Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

media-library7gnt5ohjvbqq3LulsDu

Жена и малолетен син нападнати од сопругот во скопско село

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 16:30 часот, во СВР Скопје 44-годишна жена пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом во скопско село, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг В.В., информираат од Министерството за внатрешни работи.Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

mkd-416773

Работник од Виница паднал во отворена шахта – пренесен во болница

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 15:55 часот, во ОВР Виница од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив е донесен со повреди Д.Д. (43) од село Градец, виничко, соопштија од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, мажот се повредил поради пад во отворена шахта на неговото работно место, во хидроцентрала во близина на селото Градец, сопственост на правно лице.Повредениот бил пренесен во Општата болница во Кочани, каде му била укажана медицинска помош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Несреќа во Велес: „Мерцедес“ излетал од патот и удрил во дрво, тешко повреден возачот

Утрово околу 09:35 часот во Велес, на улицата „Академик Пенчо Давчев“, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „мерцедес“, управувано од А.П. (47) од Велес, излетало од коловозот и удрило во дрво, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес.По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Велес, информираат од МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Хорор во Дебарско: жена киднапирана од дворот на својот дом, однесена во напуштена зграда и силувана

Две лица од Дебарскиот регион се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л. (26) од селото Џепиште поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела грабнување и полов напад и силување, како и против Е.В. (18) од селото Отишани, поради сомнение за сторено кривично дело грабнување,“ информираат од МВР.Според полициските информации, на 6 ноември 2025 година околу 19 часот, двајцата осомничени насилно ја извлекле 30-годишната жена од дворот на нејзината куќа во село во Дебарско и ја внеле во возило „Ауди“, управувано од Е.В.Потоа се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде што А.Л. физички ја нападнал, при што оштетената изгубила свест, а тој потоа ја силувал.По извршениот напад, двајцата ја однеле жената во Општата болница во Струга, каде побарале лекарска помош.Од МВР информираат дека двајцата сторители се пронајдени и уапсени, а против нив е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Лишени од слобода лихвари од Кавадарци, земале над 700.000 денари за долг од 80.000 денари

На 06.11.2025 во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари.По издадена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што се пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Сообраќајка на обиколницата кај Хиподром, голф излетал од коловозот

Скопјанец на 78 години е тешко повреден откако излетал со возило на обиколницата кај Хиподром.На 05.11.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на град Скопје, на клучка Хиподром, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(78) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

mobilen-telefon

Директорка од Куманово си ги присвоила службените мобилни телефони

Поранешна директорка на средно училиште во Куманово присвоила два училишни мобилни телефони вредни 130 илјади денари.СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Пријавената, во текот на 2024 година во својство на директор на средно училиште во Куманово, присвоила два мобилни телефони сопственост на училиштето, кои и биле доверени за користење, односно по завршување на нејзиниот мандат не ги вратила, со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 130.000 денари.

Македонија | пред 4 месеци

brza-pomos-nokje-3

Загинати се возачот и сопатникот на пасатот во сообраќајката на Плетвар, МВР соопшти детали

МВР утринава соопти детали до страшната соображајна несреќа на Плетвар што се случи вчера, а во која има две жртви со смртни последици и уште тројца се тешко повредени.На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О.(31) од с.Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од с.Дреново, кавадаречко.Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П.(56) од с.Дреново, кавадаречко.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“ и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко, како и сопатниците од патничко возило „киа“ Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко, констатирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп, соопшти МВР

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymvhqi6g141pperknuhR

(Фото) Две лица загинаа, пет повредени во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 17:00 часот на патот А1 Прилеп – Росоман, во близина на селото Радобил, потврдија од Министерството за внатрешни работи.Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила, при што пет лица се здобиле со повреди, а двајца загинале на лице место.„Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица,“ информираат од МВР.Полицијата извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот од 18:00 часот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.Од МВР додаваат дека деталните информации за причините и околностите на несреќата ќе бидат соопштени по завршувањето на увидот.

Македонија | пред 4 месеци

pari-1

Осуденик и велешанка со украдени податоци на жена од Штип земале седум кредити

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични податоци, по што во текот на април и мај 2025 ги искористиле така што во име на лицето аплицирале за седум потрошувачки кредити во седум финансиски друштва за вкупен износ од 227.500 денари. После тоа, второпријавената неовластено ги обезбедила, а подоцна и употребила податоците од банкарската картичка на лицето и извршила 11 успешни трансакции на банкомати на банки во Велес и Штип во износ од 214.000 денари.

Македонија | пред 4 месеци

siluvanje-1-640x432-163518

Ја силувал малолетната поќерка, полицијата уапси 46-годишен скопјанец

Полицијата го привела осомничениот, а по документирање на случајот ќе следува пријава.На 03.11.2025 во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР

Скопје | пред 4 месеци

media-library9qgknk71fh657X5hU9a

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

„Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ велат од МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-library57ko4iji91rrbFJmH47

Неверојатен инцидент на Задушница на гробишта во Ѓорче Петров: човек со мантија глумел поп на гробишта

На гробиштата во Ѓорче Петров, во саботата на задушница, лицето Б.П. се претставувало како поп и пеело за душа на успокоените. Од МВР инсидентот го потврдија.Кога пристигнала полицијата, неколкумина полицајци го привеле, а посетителите на гробиштата останале збунети.Од МВР велат дека случајот се расчистува.„На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР…

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

(Видео) Жена прегазена на пешачки премин кај „Јосип Броз Тито“, возачот избегал кон Водно

Синоќа во центарот на Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која тешко повредена е 79-годишна жена, а возачот кој ја удрил со автомобил побегнал од местото на настанот, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.„На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата ‘Димитрие Чуповски’ во Скопје, патничко возило ‘Фолксваген Тигуан’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (33) од Скопје, удрило во пешакот М.М. (79) од Скопје и го напуштило местото на настанот“, соопштија од МВР.Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По преземените мерки, возачот бил пронајден и приведен на локалниот пат кон Средно Водно.„Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Настани | пред 4 месеци

motor

Трагедија во Куманово: Младо момче загина во тешка сообраќајка

Дваесет и едногодишен мотоциклист од Куманово го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во селото Длабочица, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.„На 02.11.2025 година, во 17:25 часот, во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управуван од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот. Во незгодата на лице место починал А.Д.“, соопштија од МВР.Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а се работи на утврдување на причините кои довеле до трагичниот настан.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-10-10-at-13.10.41

Приведени девет лица за нелегални борби со кучиња во Битолско

Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ извршиле акција во селото Црнеец, при што од слобода биле лишени девет лица од Македонија и Косово, кои организирале нелегални борби со кучиња.Против сите нив ќе биде поднесена кривична пријава за „мачење животни“, соопшти полицијата.Според информациите, четворица од приведените се државјани на Косово, на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица се од Битола (51, 41, 43 и 43 години), а еден од Штип, стар 59 години.Од СВР Битола за МИА потврдија дека лицата биле затекнати во дворно место во селото, каде што се одвивале борбите.„Во текот на акцијата, синоќа во 23 часот, полициските службеници пронајдоа едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од извршеното кривично дело. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава за ‘мачење животни’“, изјавија од полицијата.

Македонија | пред 4 месеци

klinikimajka-tereza

МВР со детали за смртта на Кире Ѓорѓиевски кој беше осуден на 13 години затвор за настаните на 27 Април

МВР денеска соопшти детали за смртта 47 годишниот Кире Ѓорѓиевски чија здравствена состојба во затворот во Штип му се влошила. Починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ без траги на насилство.На 01.11.2025 во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип е пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа, соопшти МВР

Магазин | пред 4 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

МВР апелира: Ако видите нарушувања на изборниот процес јавете се на 192

Според МВР, Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера низ целата држава. Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности во рамки на своите надлежности за непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.,,До овој момент не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Иако се забележани неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, по преземени мерки на МВР, наводите не се потврдени.МВР апелира до граѓаните и политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Секоја информација за можни нарушувања на изборниот процес може да се пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 и 112”, информира МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Тројца млади од Виница приведени поради пронајдени траги од бела прашкаста материја

Полициски службеници од Полициското одделение во Македонска Каменица во петокот навечер извршиле контрола врз паркирано патничко возило марка „Фолксваген Пасат“ со винички регистарски ознаки, во кое биле затекнати три лица.Интервенцијата се случила на 31 октомври 2025 година, околу 23:10 часот, на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица. Возилото го паркирал Д.П. (21), а во него се наоѓале Д.К. (20) и малолетно лице на возраст од 15 години, сите од село во општина Виница.При прегледот, полицијата пронашла предмети со остатоци од бела прашкаста материја, поради што лицата биле повикани на службен разговор.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

sef

Украден сеф со пари од филијала на фирма во Бит Пазар

Непознат сторител провалил во филијала на правно лице на подрачјето на Бит Пазар и со употреба на сила и алат одзел сеф со пари. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.На 30.10.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 29/30.10.2025 во филијала на правно лице на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила и алат одзело сеф со пари. Се преземат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Пронајден и уапсен возачот што го прегази 11-годишното девојче во Маџари

По дводневна потрага, полицијата го уапси 59-годишниот скопјанец кој со „фиат сеиченто“ ја удри малолетничката на улицата „Перо Наков“ и избегал од местото на несреќата. Девојчето се здобило со тешки повреди, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава.На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје. Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР

Скопје | пред 5 месеци

grobista

Од гробишта Бутел украдени бронзени бисти

Две пријави за кражба на бронзени бисти поднесени во СВР Скопје, случаите се истражуваат.На 29.10.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје, Д.В.(79) од Скопје пријави дека во периодот од месец мај 2025 до 26.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место биле одземени две бронзени бисти. Исто така, Б.В.(41) од Скопје пријави дека во периодот од месец април 2025 до 23.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место била одземена една бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случаите., соопшти МВР

Скопје | пред 5 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Парите ги дала на рака и никогаш не отишла на патувањето: Жена од Куманово измамена од туристички агент за 2.000 евра

Жена пријавила дека била измамена од вработен во туристичка агенција во Скопје, кој ѝ земал пари за патување што никогаш не било реализирано.-На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да ѝ биде дадена во наредните денови.Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето ѝ кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да ѝ бидат вратени, лицето не одговорило на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryaerafspo16035KL9Pb8

Незаконски дневници и потпишани решенија: Кривична пријава за поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), неговиот заменик и неколку вработени, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и проневера на буџетски средства.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, против лицето З.А., поранешен директор на АХВ, е поднесена пријава за „проневера во службата“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик.За истото кривично дело, во форма на помагање, се пријавени и Ф.М., поранешен заменик директор, како и Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во институцијата.Истражните органи утврдиле дека во периодот од 2017 до 2020 година, поранешниот директор З.А. во повеќе наврати противправно прибавувал парични средства доделени за службени патувања во странство.Наместо дозволените 20% дневници, согласно важечката уредба за службени трошоци, тој примал по 50% дневници, иако трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата.Според пријавата, заменик-директорот Ф.М. со потпишување на решенијата за службени патувања му овозможил на директорот незаконски да ги наплати повисоките износи, додека Л.А., А.Р. и Е.Т. подготвувале службени решенија спротивно на уредбата.Потоа, А.Б. и А.Б. ги одобрувале исплатите иако, според МВР, знаеле дека документите не се законски изготвени.На овој начин, З.А. се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка, а истрагата ќе продолжи за да се утврди целосната одговорност на сите инволвирани лица.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

МВР: Во Скопје и Куманово училишта попладнево добиле дојави за поставени бомби

Министерството за внатрешни работи информира дека неколку училишта во Скопје и Куманово попладнево добиле дојави за поставени бомби.Веднаш по дојавите, училиштата биле евакуирани, а се врши увид и проверка од страна на полицијата и одделите за заштита и спасување.До сега нема официјални информации за пронајдени експлозивни направи, ниту за повредени лица.МВР апелира јавноста да пријавува сомнителни предмети и активности, и да остане смирена додека траат проверките, со цел да не се попречи работата на надлежните.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања