Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЛАНОВИЌ

media-library24colmlqgvg12yM5T9g

Вучиќ до Милановиќ: Мене таму не ми е место, секогаш сакав да одам во Јасеновац

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на изјавите на хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, кој рече дека не е возможнo доаѓање на претседателот на Србија во Хрватска и дека поради тоа одлучил да го откаже состанокот на Процесот Брдо-Бриони.„Ја поддржувам одлуката на Зоран Милановиќ да го откаже собирот Брдо-Бриони, мене таму не ми е место. Секогаш сакав како претседател на Србија да одам и да положам цвеќе во Јасеновац и тоа ми беше неспоредливо поважно, а на Бриони можам професионално да одам, да ја слушнам и другата страна, да разговарам, затоа што никогаш не сум бегал од дијалог“, рече Вучиќ.На хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не му се допаднале изјавите на претседателот на Србија, поради што, како што соопшти, одлучил да го откаже самитот Брдо-Бриони, кој требаше да се одржи во мај.„Политичките изјави и постапки на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кои ги гледаме во последните денови и недели се во целосна спротивност со целта на Процесот Брдо-Бриони, го нарушуваат меѓудржавниот однос и го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот на југоисточна Европа. Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, смета дека во такви околности не постојат услови и не е возможно доаѓање на претседателот на Република Србија во Република Хрватска“, се наведува во соопштението од кабинетот на Милановиќ.Хрватскиот претседател соопшти дека за тоа ги известил шефовите на држави и дека следниот самит ќе се одржи кога ќе се создадат соодветни услови.Во соопштението на Милановиќ не се наведени конкретно кои изјави на српскиот претседател му пречеле.

Свет | пред 2 часа

media-library1eevjf2mk5q5dnJvj9Q

Милановиќ со порака до Сиљановска: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, престојува во официјална посета на Хрватска, каде на Пантовчак се сретна со претседателот Зоран Милановиќ.На заедничката средба, Милановиќ се осврна на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон Европската унија, оценувајќи дека пред земјата се поставуваат премногу услови и барања. Тој нагласи дека Македонија самостојно треба да одлучи по кој пат ќе се движи.„Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере. Претпоставувам дека тоа е патот на благосостојба, мир и спокој на граѓаните. ЕУ и НАТО се надградба, но куќата се гради одвнатре. Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен“, изјави Милановиќ.Од своја страна, Силјановска-Давкова истакна дека Македонија се соочува со силен притисок од Европската унија за уставни измени, при што побара еднаков третман и укинување на двојните стандарди.„Како држава, скромно бараме да нема двојни стандарди и нашите постигнувања да се вреднуваат како и на сите други“, нагласи претседателката.Таа предупреди и на поширокиот контекст на меѓународната политика, оценувајќи дека во светот има сè помалку владеење на правото.„Денес живееме во свет каде силните прават што сакаат, а слабите она што мораат“, рече Силјановска-Давкова.Претседателката потенцира дека проширувањето на ЕУ денес не е само политичко и економско, туку и безбедносно прашање, особено за Балканот кој често е погоден од глобалните турбуленции.И покрај предизвиците, таа изрази надеж дека Македонија ќе добие фер шанса за членство и ќе може рамноправно да се натпреварува во исполнување на европските критериуми.Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а преговорите официјално ги започна во 2022 година. Сепак, процесот е забавен поради билатерални спорови, особено со Бугарија.

Македонија | пред 6 дена

media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата.Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи.На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на европските интеграции.Претседателката нагласи дека државата доследно се водела од Копенхашките критериуми, со цел да изгради функционален и демократски систем компатибилен со европските стандарди. Според неа, евроинтегративниот процес мора да остане заснован на заслуги, реформи и исполнување на европските критериуми, а не да биде оптоварен со билатерални историски, културни, јазични и идентитетски прашања. Таа порача дека очекуваме еднаков третман и примена на исти стандарди како и за другите земји кандидати, со уверување дека во европските институции сè уште постои слух за аргументите, за правото и за достоинствено место на секој европски народ во Унијата.

Македонија | пред 6 дена

milanovic-zoran-hrvatska-1

Милановиќ: Времињата се ужасни

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека времињата се ужасни и дека „живееме во недели и години на насилство, дивјаштво, газење и презир кон меѓународното право и норми, и тоа од оние кои најмногу се повикуваат на нив“.„Времињата се ужасни. Хрватска во овие времиња, можеби по прв пат во историјата, ужива во позицијата, среќа е што се наоѓа на релативно мирно и безбедно место“, рече Милановиќ синоќа на свечена седница на Општинското собрание во Вела Лука.Милановиќ порача дека денес Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не дозволи да биде заведена од никакви големи фрази и слогани за солидарност со било кого, или за помош на ова или онаа страна.„Да се водиш според тоа да не изневериш некои темелни човечки принципи, начела и поставки – тоа за Хрватска треба да биде водечка линија“, додаде Милановиќ.„Хрватска, како ретко кога во историјата, има можност да се фокусира на себе, на своите работи и исклучиво од таа перспектива треба да носи одлуки. И да се надева дека оваа бура и ова време на зло ќе помине, дека ќе дојдат подобри времиња. А до тогаш, се држиме заедно“, порача претседателот, пренесе Хина.

Свет | пред 1 седмица

milanovic-zoran-hrvatska-4

Милановиќ: „Израел не е наш пријател“

Од седниците на Советот за национална безбедност и Советот за одбрана, кои ги предложи премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, не треба да се очекуваат промени во ставовите на државниот врв за Израел, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.„Не очекувајте никакви тектонски поместувања и промени во ставовите. Ако некој смета дека Израел е наш сојузник и пријател, нема му помош“, им рече Милановиќ на новинарите.Тој разговорот на оваа тема меѓу „сериозни луѓе“ го оцени како губење време.„Непоколеблив сум во тој став, како и во тоа дека Хрватска требаше да ја признае Палестина“, додаде Милановиќ.Претседателот на Хрватска на крајот на февруари изјави дека Израел води „ѕверска политика“ и дека не може да биде сигурен партнер на Хрватска, при што ја критикуваше и посетата на министерот за одбрана Иван Анушиќ на таа земја.Во меѓувреме, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го обвини Милановиќ за антисемитизам, откако хрватскиот претседател ги критикуваше постапките на израелскиот амбасадор во Хрватска, Гари Корен.Корен на почетокот на март бил повикан на разговор во претседателската резиденција, каде бил предупреден за „неприфатливи и штетни“ изјави кои ја вознемируваат јавноста и ѝ нанесуваат штета на Хрватска.

Свет | пред 1 седмица

milanovic-zoran-hrvatsak

Израелски министер: Говорот на Милановиќ е полн со омраза кон Израел

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, остро го критикуваше реагирањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на повикот на израелскиот амбасадор Гари Корен Хрватска да ги прекине дипломатските односи со Иран.Министерот истакна дека треба да се врши безбедносна проверка на вработените во иранската Амбасада во Загреб, оценувајќи дека реториката на хрватскиот шеф на државата е неприфатлива, исполнета со омраза и одразува антисемитски пристап.„Навредливата реторика на хрватскиот претседател е неприфатлива. Неговиот говор исполнет со омраза кон Израел и ционизмот одразува антисемитски пристап“, напиша Сар на платформата Икс.Тој потсети дека Хрватска припаѓа на Меѓународниот сојуз за сеќавање на холокаустот и се обврзала да се спротивстави на антисемитизмот.Министерот објави и дел од обраќањето на Милановиќ, во кое со црвен маркер ја истакна реченицата:„Не сакаме туѓи инфекции и бацили во Хрватска, ниту ирански, ниту израелски“.Во својот неодамнешен настап пред новинарите, Милановиќ остро реагираше на повиците на израелскиот амбасадор во Загреб, особено на повикот да се проверува безбедноста на персоналот во Амбасадата на Иран, зашто меѓу нив можеби има член на Иранската национална гарда, со пораката: „Ова е братски Загреб, не Тел Авив“.Милановиќ исто така рече дека Хрватска и Израел немаат „некакви посебни односи“.„Тоа е членка на Обединетите нации која е нападната без мандат од ОН. Тие видови вознемирување на јавноста – овде се некои ирански терористи, своите гадости и нечистотии нека ги остават таму од каде што дојдоа. Иран е навистина, кога станува збор за Блискиот Исток, како и Израел, склони кон одредени терористички методи. Што е убиството во Газа, ако не тероризам, и што е злоставувањето на израелските војници со Крав Мага ако не тероризам? Сепак, кога станува збор за Европа, Иран во Европа не делува терористички“, рече, меѓу другото, Милановиќ.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2023-12-01-at-10.49.15

Лавров го цитираше Милановиќ, па го спореди Гренланд со Крим

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска на прес-конференција во Москва го спомена хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, користејќи негова изјава за да направи споредба меѓу Гренланд и Крим.„Господинот Милановиќ рече дека за судбината на Гренланд може да одлучува само народот на Гренланд. Ако наместо Гренланд го ставите Крим, сè ќе ви стане појасно“, порача Лавров.Тој нагласи дека жителите на Крим гласале за присоединување кон Русија и оцени дека Крим за Москва има исто значење како што Гренланд има за Соединетите Американски Држави. Воедно, Лавров ги оспори американските тврдења дека интересот за Гренланд е поврзан со страв од кинеско или руско влијание, наведувајќи дека за такви закани нема докази.Претходно, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ преку објава на социјалните мрежи порача дека за иднината на Гренланд може да одлучува само тамошниот народ, во согласност со правото на самоопределување предвидено во законите на Кралството Данска.„Со оглед на актуелните политички, па дури и воени претензии кон Гренланд, автономен дел на Кралството Данска, истакнувам дека за Гренланд и за неговата иднина може да одлучува исклучиво гренландскиот народ, во согласност со правото на самоопределување што му го даваат законите на Кралството Данска.Не постои ниту една безбедносна причина што може да биде над тоа право на народот на Гренланд“, наведе, меѓу другото, Милановиќ.

Свет | пред 2 месеци

milanovic-zoran-hrvatska-1

Зоран Милановиќ убедливо победи, Приморац не му честиташе

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, поддржан од партијата СДП и коалицијата, убедливо победи по вториот круг на претседателските избори.Изборната комисија ја потврди убедливата победа на Милановиќ над кандидатот на владеачката Хрватската демократска заедница Драган Приморац.„Ова е голем ден за мене, оваа победа ја гледам како признание и одобрување за мојата работа. Ова е плебисцитна порака од хрватскиот народ до сите оние кои треба да ја слушнат и барам да ја слушнат“, изјави Милановиќ.Тој подаде рака на владата предводена од ХДЗ, иако меѓу него и премиерот Андреј Пленковиќ има огромни несогласувања.Пленковиќ не му честиташе на Милановиќ, а честитка и покрај убедливата победа не доби од неговиот противкандидат Драган Приморац.„Ние сме една горда нација и така ќе остане до крај и никој нема да нè дели колку сака“, рече Приморац.Според прелиминарните резултати на Државната изборна комисија, врз основа на речиси 100 отсто обработени избирачки места, Милановиќ, кандидатот на Социјалдемократската партија, освоил 74,66 отсто од гласовите, а Приморац 25,34 отсто.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања