Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МЕЏИТИ

izet-medziti

Меџити: Османи куќата, додека Груби и неговите браќа становите, ги изградија и ги проширија на диво

Синоќа, во емисијата Клик Плус на ТВ21, Лидерот на Демократското движење Изет Меџити, меѓу другото, за прв пат даде до знаење дека како и многу други граѓани, така и функционери на ДУИ, имено кандидатот за претседател Бујар Османи и заменик премиерот Артан Груби изградиле диви или нелегални објекти и истите подоцна ги легализирале.„Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво.“„Артан и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани.“

Македонија | пред 2 години

IMG_3375

Ја ситнат ДУИ: Меџити се пофали дека зема поддржувачи од Ахмети

На партијата на Изет Меџити, односно Демократското движење, денеска и се приклучија целокупни структури на Демократската унија за интеграција од Сарај, додека Меџити реши да ја објави оваа важна објава преку својот Фејсбук профил.„Меѓу личностите кои му се придружуваат на Изет Меџити се голем број носители на политичкото делување на ДУИ во огранокот Сарај, додека меѓу нив се:Мухамед Рама, претседател на подогранокот Радуше, поранешен претседател на Советот на Општина Сарај, актуелен општински советник, Зухејр Реџепи, член на огранокот на Сарај од Горно Свиларе, Насер Мухареми, поранешен претседател на подогранокот на Долно Свиларе, основач на ДУИ и поранешен борец, додека сличен чекор има и поранешниот портпарол на Огранокот на ДУИ во Сарај, познатиот новинар Африм Таналари.И се приклучија на Демократското движење, кое е основано за да направи политички промени во земјата и Селајдин Белули, член на подогранокот Сарај од формирањето на ДУИ, Мухамед Елмази, претседател на подогранокот Сарај и член на Генералниот совет на ДУИ, а во моментов советник во Град Скопје, Арсим Рустеми, член на огранокот во Сарај од подогранокот од Арнаќија и Ајрула Мустафа, член на огранок Сарај од подогранок Семениште.Голем интерес искажа уште еден голем дел од структурата на ДУИ, од кои се очекува многу брзо да се приклучат на идејата за големата промена и борбата против корупцијата и индивидуалните интереси.Демократското движење под наслов: „Чесното патување продолжува“ соопштува дека за координатор на Демократското движење за огранокот во Сарај го назначува Мухамед Елмази, советник во Град Скопје, економист и докажан политички активист, додека Мухамед Рама е именуван за заменик координатор, Претседател на Советот на Општина Сарај, магистер по политички науки и истакнат политички активист“, велат од Демократското движење.

Македонија | пред 2 години

Fatmir-Medziti

Пехчевски со повик до Меџити: Погледај го твоето сопствено шоу каде што нервозно кажуваш за директорка на Клиника која без протоколи и Комисија го делела лекот

Пациентот Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза, а за кој министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ кажа дека правел шоу сликајќи се во болница со транспарент преку кој бара лек, им порача на институциите: „Нема и не ви дозволувам да ме умрете млад“. Пациентот побара јавно извинување од Меџити, но досега не го доби. Побара и итна набавка на лекот „трикафта“ кој исто така не го доби.„И покрај потешкотиите со болеста што ја имам, нема да се предадам ни на болеста ни на вас. Дај Боже вие министер Фатмир Меџити да го доживеете истото шоу, на вас и на вашите најблиски. Да молиш за лек, а да нема воопшто лек. Па да видиш што е болка“, напиша Пехчевски.Тој подоцна објави и видео па го повика министерот да го погледне сопственото шоу каде во изјава за медиумите зборува докторка и директорка на Клиника која сама без протоколи и без Комисија го делела лекот.„ШОУМЕНОТ - МИНИСТЕР Фатмир МеџитиЕве Министре погледај го твоето сопствено ШОУ во изјава за медиумите, каде што нервозно кажуваш за Докторка и Директорка на Клиника која сама без протоколи и без Комисија сама го делела лекот.Па тука Министре ти немаше храброст да го санкционираш тој доктор, па реши во Емисии да ја смениш приказната и да удриш по ПАЦИЕНТОТ кој си бара ЛЕК за ЖИВОТ.Па згора на тоа се осуди пациентот да го наречеш ШОУМЕН, а верувам дека во видеото ќе се пронајдеш, дека ШОУМЕНОТ си токму ТИ Министре“, напиша Пехчевски.Министерот за здравство, Фатмир Меџити не признаваше дека нема „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза. Тој тврдеше дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста. Зборуваше и за случајот на пациентот Игор Пехчевски кој постојано бара терапија со „трикафта“, кого го обвини дека правел шоу.

Коментари | пред 2 години

medziti-bb

Новинар до Меџити: Kој тоа го доведе пациентот во ситуација да се претвори во шоумен?

Не стивнуваат реакциите кон министерот за здравство Меџити, откако го нарече шоумен младиот пациент Игор Пехчевски болен од цистична фиброза.Исклучително издржана и жестока реакција има новинарот Сунаи Сабриоски.„Министре Меџити па имате ли образ? Ако Пехчевски, пациент со цистична фиброза, е шоумен, прашањето ми е кој тоа го доведе Пехчевски да се претвори, според вас, во шоумен?Министре Меџити, дали пациентите со ЦФ кои неколку пати протестираа, се исто така според вас шоумени, и дали на тие протести како и тој на Пехчевски гледате како на приредено шоу во кое пациентите молат за лек кој постои?Министре, добивте 78 отсто покачена плата и фотелја, наместо да етикетирате пациенти седнете запотете ја таа удобна фотелја и дајте им го на овие пациенти тоа што го бараат за да продолжат да живеат!Какво недолично и ниско однесување во отсуство на конкретни одговори. Кога не ви одговараат новинарите ги ставате во кош на манипулативни и дрски, во недостиг на одговор фрлате камења со кои самите може да се погодите, ама како ќе се погодите кога сте презаштитени.Крајно одвратно е да се каже за било кој пациент, во случајов Игор Пехчевски дека правел шоу преку медиумите за јавноста! Од тоа, според вас шоу на Пехчевски, голем дел од јавноста дозна за проблемите на овие пациенти, транспарентот на Пехчевски САКАМЕ ТРИКАФТА беше одраз на неспособноста на севкупниот систем да им се даде тоа што впрочем го заслужуваат!Покрај тоа шоу за кое велите дека го приредил пациентот Пехчевски во февруари дознавме и за Благојче кој не напушти чекајќи да го дочека лекот! Ништо не добивате ако фрлате камења по овие пациенти, седнете и скратете си од удобноста и комфорот бидејќи Игор и останатите пациенти со ЦФ немало да се тоа што вие велите шоу за јавноста ако им биде дадено тоа што впрочем постои, а е лек!Најмалку што можете е да им се извините на пациентите со цистична фиброза, за другото јавноста ќе ви пресуди! Министре размислете дека и вие и јас утре може да се претвориме, според вас, во шоумени и да молиме за помош и лек преку медиумите ама со кој образ ќе го направиме министре тоа ако претходно не сме помогнале на тие кои имале потреба од вас како министер и од нас како новинари? Борбата на Пехчевски е одраз на ова загноено општество потонато во комфор!“, пишува Сабриоски на својот фејсбук профил.

Коментари | пред 2 години

20230707190027

За Пехчевски, министерот Меџити ја помина црвената линија: и лекот ќе го набавиш и оштета ќе ми платиш во Судот во Стразбур

„ЦРВЕНТА линија веќе ја помина министер Фатмир Меџити и лекот ќе го НАБАВИШ и ОШТЕТА ќе ми платиш за НАВРЕДА и ОМАЛОВАЖУВАЊЕ на пациент кој бара ЛЕК во Судот за човекови права во СТРАЗБУРИ ПРОДОЛЖИ повторно да си ПОИГРУВАШ со нас ПАЦИЕНТИТЕСрамота е, наместо лекови, ниe добивме ваков министер за здравство, со што го заслуживме ова – бурни рекации по скандалозната изјава на министерот за здравство Меџити кој пациентот што се бори за живот и моли да го добие лекот „трикафта„ го нарече шоумен. Бруталното обвинување на министерот се однесуваше на пациентот со цистична фиброза Игор Пехчевски кој со месеци очајно моли за лекот преку медиумите. Тој во изјава за Алфа, бара јавно извинување од Меџити и најави тужба до судот за човекови права во Стразбур.Инаку Меџити, кој повеќе се занимава со паркингот на клиничкии и со менување директори, вчера во настап за „Макфакс„ го нападна Пехчевски испровоциран од прашањето дали пациентот ќе го добие лекот ако му се влоши состојбата.„Вие знаете дека пред два месеци излегуваше еден пациент и правеше шоу на телевизија. Не може пациент да одлучи дали му треба лек или не му треба лек. За тоа во Македонија има профисионалци кои одлучуваат затоа” – кажа Меџити за „Макфакс“.Изјавата на Меџити предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а граѓаните реагираат дека политичарите се виновни што земјата се наоѓа во ваква ситуација.– Болните бараат лек, а вие политичарите правите циркуз од здравството, образованието и целиот систем, вели еден граѓанин.– Никој не прави шоу, вие само си ги зголемувате платите, а пари за луѓето со тешки болести нема. Сè уништивте, се пожали корисничка на фејсбук.– Се бори за живот и тоа е многу? Не смее да се бори ли за живот? Кога ќе дојдете на власт, веднаш заборавате сè, обвини друг граѓанин.Најновото ветување за болните од цистична фиброза од здравствените власти е дека „Трикафта“ до крајот на годината ќе добијат најмалку 42 пациенти. А на листата не чекање се 120 пацинети“, стои во објавата.Ова е фејсбук статус на еден од болните од цистична фиброза, Игор Пехчевски, откако министерот за медиумите го нарекол шоумен.Тој во изјава за Алфа, бара јавно извинување од Меџити и најави тужба до судот за човекови права во Стразбур.

Коментари | пред 2 години

igor-trikafta-cistichna-fibroza

Пехчевски бара извинување од Меџити: Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи да каже дека правам шоу во јавноста на телевизија

Пациентот Игор Пехчевски, болен од Цистична фиброза бара извинување од министерот за здравство Фатмир Меџити за изјавата дека правел шоу кога бараше лек „трикафта“. Тој бара министерот јавно да се извини, а лекот да биде донесен одма.„Го слушам и гледам министерот за здравство. Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи како доктор и министер за здравство да каже за мене дека со барањето на лек правам шоу во јавноста на телевизија. Барам од вас јавно извинување. И главното: Донесете го лекот ‘трикафта’ сега и веднаш, а не за неколку месеци како што кажувате во вашите изјави.Министерот за здравство, Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ не признаваше дека нема „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза. Тој тврдеше дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста. Зборуваше и за случајот на пациентот Игор Пехчевски кој постојано бара терапија со „трикафта“, кого го обвини дека правел шоу. 

Македонија | пред 2 години

Fatmir-Medziti

(ВИДЕО) Меџити брутално обвини пациент со цистична фиброза дека правел шоу, кога тој бараше лек

Министерот за здравство, Фатмир Меџити не признаваше дека нема „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза. Тој тврдеше дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста. Зборуваше и за случајот на пациентот Игор Пехчевски кој постојано бара терапија со „трикафта“, кого го обвини дека правел шоу.„Во врска со „трикафта“, кога јас дојдов верувајте немаше протокол за „тикафта“, немаше комисија за „трикафта“, немаше центар за „трикафта“. Што направивме ние, направивме комисија, направивме протоколи, го пративме на фонд за здравствено осигурување добивме позитивно мислење од нив еве и од Асоцијацијата на пациентите и на фамилиите со цистична фиброза деновиве имаат закажано средба кај мене, ќе дојдат ќе се договорат. Вие знаете дека пред два месеци излегуваше еден пациент и правеше шоу на телевизија“, рече Меџити.На реакцијата како може да каже за пациент дека правел шоу и прашањето како тој би се чувствувал доколку имаа потреба од лек кој го нема во Македонија и е скап, Меџити одговори: „Не може пациент да одлучи дали му треба лек или не му треба лек. За тоа во Македонија има… јас зборувам јавно и транспарентно..“Не одговарајќи на прашањето, министерот одново беше прашан како може да даде ваква изјава за пациент кој лежел на оддел поради влошена состојба, на што возврати: „А како може да се слика на оддел тоа е забрането да се сликаш по телевизии?“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-07-06-194824

(ВИДЕО) Судир меѓу министерот Меџити-новинар, интервју со кавги и судир на ставови

Болни без лекови, пациенти без термини, клиники кои се потопуваат при прв помал дожд, граѓани кои плаќаат здравствено – а за лекување мора да фаќаат врски. Ако треба со една реченица се опише македонското здравство – ова ја дава вистинската слика.Се менуваат министри, сите користат државни привилегии, волни се за да менуваат директори – но не и оваа мизерна реалност во јавното здравство. Незадоволни не се само пациентите, туку и вработените кои се повеќе се одлучуваат да работат за приватните клиники. Не само поради пари, туку и поради условите кои им се понудени. Во редот на многуте дојдени менаџери е и Фатмир Меџити. И во неговиот мандат, деца се лекуваат преку СМС пораки.Со него зборувавме за состојбата во болниците и проблемите со термините, третманите на пациентите, но и за лековите кои се почесто ги нема. Одговараше дали му е незгодно што тој зема 78% покачување на плата, додека, докторите земаа по 3.000 денари.Во интервјуто, судир на аргументи за лекот „трикафта“ за кој тврди дека го има, но и за третирањето на пациентите со цистична фиброза.Дали Меџити е подобар доктор од менаџер или обратно, одговара во интервјуто во продолжение:

Македонија | пред 2 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска за Меџити: Не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави, треба да биде кривично гонет

Професорката Мирјана Најчевска го критикува министерот за здравство Фатмир Меџити, кој вчера изјави дека граѓаните на Косово и Албанија ќе плаќаат исти цени за лекување во нашето здравство, како и македонските граѓани. Таа смета дека него институциите треба кривично да го гонат.„Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета за злоупотреба на службената должност, а составен дел на казната да биде читање на Уставот, законот за државјанство, Законот за здравствено осигурување, Законот за здравствена заштита, Законот за Влада, Законот за органите на управата и секако Кривичниот законик. Не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави туку за граѓаните на Македонија. Неписмени крелци не смеат да бидат поставени на раководни позиции. А Ковачевски да престане лажно да се претставува како премиер“, пишува Најчевска на социјалните мрежи.

Коментари | пред 2 години

Fatmir-Medziti

Министерот го повика разрешениот директор да му биде советник

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите истакна дека разрешениот директор на Кардиохирургија, професор д-р Сашко Јовев му е пријател и пред неколку дена пиеле кафе заедно, но и дека му понудил да му биде советник во кабинетот.Меџити тврдеше пред новинарите дека разрешувањето на професорот Јовев нема никаква политичка или друга заднина.– Професорот ќе продолжи со работа како здравствен работник и ќе биде послободен од административни обврски, ќе има повеќе време за пациентите. Разрешувањето е во правец на подобрување на здравствените услуги – објасни министерот Меџити.Тој го повика д-р Јовев да му биде советник во Кабинетот, како национален координатор за кардиохирургија.Министерот рече дека причина за разрешувањето на Јовев е нивното несогласување во врска со плаќањето на дежурствата во текот на 2022 година.

Македонија | пред 2 години

20230503092858

Д-р Лазаров до Меџити: Најдобронамерно, повлечи ја одлуката со време и смали штета, не си у право

И д-р Ненад Лазаров во неколку наврати денесека реагира на разрешувањето на професорот Сашко Јовев од директорската позиција на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој, како што вели во неговата објава на Фејсбук, најдобронамерно му порача на министерот за здравство, Фатмир Меџити да ја повлече одлуката и да ја намали штетата.-Не се брани неодбранливо, очигледно е дека се работи за еготрип.Министер, најдобронамерно, повлечи ја одлуката со време и смали штета, не си у право, људски е да згрешиш уште повеќе е људски да се поправиш, напиша д-р Лазаров во една од објавите.

Коментари | пред 2 години

medziti-bb

Меџити денеска ќе ги објави причините за смената на доктор Јовев

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска треба да ги објасни причините за смената на докторот Сашко Јовев.Меџити предупреди дека нема да дозволи нерегуларности и неработење од страна на директорите на клиниките. Најави дека ќе има и други смени.„За секој што ќе згреши пред здравствените закони, ќе има одговорност, бескомпромисно. Ова здравство не функционира, јас сум автокритичен. Вложивме многу труд и напор, правиме сѐ за да ги подобриме условите“, вели министерот Меџити.Докторот Јовев вчера изјави дека целата работа не тргнала како политички реваншизам. Почнало како суета, но за Јовев е очекувано да се претвори во политички пазар.

Македонија | пред 2 години

minister-medziti-prv-brifing4

Како на толку проблематични клиники и здравствени домови Меџити се намерачи на клиниката за кардиохирургија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Кога партиските пазари и суети се вмешаат во здравството, тогаш здравствениот систем е на апарати. Последниот скандал во здравството со разрешувањето на директорот на клиниката за Кардиохирургија, покажува дека оваа власт ниту има стратегија, ниту има концепт што да прави во јавното здравство, а за жал нема ниту јасна и унифицирана владина политика, вели ВМРО-ДПМНЕ„Напротив гледаме дека владата се пазари и препазарува, поткусурувајќи се со принципите на професионалноста и квалитетот во здравството.Против аргументите на министерот излегоа луѓе од фелата, па дури и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на кој самиот се повикуваше, кои велат дека министерот не ја говори вистината и дека до нив ниту имало претставка, ниту барање од министерот за вонреден инспекциски надзор на клиниката за кардиохирургија и истото не се случило.Тоа значи дека голема е веројатноста ова разрешување да се случило поради каприц и суета, или поради партиско-политички каприци. Но било што и да е, после ваква скандалозна ситуација во секоја сериозна европска држава премиерот го превоспитува или го менува министерот.Но во случајов, Ковачевски за сето ова збор нема проговорено и во негов манир се крие и бега, затоа што само ако се осуди да му писне на министерот Меџити, лесно може заедно со директорот на клиниката за кардиохирургија и тој самиот да лета од владата како куфер.И додека Министерот Меџити и владата прават кадровски претумбации на сметка на квалитетот и функционалноста на системот, здравството тоне и тоне.Има недостиг на антибиотици, недостиг на лекови и терапија на клиниката за онкологија, има сериозен недостиг на медицински персонал кој масовно заминува во странство, има затворања на цели одделенија по здравствените установи, пациенти со ретки болести молат за помош, а со смс пораки се собираат пари за лекување на луѓе, кратко речено, има тотален колапс на системот.Меџити треба да одговори како на толку проблеми во здравството, на толку проблематични клиники и здравствени домови се намерачи токму на клиниката за кардиохирургија?Ковачевски ништо не го прашуваме, бидејќи ни во владата не го есапат ни 2%“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

minister-medziti-prv-brifing4

„Политика апсолутно не стои зад смената на Јовев“, тврди министерот

Смената на директорот на Клиниката за кардиологија Сашко Јовев кој ги предводеше трансплантациите на срце во земјава не е политичка, вели министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој денес по посетата на реновирани простории на Клиниката за ендокринологија, не сакаше да зборува за причините поради кои го разреши Јовев и најави дека попладнево на брифинг ќе ги изнесе сите детали.„Политика апсолутно не стои зад смената на Јовев, секаде каде што ќе има злоупотреби со мене како министер, ќе има и санкционирање“, рече министерот Меџити и нагласи дека заедно со Јовев на успешните трансплантаци работел цел тим.Мецити вчера го разреши Јовев од функцијата директор, а смената наиде на лавина неодобрување кај јавноста, посебно кај пациентите со трансплантантирано срце и нивните семејства.

Македонија | пред 2 години

minister-medziti-prv-brifing4

Меџити: Немаме магичен стап, тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред јавноста зборуваше за лошите состојби, па упати барање: „Пак повикувам дајте сите заедно да градиме едно здраво здравство“. Меџити, ова го правеше и во претходни изјави, а откако беше мета на критики дека ништо не променува во секторот откако стана министер.„Ова би го крстил како голем ден ‘Национален форум за здравство’ заедно со претставничката колешка и докторка Ане Јохансен денес во овие простори да ги кажеме сите наши дефекти што јас како министер веќе три месеци скоро, ги детектирав. Работиме заедно со Ане Јохансен и сме многу благодарни за поддршката и за соработката на СЗО што ја покажува за нашата држава и ние сме спремни и ќе се стремиме заедно. Јас цело време апелирам што не е во ред, што се проблемите, како може да ги детектираме и како може најбрзо да најдеме решение. Јас сум многу одлучен како министер, и мојот кабинет, моите советници и сите здравствени работници ги повикувам, ние го знаеме нашето здравство, во многу лоша состојба е, дајте заедно да придонесеме за еднаш засекогаш да поставиме некои здрави основи постулати, со цел нашите пациенти да добијат подобри здравствени услуги и да имаме поздраво население“, рече Меџити.Тој додаде дека е намалена смртноста кај новороденчињата што е големо достигнување.„Но не само со оваа проблематика, тука сме да се занимаваме и да ги решиме сите проблеми кои ги има во здравството. Знаеме дека магичен стап немаме, тоа нема да се случи преку ноќ, но со сите наши пријатели, со сите здравствени меѓународни институции посебно со СЗО што се тука за нас, да се стремиме заедно да поставиме добра здравствена основа, да ги изградиме болниците кои се оставени, знаеме кичевската 30 години, штипската има проблем правен, го решаваме денеска, напорно работиме на тоа, работиме на мој термин, работиме не знам ни јас веќе кај не работиме. Работиме во сите правци во здравството што навистина има многу проблеми, здравството е жива материја, пак повикувам дајте сите заедно да градиме едно здраво здравство“, додаде Меџити.

Македонија | пред 2 години

izet-medziti-696x398

Дојде време еден Стојанче Ангелов да го уценува Али Ахмети, вели Меџити

Изет Меџити денеска се јави со своите први изјави по одлуката на ДУИ да го промени него и уште четворица членови на Централното претседателство на „интегративците“. Влијателниот член на ДУИ рече дека претседателот на партијата, Али Ахмети, како што вели, се спуштил на тоа ниво да може лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, како коалиционен партнер да го уценува.Ова следува откако Ангелов вчера објави дека премиерот Димитар Ковачевски и Ахмети се подготвени да разговараат за барањето на „Достоинство“ за обештетување на бранителите. Меџити вели дека најновиот срам за ДУИ е потклекнувањето пред поранешниот бранител Стојанчо Ангелов, заради социјалдемократите.„Господинот Ахмети ги оквалификува како ултиматуми или како огромни неприфатливи барања кои ќе служат за зајакнување на ДУИ, но во исто време гледаме ултиматум од Стојанче Ангелов, кој нема ни пратеник во Собранието, само за да не ги доведе во опасност 4-5-тте илјади гласови на неговиот партнер СДСМ, прифатен е ултиматумот за бранители, заборавајќи ги војниците на ОНА. Сè ова говори дека ДУИ е заробена од диво месо и платеници, узурпатори кои се таму за интереси и функции“, рече Меџити.Од Огнената група велат дека ќе продолжат да бидат дел од ДУИ како фракција, користејќи ги сите демократски форми и нема да се откажат од ограноците кои ги граделе и тоа не се однесува само на Чаир и Сарај.Ниту денеска од ДУИ не објаснија врз основа на кој член од статутот на партијата го темелат едногласниот заклучок за смена на петте членови на Централното претседателство. Последната комуникација со медиумите беше во петокот пред влезот на средбата во Речица, кога Ахмети рече дека нема да се зборува за разрешувања. Но, потоа од партијата изразија жалење што Изет Меџити, Муса Џафери, Блерим Беџети, Висар Ганиу и Невзат Бејта самите си заминале од највисокото тело на партијата, но тоа тие го негираа.

Македонија | пред 2 години

bolnica-bitola

Меџити: Бебето родило живо, имало тахикардија и обид за оживување

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека бебето било родено со тахикардија, а родилката е од Битола и има 24 години. Како било постапено при породувањето – ќе утврдуваат комисии од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.„Денеска, бевме тука да видиме каков бил случајот. Утре, од ДСЗИ ќе испратиме комисија од инспектори за да утврдат која била причината. Според првичниот извештај, тоа било родено живо, со тахикардија, имало белодробрно-срцево оживување, понатаму ќе кажеме сè кога ќе имаме дефинитивни резултати од институциите. Тука сме за да видиме каков е пропустот и што може да се подобри. Длабоко сочувство за младата родилка за изгубеното бебе“, додаде Меџити.

Македонија | пред 2 години

20230321193651

Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ кој е лидер на фракционерската „Огнена група“, денеска во емисијата „Тема на денот“ на Сител иззрази зачуденост како првиот вицепремиер Артан Груби нашол пари да доведе екстремно скапи пејачи на синоќешниот партински митинг во Чаир.ДУИ со митингот во Чаир сакаше да покаже дека ја има поддршката од локалното население додека продолжуваат внатрепартиските турбуленции, а пред граѓаните се обрати и лидерот Али Ахмети.„Тоа во Чаир беше концерт, тоа се скапи пејачи и не ми е јасно од кај ги плаќа“, рече Меџити за Груби.Тој додаде дека иако Груби пред јавноста подал рака за помирување, истовремено се разрешуваат функционери од „Огнената група“ и останатите се присилуваат да дадат оставка сами.Не признава дека повеќе не е претседател на огранокот во Чаир и вели дека на министерот за надворешни работи Бујар Османи му измислиле паралелна партиска функција.- Координатор за политички прашања во Чаир не постои. Таква функција во статутот на ДУИ, се прави дуализам и расцеп во огранокот, смета Меџити.Го искритикува и фокусот на Груби кон изградба на Коридор 8 и 10д со Бејтел и Енка. Вели дека тој таму се насочил затоа што не бил успешен на ниту едно друго поле.- Во Блаце не можат да излезат, пак се вратија, потпорниот зид го заборавија. Тие сакаа да се пофалат со патишта, но како да им веруваме кога 14 километри не можат да направат три години.Коридорот 8 отвора перспектива, не сме против тоа, но нема да продолжи во Албанија и ќе служи за полесно да одиме само до Струга, но не сум сигурен дека ќе продолжиме понатаму.Бехтел се во регионот, не сме ние први што ги вклучуваме и кога поставивме директор на ЈПДП и овој немајќи ништо друго со што да се бави, нема предлози за закони, и се префрли во таа област со Коридорот 8. Ќе има моја поддршка, но не можам да ги затворам очите пред сите овие фактори, башка што секој ден има по некоја афера за надзорната компанија, која со поврзува со компании со руски, кинески капитал и со долен веш, порача Меџити.

Македонија | пред 3 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска до Меџити: Ти сакаш да замениш цела граѓанска држава за феуд од неколку општини, до таму ти е акалот?

Неформалниот лидер на „огнената група“ и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити брзо реагираше на повикот на Аптернатива за обединување околу идејата за создавање на заедница на албански општини во Македонија, по примерот на Заедницата на српски општини во Косово. Меџити вели дека тоа е во духот на децентрализација на локалната самоуправа. Но, како што вели, ако можат Србите да добијат заедница со 4 процентна застапеност на Косово, зошто не би можеле Албанците во Македонија со застапеност од, според него, 30 проценти.Во врска со ова се огласи професорката Мирјана Најчевска која вели дека наместо од се ослободиме од етничките поделби, се повеќе заглавуваме во нив.„Наместо да се ослободуваме од етно делењето ние се повеќе заглавуваме во него.Ако Огнените требаа да го претставуваат напредниот дел од ДУИ тогаш нешто многу помешале што е напред а што назад.Очигледно етничките Албанци во Македонија единствено нешто што можат да понудат на политичката сцена е етно-национализам.Немаат ни знаење, ни интелектуален капацитет ни политичка визија за ништо друго.До таму стигнале. Некаде на почетокот на 18 век.Меџити, ти сакаш да замениш цела граѓанска држава за феуд од неколку општини?До таму ти е акалот?Навистина се помалку мислам дека Македонија има шанси да стане демократска држава.На една страна ВМРО кецарошко и СДСМ корумпирана.На друга страна албанските партии од кои едни се чиста мафија а другите немаат појма што е граѓанско општетсво.А во средина граѓаните кои само гледаат да побегнат од вукојебината.Не сотревте“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

izet-medziti

„Огнената група“ го поддржува предлогот на Гаши: Ако можат Србите со 4% во Косово, можат и Албанците во Македонија со најмалку 30%

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити кој е и предводник на т.н. „огнена група“ во партијата, го поддржува предлогот на опозициската Алтернатива, за формирање заедница на албанските општини во земјава по примерот на Косово. Тој вели дека е очигледна потребата да се придвижи процесот на децентрализација во интерес на општините, но и во интерес на граѓаните, бидејќи според него таа власт е најблиска до нив.„Заедницата во Косово ќе има „домино-ефект“ во регионот бидејќи граѓаните патуваат и споделуваат, нашите семејства се поврзани и половина се во Косово, а половина овде. Па, ако може Србите со 4% да имаат асоцијација и да имаат видливи права, тогаш очигледно дека тоа ќе има ефект и врз Албанците коишто се најмалку 30% во Македонија и претендираат за истите права“ изјави Меџити.Политичката партија Алтернатива, која неодамна реши да излезе од власта и да премине во опозиција, преку соопштение повика да се започне иницијатива за формирање „Заедница на албански општини во Северна Македонија“, по моделот што е предвидено да се формира ваква заедница на српски општини (ЗСО) во Косово.Алтернатива нема градоначалник ниту во една општина во земјава, па затоа ракавицата ја фрла кон останатите партии: ДУИ, Алијанса за Албанците (АА) и Беса.

Македонија | пред 3 години

izet-medziti

Меџити: Нема да гласам за новата Влада

Никој од „огнените“ не сака да биде дел од Владата, рече потпретседателот на ДУИ кој е дел Изет Меџити, во синоќешното гостување на ТВ 24.Потенцираше дека „огнените“ не сакаат да ја состават Владата, туку само оти кажуваат дека овие што се сега во неа немаат сработено, неуспешни се и арогантни и треба да се заменат.- Нашата заложба е да го вратиме ДУИ на правиот пат. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата е само за инает и за да се замолчи „огнената“ група – додава Меџити, нагласувајќи дека нема простор за компромис за останување на Артан Груби во Владата.Дополни дека, доколку „огнените“ се исклучени од ДУИ, не е отфрлена опција тие да формираат нова партија.- Ова е политика на инает и за дневна политика и интереси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада, но да се дообјаснам до крај јас и сите пратеници Албанци немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи - објасни МеџитиСпоред него, заложба на „огнената група“ е да го врати ДУИ на правиот пат, и појасни дека комуницираат со претседателот Али Ахмети, но не се разбираат.- Претседателот да се врати, да не фати страна и да биде претседател како што беше изминатите години и да не не остави нас да се тепаме. Кога има волја, има 100 начини за компромис. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата за една година е само за инает и да се заќути ‘огнената група’. Тоа само повеќе ќе и наштети на ДУИ отколку на нас - појаснуваше МеџитиСпоред него, место за компромис со останување на Артан Груби во Владата.- Ако некој не праша, тој треба да се исклучи целосно и од ДУИ. Ваква штета во ДУИ нема направено никој за 20 години - рече Меџити.

Македонија | пред 3 години

izet-medziti

Oсум пратеници излегуваат од парламентарното мнозинство, има најава за повеќе, вели Меџити

Потпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници.„Со изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници, кога вели тој, мислам дека е да се одржи смиреноста внатре во структурата, внатре во мнозинството и ова говори дека немаат ниту 64. Фактички се потврдува тоа што сум го кажал во континуитет дека сигурно ова говори дека е политичка акробација која нема врска со обединување за Европа, ниту зголемување на мнозинството или стабилизирање на мнозинството, бидејќи гледаме дека осум пратеници можат да влезат, но веќе осум излегуваат. Има најави за повеќе заминувања од владиното мнозинство“ – рече Меџити во изјава за ТВ21.Меџити потенцира дека со реконструкцијата на Владата, ДУИ има изгубено 20 проценти од моќта. Посочува дека ДУИ направила промени во извршната власт, прекршувајќи го статутот на партијата.„Без да одлучи мнозинството, без да се земе мислењето од Генералниот совет, се отстранува еден од оние млади кои рекоа дека ќе застанеме зад него, односно господинот Насер Нуредини, министер за екологија, која и се дава на Алијансата за Албанците, бидејќи тој е надомест за Министерството за правда. Без да се праша некој, со голема леснотија на Алијансата за Албанците и се дава ресорот на поранешниот претседател на огранокот на партијата, односно заменик-министерот за одбрана Башким Хасани. ДУИ е веќе минус 20 проценти од моќта што ја имаше, кршејќи го статутот и без бенефит. Веќе се изјаснуваат дека имаат 64 пратеници, но ќе видиме како ќе биде до крај“ – рече Меџити.Во Собранието веќе два дена пратениците расправаат за реконструкција на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пред пратениците се разрешувањата на тројцата министри од редовите на Алтернатива, Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.За нови министри, премиерот Димитар Ковачевски ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од редовите на Алијансата за Албанците, како и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

Македонија | пред 3 години

izet-medziti-696x398

Меџити: Со Алијанса бркаме 80 пратеници, а може да изгубиме мнозинство од 61 пратеник

Лидерот на „огнените“ во ДУИ, Изет Меџити за „Фокус“ изјави дека евентуалното влегување на Алијанса во Владата се прави за да се спаси Артан Груби, а дека тоа може да значи и губење на мнозинството од 61 пратеник, наместо посакуваните 80 за уставните измени.– Ако Алијанса влезе во владата, во најдобра варијанта сме на нула, бидејќи во таков случај се губат исто толку пратеници колку што ќе влезат. Плус, ќе се отворат внатрешни процеси и во други партии, вклучително и во Алијанса. На овој начин, со цел да се спаси Груби преку Алијанса, наместо да бркаме 80 може да загубиме мнозинство од 61 пратеник – порачува Меџити според кого не е неопходно Алијанса да влезе во власта за да се избегнат предвремени избори.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања