Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КУМАНОВО

pistol-vperen

Драма во Куманово: Со автомобил му го попречил патот и му извадил пиштол, а син му го прободел со нож

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 74-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и против неговиот 35-годишен син, осомничен за помагање при извршувањето на наведеното кривично дело.На 2 септември, на раскрсницата помеѓу улиците „Киро Фетак“ и „Борис Кидрич“ во Куманово, првиот осомничен со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, додека вториот осомничен со умисла му помогнал во тоа, отстранувајќи ги пречките за извршување на кривичното дело.Осомничените го забележале оштетениот кој се движел по улицата „Киро Фетак“ со неговиот автомобил и во моментот кога пристигнал на раскрсницата со улицата „Борис Кидрич“, вториот осомничен за да го спречи да избега, од појасот извадил пиштол од неутврдена марка и калибар, му го попречил патот, застанувајќи пред возилото, го репетирал пиштолот и го вперил во правец кон оштетениот. Тој застанал со возилото, по што до автомобилот се приближил првиот осомничен и од зад грб извадил нож на расклопување. Најпрвин му се обратил на оштетениот со зборовите „кој си ти што не гледаш“, по што започнал вербално да се расправа и се обидел да му зададе убод со ножот во пределот на градниот кош. Меѓутоа оштетениот ја подигнал левата рака со цел да се одбрани, па осомничениот му задал убоди во пределот на левото рамо. Веднаш потоа двајцата осомничени избегале од лице место.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

Македонија | пред 3 години

kumanovo-pozar-grom

(ВИДЕО) Гром пеплоса куќа во Куманово, настана огромен пожар

Пожар избувна во Куманово.Според првичните информации горат една или повеќе куќи, а пожарот започнал поради удар на гром.Екипите се на терен и го гасат пожарот, информираа кусо од ТППЕ Куманово.

Македонија | пред 3 години

IMG-20220617-WA0002

Тупанчески го информираа за состојбата во затворот Куманово

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска беше во работна посета на Куманово.За време на посетата во затворот Куманово, Тупанчески беше информиран од директорот Ненад Цветковиќ за состојбата во оваа казнено поправна установа, условите на издржување затворска казна, проблемите со кои се соочуваат вработените.Станува збор за установа од полуотворен вид со капацитет од 250 лица во чии рамки функционира и отвореното одделение во Крива Паланка.Министерот Тупанчески се сретна и со претседателот на Основниот суд Куманово, Снежана Манев а го посети и ОЈО каде разговараше со Основниот јавен обвинител Теута Бедиу Рамадани.На средбите министерот беше информиран за состојбите во овие институции а на вработените им беше порачано дека Министерството за правда преку реформите во судството се грижи за унапредување на нивните права.Доказ за тоа е сетот од 4 закони кои Владата неодамна ги усвои а со кои се зголемуваат платите за 15%.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Млада жена трчала гола во Куманово бегајќи од напаѓачи и барала помош

Пред два дена, на периферијата на Куманово жена на возраст околу 30 години трчала гола барајќи помош, зашто бега од напад, како што кажала самата. Жителите кои ја виделе, кажуваат дека околу 15.30 часот се движела од населбата Карпош кон градот. Кога дошла до првите куќи на улицата Доне Божинов, едно семејство ја прибрало да ѝ помогне пишува сдк.мк.Луѓето кои ја примиле дома објаснуваат дека жената тврдела дека ја нападнале тројца мажи и целата била изгребана по грбот и нозете.Од СВР Куманово потврдиле дека настанот е пријавен кај нив, по што полициски службеници излегле на местото и ѝ дале асистенција на медицинска екипа за спроведување на лицето во соодветна установа.Рекле дека се работи на расчистување на случајот, но не дале повеќе информации.

Македонија | пред 3 години

zatvor

АА: Дел од обвинетите за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, од вчера штрајкуваат со глад

Денеска сме тука пред затворот Шутка каде се дел од обвинетите за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, кои од вчера штрајкуваат со глад бидејќи не им се почитуваат основните права, она за семејни посети и слободен викенд, велат од Алијанса за Албанците.„Сакаме да ја информираме јавноста дека петмина од затворениците ги исполниле сите законски услови за слободен викенд, но ова право директорот на затворот го ускратува иако добиле позитивно мислење од соодветната комисија. Станува збор за Мусадик Пајазити кому правото на викенд му следува веќе 19 месеци, Арсим Бајрами веќе 18 месеци, Елхам Арифи 12 месеци, Ирфан Лутфи 9 месеци и Сеадодин Абдулаи веќе пред 5 месеци ги исполнува условите за слободен викенд.Ги повикуваме Управата на затворот, Министерството за правда, Управата за спроведување на санкциите и сите надлежни институции да ги почитуваат важечките закони, меѓународните конвенции и Уставот на државата во кој стои дека пред законот сите се еднакви.Со неадекватениот третман на затворениците, Северна Македонија не само што потврдува дека е хибриден режим, туку сега се движи кон системи како оној на Северна Кореја“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања