Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ 2024

kovacevski-koalicija-sdsm

СДСМ: Демократски изборен ден во фер и демократска атмосфера

,,Денеска имавме навистина демократски изборен ден.Гласањето се одвиваше во фер и демократска атмосфера.Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено, како што доликува на една демократска земја, членка на НАТО со почнати преговори за членство во ЕУ.Констатирани се само неколку многу мали прекршувања на изборниот процес кои ги сметаме за исклучоци.Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа и го дадоа својот глас.Правото на слободно одлучување и слободен глас е највредната придобивка на демократијата.А самото гласање е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и за иднината на државата.Ги очекуваме изборните резултати. Уверени дека граѓаните и денеска и на 8-ми мај, ќе поддржат европска иднина за Македонија, иднина во која што Македонија е дел од европското семејство, и горда членка на ЕУ.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3588

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот

,,Дозволете на почетокот на оваа прес конференција најпрво да му честитам на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија за високата демократска свест манифестирана преку голема излезност. Со тоа народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува правецот во кој треба да се развива нашата татковина, онаква каква што сакаме да ја видиме напредна земја со европски стандарди во правото, здравството, образованието, земјоделието и сите други области значајни за граѓаните.Од аспект на изборниот процес, тој помина генерално во фер и демократска атмосфета, со низа помали прекршувања, пред се предизвикани од партиите на власт и нивните активисти.Имено од досегашните податоци за нерегуларности кои ги имаме добиено од набљудувачите, забележано е вршење на притисок врз гласачи во општина Сарај, но и импровизиран штаб во непосредна близина на гласачко место во училиштето Гоце Делчев во Гостивар. Исто така забележани се случаи на семејно и колективно гласање, за кое истите лица биле предупредувани од страна на избирачките одбори и акредитираните набљудувачи.На неколку избирачки места во втората изборна единица, поточно во Куманово, нотирани се нерегуларности од типот на нефункционалност на убиг апаратите или немање на печат. Во едно избирачко место бидејќи немале печат избирачкиот одбор добил насоки од ОИК гласањето да продолжи, па после гласањето да се стави печат. При примопредавањето на изборниот материјал не биле потпишани сите субјекти.За сите забелешки, но и оние кои ќе ги добиеме, како партија соодветно ќе постапиме пред надлежните институции, затоа што во наш, но и во интерес на Македонија е да имаме кристално чист изборен процес, процес кој според нас треба да заврши со победа на Македонија и визијата за реформи, правда.Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот, процес кој повторно Македонија ќе ја направи горда.”, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

dazferi

Џафери: Гласот на граѓаните ќе го потврди европскиот пат на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, утрово во родното Форино го оствари своето гласачко право на денешните претседателски избори.Во изјавата дадена за медиумите по гласањето, премиерот Џафери посака мирен изборен ден во кој граѓаните ќе ја искажат својата сопствена волја, а должност на државните институции е тоа да го овозможат.Премиерот порача дека, овие избори се од голема важност бидејќи од нив зависи во кој правец ќе се движи државата.„Во овие три децении од самостојноста на државата, основна определба е дека земјата и граѓаните претендираат членство во ЕУ и ние сме должни тоа да го обезбедиме. Секако, граѓаните преку својата волја, со гласање тоа ќе го потврдат. Имајќи ги предвид глобалните состојби, но и состојбите во регионот, сметам дека мнозинството граѓани тоа ќе го искажат и низ процесот на гласање", изјави претседателот на Владата, Џафери.

Македонија | пред 1 година

FotoJet-41

Излезеноста до 18 часот 47,61 процент

До 18 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 1200 избирачки места. Од вкупно запишани 612.850 гласачи на овие избирачки места, гласале 291 777 односно 47,61%.Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголемаизлезенот е забележана во Новаци со 71,07% додека најмала е излезеноста во Шуто Оризари, 22,06%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.До овој момент до ДИК се доставени вкупно 345 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 98 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 36 приговори се отфрлени како неуредни а 46 приговори се одбиени.Останатите приговори се во обработка.

Македонија | пред 1 година

FotoJet-41

Излезеноста до 15 часот е 35,89 проценти

До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 2110 избирачки места. Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места, гласале 392 066 односно 35,89 %.Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 57,69% додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Македонија | пред 1 година

IMG_3587-1

Ковачевски: Граѓаните заслужуваат европска иднина, очекувам и да ја поддржат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори.Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска е првиот чекор кон определување на правецот кон кој ќе се движи државата.„Денес е голем ден, прв круг претседателски избори. Очекувам граѓаните да го искористат, во голем дел, своето гласачко право. Ние во изминатите 7 години ја вративме заедно со граѓаните демократијата во државата, затоа верувам дека граѓаните имаат доверба во изборниот процес и тоа ќе го докажат со бројноста на своето гласање. Денес е првиот чекор кон големата одлука, првиот чекор на првиот круг претседателски избори на кои што ќе определиме во кој правец ќе се движи државата", рече Ковачевски.Во изјавата, Ковачевски посочи дека граѓаните сакаат да живеат во држава со европски стандарди и дека вториот голем чекор кон исполнување на оваа цел е на 8-ми мај, кога ќе биде вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори."Дали ќе избереме да се враќаме кон минатото, кое што сакаме да го заборавиме, и кон стагнација или ќе одбереме кон прогрес и кон посветла иднина? Ние многу пати досега сме имале можност да се откажеме меѓутоа не сме се откажале. Затоа велам дека наредните две недели и особено на гласањето на 8- ми мај, треба да покажеме дека сакаме држава, која што држава ќе има европски стандард, квалитетно здравство, подобро образование, едноставно подобар систем. Постои проверен рецепт за тоа, а тоа е полноправно членство во ЕУ за кое што ние се залагаме и верувам дека граѓаните, и денес и на 8-ми мај, ќе поддржат таква иднина за Македонија, иднина во која што Македонија е дел од европското семејство, и ќе биде 28-ма земја членка на ЕУ", рече Ковачевски.При тоа, Ковачевски посочи нема да дозволиме враќање во минатото кога бевме заробена држава, кога бевме раскарани со соседите, кога немавме ниту еден чекор направено кон евроатлантските интеграции, туку напротив, и денес и на 8-ми мај граѓаните ќе покажат дека сме за европска иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Изјава на помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски

Во текот на денешното гласање, покрај настаните кои беа соопштени на прес конференцијата на помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски, од страна на МВР регистрирани се и следните настани:Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

drzavna-izborna-komisija-izbori

Излезноста до 13 часот е 24,92 проценти

Државната изборна комисија соопшти дека одзивот на гласачите до 13 часот, на првиот круг од претседателските избори изнесува 24,92 отсто.Најголем одзив е забележан во општината Новаци (42,87) отсто, а најмал во општината Врапчиште (10,18) проценти.Гласањето се одвива мирно на сите гласачки места.Досега до ДИК се доставени 140 приговори, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е дозволено гласање, 8 се отфрлени, а 9 се одбиени. Останатите приговори се во обработка.Овие избори ги надгледуваат 950 домашни и 540 меѓународни набљудувачи и 58 странски новинари. За денешните претседателски избори во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани.

Македонија | пред 1 година

IMG_3583

ОБСЕ/ОДИХР, со 200 набљудувачи ги следат изборите, првични наоди најавија за утре

Околу 200 набљудувачи на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР се распоредени на избирачките места во целата држава. Тие внимателно го мониторираат текот на гласањето на денешниот прв круг од седмите претседателски избори.Ова денеска го изјави Џилијан Стирк, шефица на меѓународната мисија за набљудување на изборите.Тие и досега ја оценуваа законската рамка, работата на изборната администрација, финансирањето на кампањата и улогата и однесувањето на медиумите.,, Ова утро имав можност да посетам две избирачки места и досега имаме добар почеток на денот. Секако, ова се само две избирачки места од многуте низ целата земја и на крајот на денот ќе ги собереме сите наши податоци за да направиме целосна проценка за тоа како се одвивал целиот процес“, рече Стирк.Првичните сознанија и оценки мисијата ќе ги соопшти утре.

Македонија | пред 1 година

pendarovski-1

Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ, не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател на Стево Пендаровски денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори 2024 годинаВо изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува мирен изборен процес, не само денеска, туку и на 8 мај кога ќе се одржат вториот круг на претседателските и парламентарните избори.„Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите кои сме на овие претседателски избори, тоа е исклучително важно за целата држава, за Македонија, бидејќи држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес. Имаме долго искуство во таа смисла, повеќе од 30 години сме независна држава, имаме поминато многу изборни циклуси и јас се надевам дека како и минатиот пат, така и сега тоа ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

medziti

Изет Меџити го реализираше правото на глас

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, го оствари правото на глас за претседателските избори 2024 година. Тој во оваа прилика ја пренесе пораката дека демократија значи ПРОМЕНА преку ГЛАС. А промената е во бројот 6.„Денеска е убаво и сончево време. Ова убаво време не повикува да гласаме за позитивниот човек, некорумпираниот доктор, Арбен Таравари. Демократија значи ПРОМЕНА преку ГЛАС. А промената е во бројот 6”, рече Меџити.

Медиасет | пред 1 година

IMG_3575

Митрески: Очекувам масовен одзив од граѓаните, од нивниот избор зависи иднината на државата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска, во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, го искористи своето избирачко право и гласаше во првиот круг за избор на претседател на државата.„Верувам дека изборниот ден денеска ќе помине во најдобар ред како што доликува на една демократска држава. Изминатите изборни циклуси покажавме дека како држава имаме капацитет да организираме фер и демократски избори, според европски стандарди и правила“, нагласи претседателот Митрески.Тој очекува дека денеска ќе има масовен одзив од граѓаните, бидејќи од нивниот избор зависи иднината на државата.

Македонија | пред 1 година

IMG_3576

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

,,Добар ден на сите, благодарам на интересот. Денеска е посебен ден, денеска е убав ден, сончев ден, ден кога треба граѓаните да излезат и да гласаат. Ден кога сета сила е во рацете на граѓаните.Оние малкумина 100-тина души кои што изминатиот период одлучуваа за судбината на граѓаните сега се безгласна буква.Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца.И затоа мојата порака денеска од овде е да се излезе, да се гласа, секој да одвои десетина минути од своето време. Бидејќи на тој начин одлучува за иднината на своите деца, своето семејство и иднината на Македонија.Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни.Затоа уште еднашка повикувам на масовна излезност и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат и заеднички да ја определиме траекторијата по која што Македонија ќе се движи во иднина.", изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3574

Битиќи до граѓаните: Вашиот глас е силата на нашата демократија

„Периодов имавте шанса да ги видите кандидатите за претседател на нашата држава. Денес е важно вашиот избор и вашата одлука да ја пренесете на гласачкото ливче - во вашиот глас е силата на нашата демократија. Затоа, сите излезете и гласајте“, упати апел до граѓаните Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, кој даде изјава за медиуми по гласањето на претседателските избори на избирачко место во општина Бутел, Скопје.Тој во изјавата се обрати и до младите, кои ги повика да го искористат своето право на глас, затоа што, како што рече тој, тоа е вистинскиот начин за промени во општеството.„А посебно сакам да им се обратам на младите. Во последните години забележлив е трендот на негласање на младите луѓе и во нашата земја но и во светот. Сепак, повлекувањето од општествените одлуки не е правиот начин за промени во општеството. За промените кои ви се вам важни, потребен е вашиот став и глас. Денес, начинот е со излегување и гласање. Веќе од утре, начинот е со вклучување“, изјави Битиќи.

Македонија | пред 1 година

Capture-1

Стојаноска: Време е за претседател кој што ќе не спаси од мафијата и криминалците

,,Штотуку го искористив моето граѓанско право и гласав за идниот претседател на Република Македонија.Претседател кој што ќе не спаси од мафијата и криминалците и кој што конечно во државава ќе воведе право, правда, дисциплина и ред.Да ни е жива Република Македонија.", изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-11-2680PM

Амбасадата на САД го набљудува процесот на гласање, на граѓаните им посакува среќен изборен ден

Амбасадата на САД во Македонија, се огласи на социјалните медиуми за изборниот ден.Нивни тимови се ширум земјата и го следат процесот за избор на нов претседател.„Тимовите на Амбасадата денеска се ширум земјата и го набљудуваат процесот на гласање. На граѓаните им посакуваме среќен изборен ден и ги охрабруваме сите да го искористат своето демократско право на глас“, стои во објавата на Амбасадата на САД.

Македонија | пред 1 година

IMG_3573

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица го оствари своето право на глас

,,Еве ме на 60 годишнината на моето основно училиште „Јан Амос Коменски“, каде прв пат зачекорив во школските клупи. Денес зачекорив да го дадам гласот за себе, се разбира. Ова е малку необична ситуација затоа што ние на Универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа ова е друг тип на битка, ова е политичка битка, во која всушност со чинот на гласање ја изразувам сопстевната убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го понудив и се надевам дека голем број на граѓани ќе го направат тој чекор, да дојдат до гласачките места.Мислам дека е тоа првиот и најважен чекор, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер. Посакувам убав сончев ден, како што почна да заврши мирно, коректно, без нерегуларности. Па, ќе видиме како граѓаните ќе проценат. Овде учителките ме процениле одамна", рече Ванковска во изјава за медиумите.

Македонија | пред 1 година

IMG_3572

Бојмацалиев: Изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања

Денеска, (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев го оствари своето демократско право на глас во Куманово.„Штотуку го остварив моето демократско право на глас, овде во ООУ „Крсте Мисирков“ во моето родно Куманово, а од информациите што од терен пристигнуваат во Оперативниот штаб формиран во МВР во врска со ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024“, изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања.Како што знаете, јас во изминатиот период ги посетив секторите за внатрешни работи низ државата при што обрнав посебно внимание на потребата од максимална подготвеност да се одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес”, рече Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој сподели информација од Оперативниот Штав.„Од страна на Оперативниот штаб, кој го раководи директорот на БЈБ, и сите надлежни организациски единици се преземени сите потребни мерки и активности врз основа на претходно изготвен план, обезбедени се потребните технички услови, а МВР ги распореди сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес. го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори”, рече Бојмацалиев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

СВР Охрид го приведе лицето А. И. (48) затоа што, спротивно на законот, го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Македонија | пред 1 година

IMG_3578

ОЈО Делчево испитува можем изборен поткуп, дали бесплатно се ставани водомери

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес.Од настаните кои се пријавени, во текот на вчерашниот ден во ОЈО Делчево заведен е предмет по побарани наредби од МВР за вршење увид во службена документација во ЈКП Делчево и Македонска Каменица поради сомненија за кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик. Сомневањата биле поврзани со наводно поставување водомери на граѓани од јавните комунални претпријатија без пари, а за поткуп при избори.ОЈО Радовиш денеска е известено за настан во селото Бучим кога гласач пред да го пушти гласачкото ливче во кутијата го покажал на набљудувач од политичка партија. Дадени се насоки за проверување дали постојат елементи на кривично дело од член 160 од Кривичниот законик – Повреда на слободата на определување на избирачите.Сепак станува збор за исклучително мал број вакви настани, па може да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања кои би содржеле елементи на кривично дело. Ваквиот тек на изборниот процес се одразува и на нашата електронска пошта izbori@jorm.mk каде од утрово не се регистрирани пријави за кривични дела поврзани со изборите.Во привремената Комисија на Јавното обвинителство за селедење евентуални изборни нерегуларности членуваат и претставници од четирите виши јавни обвинителства во државава, како и од Основното јавно обвинителство Скопје, како основно обвинителство со најголем обем на работа. Денеска во текот на денот се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а тесно се координираме и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.Комисијата ги следи евентуалните изборни нерегуларности кои би претставувале кривични дела од Глава 16 на Кривичниот законик, односно кривични дела против изборите и гласањето, но и останатите кривични дела кои би можеле да го нарушат текот на изборниот процес. Во оваа насока својата работа ја започнавме уште на самиот старт на изборните активности, а ќе продолжиме и меѓу двата изборни круга и на денот на второто гласање, кога ќе се гласа и на претседателски и на парламентарни избори. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, истакна јавниот обвинител Бајрами во изјава за медиумите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

До 9 часот гласале над 20 илјади граѓани

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во своето прво обраќање информира дека гласањето утринава се одвива непречено, се гласа на 1.480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат вкупно 1.814.317 граѓани.Од нив до 9 часот гласале 25.744 гласачи, па според тоа излезноста на првиот круг претседателски избори до овој пресек е 3,85% .Даштевски рече и дека до сега до нив стигнале 12 приговори за заштита на личното избирачко право, односно од лица кои не можеле да се пронајдат во избирачкиот список.

Македонија | пред 1 година

izbori

Во Скопје се забележани испишани графити, пронајдена и испукана димна бомба, известуваат од МВР

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во 09.30 часот на избирачко место 2274 во Штип Г.Ј. го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници од СВР Штип се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.20 часот на гласачко место 2844 во ОУ „Јохан Х. Песталоци“ во Скопје, С.М. (57) го фотографирала гласачкото ливче и од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот“, рече Ангеловски.Околу 09.20 часот на избирачко место во с.Бучим, радовишко, од страна на претседателот на избирачки одбор е пријавено дека Р.О. (52) од с.Бучим му го покажал гласачкото ливче на еден набљудувач и од страна на ОВР Радовиш се преземаат мерки за расчистување на случајот.„Покрај ова, на подрачје на општина Чаир во Скопје на паркирани возила забележани се летоци во врска со изборниот процес, а на две локации во Скопје се забележани испишани графити. На гласачко место во Скопје, покрај испишан графит, околу 06.30 часот е пријавено од страна на претседателот на избирачкиот одбор дека во ходникот била пронајдена испукана димна бомба. Од страна на полициски службеници се преземени потребните мерки и активности и гласањето се одвива непречено“ сооопшти Ангеловски.Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-10.55.02

Следете излезност во живо и проверете како котираат градовите и општините

Преку алатката на Државната изборна комисија, во живо можат да се следат резултатите во однос на излезноста. Според последните информации, до 9 часот правото на глас го искористиле 70.846 гласачи, од вкупно 1.814.317 избирачи.Следете во живо:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-10.51.27

Овие избори не се обични избори, рече Османи

Кандидатот за претседател Бујар Османи при неговото гласање, кажа дека очекува изборите да бидат слободни, фер и демократски.„Овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции - изолација или интеграција, очекувам да ја донесат правата одлука“, кажа Османи.

Македонија | пред 1 година

FotoJet-41

Упатство на ДИК за гласање

Државната изборна комисија изготви Упатство со правила за гласањето. Упатството е објавено на нивната ВЕБ страна.18 правила за гласање:1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП каде е определено дека може да се гласа.2. По доаѓањето на избирачкото место на граѓанинот најнапред му се проверуваат документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат.Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат.3. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право.4. Гласачот го приложува документот за лична идентификација – важечка лична карта или патна исправа, односно лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година.Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка, ученичка и студентска легитимација и друго.5. Гласачот става отпечаток од показалецот од десната рака на уредот за биометриска идентификација, а доколку гласачот нема десен показалец се зема отпечаток од показалецот од левата рака или во случај на гласачот да му недостигаат овие два прста се зема отпечаток од наредниот прст од десната рака.6. Доколку гласачот нема две раце гласачот се внесува во техничката опрема со пребарување преку неговиот единствен матичен број.7. Доколку УБИГ не може да најде совпаѓање на отпечатокот од прсти со отпечатокот од прсти на гласачот во електронскиот избирачки список, гласачот се внесува во УБИГ преку отчитување на личниот документ на МРЗ скенерот или преку внесување на единствениот матичен број (ЕМБГ), а потоа гласачот става отпечаток од прст на УБИГ.8. По потврдувањето на идентитетот, гласачот го става својот потпис во изводот од Избирачкиот список.Ако избирачот кој се наоѓа во Избирачкиот список е неписмен или има физички недостаток тој ќе стави отпечаток од десниот показалец на местото резервирано за потпис во изводот од избирачкиот список.Не смее да гласа избирач кој ќе одбие да се потпише во избирачкиот список.9. Гласачкото ливче се откинува од кочанот по нумерички редослед, се става печат на предната страна на местото определено за печат и потоа му се дава на гласачот.10. Гласачот добива едно гласачко ливче.11. Гласачот гласа сам, тајно зад гласачки параван.12. Гласачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред називот/името на листата со хемиско пенкало со мастило во сина боја.13. Превитканото гласачко ливче гласачот го става во гласачката кутија.14. Гласачот го подигнува документот за лична идентификација.15. Гласач кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со Изборниот законик, со себе има право да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето. Ако не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш избирачкиот одбор ќе определи друго лице од редот на гласачите. Лицето не смее да влијае врз одлуката на гласачот.16. Забрането е семејното и групното гласање, како и гласањето за друго лице.17. Забрането е фотографирање на гласачкото ливче со мобилен телефон или апарат за фотографирање.18. Забрането е носење оружје на гласачкотoто место.Претставниците на подносителите на листите и акредитираните набљудувачи можат од непосредна близина да го следат утврдувањето на идентитетот на избирачот.Семејно и групно гласање и гласање во име на друг е забранетоНарушувањето на тајноста на гласањето е кривично дело. Со Уставот се гарантира правото на тајност на гласачите. Забрането е семејно и групно гласање и гласање во име на друг. Членовите на избирачките одбори се должни да ги спречат евентуалните обиди за нарушување на тајноста на гласањето. Семејното и групното гласање и гласањето во име на друг значат кршење на избирачкото право, претставуваат основа за нарушување на тајноста на гласањето и може да доведат до поништување на изборите.Член на изборен орган кој работи спротивно на одредбите на Изборниот законик може да заработи прекршочна пријава и глоба во износ од илјада до три илјади евра во денарска противвредност. Глоба во износ од 750 до 2.250 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на физичко лице кое гласа за повеќе лица или гласа во име на друг.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања