ДУИ бара итна оставка од Меџити: Од буџетот на Чаир редовно се плаќа партиски активист, а за воспитувачките пари нема
1.000 евра месечно за активист од надвор од Чаир, додека воспитувачките без 100 евра шест месеци – Меџити мора да поднесе оставка, велат од ДУИ.„Во Open Finance е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра од Општина Чаир за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник од друга општина.Ниту живее во Чаир.Ниту е даночен обврзник во Чаир.Ниту има врска со реалните потреби на граѓаните на Чаир.Сепак, од буџетот на граѓаните на Чаир редовно се плаќа партиски активист, додека воспитувачките и вработените во градинките во Чаир шест месеци ја немаат добиено исплатата од само 100 евра и си заминуваат една по една од работните места.Ова е реалноста што ја создаде Изет Меџити.Пари за партиските кадри има.За воспитувачките што се грижат за децата во Чаир нема.Ова е морална, политичка и институционална злоупотреба на општината.Изет Меџити го загуби секој кредибилитет да зборува за одговорност, развој и грижа за граѓаните.Бараме итна оставка од Изет Меџити.Нема да запреме сè додека не замине и додека на Чаир не му се врати институционалното достоинство“, додаваат од ДУИ.
Скопје | пред 6 дена