Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Вчера (29.03.2026), во временскиот период од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе Републичка акциска контрола во патниот сообраќај за возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.При акциската контрола изречени се 41 мерка за движење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и една мерка во населено место.Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член-297а од Кривичниот законик, поради тоа што управувал моторно возило во спротивна насока на автопат.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Почитувањето на ограничувањата на брзината е една од најважните мерки за спречување на сообраќајни незгоди и за заштита на животот и здравјето на граѓаните.Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за безбеден сообраќај на патиштата.

Македонија | пред 51 минута

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол. Три лица во Скопје и по едно во Тетово, Гостивар и Велес возеле без возачка дозвола. Додека, пак по еден возач во Гевгелија и Велес управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 4 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Во Карпош, по претходно недоразбирање, дошло до физичка пресметка помеѓу три лица. Едно од нив се однесувало агресивно и кон полицијата и било приведено.„На 29.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.И.(41) од една страна и М.С.(50) и Ѓ.П.(42), од друга страна, сите од Скопје. Исто така, Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, по што бил приведен во полициска станица“, велат од МВР.По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

На 29 март 2026 година во 21:10 часот, во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода М.Х. (22), кој упатувал закани кон својата мајка и оштетил дел од покуќнината.Полицијата извести дека работи на случајот.

Скопје | пред 6 часа

media-libraryckl4l7f1s7js6cJGom2

Две возила изгореа во Гевгелија

На 30 март 2026 година во 03:50 часот, во Гевгелија биле опожарени две паркирани возила – „мерцедес“ со гевгелиски ознаки и „хјундаи“ со чешки ознаки.Повредени лица нема, пожарот е изгаснат од противпожарната единица, а извршен е увид.

Македонија | пред 6 часа

policija-2457

Повеќе лица приведени во Скопје со дрога, меѓу нив и малолетници

На 29 и 30 март 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Н. (37), Т.Л. (22), 16-годишник и 17-годишник, сите од Скопје, како и Л.А. (24) од Италија.Кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против сите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 часа

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Семејно насилство во Куманово: жена е со тешки повреди

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А. (60) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.На 20 март 2026 година во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел тешки телесни повреди. Случајот е документиран и ќе следува соодветна постапка.

Македонија | пред 6 часа

media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Штипјанец злоупотребил банкарска картичка, успеал да троши, а три трансакции не му поминале

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.У. (27) од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.На 11 јануари 2026 година, пријавениот без знаење и согласност на оштетената прибавил и употребил нејзина банкарска картичка, при што извршил две неуспешни и три успешни трансакции на две продажни места во Штип, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Македонија | пред 6 часа

media-librarys7jdl9b7ps7j3SSg3my

Маж од Скопје пронајден починат во Аеродром, до него имало пиштол

Во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат 38-годишен маж од Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 29 март во 16:47 часот во СВР Скопје, при што на местото на настанот бил пронајден М.К., а до него имало и пиштол. Лекар констатирал смрт на лице место.Според информациите, лицето претходно, на 3 март, било пријавено дека се оддалечило од домот.На местото е извршен увид, а по насоки на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, по што се очекуваат дополнителни информации за околностите на случајот.

Скопје | пред 6 часа

media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

Пронајдена малолетничка од Скопје во стан во Гостивар - била пријавена за исчезната

Шеснаесетгодишна девојка од Скопје, која претходно била пријавена за исчезната, е пронајдена во стан во Гостивар, информираат од СВР Тетово.Според полицијата, на 30 март во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле малолетничката М.Ј.(16) во стан на Р.Ш.(19).Девојката, која се оддалечила од својот дом во Скопје, по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека лицето кај кое била пронајдена е лишено од слобода и ќе биде предмет на понатамошна постапка.

Македонија | пред 9 часа

media-library8de4gevsubi57ZTJ0pw

Тетовец измамен: Му го позајмил „бмв“, завршило на отпад

Триесет и петгодишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен од негов познаник, кој по позајмување на неговото возило го однел на отпад и го продал.Како што информираат од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 29 март во 12:00 часот. Според пријавеното, лицето А.Х. побарало да го позајми патничкото моторно возило „бмв“, по што го известил сопственикот дека автомобилот има дефект и дека е оставен кај механичар.По неколкудневни безуспешни обиди да стапи во контакт и да си го врати возилото, оштетениот на 28 март се сретнал со механичарот, кој признал дека автомобилот бил однесен на отпад во селото Слатино.Според пријавата, сопственикот подоцна го пронашол возилото оштетено на отпадот, при што од лицето кое го купило дознал дека автомобилот бил продаден од механичарот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 9 часа

vozach

Двајца возачи приведени – возеле без дозвола во Гостивар и Тетово

Двајца возачи се лишени од слобода во одделни случаи во Гостивар и Тетово, поради управување возила без возачка дозвола и со прекршувања на сообраќајните прописи.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 29 март во 19:00 часот, кај Здуњска крстосница, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.Р. (26) од Гостивар. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.Истиот ден, во 21:50 часот, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Д. (25) од Тетово, кој управувал мотоцикл „трува“ без возачка дозвола и без соодветна документација.Мотоциклот е одземен, а по целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 9 часа

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Семејно насилство во Крушево: Со тврд предмет ја нападнал мајката на сопругата – приведен крушевчанец

Министерство за внатрешни работи информира дека на 29 март 2026 година, во 19:25 часот, во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево лишиле од слобода 47-годишен жител на градот.Според информациите, околу 17:30 часот во семејниот дом, осомничениот физички и со тврд предмет ја нападнал мајката на неговата сопруга, при што ѝ нанел повреда.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 10 часа

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

МВР со детали за убиството во Росоман: 27-годишникот сам се пријавил во полиција

На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман.Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 10 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Убиство во Росоман: син со нож ја заклал сопствената мајка

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Ратко Грков, од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој бил на местото на повик во Росоман.– Нашата екипа беше повикана и на лице место констатиравме убод со нож во вратот. Од повредата, жената починала на самото место, појасни Грков за МИА.Засега нема повеќе детали за случајот. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Македонија | пред 11 час

media-library6tkmv4te0fvu1FVrgG5

(Фото) Со пресретнувачи, МВР лови брзо возење: Фатен возач со 178 км/ч на патот Штип-Радовиш

Министерство за внатрешни работи информира дека мобилна единица со полициски пресретнувач санкционирала возач кој управувал возило со значително пречекорена брзина.Инцидентот е регистриран денеска (29.03.2026) во 18:55 часот на експресниот пат Штип–Радовиш, каде што е измерена брзина од 178 километри на час кај патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. На оваа делница максимално дозволената брзина е 110 километри на час.Станува збор за возачот П.К. (33) од Радовиш, против кого се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидените санкции.Од МВР најавуваат дека контролите со специјалните возила – пресретнувачи ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на прекршителите и зголемување на безбедноста во сообраќајот.Надлежните потсетуваат дека пречекорувањето на брзината е една од водечките причини за сообраќајни незгоди, кои често завршуваат со тешки последици по животот и здравјето на учесниците.Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел поголема безбедност на патиштата.

Македонија | пред 22 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Расчистено вчерашното убиство во Виница, кривична пријава за осомничениот 80 годишен грчки државјанин, лишени од слобода четири лица

На 28 март, во близина на градските гробишта во Виница, е пронајден починат Д.А.(56) од село Липец, виничко, соопшти МВР. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80) и С.Р.(55), сите од Република Грција, како и С.З.(57) од село Жабени, битолско.Во рамките на истрагата, извршени се претреси во возилата што ги управувале и во апартманите каде што престојувале, при што биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња ловечка муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.Против Г.П.(80) ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик, а против останатите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до ОЈО Кочани.

Македонија | пред 1 ден

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Министерство за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека во дом на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Н.А.Л. (43) од Скопје.Од страна на лекар била констатирана смрт, по што бил извршен увид на местото на настанот.По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.

Скопје | пред 1 ден

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Долно Седларце, возачот избегал

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 20:50 часот во село Долно Седларце, општина Брвеница, патничко возило удрило во 70-годишниот пешак З.С. од Тетово, по што возачот го напуштил местото на настанот.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, а полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Малолетник нападнат на автобуска станица во Карпош

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година околу 23:00 часот, на автобуска постојка на подрачјето на општина Карпош во Скопје, малолетник од село Волково, скопско, бил физички нападнат од група малолетници.Од МВР велат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 ден

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: повредени малолетничка и пешак

Министерството за внатрешни работи информира за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле на 28 март 2026 година на подрачјето на Скопје, во кои се повредени малолетничка и повозрасна жена.Првата незгода била пријавена околу 12:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Зеф Љуш Марку“ и „Фан Ноли“, каде што патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.И. (55) од Штип, удрило во детски тротинет управуван од малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината малолетна сопатничка, која се превезувала на тротинетот. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Втората незгода се случила околу 09:15 часот на крстосница од сервисна улица и булеварот „Јане Сандански“, каде што патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.К. (68) од Скопје, удрило во 75-годишната Р.Т. од Скопје. Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди, исто така констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Увид на двете места на настаните извршиле екипи од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 ден

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Велес

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во СВР Велес било пријавено дека околу 07:00 часот на улицата „Сараевска“ во селото Горно Оризари, велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила.Според информациите од МВР, во незгодата учествувале патничко возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Х. (51) од селото Горно Оризари и патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Ј.А. од истото село.Во несреќата, Ј.Х. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ј.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Приведени две лица во Свети Николе, пронајдена прашкаста материја

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишиле од слобода две лица, А.П. (25) од селото Горобинци и Д.Т. (30) од Свети Николе.Како што соопштува МВР, по претходно издадена судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории на Д.Т., при што биле пронајдени и одземени прашкаста материја, шише со течност и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја. При тоа, кај А.П., која била затекната во домот, исто така била пронајдена и одземена прашкаста материја.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 ден

media-library9i6k2llcnt7m6xiBumf

Алкохол и без дозвола: Приведени возачи низ Македонија

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие полициските службеници лишиле од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со возило.Според Министерство за внатрешни работи, двајца од приведените управувале возило без возачка дозвола, едно лице управувало мотоцикл без положен возачки испит, додека тројца возеле под дејство на алкохол.Во Гевгелија е затекнат возач кој управувал мотоцикл без дозвола, а слични прекршоци се евидентирани и во општина Чашка и во Скопје.Во однос на возењето под дејство на алкохол, случаи се регистрирани во Битола, Скопје и Охрид, при што кај возач во Охрид биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Воедно, упатен е апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Полициска акција во Карпош и Кисела Вода – приведени лица и десетици казни

Полицијата во ноќна акција во скопските општини Карпош и Кисела Вода изврши контроли во казина и угостителски објекти, при што беа констатирани повеќе прекршоци и изречени соодветни санкции.Акцијата била спроведена во периодот од 20:00 до 03:00 часот, со цел одржување на стабилна безбедносна состојба.„На 27/28.03.2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и казина и презедоа повеќе мерки за одржување на стабилна безбедносна состојба“, информираат од МВР.Во Карпош биле контролирани шест угостителски објекти и две казина, при што едно лице било лишено од слобода за поседување дрога, три лица биле приведени за утврдување идентитет, а била изречена и една мерка по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.Дополнително, биле изречени 37 мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а две возила биле подигнати со специјално возило „пајак“.Во Кисела Вода, пак, полициски службеници заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контроли во седум казина и седум угостителски објекти.„Во шест казина констатирани се прекршоци од Закон за пушење, Закон за лична карта како и Закон за приватно обезбедување, а кај еден угостителски објект е констатирано дека нема одобрение за летна тераса, а кај еден угостителски објект е констатиран прекршок за пречекорено работно време“, соопштуваат од МВР.За сите утврдени прекршоци се изречени соодветни мерки, а од полицијата најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Скопје | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања