Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Министерството за правда: Протестот има политичка позадина и манипулација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryvrirp2415dn9bH9aytS

Министерството за правда го потврдува правото на протест, но изразува загриженост дека денешниот собир бил политички манипулиран, со етничка реторика и без државни обележја, што според нив отвора сомнежи за инструментализација од опозициски структури. За барањата околу правосудниот испит, велат дека се спроведува според закон и е механизам за квалитет, не управна постапка. Министерството најавува отвореност за дијалог во законски рамки и порача дека нема да дозволи злоупотреба на Уставот и законите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за правда го потврдува правото на протест како фундаментално демократско право, но како што велат изразуваат загриженост за обиди за политичка манипулација на денешниот собир.

„Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог.

Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојбите во правосудниот систем.

Особено загрижува улогата на одредена  опозициска партија, и нивното делување во контекст на актуелните протести .Ваквите постапки отвораат сомнежи за обид за јавна манипулација и инструментализација  преку поттикнување на чувствителни  прашања и очигледно користење на етничка реторика за остварување на краткорочни политички цели.

Во тој контекст евидентно е и отсуството на користење на државни обележја  на денешниот протест што дополнително упатува на  демократскиот капацитет на организаторите и нивниот однос кон државата и уставниот поредок.

Во однос на барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит,Министерството за правда уште еднаш  потенцира и потврдува дека истиот се спроведува согласно важечката законска рамка. Станува збор за стручен испит кој не претставува управна постапка, туку механизам за обезбедување на квалитет и стручност во правосудниот систем.

Министерството за правда останува отворено за конструктивен дијалог со сите засегнати страни и внимателно ги разгледува сите иницијативи и предлози, исклучиво во рамки на законските надлежности. Наш приоритет останува јакнењето на правниот поредок и воспоставување на фер, транспарентен и квалитетен систем на стручна евалуација, ослободен од политички влијанија.

Нема да дозволиме никаква злоупотреба на Уставот и законите“, велат од Министерство за правда.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3rgaolbpfusv7lx1j4z

Јазикот на правосудниот испит отвора нова политичка дебата - Мицкоски најави решение, Касами бара испит на албански јазик

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqjrm6bcq5pet0TY3wVG

„Македонија има еден службен јазик на целата територија, секој кој живее и работи треба да го знае“, велат од Македонски Концепт

Македонија | пред 2 седмици

jove-kekenovski

„Правото не е етнички договор“ – професорот Кекеновски за барањето правосуден да се полага на албански

Коментари | пред 2 седмици

media-librarysl086gl5dr5d2LaHLcD

Адвокатот Димитријевиќ до студентите кои протестираа: Ако задолжителен јазик во судските постапки е македонскиот, тогаш мора да се познава и користи

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања