Министерство за правда: Зголемен степен на реализација на реформските активности во правосудството
Министерството за правда информира дека е забележан зголемен степен на реализација на реформските активности во правосудството, се наведува во соопштение од Министерството. Денеска, како што е соопштено, се одржала третата седница на Советот за следење на реформите во правосудството.Од Министерството посочуваат дека повеќе од половина од планираните активности за 2025 година веќе се реализирани. Како што стои во соопштението, од вкупно 116 активности, 66 се целосно спроведени, а 50 се во тек, што се оценува како зголемена динамика во реформскиот процес.Во соопштението се наведува и дека на седницата се заокружени клучни процеси за функционирањето на Советот, при што е донесен Деловник за работа, а едногласно е усвоена и Методологијата за следење и евалуација на Секторската стратегија за правосудство 2024–2028 година.Од Министерството оценуваат дека со тоа се воспоставува основа за поголема ефикасност, транспарентност и отчетност во следењето на реформите, стои во соопштението.Фокусот, како што се додава во соопштението, останува на конкретни резултати и мерки со рок до јуни 2026 година.Министерството за правда најавува продолжување на работата во соработка со надлежните институции, меѓународната заедница и експертската јавност, се наведува во соопштението.
Македонија | пред 15 часа