на Србија“ и истакна дека „Турски поток ќе го штитат дополнителни воени сили“.

„Благодарност до нашите војници за храброста за време на велигденските празници. Ќе ја штитиме енергетската безбедност на Унгарија под сите околности“, заклучи унгарскиот министер за национална одбрана.

Во реонот на селата Велебит, Трешњевец и Војводе Зимониќ во општина Кањижа во Србија, во неделата беа пронајдени два големи пакети експлозив во близина на критична гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

Орбан нареди итна седница на советот за одбрана, по телефонскиот разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и нареди унгарскиот дел од гасоводот Турски поток да биде ставен под воена заштита, што значи дека војници ќе го штитат гасоводот и „точките на пренос по целата должина од српско-унгарската до унгарско-словачката граница“.

Премиерот Орбан го нарече инцидентот со откривањето експлозив во Кањижа акт на саботажа и додаде дека никој не е повреден и дека гасоводот функционира непречено.

Тој потенцира дека Турски поток е од витално значење за Унгарија, бидејќи преку овој гасовод доаѓа 60 отсто од потрошувачката на гас во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Свет | пред 13 часа

— реклама —
pukanje-meksiko

Уапсен најбараниот унгарски дилер: Работел како таксист во Мексико

Свет | пред 13 часа

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Свет | пред 2 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар со убедлива победа: објавени се конечните резултати во Унгарија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања