Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лавров го цитираше Милановиќ, па го спореди Гренланд со Крим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2023-12-01-at-10.49.15

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска на прес-конференција во Москва го спомена хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, користејќи негова изјава за да направи споредба меѓу Гренланд и Крим.

„Господинот Милановиќ рече дека за судбината на Гренланд може да одлучува само народот на Гренланд. Ако наместо Гренланд го ставите Крим, сè ќе ви стане појасно“, порача Лавров.

— реклама —

Тој нагласи дека жителите на Крим гласале за присоединување кон Русија и оцени дека Крим за Москва има исто значење како што Гренланд има за Соединетите Американски Држави. Воедно, Лавров ги оспори американските тврдења дека интересот за Гренланд е поврзан со страв од кинеско или руско влијание, наведувајќи дека за такви закани нема докази.

Претходно, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ преку објава на социјалните мрежи порача дека за иднината на Гренланд може да одлучува само тамошниот народ, во согласност со правото на самоопределување предвидено во законите на Кралството Данска.

— реклама —

„Со оглед на актуелните политички, па дури и воени претензии кон Гренланд, автономен дел на Кралството Данска, истакнувам дека за Гренланд и за неговата иднина може да одлучува исклучиво гренландскиот народ, во согласност со правото на самоопределување што му го даваат законите на Кралството Данска.

Не постои ниту една безбедносна причина што може да биде над тоа право на народот на Гренланд“, наведе, меѓу другото, Милановиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања