Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛАВРОВ

sergej-lavrov

Лавров: Украина и Иран не се исто

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во четвртокот изјави дека ситуациите во Иран и Украина се разликуваат, бидејќи, според него, „Киев, заедно со своите западни спонзори, ги прекршил сите меѓународни норми што можело да се прекршат“.Од друга страна, како што рече, Иран „не прекршил никакви меѓународни обврски“.„Која е разликата меѓу ситуацијата во Иран и Украина? Разликата е во тоа што Исламската Република Иран не прекршила никакви меѓународни обврски, вклучително и оние што се однесуваат на иранската нуклеарна програма... Украина, заедно со своите западни спонзори, прекршила сè што можело да се прекрши“, изјави Лавров во интервју за телевизијата „Франс“.Според неговите зборови, во случајот со Украина, Русија предупредувала дека Франција, Германија и други западни земји ја водат ситуацијата кон криза, а исто така предложила склучување договор за безбедносни гаранции со САД и НАТО во декември 2021 година.„Ни беше кажано дека тоа не нè засега и дека Украина ќе влезе во НАТО“, нагласи Лавров.Тој додаде дека за време на преговорите за Украина, лидерите на Европската унија и НАТО се обидувале да ја одвратат американската делегација од договорите постигнати меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Енкориџ, Алјаска.„Сите наредни преговори по Енкориџ беа отежнати од фактот што ЕУ и раководството на НАТО, пред сè Урсула фон дер Лајен и Марк Руте, на секој начин се обидуваа да ги поткопаат тие разбирања и да ја одвратат американската администрација од договорите што ги поддржавме“, изјави Лавров.Тој додаде дека САД се обидуваат да обезбедат Киев да се согласи со договорите постигнати на самитот во Енкориџ.„Гледам дека американската страна настојува да направи сè за да обезбеди Киев да го прифати договорот што го постигнаа претседателите на Русија и САД на Алјаска“, изјави Лавров.Според него, по реализацијата на тие договори ќе останат уште низа прашања што треба да се решат меѓу Москва и Киев, бидејќи тие не биле сеопфатни.Тој посебно ги спомена прашањата за рускиот јазик и канонската Украинска православна црква, оценувајќи дека без притисок од ЕУ и НАТО не треба да се очекуваат чекори од Киев.Лавров го коментираше и предлогот за распоредување стабилизациски сили во Украина по евентуално примирје, оценувајќи дека тоа би претставувало „отворена окупација на земјата“.„Сега зборуваат дека Западот ѝ ветува на Украина ‘безбедносни гаранции’. Францускиот претседател Макрон повеќепати тврдеше дека тие гаранции, вклучително и распоредување ‘стабилизациски сили’, се решение, што на крај би значело чиста окупација“, заклучи шефот на руската дипломатија.

Свет | пред 3 дена

793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Сијарто тврди дека деталите од состанокот на ЕУ стигнале до Лавров преку медиуми и тајни служби

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој се најде во центарот на дипломатски скандал поради наводите дека на Сергеј Лавров пренел детали од состанок на официјалните лица на ЕУ, тврди дека целиот случај е поврзан со „странски разузнавачки служби“.Според неговите зборови, странските разузнавачки органи се обидуваат да се вмешаат во внатрешните работи на Унгарија преку новинарот на медиумите „Direkt36“ и „VSquare“, Саболч Панји, поврзан со кругови на Фидес и со поранешниот предизборен тим на политичарката Анита Орбан, инаку една од водечките опозициски политичари.Според Сијарто, Панји го предал бројот на телефонот на Сијарто на тајната служба на една земја-членка на ЕУ, што овозможило потенцијално следење на разговорите на министерот, пренесе „Magyar Nemzet“.Панји изјавил дека не е само пријател на Анита Орбан, туку и дека соработува со оваа политичарка од Тиса, партија која важи за фаворит на претстојните избори на 12 април.Сијарто посочил дека ѝ помага и понатаму во професионални прашања и дека порано работел во нејзиниот предизборен тим.Тој особено предупреди дека ваквите настани ја ставаат во прашање сувереноста на Унгарија и чие влијание би спроведувала потенцијалната нова влада.Сијарто додаде дека и Брисел е „активен учесник“ во овој обид за интервенција, додека Панји призна разговор со странски разузнавачки служби, но не откри идентитет на државата.„Стана јасно, дека и Брисел е активен играч во овој обид за интервенција“, заклучи шефот на унгарската дипломатија.

Свет | пред 5 дена

lavrov-

Лавров ги осуди нападите врз Иран и понуди руска дипломатска иницијатива

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговарал со иранскиот колега Абас Арагчи за состојбата на Блискиот Исток, по масовните напади на САД и Израел врз Иран.Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, било разговарано за „развојот на ситуацијата во регионот како резултат на непредизвикана вооружена агресија на САД и Израел против Иран“. Москва оцени дека ваквите акции ги кршат основните норми на меѓународното право и носат сериозни последици за целиот регион.Во разговорот, Лавров ја потврдил „принципиелната позиција“ на Русија во корист на деескалација, откажување од употреба на сила и премин кон политичко-дипломатско решавање на конфликтот, истакнувајќи дека Москва е подготвена да придонесе во таа насока.Дополнително било нагласено дека приоритет треба да биде заштитата на цивилите и цивилната инфраструктура во сите земји од регионот.САД и Израел во саботата започнаа обемен напад врз Иран, при што беа убиени неколку високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи. Техеран возврати со ракетни и дрон-напади врз Израел и цели поврзани со САД во земјите од Персискиот Залив.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта е уништување на иранските ракетни капацитети и спречување на развој на нуклеарно оружје, и покрај тоа што претходно се водеа разговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма со посредство на Оман.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2023-12-01-at-10.49.15

Лавров предупреди: Венецуела, Иран, Куба – ова веројатно не е крајот

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија и САД водат дијалог на различни нивоа за кризите и конкретни области на односите, но дека дошло време за фундаментална дискусија за визијата на Вашингтон за улогата на нуклеарните сили.Немам никакви сомнежи дека е време за фундаментална, сеопфатна дискусија за тоа како САД ја гледаат светската сцена, како се гледаат себеси во светот и каква улога им доделуваат на сите останати. Ова е особено важно за нуклеарните сили по очигледни причини“, нагласи Лавров на конференција за медиуми по средбата со министерот за надворешни работи на Брунеи, Ериван Јусоф.Иницијативата на Путин за состанок на лидерите на земјите од „нуклеарната петорка“ останува релевантна, додаде Лавров.„Овој разговор одамна требаше да се одржи. Се надевам дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тоа го разбира и ќе биде подготвена за ваква сериозна дискусија“, рече Лавров.Тој нагласи дека американските аспирации за контрола врз други земји можеби нема да застанат само на Иран, Венецуела и Куба.Државниот секретар на САД, Марко Рубио, неодамна, одговарајќи на прашање на новинар, предложи можност САД да управуваат со Иран на ист начин како што најавија за Венецуела. Сега се обидуваат со сличен план за Куба. И ова веројатно не е крајот“, истакна Лавров.Русија е отворена за дијалог со САД и Израел за ситуацијата на Блискиот исток и никогаш не го прекинала овој дијалог, додаде министерот.Израелските и американските сили започнаа воена операција против Иран наутро на 28 февруари, при што беше убиен иранскиот врховен лидер Али Хамнеи. Како одговор на операцијата, Иран изврши серија ракетни напади и напади со дронови насочени кон американските бази во Персискиот залив, а снабдувањето со нафта и гас од регионот е нарушено.

Свет | пред 3 седмици

sergej-lavrov

Лавров: Нема докази дека Иран развивал нуклеарно оружје

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека сè уште нема докази дека Иран развивал нуклеарно оружје.Сè уште не гледаме докази дека Иран развивал нуклеарно оружје, што беше главното, ако не и единственото, оправдување за војната. Ова е потврдено и од IAEA (Меѓународната агенција за атомска енергија) и од американските разузнавачки експерти. Потврда дека Иран не произведол, ниту се обидел да произведе нуклеарно оружје“, рече Лавров на прес-конференција со министерот за надворешни работи на Брунеј, Ериван Јусоф.Тој нагласи дека првиот приоритет во конфликтот на Блискиот исток е прекин на сите воени дејства кои резултираат со цивилни жртви.„Веруваме дека е императив категорично и одлучно да се залагаме за моментален прекин на непријателствата од сите страни. Како безусловен прв чекор, мора да направиме сè што е можно за да се запре било какво дејство кое води до цивилни жртви, било во Иран, каде повеќе од 150 девојчиња загинаа во напад на училиште, или во која било друга земја од Персискиот залив“, рече Лавров.Тој посочи дека на Блискиот исток во суштина се води војна и повтори дека Русија силно повикува на прекин на непријателствата од сите земји во регионот, пренесува RIA Novosti.

Свет | пред 3 седмици

lavrov

Лавров по коментарите дека Епстин бил руски агент: Ова не вреди ни за дискусија

Тврдењата на западните медиуми дека американскиот финансиски инвеститор и сексуален престапник Џефри Епстин можеби имал врски со руските разузнавачки служби не се ништо повеќе од лажно новинарство, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.Дипломатот реагираше на неодамнешните недокажани тврдења во западните медиуми и коментари на полскиот премиер Доналд Туск, кои сугерираат дека Епстин можеби бил агент на руските разузнавачки служби.Високите претставници во Москва рекоа дека тврдењата кои го поврзуваат Епстин со руските разузнавачки служби намерно се засилуваат за да се тргне вниманието од скандалот кој го откри лицемерието на моќните личности во САД и Европа.„Влегувате во жолто новинарство. Ова не вреди ни за дискусија. Тоа е обид за провокација од земји кои на одредени кругови во други земји случајно не им се допаѓаат“, изјави Лавров во интервју за НТВ емитувано во неделата.Тој додаде дека таквите шпекулации имале за цел да влијаат и на Републиканската и на Демократската партија во САД, како и на владите во Европа.Минатиот месец, Министерството за правда на САД објави голема количина на е-пошта, фотографии и видео снимки од имотот на Епстин, што доведе до повторно испитување на истакнати личности кои биле поврзани со Епстин, и покрај неговата осуда за сексуални злосторства.Декандентниот животен стил на Епстин и начинот на живеење на неговиот потесен круг претставуваат доказ за моралниот пропаст на западните елити, изјави Лавров. Досијата, додаде тој, „го откриле вистинското лице на Западот и на длабоката држава – или подобро кажано длабоката унија која управува со целиот Запад и се стреми да владее со светот“.

Свет | пред 1 месец

lavrov-951

Лавров: До мир во Украина има уште долг и тежок пат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нема простор за ентузијазам околу притисокот што американскиот претседател Доналд Трамп го врши врз Европа и Украина, нагласувајќи дека патот до мир е сè уште долг и неизвесен. Неговите пораки доаѓаат неколку дена по разговорите во Абу Даби, кои Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ги оценија како тешки, но конструктивни, иако Москва јасно сигнализира дека конечен договор ќе биде исклучително тешко да се постигне.Русија, според изјавите на Лавров, и натаму останува на своите почетни и максималистички позиции. Тие вклучуваат територијални претензии кон источните региони на Украина, јасно противење на членството на Украина во НАТО, како и отфрлање на можноста на украинска територија да бидат распоредени западни сили како дел од какви било безбедносни гаранции.Од украинска страна, претседателот Володимир Зеленски порача дека мирот може да се изгради исклучиво врз основа на цврсти и доверливи безбедносни гаранции. Тој предупреди дека Русија секое евентуално мировно решение би можела да го тестира преку нови напади или преку таканаречени хибридни операции, со што би се поткопала стабилноста и безбедноста во регионот.Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека датумот за следната рунда преговори сè уште не е утврден, иако се најавува дека тие би можеле да продолжат во скоро време. Паралелно со дипломатските пораки, Русија ги продолжува и воените дејства, при што во текот на ноќта беше погоден енергетски објект во јужниот црноморски регион Одеса, во момент кога Украина и понатаму се соочува со ниски температури и сериозни енергетски предизвици.

Свет | пред 1 месец

lavrov

Лавров: Москва води тајни разговори со европски лидери за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е во тајна комуникација со одредени европски лидери и дека со нив се водат разговори за завршување на рускиот воен конфликт во Украина.„Нема да кријам, во контакт сме со некои европски лидери. Тие се јавуваат и бараат овие разговори да останат тајни. Некои дури доаѓаат овде. И така се одржува таен контакт“, изјави Лавров.Тој додаде дека изјавите на европските лидери „за време на тие приватни, доверливи контакти“ не се разликуваат од она што го кажуваат јавно.„Тоа се исти повици: ‘Да го завршиме ова’, ‘Нешто мора да се преземе’“, рече Лавров.Лавров исто така посочи дека Европа има „безкомпромисен став“ според кој Русија мора да доживее „стратешки пораз“.„Нивниот став е следниот: Украина не смее да изгуби, Русија не смее да победи, бидејќи во спротивно Европа ја губи честа. Сè што сега прават е насочено кон спречување и оневозможување на преговорите кои, се чини, штотуку се наѕираат помеѓу Американците и нас, а сега се вклучуваат и украинските претставници“, додаде Лавров.

Свет | пред 1 месец

sergej-lavrov

Лавров обвинува: Грција ја уништи соработката со Русија и ja поддржува Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, обвини дека Грција ја „распарчила“ соработката со Русија градена со децении и дека се вклучила во „агресивни анти-руски изјави“.„Со започнувањето на специјалната воена операција [во Украина], Грција ја прекина соработката со Русија што се градела многу децении. Цел спектар на руско-грчка соработка – од политика и економија до култура и хуманитарни прашања – беше распарчен. По речиси четири години, официјалната политика на Атина кон нашата земја не се промени“, изјави Лавров, цитирајќи го соопштението на руската амбасада во Грција.Според пост на социјалните мрежи на амбасадата, Лавров го обвини и грчкото раководство дека испраќа оружје во Украина, кое, според него, се користи против цивили во регионот Донбас, „иако таму живеела голема грчка дијаспора со векови“.„Атина не ја зема предвид состојбата на своите сонародници кои живеат таму, одржуваат врски со Грција, имаат роднини таму, и постапките на Атина создаваат не само бројни проблеми, туку и директни закани за нивниот живот и здравје“, рече Лавров.Според соопштението на амбасадата, Киев „методично го притиска грчкото раководство да пренесе високоефикасни руски и советски системи за противвоздушна одбрана во Украина, и покрај способностите на Грција за одбрана“.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2023-12-01-at-10.49.15

Лавров го цитираше Милановиќ, па го спореди Гренланд со Крим

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска на прес-конференција во Москва го спомена хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, користејќи негова изјава за да направи споредба меѓу Гренланд и Крим.„Господинот Милановиќ рече дека за судбината на Гренланд може да одлучува само народот на Гренланд. Ако наместо Гренланд го ставите Крим, сè ќе ви стане појасно“, порача Лавров.Тој нагласи дека жителите на Крим гласале за присоединување кон Русија и оцени дека Крим за Москва има исто значење како што Гренланд има за Соединетите Американски Држави. Воедно, Лавров ги оспори американските тврдења дека интересот за Гренланд е поврзан со страв од кинеско или руско влијание, наведувајќи дека за такви закани нема докази.Претходно, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ преку објава на социјалните мрежи порача дека за иднината на Гренланд може да одлучува само тамошниот народ, во согласност со правото на самоопределување предвидено во законите на Кралството Данска.„Со оглед на актуелните политички, па дури и воени претензии кон Гренланд, автономен дел на Кралството Данска, истакнувам дека за Гренланд и за неговата иднина може да одлучува исклучиво гренландскиот народ, во согласност со правото на самоопределување што му го даваат законите на Кралството Данска.Не постои ниту една безбедносна причина што може да биде над тоа право на народот на Гренланд“, наведе, меѓу другото, Милановиќ.

Свет | пред 2 месеци

lavrov-putin

Русија застана зад Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се огласи за американско-европскиот спор околу иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање неговиот сегашен статус како дел од Кралството Данска.На годишната конференција за медиуми во Москва, Лавров изјави дека Гренланд „не е природен дел“ од Данска, додавајќи дека прашањето за поранешните колонијални територии станува сè поизразено во современите геополитички односи.Тој нагласи дека Русија нема никакви планови да преземе контрола врз островот и дека Вашингтон е свесен оти Москва нема интерес да се меша во прашањата поврзани со Гренланд, спротивно на тврдењата што претходно ги изнесе американскиот претседател Доналд Трамп.Лавров додаде дека Русија внимателно ја следи „сериозната геополитичка состојба“ околу Гренланд, оценувајќи дека прашањето треба да се разгледува и решава во рамки на НАТО, како дел од внатрешните одлуки на сојузот.

Свет | пред 2 месеци

lavrov-

Лавров: Светскиот поредок сè повеќе се темели на „законот на посилниот“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека современиот светски поредок сè повеќе се темели на „законот на посилниот“, наведувајќи дека правилата врз кои Западот го градел меѓународниот систем се практично напуштени. Изјавата ја даде на прес-конференција посветена на резултатите од руската дипломатија во 2025 година.Лавров истакна дека последиците од ваквата политика не се чувствуваат само во земјите од глобалниот Југ и Исток, туку сè поизразено се манифестираат и во самите западни општества. Според него, кризите и внатрешните тензии таму се резултат на напуштањето на принципите кои Западот самиот ги прогласувал за темел на меѓународниот поредок.Тој нагласи дека Русија ќе продолжи доследно да ги брани своите интереси и нема да дозволи произволно постапување кон своите легитимни права. Воедно порача дека Москва е подготвена за дијалог со меѓународните партнери врз основа на меѓусебно почитување, рамноправност и заемност, оценувајќи дека сите обиди за изолација на Русија досега пропаднале.Лавров повтори дека Русија, како што претходно повеќепати истакнал и претседателот Владимир Путин, останува посветена на пронаоѓање дипломатско решение за војната во Украина. Во исто време, тој ја обвини Европската унија дека се обидува да ги поткопа напорите на САД за мировно решение и дека настојува да изврши влијание врз ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на украинската криза.Според Лавров, европските држави и натаму размислуваат во категории на нанесување „стратешки пораз“ на Русија и, како што рече, сериозно се подготвуваат за можна конфронтација. Тој додаде дека од руската страна никогаш не недостасувала подготвеност за компромис, но дека Западот систематски ги поткопувал сите постигнати договори.Говорејќи за пошироката безбедносна слика, Лавров најави дека Русија ќе продолжи да ја промовира иницијативата за поголемо евроазиско партнерство и создавање паневроазиска безбедносна архитектура заснована на еднаквост и неделива безбедност. Тој посочи дека Москва е подготвена да помогне и во смирување на тензии во други кризнични региони, меѓу кои Венецуела и Иран, како и дека односите со Кина достигнале ниво без преседан.На крајот, Лавров оцени дека кризничните трендови сè појасно се манифестираат и внатре во западните општества, наведувајќи ги дебатите околу Гренланд како пример што, според него, го отвора прашањето за зачувување на единството на НАТО како клучен западен воено-политички блок.

Свет | пред 2 месеци

lavrov

Лавров: Продажбата на НИС на унгарската МОЛ е во интерес на Русија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека прелиминарниот договор за продажба на пакет акции од српската компанија НИС, кој е во сопственост на „Гаспромњефт“, на унгарската компанија МОЛ е заемно корисен и е во интерес на Русија.„Ние сме отворени за соработка со сите“, истакна Лавров, додавајќи дека Русија е подготвена да соработува и со Соединетите Американски Држави во врска со ова прашање.„Гаспромњефт“ во понеделникот потврди дека со унгарската компанија МОЛ потпишал договор за намери за продажба на пакет акции во Нафтената индустрија на Србија. Претходно, МОЛ соопшти дека има потпишано обврзувачки прелиминарен договор со „Гаспромњефт“ за купување на 56,15 отсто од уделот во НИС.За финализирање на трансакцијата ќе биде потребно одобрение од Министерството за финансии на САД, како и од српските надлежни институции. Според најавите, страните планираат договорот за купопродажба да го потпишат најдоцна до 31 март.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ му одговори на Лавров: Ниту на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека Белград нема намера да презема туѓ имот и дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) мора да продолжи нормално да функционира. Тој истакна дека е подготвен да ги разгледа сите предлози на руската страна за да се обезбеди стабилно работење на компанијата.„Сè што нашите руски пријатели сметаат дека можеме да направиме за НИС да продолжи да функционира, ние досега го правевме. Ќе го правиме и понатаму“, изјави Вучиќ, додавајќи дека решението „не е така едноставно како што звучи“, но дека Србија е подготвена да ги слушне сите конкретни идеи.Изјавата следи по коментарот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој порача дека национализација на НИС не може да се случи без обострана согласност меѓу двете земји. Вучиќ повтори дека Србија не размислува за одземање имот.„Ни на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого. Ќе направиме сè сопствениците да останат задоволни. А ако работењето стане невозможно, Србија ќе плати — како што доликува на сериозна држава“, нагласи тој.Говорејќи за можноста да се најде решение кое ќе овозможи НИС да ја избегне изложеноста на американски санкции, Вучиќ оцени дека тоа би било „одлично“ доколку е остварливо, но предупреди дека процесот ќе биде сложен.Тој додаде дека Србија нема да дозволи да остане без клучните енергетски капацитети: „Србија без нафта, без НИС и без рафинерија — тоа нема да се случи.“Вучиќ посочи и дека меѓународните институции, како ММФ и Светската банка, прогнозираат силен економски раст во Србија во наредните пет години, но дека фокусот во моментов мора да остане на енергетскиот сектор.Лавров претходно соопшти дека околу НИС е во тек преговарачки процес и повтори дека меѓувладиниот договор меѓу Србија и Русија изречно забранува национализација без взаемна согласност.

Свет | пред 3 месеци

lavrov-951

Москва нуди дијалог – Лавров: „Потребни се гаранции за виталните интереси на Русија“

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пред Генералното собрание на ОН изјави дека Москва е отворена за преговори за завршување на војната во Украина под одредени услови. Тој ги демантираше тврдењата дека Русија планира напад врз земјите од НАТО и предупреди дека секоја агресија против Русија ќе биде соочена со одлучен одговор.Лавров во својот говор се осврна и на состојбата во меѓународниот поредок, потсетувајќи на големите воени паради во Москва и Пекинг по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна. Тој рече дека Русија го осудува нападот на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври, но и дека нема оправдување за „бруталните убиства на Палестинците“. Лавров додаде дека исто така не прифаќа планови за анексија на Западниот брег и оцени дека обидите на Западот за повторно воведување санкции кон Иран се незаконски.Во делот посветен на Украина, Лавров кажа дека Русија останува подготвена за преговори за отстранување на „темелните причини“ за конфликтот. Тој истакна дека безбедноста и виталните интереси на Русија треба да бидат сигурно договорени и дека правата на Русите и рускоговорното население на територии под контрола на Киев треба да им бидат вратени. На таа основа, според него, Москва е спремна да преговара и за безбедносни гаранции за Украина.Одговарајќи на обвинувањата дека Русија планира напади врз земјите членки на НАТО, Лавров рече дека претседателот Путин веќе повеќе пати ги демантирал таквите наводи и дека Русија нема такви намери. Тој, сепак, предупреди дека секоја агресија против Русија ќе добие одлучен одговор и порача да не постои сомнеж во тој став меѓу членовите на НАТО и Европската унија.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2023-12-01-at-10.49.15

Лавров: За мир со Украина мора да се признаат „новите територијални реалности“

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва очекува продолжување на преговорите со Украина, но само доколку во нив се признаат „новите територијални реалности“ и се воспостават нови системи на безбедносни гаранции.„За мирот да биде одржлив, новите територијални реалности мора да се признаат и формализираат во меѓународно-правна смисла,“ рече Лавров во интервју за индонезискиот весник Компас.Тој индиректно се осврна и на прашањето за приклучувањето на Украина кон НАТО, нагласувајќи дека Киев треба да има „неутрален, несврстан и ненуклеарен статус“.Украина возврати дека Русија нема право да одлучува за нејзините меѓународни сојузи, додека НАТО останува на ставот дека Москва не може да има вето врз членството на земјите во Алијансата.Лавров додаде дека шефовите на руската и украинската делегација се во директен контакт и изрази очекување дека разговорите ќе продолжат.

Свет | пред 6 месеци

79d64948-0d9d-41d3-a760-2f7b5cfe431f

(Видео) Лавров на Алјаска во „СССР“ маица: Москва ќе изнесе „јасен став“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Анкориџ, Алјаска, каде утре ќе се одржи самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. При влегување во хотелот, Лавров кратко разговараше со новинарите, облечен во маица со натпис „СССР“ (советскиот акроним за Сојузот на Советските Социјалистички Републики).Тој изјави дека Москва на состанокот ќе изнесе „јасен и разбирлив став“ и дека во текот на неодамнешната посета на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва, било постигнато „многу“.„Ние никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасен и разбирлив став. Тоа и ќе го презентираме,“ рече Лавров, додавајќи дека се надева утрешниот самит да продолжи со „корисниот разговор“ започнат со Виткоф.

Свет | пред 7 месеци

lavrov-951

Лавров: Се надеваме дека нема да видиме обиди за „обоена револуција“ во Србија

Москва внимателно ја следи ситуацијата со протестите во Србија и изразува надеж дека немирите ќе се смират на уставен и законски начин, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.„Го следиме развојот и заинтересирани сме овие немири да се решат, како што истакна и претседателот на Србија, Александар Вучиќ – во рамки на уставот и законите на оваа пријателска држава“, рече Лавров пред новинарите.Тој додаде дека Русија очекува западните земји да не се вмешуваат и да не ги користат протестите за свои геополитички цели.„Се надеваме дека овојпат нема да видиме обиди за т.н. обоени револуции, како што често знаат да прават западните актери во други земји“, рече шефот на руската дипломатија.Лавров потенцираше и дека е клучно демонстрантите да ги почитуваат српските закони, а ги поздрави и сигналите од српското раководство за отвореност кон дијалог.„Доколку постои волја за разговор, тоа е единствениот вистински пат за надминување на секој внатрешен конфликт“, заклучи Лавров.

Свет | пред 9 месеци

lavrov-951

Лавров ги спореди Косово и Крим во интервју: САД секогаш работат по истиот модел

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, даде интервју за новинарот Такер Карлсон во Кремљ, споредувајќи ги едностраните прогласи за независност на Крим и Косово во контекст на американската надворешна политика.Такер Карлсон го праша Сергеј Лавров за ситуацијата во земјите околу Русија и дали мисли дека САД го отежнуваат решавањето на конфликтот, пренесува N1.„Искрено, нема ништо ново овде, бидејќи САД, историски гледано, во надворешната политика дејствуваа така што создадоа проблем и потоа гледаа како да ја искористат таа ситуација за себе“, рече тој, наведувајќи ги конфликтите во Ирак, Либија, Авганистан...Ако се анализира американската надворешна политика, тврди еден од најблиските соработници на Путин, може да се види истата шема.https://twitter.com/TuckerCarlson/status/1864804141735842253?ref_src=twsrc%5Etfw„ОБСЕ ги следи изборите во Грузија. Кога ги следат изборите во Русија, Белорусија, Казахстан, секогаш се многу негативни. Овој пат во Грузија, набљудувачката мисија на ОБСЕ презентираше позитивен извештај, но тој беше игнориран. Значи, кога ви се допаѓаат изборните резултати, ги одобрувате, кога не ви се допаѓаат, ги игнорирате“, рече Лавров.Како пример ја наведе едностраната декларација за независност на Косово, која ја поддржаа САД, велејќи дека се работи за правото на самоопределување.„Кога неколку години подоцна Косово еднострано прогласи независност, немаше референдум. После тоа, Србите се обратија до Меѓународниот суд на правдата, кој пресуди дека кога дел од територијата ќе прогласи независност, не е неопходно да се договори за тоа со централната власт“, ​​рече Лавров.

Свет | пред 1 година

lavrov-intervju

Лавров за ракетата Орешник: Подготвени сме на се

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека употребата на хиперсонична балистичка ракета Орешник во војната во Украина е обид да се натера Западот да разбере дека Москва е подготвена да ги искористи сите средства за да се осигура дека нема да биде нанесен со „стратешки пораз“.Во интервјуто со Такер Карлсон, водител близок на Доналд Трамп, емитувано синоќа на Х, Лавров рече: „Пораката е дека вие - мислам на САД и сојузниците на САД, кои исто така му доставуваат оружје со долг дострел на режимот во Киев - мора да разберете дека ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите средства за да ги спречиме да успеат во, како што го нарекуваат стратешки пораз на Русија“.Лавров, исто така, рече дека е „многу сериозна грешка“ за некој на Запад да претпостави дека Русија нема црвени линии или дека тие „постојано се движат“.Да потсетиме, Русија пред две недели ја истрела својата нова хиперсонична ракета Орешник кон украинскиот град Днипро во големата ескалација на војната која трае речиси три години. Рускиот претседател Владимир Путин оттогаш се закани дека ќе употреби оружје против Киев како одговор на украинските напади на руска територија.https://twitter.com/TuckerCarlson/status/1864804141735842253

Свет | пред 1 година

lavrov

Лавров: Русија е подготвена да ги искористи сите средства за да спречи стратешки пораз

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека употребата на хиперсонична ракета во војната во Украина е обид да се натера Западот да разбере дека Москва е подготвена да ги искористи сите средства за да се осигура дека нема да биде нанесен со „стратешки пораз“.Во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон емитувано во четвртокот, Лавров рече: „Пораката е дека вие, мислам на САД и сојузниците на САД, кои исто така го снабдуваат ова оружје со долг дострел на режимот во Киев -- мора да разберете дека ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите средства за да не им дозволиме да успеат во, како што го нарекуваат стратешки пораз на Русија“.Лавров, исто така, рече дека е „многу сериозна грешка“ за некој на Запад да претпостави дека Русија нема црвени линии или дека тие „постојано се движат“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2023-12-01-at-10.49.15

Лавров: Студената војна оживеа

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во Евроазија.„Актуелната администрација на Џо Бајден во САД ја зајакнува воената инфраструктура на НАТО во азиско-пацифичкиот регион“, рече Лавров во говорот за време на 31-от состанок на Советот на министри на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во кој беше домаќин.Украинската делегација ја напушти салата пред говорот на министерот Лавров.Шефот на руската дипломатија го критикуваше ОБСЕ во врска со Украина, додавајќи дека организацијата само ги слушала постапките на владата во Киев и затоа е „бескорисна“.Наведувајќи го како пример откажувањето на визата издадена на портпаролката на руското МНР Марија Захарова поради доаѓањето на Малта, Лавров рече дека тоа е „смешна“ одлука.Лавров посочи дека ОБСЕ се претвори во политичко оружје на Западот.„ОБСЕ стана жртва на политиката на потчинување на Европа на САД со помош на евроатлантскиот концепт за безбедност“, рече тој.Тој ја оцени и американската политика кон азиско-пацифичкиот регион, истакнувајќи дека е неопходно да се спречи трагедија на тој простор. „Студената војна оживеа, но сега постои поголем ризик таа да се претвори во жешка фаза“, рече Лавров.

Свет | пред 1 година

sergej-lavrov

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, за прв пат од 2022 година

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да ја посети Малта во декември за да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, објави во петокот Ведомости, цитирајќи ја портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.Тоа ќе биде негова прва посета на која било земја од Европската унија откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година.Амбасадата на Малта во Русија потврди за Ведомости дека одлуката да се одржи состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ на островот на 5 и 6 декември „се однесува на сите членки, вклучително и на Руската Федерација“.„Делегациите на ОБСЕ се редовно информирани за напредокот на подготовките. Дополнителни практични детали, вклучително и покани, ќе бидат испратени до сите делегации на ОБСЕ во догледно време“, соопшти амбасадата.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Лавров: Русија сака само едно

Русија сака само едно – да нема безбедносни закани од Запад, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на форумот „Примаковови читања“.Тој уште еднаш повтори дека Вашингтон нема да успее да ја зачува хегемонијата во светот, иако САД веројатно ќе останат еден од светските центри.„Дури и САД да останат еден од светските центри, што најверојатно ќе биде така, тоа воопшто не значи дека светскиот поредок ќе биде таков што САД ќе имаат централно место во него“, објасни Лавров.Министерот додаде дека пропаднала желбата на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да и нанесе „стратешки пораз“ на Русија, како и некои други аспирации на Вашингтон, кои не се однесуваат само на Москва.„Генерално кажано, аспирациите и трендовите што ги следиме во практичната политика на администрацијата на Бајден не се нови, без разлика дали се работи за неуспешните идеи да и се нанесе стратешки пораз на Русија или прилично наивната желба истовремено да се контролираат Москва, Пекинг и сега Исламска Република Иран се добива впечаток дека владејачките елити во Соединетите држави не научија од нивните бројни надворешнополитички и воени неуспеси во последните години“, рече Лавров.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Русите создаваат нов светски поредок: Лавров ги откри деталите

Русија ќе продолжи да ги зајакнува врските во сите области со земјите од глобалниот југ и исток, кои ја споделуваат својата посветеност на принципите на Повелбата на Обединетите нации.Тоа значи дека тие се залагаат за почитување на правото на народот да си ја одредува сопствената судбина, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.Неговата порака беше прочитана од рускиот амбасадор во Душанбе, Семјон Григорјев, на Меѓународниот културен и цивилизациски форум „Традиционалните вредности на источните народи и современиот свет“, пренесе ТАШ.„Русија продолжува со интензивните напори за зајакнување на правните и моралните принципи на меѓународната комуникација, што е суштински предуслов за формирање на поправеден мултиполарен светски поредок“, рече Лавров.Во таа насока, додаде тој, Москва ќе продолжи да гради сеопфатна соработка со земјите од глобалниот југ и исток, кои, како Русија, се цврсто посветени на принципите на Повелбата на ОН, се залагаат за почитување на културната и цивилизациската различност на народите во светот и нивното право на самоопределување ја одредуваат нивната судбина.Лавров истакна дека е убеден дека форумот ќе направи многу за зајакнување на пријателството и довербата меѓу народите и овозможување на изработка на корисни практични препораки.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања