Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МЕРКИ

media-libraryt2gp9lgku0ik2GMnYFG

(Видео) Филипче: Мерките за горивата се задоцнети и нема да донесат реално поевтинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше најавената мерка на Владата за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, оценувајќи ја како задоцнета и недоволна за да има реален ефект врз цените.Тој посочи дека граѓаните веќе подолго време се соочуваат со значителни поскапувања, а владината реакција доаѓа предоцна.„Оваа мерка е многу задоцнета и далеку од доволна. Цените на горивата веќе три недели растат, дизелот поскапе за вкупно 21 денар, а се очекува и ново зголемување“, изјави Филипче .Според него, намалувањето на ДДВ нема да се почувствува од страна на граѓаните, бидејќи новите поскапувања ќе го неутрализираат ефектот.Филипче оцени дека Владата со недели не презела мерки, дозволувајќи растот на цените на горивата да предизвика поскапувања и на основните прехранбени производи.„Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм. Еднаш зголемените цени повеќе не се враќаат назад“, нагласи тој .Лидерот на СДСМ обвини дека Владата избегнува суштински економски мерки и работи во интерес на бизнис-структури блиски до власта.„Ова не е економска политика, туку заштита на одредени бизнис-интереси на сметка на граѓаните“, рече Филипче .Тој побара итно усвојување на мерки предложени од СДСМ, меѓу кои намалување на ДДВ за горивата на 5 проценти, намалување на акцизите, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на цените на патарините.Според Филипче, само ваков пакет мерки може да донесе вистинско намалување на цените и да го заштити животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 1 седмица

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

ДДВ за горивата 5%, акцизата намалена за 4 денари и 0% ДДВ за храната, предлага Филипче кој соопшти итни мерки

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција предложи пакет економски мерки со цел да се ублажат последиците од растот на цените на горивата и очекуваното поскапување на основните производи.Филипче оцени дека Владата не презема доволно мерки во услови на енергетска и економска криза предизвикана од случувањата на Блискиот Исток.„Гледаме како изминатите денови Владата не презема буквално ништо во однос на кризата која се случува на Блискиот Исток. Нема дебата, нема анализа, нема подготовки“, изјави Филипче.Тој посочи дека поскапувањето на горивата не е изненадување, имајќи предвид дека цената на нафтата на светските берзи во последниот месец пораснала за околу 60 проценти.„Денеска сме соочени со поскапувања. Од утре цената на бензинот расте од 74,5 на 79,5 денари, а дизелот од 71 на 85,5 денари. Ова е резултат на војната во Иран и растот на цената на нафтата на светските берзи“, рече Филипче.Тој оцени дека Владата требало да одржи повеќе вонредни седници за да го подготви системот за вакви ценовни шокови.Според него, покачувањето на цените на горивата ќе предизвика и низа други поскапувања.„Ќе поскапи струјата, ќе поскапат основните прехранбени производи. Тоа ќе биде ланец на настани кои ќе следат после поскапувањето на горивата“, изјави Филипче.Како решение, СДСМ предлага намалување на стапката на ДДВ за сите енергенси од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за горивата за 4 денари по литар, како и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.„Овие мерки директно ќе ја намалат цената на горивата на бензинските пумпи и ќе помогнат да се амортизира евентуалниот скок на цените на храната“, изјави Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

IMG_5816

Постои можност Грција да ги врати ковид мерките

Грција би можела повторно да воведе ограничувања и мерки за борба против коронавирусот наесен, „ако е потребно“, рече во понеделникот министерот за здравство Танос Плеврис, со оглед на порастот на позитивните случаи и реинфекции инфекции.Оваа вест министерот ја соопшти за локалните медиуми откако Националната здравствена организација (ЕОДИ) објави 12 смртни случаи и вкупно 9.064 случаи на инфекција со коронавирус - 7.682 нови и 1.382 реинфекции инфекции.Плеврис рече дека притисокот врз јавното здравство се очекува наесен, кога властите би можеле да одлучат за низа „благи“ и насочени мерки кои се однесуваат на одредени групи.Сепак, тој додаде дека сегашниот шести бран на коронавирус, за кој рече дека е очекуван поради движењето во Европа, не врши притисок врз националниот здравствен систем на Грција.Во меѓувреме, во интервјуа за локалните медиуми, професорот по инженерство за животна средина Димостенис Сариџанис рече дека очекува дневниот број на случаи да достигне 25.000 до 15 јули, кога се смета дека сегашниот бран е на својот врв.Иако беше укинато носењето маски, грчкиот министер за здравство посочи дека останува индивидуалната одговорност и ги советуваше луѓето да носат маски во преполни простори и во затворени објекти.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-11.44.03

Лукаревска: Мерките на Владата се за намалување на ценовниот шок и да не се прави профитерство во кризно време

Целта на сите мерки коишто беа донесени е да се намали ценовниот шок и да не се прави профитерство во едно вакво кризно време, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.Таа рече дека со намалувањето на стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти за основната храна прибирањето на средства од име на ДДВ ќе се намали за околу 430 милиони денари и за околу 400 милиони денари во делот на намалувањето на стапката за нафтените деривати.Меѓутоа, ако во делот на наплатата на даноците продолжиме со ова темпо на собирање на приходите, мислам дека нема ни да се почувствува било какво пореметување во динамиката на собирањето на даноците, рече Лукаревска.Таа соопшти дека од почетокот на годинава досега е собрано ДДВ за 30,6% повеќе во однос на истиот период од 2021 година, а дури 41,5 % во споредба со 2020 година, а кај данокот на добивка приходите се повисоки за 24% во однос на 2021 година и за 26,46% во однос на 2020, раст се бележи и кај другите даноци.Во целиот период редовно се врши исплата повратот на ДДВ за компаниите, нагласи Лукаревска.Во врска со проектот МојДДВ, Лукаревска рече дека ќе продолжи да се реализира и го истакна неговото значење во борбата против сивата економија и неиздавањето на фискални сметки.Со намалувањето на стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти, граѓаните веднаш заштедуваат на ДДВ, без да чекаат на поврат од Мој ДДВ, рече заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања