Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МЕЏИТИ

Screenshot-2025-02-25-at-11.31.56

Кузеска му однесе документи на Мицкоски за Меџити: Предаваме документи до самопрогласениот обвинител, кадија и врховен судија

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, достави документи до Владата со кои тврди дека вицепремиерот и министер Изет Меџити работел незаконски. Таа го отвори и прашањето за земање мито со вакво постапување. За Мицкоски пак, рече дека постапувал и како обвинител и врховен судија.„Предаваме документи до самопрогласениот обвинител, кадија и врховен судија. Денес ќе му ги доставиме документите на премиерот Мицкоски за скандалот со вицепремиерот Меџити. Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако тој јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, рече Кузеска.Според неа, документите се релевантни бидејќи се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.„Овде е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети. Дали на овој начин сакал да воспостави контрола, за да има простор да ги уценува фирмите и граѓаните? Според наведеното во документите во Министерството имало систем за потпис, и одлулучување спортивно на законите и административните процедури, што отвора сомнеж за корупција и мито. Очекуваме Мицкоски да ги прчоита и разгледа и да одговори на сите сомнежи за можна корупција. Да видиме дали ќе преземе нешто Мицкоски или ќе продолжи да ги штити“, рече Кузеска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-25-at-11.23.00

Меџити: Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал, СДСМ оди по паметот на ДУИ

Вицепремиерот и минситер Изет Меџити рече дека не направил ништо противзаконски, а за СДСМ кои пред Влада доставуваат документи до премиерот Христијан Мицкоски за незаконско работење вели: „сакаат да ја продолжат приказнава. Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал. Ако сакаме да зборуваме за скандали, ги имаше доста до сега“.„СДСМ оди по паметот на ДУИ, се гледа се синхронизирани во нападите. Прво се зборуваше за одземање на ингеренции од Министерството за животна средина, па кога видоа дека инспекторатот кој бил автономен, сега е сектор во рамките на Министерството отидоа на второто обвинување дека има простор за злоупотреба и тоа тоа го констатирал административниот инспекторат. Но тука сакам да се расчистиме, се работи за редовна контрола која е во програмата на Државниот административен инспекторат. Тие имаат забелешка, опомена за воспоставена пракса а не за ингеренции. Во однос на пракса, за волја на вистината, воспоставена од ДУИ и СДСМ, од 2016 година“, рече Меџити.Меџити рече дека опомената е обжалена.„Не се работи за ингеренции, ниту ништо друго“, рече Меџити.Опозициската СДСМ вчера со документи добиени од свиркачи тврдеше дека поради злоупотреба, Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на вицепремиерот Изет Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.„Документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги презентираме денес, покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување. Со тоа, Изет Меџити не само што вршел злоупотреба на позицијата, туку се отвора и сериозно сомневање дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните. Поради тоа Државниот управен инспекторат ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Костовски додаде дека ова не бил прв скандал во кој Меџити е вмешан и ги наведе најавите за 3.000 партиски вработувања до крајот на годинава. Јавно го прашуваме Христијан Мицкоски: до кога ќе го штити Изет Меџити?“, рече организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на прес-конференција.

Македонија | пред 1 година

izet-m

Некој може да си прави списоци, ама такви вработувања ќе нема, рече Мицкоски по најавите на Меџити за масовни вработувања

Некој може да си прави списоци, ама додека сум премиер вработувањата ќе бидат според компетентност, рече премиерот Христијан Мицкоски на најавите дека Изет Меџити ќе вработи 3.000 Албанци на државно во наредниот период. Според Мицкоски, само лица соодветни за тие работни места ќе седат во државните фотелји.„Нема таква работа, го прочитав тоа. Ниту ќе има додека јас сум претседател на македонската Влада. Добро е да се вработуваат компетентени луѓе и луѓе кои соодветно ќе одговорат на тие места. Партиски и етнички клучеви не треба да дискутираме. Рековме дека ќе направиме закон за праведна етничка припадност, бидејќи претходниот е укинат. Некој може да седи и да си прави списоци, ама додека јас сум премиер, нема да се случи таа работа“, рече Мицкоски.Претходно, реагираше СДСМ.„Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација. Скандалозната најава од вицепремиерот Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење на веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce-mickoski-apasiev-medziti-

Партиски преписки и препукувања во недела

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Вреди утрово преку соопштенија се обратија до јавноста. Сите, со различни теми. Додека Вреди се пофали со поевтини цени на производи, Левица упати барање за укинување на двојазични декларации. ВМРО-ДПМНЕ го нападна СДСМ, а пак опозициската СДСМ го нападна премиерот Христијан Мицкоски.СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски кон САД и претседателот Трамп, побара ВМРО-ДПМНЕ„Сашо Орданоски е еден од најголемите гласноговорници и поддржувачи на СДС. На сите јавни и медиумски настапи, Сашо Орданоски секогаш поддржувал и промовирал ставови и политики на СДС. Орданоски е перјаница на СДС и секогаш бил на иста линија и во нивна поддршка. Работел на проекти, програми и кампањи како социјалдемократите да ги донесе на власт. А, за време на СДС на власт, Орданоски на јавните настапи и во своите писанија ги бранеше нивните погубни и предавнички политики и ги величеше шефовите на таа партија. И за тоа, СДС на власт, на Сашо Орданоски дословно му се оддолжувале, како што е примерот од 350 илјади евра за неговиот брат од Фондот за иновации за технолошки развој и тоа за плагијат проект. Значи, Орданоски нема ниту еден настап или писание што не се на иста линија и што не ги поддржува СДС. Затоа, со оглед на фактот што СДС и Венко Филипче не се оградија и јавно не го осудија, легитимно се покренува прашањето дали го поддржуваат и го делат истиот став со Сашо Орданоски за САД и претседателот Доналд Трамп?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри а Мицкоски молчи„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи. Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи. Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите. Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност. СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“, велат од СДСМ.Левица: Пратениците да го поддржат предлог - законот за укинување на двојазичните декларации„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите! Со овој Закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Го повикуваме ДПМНЕ, кои во минатото тврдеше дека Законот за двојазичност е противуставен, сега да застане зад својот став и да гласа за укинување на оваа обврска, која не само што е правно спорна, туку и директно ги оштетува македонските производители и трговци, особено во време на економска криза. Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, велат од Левица.Вреди: Доброто владеење има име ВЛЕН, 1.000 производи по поевтини цени„Коалицијата ВЛЕН продолжува да се обврзува да им гарантира на граѓаните подобра социјална и економска благосостојба и посоодветно да си ги дозволи високите трошоци што ги практикуваше претходната влада. Во ова време кога не само кај нас туку и во целиот регион се соочуваме со поскапување на основните производи, Владата на ВЛЕН презеде иницијатива да го ограничи профитот на трговците за да ги заштити граѓаните од изнуда и сиромаштија. Во таа насока, Владата на ВЛЕН отсега ја ограничи профитната маржа на 5% на млеко, леб, брашно од типот 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и павлака. Додека на 10% профитната маржа е ограничена на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тесто. Додека средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчук, детергентите, детската храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија се ограничени на 15 отсто. Преку овие мерки ние како ВЛЕН ја докажуваме нашата посветеност на граѓаните и нивната социјална благосостојба. Заедно со постојано ангажираните експерти креираме политики за заштита на граѓаните од високите трошоци кои ги оштетуваат нивните џебови и ви гарантираме безбедност и економска стабилност“, велат од Вреди.

Македонија | пред 1 година

medziti-i-s-2

Меџити повеќе не сака да коментира за химната, ниту предлогот да биде без текст

Откако предложи химна без текст, вицепремиерот Изет Меџити не коментира за измена на симболите на државата. Прашан зошто дал предлог вака да изгледа новата химна, рече: „Не сакам да навлезам нешто за што нема политички договор, за нешто што нема преговори“.Прашан, дали сепак има преговори за химната, додаде: „Разговор, преговор и политички договор е за тоа што го има во владината програма. Тука сме се што е во интерес на државата, граѓаните, тука да дебатираме. Тоа е на ниво на разговори“.Според Меџити, тие зборуваат само за социо-економските проблеми и реформите.„Во фокус ни е владината програма, каде има утврдени столбови. Нема такви преговарања во однос на химната, грбот и другото. Но нема ни табу теми. Разговараме. Има политички договор за владината програма, каде се утврдени столбовите“, рече вицепремиерот Изет Меџити.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-23-at-18.04.28

„Нема табу теми“ – Меџити потврди разговори за химната, грбот и јазикот, но не и договор

Првиот вицепремиер Изет Меџити во интервјуто за „24 Анализа“ потврди дека нема договор со премиерот Христијан Мицкоски за промена на државниот грб и химната, но дека постојат разговори на оваа тема.„Немаме договор. Немаме,“ кратко изјави Меџити, додавајќи дека прашањето за грбот и химната останува отворено, бидејќи, според него, тие потекнуваат од комунистичко време и не ја одразуваат реалноста.Осврнувајќи се и на статусот на албанскиот јазик во Уставот, Меџити нагласи: „Сите знаеме дека формулацијата ‘20 проценти’ е омаловажувачка за втората најголема заедница во државата, но ова се разговори што се водат.“Сепак, тој истакна дека фокусот на Владата во моментов е на имплементација на владината програма, чии главни столбови се евроинтеграциите, правната држава, економскиот развој и децентрализацијата.„Нема табу тема, за сè разговараме. Нема договор, бидејќи во моментот сме посветени на владината програма,“ потенцираше Меџити

Македонија | пред 1 година

medziti-s-3

Изет Меџити останува вицепремиер

Со три гласа „за“ и 64 „против“ не помина интерпелацијата за вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.За да биде прифатена интерпелација во Собранието, „за“ треба да гласаат најмалку 61 пратеник.Интерпелацијата ја поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ. СДСМ и Левица како што најавија не дадоа поддршка на интерпелацијата.СДСМ изјави дека нема да ги поддржи интерпелациите, бидејќи, посочија, нема потреба од нови поделби по етничка основа.

Македонија | пред 1 година

IM-

Не се поколебавме пред многуте притисоци, рековме дека е доста, вели Меџити на собир кој го нарече „ураган“

Изет Меџити, претседател на Демократското движење, во Холидеј Ин ја одржа средбата за крајот на годината со партиските структури за да ја заокружи годината на промени. Тој за собирот напиша дека е „ураган“.„Во празнична атмосфера и во присуство на голем број симпатизери, претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, изрази благодарност и гордост за заедничките достигнувања на оваа политичка сила во текот на изминатата година.Пред една година, кога го започнавме нашето патување со Демократското движење, многумина го видоа овој потфат како недостижен сон. Предизвикот да се изгради политичка алтернатива за Албанците и да се предизвика систем длабоко вкоренет во власта изгледаше како невозможна мисија.Сепак, останавме непоколебливи пред многуте притисоци и пречки. Рековме "Доста е!" деградацијата на демократијата и злоупотребата на основните принципи на слобода и еднаквост. Денес со гордост можеме да кажеме дека промената стана реалност. Тоа успеаја да го овозможат Албанците кои долго време бараа нов политички правец. Со заминувањето на старите политики и политичката ротација се отвора ново поглавје за сите нас. Иднината сега е во наши раце.Наместо да се занимаваме со застарени политики и минати практики, нашиот фокус е на градење одговорна влада која работи за народот. Ова е можност да им се помогне на граѓаните да го подобрат својот живот и да изградат поправедна иднина.Благодарение на вашата посветеност, успеавме да создадеме нов политички амбиент.Денеска промовираме меритократија, инклузија и толеранција, отфрлајќи ја корупцијата и поделеноста. Ова е моментот да се изгради нова политичка култура, заснована на транспарентност и отчетност.Ги поканувам сите што ги споделуваат нашите вредности и визија: Придружете ни се!Процесот на европеизација бара чесни, посветени политичари кои се подготвени да работат за доброто на земјата. Ние сме новата алтернатива и нашата врата е отворена за секој кој сака да придонесе за подобра иднина.Заедно да ја градиме иднината каква што заслужуваат Албанците!

Македонија | пред 1 година

297938504_590012862837162_7129961007234952633_n

На 18 ноември ќе се одржи заедничка седница со владата на Косово, најави ВЛЕН

Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ на „Ора 24“ најави дека на 18 ноември ќе се одржи заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово во Приштина.На 18 ноември ќе има заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово во Приштина, со неколку теми. Првата тема ќе биде „One Stop Shop“ на граничните премини Блаце и Јажинце, која ќе го олесни движењето на граѓаните и стоките.Втората тема ќе биде енергетската соработка меѓу двете земји. Тема ќе биде и патот Тетово-Призрен, кој значително ќе го олесни сообраќајот во овој правец.

Македонија | пред 1 година

medziti-1

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со ⅔ од пратениците!

Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ ја нарече неоснована барањето на албанската опозиција за нови избори, бидејќи според него, актуелната влада за првпат има мнозинство од ⅔ од гласовите.„Албанската опозиција, која беше долго време на власт, никако не може да се помири со фактот дека не е дел од оваа влада. Во демократијата постои правило дека првите 100 дена и се даваат шанса на новата влада додека се позиционира и етаблира, а потоа започнува поострата кампања, нешто што овие не го почитуваат. Од 90-тите години до денес не сме имале влада со 78 пратеници, која наскоро ќе има и над 80. Знаете дека минатите 4 години владата беше на стаклени нозе со 61 пратеник и не падна, па како сега би паднало мнозинство со ⅔ од бројот на пратениците“, изјави Меџити.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-23-at-18.04.28

Меџити му одговори на Али Ахмети: „ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција“

На барањето на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, заедно со локалните избори наредната година да се одржат и парламентарни, му одговори првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити.Според Меџити, ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција.“Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите редови од организираниот криминал и корупцијата.Пред да закажува мегдани, ДУИ би било добро да му одговори на јавноста:• Kаква понуда содржат СМС пораките кои му ги испратиле на премиерот Мицковски во времето кога се преговараше за новата влада?!• Kаква понуда ставија на маса во соба 161 во Парламентот емисарите на Европскиот фронт додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преговараа за новиот владин кабинет?!• Дали е точно дека само две министерства и дека претседателот на парламентот не беше понудата на ДУИ за ВМРО само за да бидат повторно во Владата?!Ова се прашањата на кои јавноста очекува одговори од ДУИ. Поттикнувачката реторика и фолклорот се сценарио веќе познато и прочитано од сите. Сѐ што донела таа реторика е зајакнување на екстремизмот и етно-националистичкиот сентимент изразен преку гласот. Затоа сте смешни и ништо повеќе“, напиша Меџити.

Македонија | пред 1 година

25102024-Medjiti

Меџити: Подготвени сме да се соочиме со предизвиците во животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити денеска учествуваше на панел дискусијата „100% посветени за тебе" на која кој се осврна на најактуелните прашања во животната средина.Меџити во своето обраќање истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата се соочуваат со бројни предизвици во животната средина вовреме на енергетска криза, децениско загадување на амбиенталниот воздух, отстранување на историскиот отпад, справување со проблемите на управувањето со отпадот, обезбедување на инфраструктура за водоснабдување, одведување на отпадни води и нивно пречистување и заштита на природните вредности и биодиверзитетот.„Нашата неприкосновена определба е обезбедување одржлив развој и членството во ЕУ и на тој пат мора да покажеме подготвеност за имплементирање на високите европски стандарди во оваа област, која бара многу работа, интерсекторска соработка и многу финансиски средствата“, рече Меџити, нагласувајќи дека министерството и Владата се подготвени да се соочат со предизвиците во животната средина.На овој панел првиот заменик-претседател на Владата Меџити се задржа на два најактуелни проблеми, загадувањето на воздухот и воспоставувањето на системот за регионално управување со отпад.„За справување со загадувањето на воздухот делуваме во повеќе насоки согласно дефинираните мерки пропишани во националните и локалните плански документи, а тоа се замена на нееколошки системи за греење, намалување на емисиите од сообраќајот, намалување на емисиите од стационарните извори, подобрување на енергетската ефикасност, заштеда на енергија и користење на обновливи извори на енергија, намалување на емисиите од отпадот“, рече Меџити.Во своето излагање Меџити нагласи дека министерството со средства од националниот буџет, од Европска Унија и други билатерални донатори активно работи на модернизација, обнова и проширување на Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух и тој е во добра кондиција.Потсетувајќи дека со децентрализацијата најголемиот дел од оперативните зафати се обврска на локалните самоуправи, вклучително и справување со изворите на загадувањето на воздухот, Меџити истакна дека министерство ги подржува Единиците на локална самоуправа во подготовката на Плановите за квалитет на воздух што е нивна законска обврска.Исто така, преку Програмата за инвестиции во животната средина финансираше и изработка на катастри на загадувачи на воздухот за седумнаесет општини, кои што овозможуваат идентификација на изворите на загадување на воздухот и утврдување на количините на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, што е предуслов за приоретизација на мерките за намалување на аерозагадувањето.Поддршка се обезбедува и од меѓународните донатори и агенции. Во тек е изработка на планови за квалитет на воздух за Струмица и ажурирање на плановите за Куманово, Кавадарци, Гостивар и Струга во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ имплементиран од страна на УНДП, а во рамки на ИПА 3 проектот „ЕУ за Чист воздух“, чија главна цел e да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во Северна Македонија и намалување на ризиците по здравјето на луѓето, односно да се подобри квалитетот на воздухот во четири големи градови во Северна Македонија (Скопје, Битола, Тетово и Куманово), се предвидени следните активности: промена на системите за греење во 70 јавни објекти во четири општини.Првиот заменик-претседател на Владата: Скопје, Битола, Тетово и Куманово, набавка на 6 еколошки автобуси за поддршка на јавниот превоз во Скопје, набавка на 6.000 садници и нивна дистрибуција во четирите градови, изработка на физибилити студија за натамошно проширување на топлификационата мрежа во Скопје, набавка на опрема за мониторинг на воздух.Дополнително, во време на грејната сезона кога редовно се забележува зголемена концентрација на загадувачки супстанци во воздухот, Министерството заедно со Државниот инспекторат за животна средина планира спроведување вонредни и континуирани посети на индустриските капацитети за кои МЖСПП има издадено А-Интегрирана еколошка дозвола со цел да се зголеми внимателност при исполнувањето на обврските од дозволите.Во делот посветен на активностите за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад, првиот вицепремиер и министер за животна средина Меџити нагласи дека справувањето со отпадот како едно од најактуелните прашања е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалниот систем за управување со отпад. Согласно националните политики и стратешки плански документи во државата ќе се воспостават 5 регионални системи за управување со отпад.Со поддршка на Европската Унија, направен е исчекор напред во Источниот и Североисточниот регион и неодамна е објавен оглас за јавна набавка за изградба на централна постројка за управување со отпад и изградба на 6 претоварни станици за овие региони.„За на крај ќе напоменам дека течат фазите за затварање на нестандардните депонии, а во тек е набавка на опрема за собирање на отпад и возила и за другите региони“, истакна Меџити.

пред 1 година

Screenshot-2024-10-06-at-16.01.15

Меџити: Остваривме ветување кое никој не мислеше дека ќе го реализираме

Вицепремиерот на Владата Изет Меџити на прес-конференција за првите 100 од новата влада се фокусираше на борбата против коцкатањето како една од главните точки што ја ветија како предизборно ветување.Според него, коцкањето во последните години стана рак на општеството каде илјадници наши сограѓани претрпеле финансиски, семејни, морални и економски штети.„Илјадници наши луѓе заминаа и побегнаа во странство. Претходната власт го донесе коцкањето на секоја улица, секое маало, пред секое училиште и пред секое игралиште. На крајот, тие сакаа да го донесат на телефоните и компјутерите на нашите деца. Го прекинавме ова. Им ги укинавме незаконските лиценци на три интернет коцкарски компании. Ги отстранивме од веб-страниците кои легално или незаконски организираа коцкање. Исполнивме ветување кое никој не мислеше дека ќе го исполниме“, рече Меџити.--

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со унгарскиот амбасадор Андраш Клеин

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари работна средба унгарскиот амбасадор, Андраш Клеин.На првата средба со амбасадорот Клеин, Меџити ја поздрави сеопфатната поддршка што Унгарија и ја дава на Северна Македонија, како на билатерален план, така и во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија.Двајцата соговорници се согласија дека двете влади тесно соработуваат во насока на зајакнување на билатералните односи и забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.Првиот вицепремиер Меџити рече дека унгарското претседавање со Советот на Европската Унија, кое е едно од главните тела за одлучување на блокот, ни дава можност да го забрзаме напредокот на интегративниот пат на нашата земја.Двајцата соговорници разговараа и за Зелената агенда и улогата на нашата земја во борбата против климатските промени.

Македонија | пред 1 година

izet-medziti-696x398

Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има нов почеток, разликата од порано е што се нудат нови кадри, без хипотеки, без политички багаж

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е во официјална посета на САД и каде на покана на Атлантскиот совет учествува на Деветтата годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа, во ексклузивно интервју за Гласот на Америка, изјави дека Северна Македонија има нов почеток. Тој додаде дека во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, туку се подготвени да се соочат со корупцијата, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард.„Станува збор за нова коалиција од пред само една година, која ја сочинуваат четири политички субјекти, што во основа е револуционерна работа на политичката сцена на Северна Македонија. Ни треба малку време да се усогласиме, да се запознаеме и да работиме под чадорот на ВЛЕН. Но, разликата од порано е што се нуди нова рамка, без хипотеки, без политички багаж. И мислам дека Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, но се подготвени да се соочат со корупција, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард. Нашиот фокус е на децентрализацијата. Мислам дека сето тоа ќе даде нова динамика и ќе ја врати надежта кај младите за да не го гледаат заминувањето од државата како единствена алтернатива“, изјави Меџити во интервјуто за Гласот на Америка.

Македонија | пред 1 година

IMG_6258

Меџити: Европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата и ја изрази својата посветеност и подготвеност да гласа за уставните измени во секој момент

Првиот вицепремиер на Владата и министер за Животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше на Конференцијата на амбасадори во Тирана, организирана од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, на која беа присутни албанските политичари од земјите на регионот.За време на панелот на тема „Албанскиот простор во геополитиката на регионот“, првиот вицепремиер Меџити ги сподели своите видувања за последните случувања на политичката сцена на Северна Македонија, при што ја истакна важноста на долгоочекуваната промена што ја донесе создавањето на владата без ДУИ, партија која 22 години ја монополизираше албанската политика, а македонските партии постојано се менуваа, нагласувајќи дека ДУИ ја задуши политичката сцена и го попречувала секој обид за позитивни промени за Албанците.Меџити рече дека европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата и ја изрази својата посветеност и подготвеност да гласа за уставните измени во секој момент.Првиот вицепремиер му честиташе на министерот Игли Хасани за создавањето на посебен оддел во Министерството за надворешни работи на Албанија, посветен на Албанците од регионот и дијаспората, додавајќи дека продлабочувањето на меѓуалбанската соработка е неопходност што треба да продолжи непрекинато.Меџити ја подвлече потребата од создавање заедничка платформа за соработка во различни области, од образование до економија, опишувајќи го тоа како дефинирачки елемент за нашата заедничка европска иднина.Меџити денеска и утре ќе се сретне со шефовите на албанската држава.

Македонија | пред 1 година

izet-medziti

„Донеле одлука дека нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија“, политичарот Меџити соопштува судска одлука која уште не е конечно донесена

Блерим Рамадани не треба да биде екстрадиран во Србија, одлучиле судските истанци, според вицепремиерот Изет Меџити, кој се обрати од партиската говорница на „ВЛЕН“. Тој не сакаше да го коментира бегството, ама сакаше да каже дека Рамадани кој се бара за воени злосторства од Србија, е слободен човек. Се повика на одлука на Судскиот совет, иако ова тело нема никаква поврзаност со тоа дали екстрадицијата на Рамадани ќе биде дозволена или не.„Знам дека Судскиот совет донел одлука дека аргументите на Србија не држат и нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија. Тоа е веќе трета одлука, тоа станува судска пракса. Таа судска пракса веројатно треба да не насочи да делуваме како сите европски држави. За овој период, Србија дава неточни информаци кои не треба да се сфатат сериозно во иднина“, рече Рамадани.Интересно е што на денешната седница на Судскиот совет не беше соопштено, ниту може да биде соопштено од нив дека екстрадицијата на Рамадани не е одобрена или одобрена. Дотолку повеќе што конечната одлука ја носи Врховниот суд и истата според информации на „Скопје1“ до овој момент не е донесена.Според Законот за меѓународна соработка во правната материја, кога советот на Кривичен суд ќе пресече дека не се исполнети законските претпоставки за екстраиција, носи решение со кое тоа го утврдува. Но, решението по службена должност се доставува до Врхвеон суд, кој по добиено мислење од јавен обвинител може да го потврди, укине или преиначи. Ова значи дека последната одлука ја носи Врховниот суд. Дотолку повеќе, што информациите на „Скопје1“ се дека советот на Кривичен и обвинителот од кој се барало мислењето имале спротиставени ставови. Обвинителот сметал дека се исполнети законските услови за екстрадиција на Рамадани во Србија.„Предметот не е дојден до нашиот суд“, велат кусо од Врховен суд за „Скопје1“.За потсетување, Блерим Рамадани избега благодарение на судската одлука на судијата Пајазит Пајазити, кој го извади од зад решетки и му одреди куќен притвор. За него е формирана комисија која ќе го испитува постапувањето.

Македонија | пред 1 година

07072024_LIPKOVO-1

Прв проект на Меџити: Затворање на депонија во Липково

Првиот заменик претседател на Влдaта, а воедно и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со вицепремиерот Арбен Фетаи, како и пратеници од регионот и општински советници, денеска најавија затворање на нестандардната депонија на Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак. Меџити во оваа прилика најави дека во рамките на ИПА2 Програмата за животна средина и климатска акција предвидени се значајни проекти за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион.Овие проекти вклучуваат набавка на возила и контејнери, затворање на нестандардни депонии во двата региона како и изградба на регионален систем за управување со отпад.Проектот опфаќа набавка на возила и контејнери на соодветните региони, вклучително и општина Липково, која ќе добие камион за собирање смет и 139 контејнери. Дополнително, планирано е затворање на повеќе нестандардни депонии, вклучително и депонијата во Липково (Никуштак) и пет други помали депонии во Матејче, Горна Рупа, Лојане 1, Лојане и Гору.Во моментов проектот е во фаза на тендерирање по претходното откажување на избран изведувач. Новата проценка започна на 6 јуни 2024 година и се очекува да биде завршена до крајот на август 2024 година, кога ќе биде потпишан Договорот и ќе започне теренската работа.Во меѓувреме, мал дел од депонијата ќе остане отворен до изградбата на регионалната депонија во Свети Николе. Во втората фаза од проектот, во рамките на ИПА 3 Програмата, депонијата ќе биде целосно затворена. По изградбата на регионалната депонија, отпадот од Липково ќе се транспортира до друг пункт во Куманово, а потоа до регионалната депонија во Свети Никола.Во нестандардната депонија во Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак, ќе се вршат активности како преобликување на телото на депонијата, тампонирање стар отпад, изградба на пасивен систем за собирање гас и покривање на депонијата со здрава почва. Депонијата се наоѓа на стрмна падина и е далеку од секакво водно тело.„Дејствуваме за доброто на граѓаните, за поздрав живот и почиста животна средина“, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Македонија | пред 1 година

IMG_3512

Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата

Во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски ќе има прв вицепремиер, а тоа ќе биде Изет Меџити од Коалицијата Вреди. Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе има прв вицепремиер, рече дека тоа е незаконски и тие како нова Влада нема да работат спротивно на законот, но потоа додека дека во рамките на коалицијата имаат џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити.,,Според законот кој што е важечки Владата односно премиерот има заменици, а договорот којшто го имаме во рамките на коалицијата е да да има прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити.”Прв вицепремир во претходниот владин состав беше Артан Груби од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4738

Изет Меџити се самопромовираше како прв вицепремиер, местото кое го имаше Артан Груби

,,Денеска во својство на Прв вицепремиер, и како нова Влада, од првите денови почнуваме со интензивна работа, и тоа со инвестиција вредна околу 450 милиони евра од компанијата Енерџи Алказар со што Северна Македонија станува целосно енергетски независна земја.Со оваа инвестиција се предвидува поставување на 55 турбини на ветер, при што околу 20 отсто од електричната енергија во земјава ќе се обезбедува преку природно производство на електрична енергија или производство на електрична енергија од 1 терават на час или 1.000 мегавати на час.Покрај енергетската независност, оваа инвестиција ќе отвори 630 нови работни места.Преминуваме на дела!”, напиша Меџити на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

IMG_3512

Меџити: Тројца-четворица пратеници на Европски фронт ќе бидат дел од новото мнозинство

Во интервју за A2 Си-Ен-Ен (А2 CNN) Меџити вели дека Европскиот фронт не е создаден врз идеолошка основа, туку за да опстанат и ДУИ да биде дел од Владата.„Европскиот фронт не го обедини ниту идеологијата, ниту програмата, туку за да опстанат тие партии. Сега, кога е јасно дека нема да бидат во власта, мисијата е пропадната и започнува распаѓањето на Европскиот фронт. Така што веќе можам да кажам дека од тие 18 пратеници што ги доби овој фронт, тројца – четворица со едната нога се дел од новото мнозинство. Сега нема да ги кажам нивните имиња, но таму има две турски партии, а турската заедница нема капацитет и потенцијал да остане четири години во опозиција. Тие секако дека се гледаат себе си во идната влада. Има и некои други пратеници кои се со Ахмети, кои во минатото се тепале и се убивале меѓу себе, предизвикувале жртви кај Албанците и тешки последици. Заедно се засега, беа здружени за да опстанат. Но, мисијата на Европски фронт е пропадната“, изјави Изет Меџити.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-21-at-18.33.07

Кој е Иџет Мемети, член на СЈО, осомничен за мито, омбудсман кој наместо да ги штити молчеше за бруталност врз новинари и пратеници

Второосомничен за мито во случајот со Боро Малборо, екс градоначалник на Ново Село, кој се сомничи за шверц со марихуана е Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. Тоа д органот кој одлучува за изборот и разрешување на јавни обвинители.Мемети има богата политичка и правна кариера а важи за човек близок до ДУИ.Мемети бил државен советник во Влада, член на Комисија за избирачки списоци, 2001 година е избран за министер за правда како експерт, а потоа кратко и уставен судија. Оваа престижна функција ја напушта за да се врати повторно какоминистер за правда.По една година ја одбра функцијата Народен правобранител каде беше два мандати или цели 16 години.Вториот избор беше на крвавиот понеделник а човекот чија задача беше да ги штити граѓаните, нивните слободи и права од институциите, молчеше додека насилно од собраниската сала и галеријата беа исфрлани новинари и пратеници. Чекаше само да се изгласа буџетот а тој да добие уште 8 години мандат како омбудсман за да продолжи да ги „штити граѓаните”.По завршување на мандатот го сместуваат во Советот на јавни обвинители.

Македонија | пред 1 година

IMG_3512

Изет Меџити: Коалицијата ВЛЕН е по барање на народот

Претседателот на Демократското Движење, истовремено и носител на листа за пратеници во првата изборна единица, Изет Меџити, синоќа од Централниот митинг на Коалицијата ВЛЕН во Струга се упати со победнички говор, истакнувајќи дека Коалицијата ВЛЕН е единствената алтернатива за спас на албанците од криминалот и корупцијата.„Помалите заедници се мали, тие треба да бидат на власт за да им помогнат на нивната заедница. Затоа упатуваме порака дека тие ќе бидат со сицилијанскиот фронт до 8 мај, од 9 мај ќе се приклучат во победничкиот камп на албанците, во коалицијата ВЛЕН“, истакна Меџити.Меџити исто така, додаде дека ДУИ во контуинитет ги рециклира 100-те фигури насекаде, по директорски позиции, како да немаме млади подготвени и без криминал за да ги извршат овие задачи. „Ние ќе го ослободиме системот и ќе им дадеме шанса на младите подготвени“, рече Меџити. Меѓу другото, Коалицијата на ДУИ со Мендух Тачи и останатите ја нарече коалиција на зортот, додека обединувањето на опозицијата во ВЛЕН како потреба на народот.

Македонија | пред 1 година

IMG_3473

Меџити на средба со уметниците во Скопсиот аквадукт

Денес, Претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити истовремено носител на Листата за пратеници од коалицијата ВЛЕН во првата ИЕ во Скопсиот аквадукт реализираше средба со уметници, кои низ годиниве придонеле во областа на уметноста и културата кај нас.Тој истакна дека вреди да се даде максимумот во поддршка на нашите уметници, инвестирајќи во контуинитет во областа на културата, приоритет кој го развива нашето општество и новите генерации.

Македонија | пред 1 година

IMG_3464

Изет Меџити средба со граѓаните и трговците од Чаир

Претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити истовремено носител на Листата за пратеници од коалицијата ВЛЕН во првата ИЕ, денес се сретна со граѓаните и трговците од општина Чаир каде дискутираа за секојдневните активности на граѓаните, проблематиките со кои они се соочуват, како и безрезервната поддршка кон Демократското Движење и ВЛЕН.,,Од трговците во Бит Пазар се виде голем ентузијазам, но и со критики кон покачувањето на цените и падот на продажбата на нивната стока, со што се влијае во домашната економија.”, велат од коалиција ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања