Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ 2024

Нема фотографија

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека Македонија продолжува напред

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера беше меѓу граѓаните на ошштините Чешиново-Облешево, Виница и Кочани.Пред граѓаните, Пендаровски ја претстави својата визија и приоритети за претстојниот мандат потенцирајќи дека главен предуслов ќе биде продолжување на евроинтегративниот процес и дека само со членство во ЕУ ќе се запре иселувањето на младите.„Имате само една единствена гаранција, дека Македонија ќе оди и понатаму кон развиениот свет, и ќе биде дел од Европа за многу кратко време. Со заокружување на бројот 1, немојте да ги гледате другите бројки на ливчето. Ова што ви го кажувам јас, особено бројот два, ве носи назад во рециклажа на режимот. Само нивниот шеф, Груевски го нема. Сите се исти и исти политики ќе тераат ако случајно дојдат повторно на власт“ порача Пендаровски во Кочани.Пендаровски истакна дека во претходниот мандат покажал што значи да се биде претседател за сите граѓани, без да прави какви било поделби, додавајќи дека така ќе продолжи и во следниот мандат.„Во изминативе 5 години како претседател она што ви го ветив пред 5 и пред 10 години овде, мислам дека до последната буква го реализирав. Според мене, не можеш да се нарекуваш претседател на сите граѓани ако навистина сите граѓани не ги третираш на еднаков начин и сите граѓани да бидат еднакви со претседателот. Во изминативе 5 години секој од вас што побарал помош од претседателот, бил удостоен со прием, со разговор и со поддршка“ рече Пендаровски.Одговарајќи на прашања од граѓани, Пендаровски рече дека во следниот период мора да се започне со сеопфатен ветинг на судии, обвинители, но и на политичари и дека само на тој начин ќе се врати довербата во судството која паѓа од година в година.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање на национално единство

ВМРО-ДПМНЕ - ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе. Долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, некогаш занемаруваше, некогаш впрочем и попусти беа обидите да се оствари, но обиди иако неуспешни имало, кажа претседателот Мицкоски на вчерашниот митинг во Охрид.Тој нотираше дека тој сака да успее во тоа, да создаде македонско национално единство.Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум и запирање на сите напади кон партите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ, но и како моја обврска да пробам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога тоа и е најпотребно на државата, во моменти кога државата е одземена од народот и во рацете на неколкумина корумпирани политичари од ДУИ со неколкумина корумпирани политичари од СДСМ кои се седнати во скут кај овие од ДУИ, рече претседателот.Претседателот истакна дека Македонија мора да се обединува по сите основи, за тоа да се случи мора да се почне од некаде, и нема подобар период од тоа тој процес да започне токму сега.Ќе има во иднина моменти кога националното единство ќе е неопходно исто како што ќе има моменти кога ќе се прејде на едно граѓанско единство без разлика на етничката припадност, затоа што ова е земја на сите граѓани кои живеат во нејзе и сите ние граѓаните од различни етнички заедници сме нераскинлив дел и столб на ова држава и на нејзината иднина, заклучи претседателот.Неговата порака е дека нема откажување од граѓаните, нема откажување од единството помеѓу сите нас, затоа што само така заедно сложни со силата и капацитетот на сите, сме иднината на ова земја.

Македонија | пред 1 година

IMG_5792

Мицкоски: СДСМ им ветувала на ДУИ колач од 70 проценти од власта и институциите само за да ги земат на власт, но залудно ќе загубат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Охрид пред граѓаните обзнани едно сценарио, една завера која ја подготвува актуелната власт и со која си се лажат себе си дека ќе им успее.„А, тоа е, ќе имале СДСМ 28 пратеници, а албанските партии ќе добиеле 33 заедно и ќе правеле влада заедно, замислете каква багра е тоа, и како размислува за иднината на Македонија. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји, нема откажување од фотелјите треба да им е слоганот. Дури и им ветувале на ДУИ дека наместо како до сега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти, а ДУИ и останатите партии да преземат се до 70 проценти“, појасни Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните да излезат во поголем број на изборите и оваа актуелна власт да ја испратат на буништето на историјата каде што и заслужуваат.„Затоа ве повикувам во што е можно поголем број да излезете и да им кажете што мислите за ваквите нивни сценарија, да има покажеме сите заедно што е и колкава е силата на Македонија и да ги испратиме на буништето на историјата каде што заслужуваат. Излезете на избори и гласајте“, посочи тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Имаме план за економијата, инвестиции од 3,5 милијарди евра и нови 180 милиони евра за компаниите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на денешниот настан под мото „Нема откажување од иднината“ се осврна на економијата и бизнис секторот при што кажа дека: „Во изминатите седум години се случија многу работи. Имаше подеми, падови, големи проблеми, предизвици. Се соочивме со КОВИД пандемијата, а потоа и со економската и енергетската криза предизвикани од војната во Украина.“„Дадовме се од себе за да им помогнеме на граѓаните и на компаниите да ја пребродат кризата без посериозни последици. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди долари за да го заштитиме стандардот на граѓаните. Благодарение на тоа беа спасени 80.000 работни места во околу 20.000 компании. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок со сметките за струја.“ – истакна Ковачевски во своето обраќање.Ковачевски подвлече и дека: „Обезбедивме рекордна поддршка за домашните компании од 100 милиони евра за 919 македонски, домашни компании. Поддршка која во минатото воопшто не постоеше.“Тој нагласи дека: „Компаниите ќе добијат нови 180 милиони евра директна финансиска поддршка, а јавните капитални инвестиции ќе се на ниво од 3,5 милијарди евра.“ - и додаде: „Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата. Ќе инвестираме 2,7 милијарди евра, а ќе се изградат 194 километри нови автопати и реконструкција на вкупно 950 километри патишта во сите делови и општини на државата.“„Енергетската трансформација започна во мојот мандат, и во тие кратки две години обезбедивме над 600 мегавати инсталиран капацитет енергија од обновливи извори, наспроти 16те мегавати до 2016тата.“ – додаде Ковачевски.“Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните, а го зголемуваме и домашното производство на енергија за 70%, за да можеме целосно да ги покриеме домашните потреби. 100 процентно ќе го зголемиме инсталираниот капацитет на енергија од обновливи извори.“ – рече претседателот на СДСМ, Ковачевски на денот на почетокот на кампањата за претстојните парламентарни избори.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ, вели Пендаровски

Ние немаме уште 20 години да чекаме, туку треба да ги направиме следните чекори, за повеќе да не биде изборно прашање „Дали сте за Европа?“. Да сте за Европа значи да сте за подобар живот, порача денеска пред граѓаните на општина Чешиново-Облешево кандидатот за претседател Стево Пендаровски.„Добро е да се биде членка на ЕУ, кога си земја членка на ЕУ, добиваш огромни средства од европските фондови прво за земјоделство, а потоа и за инфраструктура. ЕУ дава сериозни пари за да се обезбеди рамномерен регионален развој за да не биде некој регион многу богат, а некој многу сиромашен и поради тоа важно ни е да станеме земја-членка на ЕУ“ порача Пендаровски.Но, додаде тој, опозицијата го блокира патот кон ЕУ, се противи на договорите, со изговор дека ќе направи нови договори, кои наводно ќе биле подобри.„Тие велат, ова не чини, тоа не чини, ние ќе направиме нови договори. Додека тие ги направат тие договори, под претпоставка дека ќе бидат подобри, што нема да биде случај и оние малку млади што се во државата ќе се иселат од тука“ истакна Пендаровски.Пендаровски порача дека работите ќе се сменат на подобро само ако сите се посветат на она што е важно за граѓаните и државата и од присутните побара поддршка на изборите на 24 април.

Македонија | пред 1 година

levica

Левица: Бугари во Устав е предавство, на денешен ден започна бугарската фашистичка окупација на Македонија

,,На 18 април 1941 година, со одборение на Хитлеровата врховна команда, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија.Овој историски факт, под рефлекторите на денешното политичко препрочитување на историјата на Македонија, Бугарија настојува овој настан од историјата наместо окупација еуфемизирано да се третира како администрирање со Македонија.Но, историските факти говорат друго!Затоа во очи на претстојните парламентарни избори, направете го вистинскиот избор и гласајте за Левица, единствената партија која се залага за раскинување на договорот со Бугарија.Гласајте за Левица, затоа што Бугари во Устав е предавство!”, изјавија од Левица.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

,,Денеска започнува првиот ден од изворната кампања за парламентарните избори. Денеска од тука, паркот во Ѓорче Петров сум заедно со Бојан Стојаноски и Габриела Калкова кои се на нашата листа за кандидати за пратеници.Од тука сакаме да ги повикаме сите граѓани, не само од Ѓорче Петров, туку од целата ИЕ 2 да ни се приклучат.Да ни се приклучат во оваа наша кампања, бидејќи ќе ја тераме секој ден една позитивна слика за Македонија ќе понудиме за граѓаните многу проекти и ќе понудиме подобар стандард за сите.Ни ќе започнеме позитивно, како и секогаш.Јас како носител во ИЕ 2 од секогаш кажувам дека на народот му треба надеж, му требаат промени, но му треба и позитива да види дека сме различни.Доста беа црнила, доста беа црни сценарија во последниве седум години.Видовме дека овие што се на власт ниту работат, ниту мислат добро за Македонија.Затоа ние во нашата програма предвидуваме многу проекти.Предвидуваме зголемени пензии уште во првата година за сите пензионери линеарно, но исто така повисоки плати, подобра здравствен систем, подобро образование, се разбира сите дечиња да имаат учебник и се она што секој еден граѓанин го засега.Но, за да направиме историска победа ни треба поддршка од целиот македонски народ!Таа победа би била победа за сите граѓани!Треба Македонија да биде повторно твоја, да биде повторно на сите граѓани!Затоа ги повикуваме сите ад се приклучат, бидејќи Македонија е во нивни раце!Промените се во рацете на сите граѓани!Промените стартуваат од тука, од Ѓорче Петров и насекаде во Македонија!”, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

IMG_3500

Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

„Во последните шест години имаме исплатено над 100 милиони евра финансиска поддршка кон домашните компании, кои направија инвестиции од над 500 милиони евра. Но ова не е доволно, не се откажуваме и во следните четири години оваа поддршка скоро ќе ја дуплираме и ќе jа зголемиме на 180 милиони евра, што пак ќе значи инвестиции од над 1 милијарда евра во нашата економија“, изјави Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, на Коалицијата за европска иднина.На прес- конференцијата по повод отпочнувањето на кампањата за парламентарните избори, Битиќи појасни дека во изминатите седум години СДСМ има многу направено многу за бизнисот, односно дека за првпат во 2017 година ги изедначи условите за финансиска поддршка на инвестиции на домашните и странските компании.„Го сменивме и пристапот, од договори во четири очи, таа стана транспарентна и достапна за сите подеднакво“, реќе Битиќи, притоа посочувајќи дека со оваа финансиска поддршка претставува и влог во домашните компании за да бидат конкурентни за влез и интеграција во заедничкиот европски пазар од над 500 милиони потрошувачи.„Затоа, гласот за „Коалицијата за европска иднина“ е глас за европски стандард, за поголема поддршка за развој на домашната економија и глас за поголеми плати нашите граѓани. Продолжувањето по патот кон Европската Унија ќе значи и пристап до 860 милиони евра, кои Брисел ни ги става на располагање преку Планот за раст на Западен Балкан. Пари кои ќе бидат искористени за економски раст и развој, за нови можности за бизнисот“, рече Битиќи.Тој порача дека нема откажување од иднината и дека „Коалицијата за европска иднина“ нуди стабилна, безбедна, економски развиена и инклузивна иднина, иднина за сите.

Македонија | пред 1 година

IMG_3499

Спасовски: Време е за подобро и повеќе - во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Денеска, на официјалниот старт на кампањата за годинешните парламентарни избори, носителот на листата со кандидати на Коалицијата За европска иднина за втората Изборна единица, Оливер Спасовски, на прес конференција ги сподели главните економски мерки кои се дел од изборната програма на оваа коалиција, а се осврна и на важноста на овој изборен циклус.„Со целиот мој политички бекграунд одговорно тврдам дека ова се посебно важни избори. Пред нас е важна задача, а пред народот сериозна одлука: да го определиме правецот на движење на нашата татковина, заеднички да решиме каде ќе се насочиме во наредните четири години, во каква држава сакаме да живееме и каква Македонија ќе им оставиме на идните поколенија. А кога зборуваме за перспективата на оваа држава, Коалицијата за европска иднина нуди надеж наспроти безнадежност, просперитет наспроти зачмаеност во минатото, обединување наместо тензии и комплетна изолација“, рече Оливер Спасовски, потсетувајќи дека темелите за таква иднина се веќе поставени со рушење на режимот и враќање на слободата на тогаш заробената држава и на спокојот кај граѓаните, помирување со соседите, обновување на старите заборавени пријателства, зацврстување на традиционалните стратешки партнерства, влез во најмоќниот воено-политички НАТО сојуз...„По повеќе од една деценија го исправивме патот кон европското семејство, а притоа ги зачувавме македонските национални и државни интереси. Добивме признати јазик и идентитет, призната црква, но и многу сојузници и пријатели. Сето ова е доволен темел за нашето мото: Нема откажување од иднината! Од оваа точка враќање назад нема. Бидејќи сега, откако темелот се постави, време е за подобро и повеќе! Тоа значи имплементирање на европски стандарди во сите сегменти на живеење. Повеќе пари, подобар животен стандард, повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе за сите! Но, тоа значи и учење на европските принципи и вредности по кои ќе ја доуредиме нашата држава за да биде солидна просперитетна европска држава во која со задоволство ќе живееме и работиме. И ние, и идните поколенија“, истакна Спасовски.Со проекцијата за просечна стапка на раст од 5,1% во наредните четири години, тој потсети на оствареното ветување за континуираниот раст на платите.„Да не заборавиме дека минималната плата за време на режимот беше замрзната и изнесуваше едвај 8.800 денари, а во текстилната, кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари, што беше под секое ниво на човечко достоинство. Сега таа е неспоредливо повисока, дури и повисока од просечната плата во тоа време - 22.500. Сегашната просечна плата, пак, изнесува 39.500 денари. Патем, сето ова го направивме истовремено трпејќи ги ударите од енергетската и кризата предизвикана од коронавирусот. Бидејќи за нас човечкиот капитал е најважен!“, посочи Спасовски, за следните четири години најавувајќи зголемување на просечната плата за дополнителни 500 евра, со што ќе достигне рекордни 1.100 евра, додека минималната ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари.Главната цел на економскиот дел од програмата на СДСМ, според Спасовски, е доближување на животниот стандард до европскиот, со ветување дека преговорите со ЕУ ќе ги завршат до 2028 година, а до 2030 година ќе се добие и полноправно членство, со што просечната плата веднаш би изнесувала 1.300 евра, а минималната 800 евра.Покрај ова, за следниот мандат Спасовски најави и сериозна дебата за воведување данок на луксуз и богатство: „Тоа беше рак рана за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ‘големите патриоти’ не сакаа да издвојуваат за државата соодветно со висината на накалапеното богатство. А за нас, единствено правично е тие што имаат многу, да плаќаат повеќе“.Тој потсети на успешното намалување за половина на стапката на невработеност во претходниот мандат, со ветување дека до 2028 година од сегашните 12% невработеноста ќе се намали на 7%, со што за првпат во историјата на независна Македонија ќе може како држава да се пофалиме со едноцифрена бројка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа, бидејќи на сите избори мнозинството гласови ги имала опозицијата.„Претседателските избори се одржуваат во среда на 24 април, бројот 6 е број на Промената која ВРЕДИ. Каде и да одиме во кампањата, а сме отишле низ цела држава, гледаме дека најголем проблем е сиромаштијата, поскапувањето, невработеноста или ниските плати. Условите за живот станаа потешки. Ова го предизвикува и другиот многу голем проблем што го имаме. Емиграцијата на младите. Младите заминуваат токму затоа што платите се мали и тешко се наоѓа добра работа“, изјави Таравари.Според него, економијата и иселувањето бараат одговори, а на Албанците промени.„Затоа, ние како коалиција ВЛЕН, во владата, мора да гарантираме и ќе гарантираме зголемување на минималната плата до 800 евра. Ја објавивме и дискутиравме за нашата претседателска програма, а на почетокот на следната недела ќе ја објавиме и програмата за парламентарните избори. Таа е единствената програма што ВРЕДИ. Но, уште еднаш повторувам, за да дојде до промена, секој човек мора да биде посветен. Затоа што секој глас е важен. И го повикуваме секој гласач да излезе на денот на гласањето, за да ја гарантираме победата на промените“, изјави Таравари.

Македонија | пред 1 година

IMG_3375

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

,,СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните.Корупцијата е распространета во секоја пора на општеството. Во Македонија со СДС услугите кои треба да ги пружи државата на граѓанинот станаа мисловна именка. Лотариска среќа е ако може некој да извади пасош и лични документи, пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде, не само младите туку и сѐ повозрасни размислуваат да ја напуштат земјата не гледајќи веќе ниту систем, ниту ред, СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали, се срамиме од нивните недостоинствени настапи низ светот, иднината и подобриот живот се далечен.На врвот на листите на корупција, мизерија и немаштија сме. За 7 години колку што се на власт СДС и ДУИ ја презадолжија државата, го урнисаа системот и криминалот го направија столб на своето функционирање.Ова не е Македонија што народот ја сака и ја заслужува. Овие избори се последна шанса за спас. Шанса во која може да се верува, избор во кој мора сите граѓани да учевствуваат. Македонија е едноставно одземена. Но, промените се можни и се на дофат.Промените се во твои раце! Македонија повторно ќе биде твоја!”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

izbori-germanija

Карваните полни розови ветувања поаѓаат-почнува парламентарната изборна кампања

Од денеска изборните карвани за парламентарните избори на 8 мај почнуваат со крстосување низ државата. Граѓаните ќе се за запознаат со нивните програми, но ќе слушнат и многу празни ветувања. Иако сите начелно ветија дека ќе водат позитивна кампања, нема да се одолее на црната кампања. Кампањата за Претседателските избори ќе трае до полноќ, на 22 април (понеделник), а во вторник е ден за одмор и средување на впечатоците за понудите за шеф на државата.Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ стартува денеска со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, а потоа ќе одржи средби со граѓани и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. Активности ќе има и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Чешиново-Облешево, Виница и Кочани. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, традиционално почнуваат од Охрид, од петата изборна единиица. Освен кандидатите за пратеници на митингот ќе биде и кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.Коалицијата „Европски фронт“ ќе има активности во Скопје за конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024 и претставување на претседателскиот кандидат Бујар Османи, како и централен митинг во Куманово. На свој терен во Куманово ќе биде и ЗНАМ и претседателскиот кандидат Максим Димитриевски. Во Штабот на Коалиција албанската опозиција Вреди, на плоштадот Скендербег претседателскиот кандидат Арбен Таравари и на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици ќе одржат прес.Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска кампањата за претставување на изборната програма ја продолжува со митинг во Велес, на кој ќе се обратат и претседателот на Левица и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов. Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија.

Македонија | пред 1 година

29.9.maksim-dimitrievski

Димитриевски: Граѓаните заслужуваат на дебата да видат кој кандидат за Претседател на државата што нуди

Кандидатот за Претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ- За нашаМакедонија, Максим Димитриевски, денеска во изјавата за Македонскатателевизија рече води позитивна кампања, но посочи дека за жал во делотна платената политичка програма не се еднакви.„Фаворизирани се неколку кандидати, огромен тајминг и искрено жалам штограѓанте немаат можност да не видат на дебати.Господинот Пендаровски, а и госпоѓа Силјановска Давкова, бегаат за жалод дебати и јавно ги повикувам да се соочиме на дебати, да ги извадименашите програми пред граѓаните, не поради нас, граѓаните тоа гозаслжуваат“, објасни Димитриевски.Во однос на предлозите за избор на претседателот на државата воСобранието тој рече:„Сметам дека тоа директно го крши и Рамковниот, а и Уставот и едноставново таа состојба ние немаме потреба од претседател на држава, ако сеизбира во Собранието“. Тој додаде дека ние сме парламентарна република исилата е во парламентот, иако тоа, како што рече не е случај вомоментот, бидејќи гледаме како извршната власт со камшик удира позаконодавната власт.„Не знаеме еден случај Собранието да вратило одреден закон или да неизгласало, а којшто дошол по предлог на владата.Сме немале и случај претседателот да предложи одредено законскорешение“, рече Димитреивски и додаде –„Непосредниот избор на Претседател е суверентитетот којшто граѓаните иго даваат на функцијата за да биде претседател на сите граѓани и да гипретставува истите и тоа и дава дополнителна сила на институцијатаПретседател“. Тој рече дека како демократ, со демократски убедувања, есекогаш подготвен да дебатира и јавно и да ги слушне и останатитемислења во јавноста по однос на овој предлог.„Но, сметам дека некој скриено се обидува да наметне еден нов наратив водржавата со којшто ќе се редефинира карактерот на Македонија,од проство сложен тип на државно уредување, што за мене е неприфатливо“, речепретседателскиот кандидат Максим Димитриевски во изјавата заМакедонската телевизија.

Македонија | пред 1 година

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

На денот на изборите не смее да се работи

На денот на изборите 24 април и 8 мај кои Владата ги прогласи за неработни, Трудовата инспекција не може да казнува или затвора објекти. Овие два неработни денови не се утврдени со Законот за празници туку со владина одлука, па оттука инспекторите не можат да постапуваат. Тоа значи дека приватните фирми или компании можат да работат ако сакаат, не треба да им даваат празнична дневница на вработените и не може заработат казна, ама и вработените не мора да доаѓаат оти се заштитени со одлука на Владата. Оваа одлука е спротивна од онаа која Министерството за труд и социјална поликата ја доставила до Влада со предлог да биде усвоена. Во одлуката на Министерството стои дека ‘се препорачува‘ 24 април и 8 мај да бидат неработни денови. Но, во владината одлука делот ‘се препорачува‘ се брише.Голем број приватни компании денеска се затекнати од одлуката на Владата и не знаат дали смеат да работат, како да ги пресметаат дневниците, па постојано вртат во Трудовата инспекција и бараат одговори. Арно ама, со одлука на Владата и трудовите инспектори не треба да одат на работа. Директорката на Трудовата инспекција Весна Томоска потврдува дека голем број фирми бараат објаснување дали смеат да работат или не. Вели дека во наредните денови ќе се координираат со надлежните институции како да постапуваат инспекторите.„Со одлуката на Влада 24 април и 8 мај се неработни денови за сите граѓани и не треба да работат. Ние како Трудова инспекција не можеме да казнуваме оти не станува збор за неработни денови утврдени со Законот за празници. Ќе чекаме насоки од надлежното Министерство за труд и социјална политика како да постапуваме“, вели Томоска.Оваа владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стевановиќ: Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата

,,Поминаа 2 недели од изборната кампања, а граѓаните видоа дека Силјановска нема план, а нема ниту свој став, таа е продолжена рака на Христијан Мицкоски.Тој и ја води кампањата, тој одлучува.Од друга страна, се покажа дека Стево Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата.Човек без ниту една дамка за време на неговиот мандат и без ниту една грешна одлука.Јасно е,Глас за Стево Пендаровски и СДСМ е глас за сигурна, европска иднина.Глас за Силјановска и ДПМНЕ е глас за враќање назад во изолација и неизвесност.На Македонија не и треба реприза на Иванов, претседател - партиски послушник кој наместо гласот на народот ќе ја слуша само Белата палата.На Македонија и на граѓаните им треба вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата.Граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.Не ни треба враќање назад во изолација и незивесност туку напредок и членство во ЕУ.”, изјави Милена Стевановиќ, членка на ИО на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1.

Македонија | пред 1 година

IMG_3477

Пендаровски: Не верувајте на сејачите на политичка магла

Пред граѓаните на Велес, кандидатот за претседател Стево Пендаровски на синоќешниот митинг порача дека државата мора да продолжи напред по европскиот пат, да не се враќа назад во балканската кал и мочуриште и во времињата на неизвесност.Пендаровски потсети дека во изминатите седум години се реализираше членството во НАТО, се забрза процесот на интеграција во ЕУ, кој за жал денес е закочен заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека партијата предводена од Христијан Мицкоски нема никаков план за иднината. „И кога ги прашуваме што би смениле во тој дел, се надевам не би смениле ништо во делот на македонскиот идентитет и јазик и во делот на македонското име и код, што би промениле и какви се тие подобри договори кои вам би ви биле по волја? Знаете што одговараат? Дека имаат план Б, но тој план ќе ни го кажат ден после изборите. Велат на 9 мај ќе ви кажеме, имаме голем план, некаков мистериозен план со кој ќе ги подобрат тие договори и ќе не внесат на брза пруга во Европската Унија. Немојте да им верувате на тие сејачи на политичка магла, бидејќи ова се најдобрите можни договори со кој со сочувавме македонското достоинство, ја ставивме државата на пат кон развиениот свет и развиена Европа“ порача Пендаровски. Пендаровски повика на масовна излезност на 24 април а потоа и на 8 мај и порача дека само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе продолжи по вистинскиот пат. „Мораме да се мобилизираме, да се собереме сите што и мислиме добро на оваа наша Ммакедонија. На 24-ти мораме да направиме масовна политичка мобилизација во што е можно поголем број да излеземе и на осми мај само да ја запечатиме двојната победа. Нема да имате никакви потешкотии сега на ливчето. Нѐ има многу, меѓутоа само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе оди напред и нема да се враќа назад кон режимот и во балканското сивило, кал и мизерија. Значи број еден на 24 април и број еден на осми мај“ посочи Пендаровски пред граѓаните на Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: 13 ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со државата и на нивните слуги од СДСМ, кажа претседателот Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Гевгелија.Тој напомена дека секоја една услуга која граѓаните треба да ја добијат како системска, од институциите е проследена со мито, кое е широко распространето.Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тие се блиски луѓе на власта, кажа претседателот и додаде: СДСМ му ја поклони државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери. Тоа е поради тоа што власта СДСМ ја купува на дневно ниво. Нивната слабост ја покриваат со милион услуги кои им ги вршат на ДУИ и станаа заеднички соучесници во разграбувањето на државата.Претседателот истакна и дека Пендаровски се постави како втор кандидат на ДУИ, и дека за целиот свој мандат тој не смогна сили да се спротивстави на ниту еден нивен криминал.Денес еве навршува 13тиот ден од политичката кампања како Стево Пендаровски нема кажано ниту збор за ДУИ. Ниту една критика, што значи тој прифаќа и одобрува се што ДУИ, Артан, Ахмети направија со Македонија. Тој одобрува, молчи и прифаќа за продажбата на Соравиа, пљачката на државата, неодговорноста за модуларната болница, купувањето на деловни простории по багателни цени и илјадници други скандали кои сега стануваат и товар на Пендаровски и негов срам, кажа претседателот.Тој порача дека на овие избори се и за тоа да си ја вратиме државата во рацете на народот. Промените се во раце на народот, за да Македонија биде повторно на народот. Македонија мора да ја направиме горда.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојаноска: На 24 април да заокружиме број 2 за Силјановска Давкова затоа што таа го промовира концептот претседател за сите

,,Денес сум во Гостивар и денот го започнавме од градскиот пазар бидејќи вторник е пазарен ден во Гостивар. Интересно е тоа што и луѓето кои продаваат, но и оние кои купуваат се незадоволни. Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, а другите затоа што ги купуваат по прескапи цени и едните и другите се незадоволни од оваа власт затоа што велат дека ова се должи токму на оваа поткуплива и незаинтересирана власт за граѓаните.Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2 бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите и таа ќе биде од страната на народот, а не од страната на елитите кои не доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани.”, вели Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

IMG_3470

Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски

,,Изборот на 24 април сега е кристално јасен.Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска и ДПМНЕ.Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата и силен поддржувач на членството во НАТО и ЕУ.Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува. Стево е претседател на граѓаните и претседател на сите граѓани.На граѓаните на Македонија не им треба уште една продолжена рака на белата палата туку вистински претседател, со свој став и државничко чувство за најважното, иднината на државата.Не ни треба враќање назад во изолација и незивесност туку напредок и членство во ЕУ.На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина.Ве повикувам да излезете на 24 април и да го направите изборот.”, изјави Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Таравари: Со доаѓањето на ВЛЕН на власт, жртвите на монтирани случаи ќе бидат ослободени и обештетени

,,Во неделата се навршија 12 години од монтирањето на случајот Монструм во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро. За ова дело, фабрикувано од параполитичките структури, петмина невини Албанци се осудени на доживотен затвор или максимална казна. Од страната на властта, оваа годишнина беше третирана како и сите други: со молчењето што ја карактеризира вината.Монструм, Сопот, Бродец, Алфа, Диво Насеље и други, сите се имиња кои не потсетуваат на отворената рана во нашето општество, онаа на селективна правда која ги угнетува Албанците. Овој систем на неправда го претвори Албанецот во парче месо, за политички пресметки или за туркање на шовинистичката агенда секогаш кога се загрозува нечија власт.Селективната правда во политички мотивираните случаи, но и се поголемата неказнивост по измената на Кривичниот законик, не доведоа до ситуација во која само 2% од граѓаните веруваат во правдата.Јас како претседател на Републиката ќе преземам конкретни чекори за решавање на политички монтираните случаи и за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем.Со коалицијата ВЛЕН, како врвен приоритет ќе имаме формирање на независно, ефективно и правично судство, каде никој нема да биде над законот и никој нема да биде потиснат поради националната припадност.ВЛЕН се обврзува за создавање на привремено тело на западни експерти, главно од европски земји, кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети на Северна Македонија со шестгодишен мандат. Ова тело ќе ја следи работата на домашните судии и обвинители. Но и самите ќе придонесат како судии и обвинители.Со доаѓањето на ВЛЕН на власт, сите жртви на монтираните случаи ќе бидат ослободени и обештетени.Ќе го истуркаме законот за ветинг на судии и обвинители и целосно ќе го реформираме системот за избор, унапредување, дисциплинирање и разрешување на судии и јавни обвинители.По народниот плебисцит од 24 април и 8 мај, во нашиот правосуден систем нема да има место за корумпирани судии и обвинители со југословенски менталитет.ВЛЕН ќе направи европеизација на правосудниот систем, како неопходен услов за запирање на епидемијата на корупција и селективна правда. Можеме да станеме земја-членка на ЕУ само кога Судот во Тетово и Скопје ќе бидат доверливи како Судот во Берлин или Бон. Друг начин нема.Промената започна и не престанува. Правдата ВРЕДИ затоа што е предуслов за инклузивно општество, за демократија и за економски развој.“, изјави Арбен Таравари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-03-at-10.47.43

Граѓанска петиција: Дебата на Претседателските кандидати мора да има

,,Во најновиот извештај на Фридом Хаус, како и во многу извештаи на слични релевантни меѓународни организации, е забележано дека Република Македонија не само што не напредува во демократските процеси туку и назадува.Типичен пример за демократскиот дефицит во македонското општество се овие Претседателски избори, односно во овој процес кој е од огромно значење за иднината на македонските граѓани нема ниту една дебата помеѓу кандидатите за Претседател на државата! Нешто што е нечуено во ниту едно општество кое претендира да е демократско.Дебатите претставуваат најдобар начин за кандидатите да ги претстават своите визии пред јавноста и да се соочат со визиите на противкантите на јавна сцена, во живо. Како и за граѓаните да се здобијат со подетални информации за тоа кои се нивните планови за управување на земјата. Ова ги овозможува граѓаните да направат поинформирана одлука на 24 април.Благодариме на сите кои ќе ја поддржат оваа петиција и кои ќе се придружат во нашиот заеднички став за подобра, поинформирана и отворена демократија.”

Македонија | пред 1 година

IMG_3464

Изет Меџити средба со граѓаните и трговците од Чаир

Претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити истовремено носител на Листата за пратеници од коалицијата ВЛЕН во првата ИЕ, денес се сретна со граѓаните и трговците од општина Чаир каде дискутираа за секојдневните активности на граѓаните, проблематиките со кои они се соочуват, како и безрезервната поддршка кон Демократското Движење и ВЛЕН.,,Од трговците во Бит Пазар се виде голем ентузијазам, но и со критики кон покачувањето на цените и падот на продажбата на нивната стока, со што се влијае во домашната економија.”, велат од коалиција ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

IMG_3459

Пендаровски: Не бев затворен, не бев изолиран, ниту таков ќе бидам во следните пет години

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчеравечер беше со жителите на општина Гази Баба и истакна дека како актуелен претседател, никогаш не бил затворен за јавноста и дека напротив секој имал можност да види што работи претседателот.„Илјадници луѓе дојдоа во мојот кабинет, се пожалија на проблемите, побараа помош за нивно решавање, не бев затворен, не бев изолиран, ниту таков ќе бидам во следните пет години, ако здравје боже ја добијам вашата доверба“.Во однос на работата на актуелната политичка структура, Пендаровски рече дека само оваа политичка структура знае што значи да се бориш за македонските национални државни интереси и знае како да ја позиционира Македонија, притоа говорејќи за членството во НАТО, каде земјата е заедно со Америка, Германија, Франција, Велика Британија и со други колоси на меѓународната политика кои ги уредуваат меѓународните односи.„Ова е океан од проблеми во целиот свет, единствениот вистински пат за нас, единствената гаранција за нашата перспектива, за нашата иднина, за нашата судбина, единствената надеж за овие млади луѓе тука да успеат, тука да просперираат, тука да се вработат, тука да оформат семејства, е само западниот пат и западната Алијанса. Најдобрите универзитети се таму, најдобрите здравствени системи се таму, најнезависните судски системи се таму, ние се стремиме да бидеме таму, за да бидеме како нив. Да добиеме, не пари, од кај нив да добиеме ум принципи и вредности врз кои ќе ја уредиме нашата Македонија да личи на просечна европска развиена и просперитетна земја, затоа што тоа е единствената опција“, истакна ПендаровскиГраѓаните побараа коментар од Пендаровски во однос на изјавата на Силјановска дека не постоеле историски прашања во врска со францускиот предлог, но дека во исто време зборува за некаков бугарски диктат и постојано го заплашува народот.„Морам да ви кажам дека по првпат после подолг временски период потполно се согласувам со таа теза на Гордана Силјановска Давкова. Историските прашања не се предуслов за наш напредок кон Европа. Само една друга работа ме чуди, дали е свесна дека со таа изјава ја закопа целокупната политичка пропаганда на партијата која ја предложи, која две ипол години наназад главите ни ги полни со тоа дека без да се пишеме Бугари, само како Бугари може да влеземе таму. Тоа не знам, веројатно била многу искарана после тоа од Мицкоски, од другите бидејќи друга политичка понуда и платформа немаат за овие избори. Само велат не на европскиот предлог, како Бугари ќе сме влезени. Твојот кандидат за претседател на држава лично избран од него вели дека историските прашања не се предуслов за тоа. Сега на кого да му веруваме? Јас мислам на ниту еден од нив“, одговори Пендаровски.Исто така, граѓаните имаа интерес за став на Пендаровски за изјавата на Гордана Силјановска Давкова дека не го познава од студентските денови, на што Пендаровски возврати дека и тој исто така не ја памети и објасни дека нејзиниот сопруг само еден семестар бил помлад асистент, а кратко време бил и библиотекар на правниот факултет. „Потоа влезе во приватни бизнис води и потоа знаете стана еден од најголемите транзициски олигарси во Македонија“, потенцираше Пендаровски.

Скопје | пред 1 година

tetovo4-12042024

Мицкоски: Ова се избори на кои народот ќе си ја врати државата, а оние од ДУИ и нивните измеќари од СДС кои ја киднапираа и ограбуваат ќе одговараат

Ова се избори во кои народот треба да си ја врати државата која е киднапирана од страна на неколкумина од ДУИ и малкумина нивни измеќари од редот на СДС. Ова е избор помеѓу Македонија горда и достоинствена со пристоен живот и втора опција која ја нудат другите тоа е ограбена и понижена и Македонија. Немаме можност за втора шанса и ако овие продолжат како до сега државата се помалку ќе ја има, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Кривогаштани.Мицкоски посочи дека дури и членството од СДС е разочарано од нивното раководство и одбива да биде измеќар на ДУИ и бара промени во државата.- Јасно им е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат на овие избори и дека Гордана Силјановска Давкова е победник на овие избори затоа сакаат да помогнат да не биде таа влада уценувана од страна на Али Ахмети и останатите. Ова не се избори во кои одлучуваат нијанси, туку јасен е победникот, туку прашањето е на чест и достоинство, дали ќе застанеме позади интересот на Македонија и ќе се бориме за национално единство или ова ќе бидат избори во кои тие како членови и симпатизери на СДС ќе останат слепи послушници на раководството на СДС кои за жал е претворена во измеќар на ДУИ, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека криминалот нема етничка димензија, а овие луѓе повеќе од 20 години ја ограбија Македонија, и после 8 мај нема да биде „како до сега“, туку ќе има одговорност.- Пред 20 години влегоа во политика со романтични идеи, а денеска гледаме како членови на семејството на Ахмети купуваат мултимилионски имоти во големите градови во Македонија, како сватовите возат Ролс Ројс и најскапи марки возила, како другите роднини имаат фирми кои вртат мултимилиони. Затоа повикувам масовно да излеземе на 24 април, а потоа и на 8 мај да гласаме за бројот 2 затоа што сиот криминал кој се случуваше изминативе години има име и презиме и ќе одговараат после 8 мај, потенцираше Мицкоски.Мицкоски зборувајќи за Пендаровски посочи дека нема извештај за сработеното, но од него имаме слушнато неколку работи по кои ќе биде препознаен и дека едната работа е дека сите кои нема да гласат за него не сака очи да им види, а потоа се расфрла со навреди.Пендаровски прво е вознемирен, па исплашен, знае дека довербата која ја има ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и Гордана Силјановска Давкова е најмалку 3 пати поголема од сите оние кои го поддржуваат него. Знае дека после 8 мај ќе има одговорност за сето она што и го направија на Македонија и народот, а тој е нем набљудувач и не спречи некои од процесите да се случат, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања