Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ДДВ за горивата 5%, акцизата намалена за 4 денари и 0% ДДВ за храната, предлага Филипче кој соопшти итни мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V
Скопје1.мк

Венко Филипче предложи пакет економски мерки за ублажување на последиците од растот на цените на горивата и очекуваните поскапувања на основните производи, оценувајќи дека Владата не реагира доволно во енергетската и економска криза поврзана со настаните на Блискиот Исток. Тој наведе дека нафтата на светските берзи пораснала околу 60% за еден месец и најави поскапување: бензин од 74,5 на 79,5 денари, дизел од 71 на 85,5 денари, со можни ланчани ефекти врз струјата и храната. СДСМ предлага ДДВ за енергенси од 18 на 5%, намалување акциза за 4 ден/л и укинување ДДВ за основни прехранбени производи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција предложи пакет економски мерки со цел да се ублажат последиците од растот на цените на горивата и очекуваното поскапување на основните производи.

Филипче оцени дека Владата не презема доволно мерки во услови на енергетска и економска криза предизвикана од случувањата на Блискиот Исток.

— реклама —

„Гледаме како изминатите денови Владата не презема буквално ништо во однос на кризата која се случува на Блискиот Исток. Нема дебата, нема анализа, нема подготовки“, изјави Филипче.

Тој посочи дека поскапувањето на горивата не е изненадување, имајќи предвид дека цената на нафтата на светските берзи во последниот месец пораснала за околу 60 проценти.

— реклама —

„Денеска сме соочени со поскапувања. Од утре цената на бензинот расте од 74,5 на 79,5 денари, а дизелот од 71 на 85,5 денари. Ова е резултат на војната во Иран и растот на цената на нафтата на светските берзи“, рече Филипче.

Тој оцени дека Владата требало да одржи повеќе вонредни седници за да го подготви системот за вакви ценовни шокови.

Според него, покачувањето на цените на горивата ќе предизвика и низа други поскапувања.

„Ќе поскапи струјата, ќе поскапат основните прехранбени производи. Тоа ќе биде ланец на настани кои ќе следат после поскапувањето на горивата“, изјави Филипче.

Како решение, СДСМ предлага намалување на стапката на ДДВ за сите енергенси од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за горивата за 4 денари по литар, како и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.

„Овие мерки директно ќе ја намалат цената на горивата на бензинските пумпи и ќе помогнат да се амортизира евентуалниот скок на цените на храната“, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 17 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 17 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања