Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КРЕМЉ

putin

Се огласи Кремљ за разговорот меѓу Путин и Вучиќ: „Српскиот претседател ја даде својата проценка за ситуацијата на Балканот“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на Русија, Владимир Путин, разговарале, за ситуацијата на Балканот и го истакнале фундаменталното значење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за решавање на прашањето за Косово и Метохија, соопшти Кремљ.„Српскиот претседател ја даде својата проценка за ситуацијата на Балканот. Двете страни го истакнаа фундаменталното значење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за решавање на прашањето за Косово, како и потребата за обезбедување на правата на Република Српска во рамките на Босна и Херцеговина согласно Дејтонскиот договор“, се наведува во соопштението.Во телефонскиот разговор, кој, како што се наведува, бил инициран од српската страна, двајцата лидери разговарале и за актуелните прашања на руско-српското стратешко партнерство, вклучувајќи соработка во енергетскиот, нафтено-гасниот и нуклеарниот сектор, како и за подготовките за претстојниот априлски состанок на Руско-српскиот меѓувладин комитет за трговија, економска и научно-техничка соработка.Се наведува и дека Вучиќ изразил благодарност за продолжувањето на стабилните испораки на руски гас, кои се од клучно значење за одржување на енергетската сигурност на земјата.Темата на разговорот, додаваат, била и ситуацијата околу Украина и тековната ескалација на судирите со големи размери на Блискиот исток.Истакнуваат дека е договорено да се продолжат контактите.

Свет | пред 2 часа

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Кремљ: Владимир Путин не барал донации од бизнисмени за војната во Украина

Кремљ денеска ги демантираше информациите дека рускиот претседател Владимир Путин побарал од водечките бизнисмени да донираат средства за стабилизација на руските финансии додека продолжува војната во Украина.Наводите првично ги објавија The Bell и Financial Times, повикувајќи се на неименувани извори, по затворениот состанок што Путин го одржал со деловни лидери. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „не е точно“ оти претседателот упатил такво барање.Сепак, Песков посочи дека еден од присутните бизнисмени сам понудил да донира „многу голема сума“ на државата. Според него, станува збор за лична иницијатива, а не за барање од страна на претседателот, иако, како што додаде, Путин ја поздравил таквата намера.Рускиот милијардер Сулејман Керимов, според извештаите, на состанокот ветил донација од 100 милијарди рубљи. Оваа информација засега не е официјално потврдена.Песков истакна и дека не е точно оти средствата би биле наменети за финансирање на војната. Сепак, The Bell објави дека на состанокот се разговарало и за воени трошоци, како и за продолжување на операциите во источниот дел од Украина.Русија се соочува со буџетски дефицит и економска стагнација во услови на долготрајниот конфликт, но властите се надеваат дека растот на цените на нафтата ќе помогне во стабилизирање на финансиската состојба.

Свет | пред 3 дена

media-librarytrcf8lge87fs0gxN4YM

Кремљ го отфрли тврдењето дека Навални бил убиен со отров од жаба

Кремљ го отфрли тврдењето на пет европски земји дека рускиот опозициски лидер Алексeј Навални бил убиен во 2024 година во руски затвор со токсин од отровна жаба.Портпаролката на руско Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за државната новинска агенција TASS дека обвинувањата се „дезинформациска кампања на Западот“. „Ќе бидат објавени резултатите од анализите, ќе бидат познати формулите на супстанците – тогаш ќе следат коментари. Без тоа, сите разговори и изјави се дел од кампања насочена кон одвлекување на вниманието од горливите проблеми на Западот“, рече таа.Слична порака испрати и руската амбасада во Обединетото Кралство. „Ова не е потрага по правда, туку исмејување на покојникот. Дури ни по смртта на рускиот државјанин Лондон и европските престолнини не можат да му дадат мир, што многу зборува за иницијаторите на оваа кампања“, соопшти амбасадата.Претходно, владите на Германија, Обединето Кралство, Франција, Шведска и Холандија објавија дека Навални бил убиен од руската држава со употреба на силен токсин. Анализите на посмртните остатоци покажале траги од високо токсичниот епибатидин, по што Москва беше обвинета за убиството на најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин.Смртта на Навални во февруари 2024 година предизвика меѓународна осуда и обвинувања од западните влади, додека Москва повеќепати ја негираше својата вмешаност.

Свет | пред 1 месец

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Отсуствата на Путин повторно во фокус, Кремљ без објаснување

Не е јасно дали последното отсуство на рускиот претседател Владимир Путин е поврзано со здравствени причини или со други околности, но неговото повремено повлекување од јавноста повторно отвори шпекулации.На Минхенска безбедносна конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју изјави: „Помлад сум од Путин“, по што додаде дека рускиот лидер „нема премногу време“, без притоа да појасни на што конкретно алудира. Изјавата предизвика реакции и толкувања во јавноста.Путин ретко зема одмор, но неколкупати годишно отсуствува од јавноста без официјално објаснување, што во минатото доведе до шпекулации дека се подложува на медицински третмани. И покрај тоа, во последниот период се појавува со интензивен работен распоред. Сепак, во ноември вниманието го привлече неговата појава со видливо отечени раце, што поттикна нови, недокажани гласини за можни здравствени проблеми.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика Украина да направи отстапки во мировните преговори, тврдејќи дека Русија сака договор.Москва и натаму бара од Украина да отстапи дел од територијата во Донбас, услов што Киев го одбива пред најавените мировни преговори во Женева. Зеленски возврати дека Украина веќе направила компромиси, посочувајќи дека најголемиот е тоа што Путин не се соочува со правна одговорност за наводни воени злосторства.Новите дипломатски тензии доаѓаат во период кога војната влегува во петтата година, а мировните иницијативи и понатаму се соочуваат со длабоки политички и територијални несогласувања.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjf6epn3bng7r3MkNoeO

Кремљ е подготвен за средба Зеленски-Путин, но со еден услов

Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да отпатува во Москва ако сака директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. Ушаков додаде дека Москва е подготвена да му гарантира безбедност и сите потребни услови за работа на Зеленски.Изјавата следува по подготвеноста на Зеленски да разговара со Путин за два клучни прашања во мирниот процес: територијално решение и иднината на нуклеарната централа Запорижја, која е под руска окупација.Следниот круг дипломатски разговори, во кој учествуваат Украина, Русија и САД, се очекува да се одржи на 1 февруари. Висок американски претставник посочи дека директна средба меѓу Зеленски и Путин, евентуално со учество на Доналд Трамп, „не е невозможна“.Историјата покажува дека досега биле направени повеќе обиди за директни разговори, но Москва често наоѓала причини за одложување. Последната лична средба меѓу Зеленски и Путин се случила во Париз во декември 2019 година, во рамките на Нормандискиот формат, а откако Русија ја започна целосната инвазија во февруари 2022, директни разговори не се воделе.

Свет | пред 2 месеци

zelenski-putin

CNN: Кремљ ја отфрли можноста за средба Путин–Зеленски

И покрај сигналите од Вашингтон за можен директен состанок меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ засега го отфрла тоа сценарио. Според CNN, рускиот претседател не е подготвен – а можеби никогаш и нема да биде – да седне на иста маса со својот украински колега.По најавите од Белата куќа за идеја за билатерален состанок, Кремљ веднаш ги спушти очекувањата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека било разговарано за можност за „подигнување на нивото“ на руската и украинската делегација, но не и за средба на самите лидери.Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, додаде дека Москва „не одбива ниту еден формат на работа“, но предупреди дека состаноци на највисоко ниво мора да се подготват „со исклучителна внимателност“.За Путин, Украина не е независна држава, туку дел од „руската историја и култура“. Затоа, за аналитичарите, средбата со Зеленски би претставувала признание на неговата легитимност – нешто што Кремљ систематски го негира.„Тоа би било пораз за Путин, затоа што би морал да седне со претседател кој, според неговата реторика, е само ‘шегобиец’ од земја што тој не ја признава“, вели Ориша Луцевич од тинк-тенкот Chatham House.Аналитичарката Татјана Становаја од Carnegie Russia Eurasia Center вели дека Путин гледа кон Доналд Трамп како главен посредник. Според неа, Москва очекува САД да го притиснат Киев да попушти во однос на териториите.Зеленски досега ги отфрли таквите сценарија. Сепак, Русија би можела да предложи нови преговори во Истанбул, но со делегации на повисоко ниво, наместо со самите претседатели.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „иницирал подготовки“ за средба Путин–Зеленски, но потоа призна дека конечната одлука е кај самите лидери.Во меѓувреме, Москва нема причина за брзање: Путин веќе доби самит со Трамп на Алјаска, американската страна се повлече од условот за примирје пред преговори, а санкциите стивнаа. На терен, Русија ја интензивира офанзивата – само во понеделник лансирајќи 270 дронови и 10 ракети кон украински градови.Како што заклучува CNN, единствената непозната сега е – кого Трамп ќе обвини ако иницијативата пропадне.

Свет | пред 7 месеци

0964BAC4-1A3C-40D7-9AAE-CF47671F6FE0_1_105_c

Трамп со жесток напад врз Путин – Кремљ не остана должен

Кремаљ рече дека тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин „потполно полудел“ може да биде резултат на емоционално преоптоварување, но му се заблагодари на американскиот лидер за помошта во започнувањето мировни преговори за Украина.Трамп рече дека Путин „потполно полудел“ со започнувањето на најголемиот воздушен напад во војната врз Украина, додавајќи дека размислува за нови санкции врз Москва, иако го критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Секако, почетокот на преговарачкиот процес, за кој американската страна вложи многу труд, е многу значајно достигнување и искрено сме благодарни на Американците, а особено на претседателот Трамп, за нивната помош во организирањето и започнувањето на овој процес. Ова е навистина важно достигнување. Во исто време, ова е многу чувствителен, клучен момент, кој е поврзан со емоционалниот товар на сите вклучени и емоционалните реакции. Внимателно ги следиме сите реакции. Сепак, претседателот Путин ги носи оние одлуки што се неопходни за безбедноста на нашата земја. Сите бевме сведоци како режимот во Киев им се закануваше на странските лидери пред нивното пристигнување во Москва за да го прослават Денот на победата. Сите ги слушнаа овие закани. И многу лидери кои беа тука беа сведоци на обидите на режимот во Киев да нападне руска територија со беспилотни летала - големи градови, па дури и главниот град - во пресрет на толку важен ден. Овие обиди продолжуваат. Принудени сме да преземеме мерки, а претседателот Путин прави што е потребно за да ја обезбеди безбедноста на Русија“, рече Песков.Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 355 дронови и девет крстосувачки ракети кон Украина во текот на ноќта, во она што портпаролот на воздухопловните сили го нарече најголемиот руски напад со дронови досега во војната.

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања