Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кремљ го отфрли тврдењето дека Навални бил убиен со отров од жаба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarytrcf8lge87fs0gxN4YM

Кремљ го отфрли тврдењето на пет европски земји дека рускиот опозициски лидер Алексeј Навални бил убиен во 2024 година во руски затвор со токсин од отровна жаба.

Портпаролката на руско Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за државната новинска агенција TASS дека обвинувањата се „дезинформациска кампања на Западот“. „Ќе бидат објавени резултатите од анализите, ќе бидат познати формулите на супстанците – тогаш ќе следат коментари. Без тоа, сите разговори и изјави се дел од кампања насочена кон одвлекување на вниманието од горливите проблеми на Западот“, рече таа.

— реклама —

Слична порака испрати и руската амбасада во Обединетото Кралство. „Ова не е потрага по правда, туку исмејување на покојникот. Дури ни по смртта на рускиот државјанин Лондон и европските престолнини не можат да му дадат мир, што многу зборува за иницијаторите на оваа кампања“, соопшти амбасадата.

Претходно, владите на Германија, Обединето Кралство, Франција, Шведска и Холандија објавија дека Навални бил убиен од руската држава со употреба на силен токсин. Анализите на посмртните остатоци покажале траги од високо токсичниот епибатидин, по што Москва беше обвинета за убиството на најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин.

— реклама —

Смртта на Навални во февруари 2024 година предизвика меѓународна осуда и обвинувања од западните влади, додека Москва повеќепати ја негираше својата вмешаност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања