Претседателката со велигденска порака: боите на јајцата се симбол на животот и надежта
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати велигденска порака во која истакнува дека боите со кои се вапцаат велигденските јајца се симбол на животот што победува и на надежта што се обновува.Таа нагласи дека чинот на вапцање јајца не е само традиционален обичај, туку и момент на семејна блискост, заедништво и духовна подготовка за најголемиот христијански празник.Во пораката, Сиљановска-Давкова посочи дека со достоинство, смирение и љубов се очекува Христовото воскресение.
Македонија | пред 1 седмица