Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви“, Левица обвинува за непотизам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryv8qj8pib2lca9tGbDjD

Левица информира дека за нов директор на Агенцијата за стокови резерви е назначен Бесим Кока, зет на доскорешниот вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџети.

— реклама —

„Најновото именување на зетот на Изет Меџити, Бесим КОКА, за директор на Агенцијата за стокови резерви, е уште една коцка во мозаикот на отворен, дрзок и системски непотизам што го практикува актуелната власт на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ.

— реклама —

Претходно, прв братучед на поранешниот прв вицепремиер, а актуелен градоначалник, Меџити, беше поставен за директор на МЕПСО. Друг негов братучед за директор на НОМАГАС, а сега и зетот добива раководна позиција во стратешка државна институција.

— реклама —

Институциите се претвораат во фамилијарна мрежа, а државата во приватен имот на политичко-роднински клан. Се поставува прашањето дали воопшто некоја роднина на Меџити остана “дискриминирана“, односно без раководна функција?

Мицкоски не само што функционира со кадри на ДУИ, туку ги практикува и со засилено темпо го надградува КЛАНОВСКО ВЛАДЕЕЊЕ, клиентализмот и распределбата на функциите како партиско-семејни привилегии.

За година и пол владеење, листата на непотистички и клиентелистички скандали на оваа власт веќе е предолга за набројување. Очигледно, времето за реформи им е кратко, но времето за плетење семејно-партиски мрежи - повеќе од доволно.

Пораката кон јавноста е понижувачка. Според оваа власт, од цела Македонија најспособни се токму роднините и апологетите на владејачката коалиција. Сите други, младите инженери, економисти, правници, лекари - се вишок, статистика, бројка во колоната на иселени. Тие си заминуваат не затоа што нема работа, туку затоа што однапред знаат дека системот не е наштиман за нив, дека вратите се отворени само за оние со соодветна крвна врска и потребна партиска линија“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 13 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања