Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Русија и Перу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryb3jt931kkmp63K749Si

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новиот руски амбасадор Дмитриј Зиков и на амбасадорката на Перу (со седиште во Букурешт) Глорија Оливарес. Со Зиков изрази очекување за професионална работа во согласност со меѓународното право и надеж дека Велигден ќе донесе мир; тој најави отворена соработка и рамноправни односи. Со Оливарес истакна дека Македонија и Перу две децении имаат пријателски односи и дека има потенцијал за соработка во економија, култура, туризам, образование и наука, со акцент на мултилатерализам во ОН. Оливарес нагласи заеднички вредности и најави јакнење на билатералните врски.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Русија, Дмитриј Константинович Зиков, како и на новоименуваната амбасадорка на Перу со седиште во Букурешт, Глорија дел Кармен Оливарес.

При средбата со амбасадорот Зиков, претседателката изрази уверување дека неговите дипломатски активности ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во согласност со меѓународното право. Таа изрази и надеж дека претстојниот голем христијански празник Велигден ќе донесе крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба.

— реклама —

Од своја страна, амбасадорот Зиков оцени дека претставувањето на неговата земја во Македонија е висока дипломатска мисија и изрази подготвеност за отворена соработка и развој на рамноправни и заемно корисни односи.

На средбата со амбасадорката Оливарес, Сиљановска-Давкова посочи дека Северна Македонија и Перу веќе две децении градат пријателски односи засновани на меѓусебно разбирање и почит. Таа нагласи дека постојат значајни можности за унапредување на соработката, особено во областа на економијата, културата, туризмот, образованието и науката.

— реклама —

Претседателката истакна дека во услови на глобализација, вештачка интелигенција и дигитализација, географската оддалеченост меѓу државите станува сè помалку значајна, а мултилатерализмот може да биде важен механизам за решавање на сложените глобални предизвици во рамките на Обединетите нации.

Амбасадорката Оливарес нагласи дека, и покрај географската оддалеченост, двете земји споделуваат заеднички вредности како демократијата, човековите права и владеењето на правото. Таа изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе работи на понатамошно зајакнување на билатералните односи и развој на соработката меѓу двете држави.

На крајот од средбата, претседателката ѝ посака успех на амбасадорката Оливарес во извршувањето на нејзината дипломатска мисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9hrja09rio3s00Jmy68

Претседателката со велигденска порака: боите на јајцата се симбол на животот и надежта

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library66c67jul91664r3vCrQ

Средба на Сиљановска-Давкова со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryc5idjg7evsqeeDiTN7n

Сиљановска-Давкова разговараше со раководството на Факултетот за музичка уметност

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања