Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лавров: Москва води тајни разговори со европски лидери за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
lavrov

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е во тајна комуникација со одредени европски лидери и дека со нив се водат разговори за завршување на рускиот воен конфликт во Украина.

„Нема да кријам, во контакт сме со некои европски лидери. Тие се јавуваат и бараат овие разговори да останат тајни. Некои дури доаѓаат овде. И така се одржува таен контакт“, изјави Лавров.

— реклама —

Тој додаде дека изјавите на европските лидери „за време на тие приватни, доверливи контакти“ не се разликуваат од она што го кажуваат јавно.

„Тоа се исти повици: ‘Да го завршиме ова’, ‘Нешто мора да се преземе’“, рече Лавров.

— реклама —

Лавров исто така посочи дека Европа има „безкомпромисен став“ според кој Русија мора да доживее „стратешки пораз“.

„Нивниот став е следниот: Украина не смее да изгуби, Русија не смее да победи, бидејќи во спротивно Европа ја губи честа. Сè што сега прават е насочено кон спречување и оневозможување на преговорите кои, се чини, штотуку се наѕираат помеѓу Американците и нас, а сега се вклучуваат и украинските претставници“, додаде Лавров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања