Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Маж од Берово се заканувал на граѓани и вработени во центар за социјални работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.У.(46) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување на сигурноста“.На 25.02.2026 на ул.„Партизанска“ во Берово, пријавениот упатил закани кон З.П. и неговата сопруга, двајцата од Берово, а потоа физички го нападнал З.П..Додека, пак, на 26.02.2026 на ул.„23 Август“ во Берово, пријавениот упатувал закани кон две вработени во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи во Берово.

Македонија | пред 5 дена

licna-karta

Сликал туѓа лична карта и си подигнал кредит

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“.На 30.09.2025 во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност во негово име аплицирал и му бил одобрен кредит од финансиско друштво, по што подигнал 149.000 денари.

Македонија | пред 5 дена

IMG_3879

Украл возило од нива, па направил сообраќајка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(22) од с.Градец, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.Во текот на јули 2025 година, пријавениот од нива во атар на с.Пирок, тетовско, одзел патничко возило „фиат уно“ без регистарски ознаки, сопственост на А.„Н“. и на 14.08.2025 на ул.„Илинденска“ во Тетово предизвикал сообраќајна незгода.

Македонија | пред 5 дена

dedo_mi_so_edna_plata-678x381-1

Маж од Македонска Каменица нелегално си изградил ресторан, па си доградил и тераса

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.Н.(61) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Пријавениот, во 2008 година, зафаќајќи две негови парцели и две парцели во сопственост на државата во Македонска Каменица, противправно и без соодветно одобрение изградил објект од втора категорија, кој го опремил и ставил во функција како угостителски објект.После тоа, во периодот од октомври 2018 до септември 2019 доградил и отворена тераса со настрешница и кровна конструкција.

Македонија | пред 5 дена

pesak

Сообраќајка во Арачиново: 13-годишник возел „форд фокус“ и удрил 14-годишник

На 24.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„10“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с.Арачиново.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 5 дена

uciliste

Директор на училиште во Муртино си именувал „ментори“ без соодветен статус

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(46) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Пријавениот, како директор на основно училиште во с.Муртино, на новопримените наставници како приправници им доделувал наставници ментори кои немале статус на ментор.На тој начин во 2024 година им овозможил остварување на противправна имотна корист во висина од околу 83.500 денари на наставниците кои немаат статус на ментор.

Македонија | пред 5 дена

media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

19-годишник паднал од балкон на зграда во Карпош, пренесен на Клиникa

На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција.Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 дена

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Трагедија во Кисела Вода: Му се слошило на работно место и починал

На 24.03.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во магацин во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода, на Д.Д.(40) од Скопје, додека бил на работно место, му се слошило и починал.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Скопје | пред 5 дена

media-library7kb44v98v31c6sXa7uE

Кумановец возел со 3,67 промили алкохол, полицијата го уапси

На 24.03.2026 во 12:02 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(49) од с.Режановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 5 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост во врска со најавите за реорганизација на раководната структура во Министерството за внатрешни работи, која вклучува укинување на значителен број раководни позиции. Намалувањето на повеќе од една третина од раководната структура, во една од најчувствителните институции на државата, не е само организациско прашање. Тоа има директни последици врз правичната застапеност и врз меѓуетничката рамнотежа во безбедносните институции, велат од ДУИ.„Тврдењата дека овие позиции не треба да се поврзуваат со етничка припадност, туку исклучиво со професионални критериуми, занемаруваат еден од темелните принципи врз кои е изграден институционалниот баланс во државата – правичната и соодветна застапеност.Овој принцип не е политички компромис, туку уставен стандард и клучен елемент за довербата на граѓаните во безбедносните институции.Во сегашните околности, кога значителен дел од овие позиции ги држат Албанци, нивното укинување без јасни механизми за гарантирање на застапеноста создава реален ризик од нарушување на постигнатата рамнотежа.Општите изјави за „нема потреба од загриженост“ не се доволни.Потребна е целосна транспарентност за новата систематизација, критериумите за избор и конкретниот начин на кој ќе се обезбеди правичната застапеност во раководните структури на Министерството за внатрешни работи.Безбедносните институции не смеат да се третираат како простор за организациски експерименти без проценка на нивното политичко и општествено влијание.ДУИ смета дека секоја реформа во овој сектор треба да го зајакне професионализмот, но истовремено да ја зачува меѓуетничката рамнотежа и институционалната доверба.Секое отстапување од овие принципи ќе има долгорочни последици врз демократското функционирање и врз општествената кохезија во државата“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Тешко повреден 11-годишен пешак во Тетово, откако во него удри автомобил

На 24.03.2026 во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Тетово, удрило во 11-годишен пешак од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryb0f5a0ljor1o44ogxb8

Раководители во ЈП „Национални Шуми“ го оштетиле буџетот на претпријатието за околу 1,5 милиони денари

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од село Сушево, струмичко и Г.Ц.(52) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.Пријавениот В.К., во својство на раководител во Јавно претпријатие „Национални шуми“ Подружница шумско стопанство „Беласица“ Струмица, во 2024 година склучил два договори со правно лице од село Иловица, струмичко, без притоа на денот на склучувањето да обезбеди депонирање на соодветни банкарски гаранции од 20% од фирмата купувач, од кои првата во износ од 176.577 денари, а втората во износ од 370.850 денари.Исто така, постапувајќи спротивно на наведените договори и Правилникот за продажба на главни шумски производи на ЈП „Национални шуми “ - Скопје, овозможил правното лице континуирано да подига дрвна маса без да се изврши авансна уплата, со што до датумот на негово разрешување овозможил да се формира долг по основ на испорачано огревно дрво од 982.387 денари.Пријавениот Г.Ц., во својство на раководител на Подружница шумско стопанство „Беласица “ Струмица, по преземање на должноста раководител, не го земал во предвид фактот дека не била уплатена гаранција од 20%, како и дека не се вршела авансна уплата за подигнатото огревно дрво, не презел навремени мерки за наплата на долгот и прекин на испораката, туку дозволил подигнување на преостанатата дрвна маса предвидена во договорите и со тоа овозможил долгот да се зголеми за дополнителни 463.723 денари на штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“.Со ваквите дејствија била предизвикана вкупна штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од 1.446.110 денари.

Македонија | пред 5 дена

dokumenti

Со фалсификувани документи присвоил имот, па го продал

На 24.03.2026 во ОВР Гостивар, А.И.(58) од с.Врапчиште пријавила кривично дело „фалсификување исправа“.Според пријавеното, лицето Т.А. во текот на 2018 година со фалсификувана документација присвоил и префрлил на свое име имот од 1.500 метри квадратни во сопственост на нејзината починатата мајка, кој подоцна го препродал на трети лица.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 5 дена

tepa-dete

Приведен кумановец кој го тепал малолетниот син

МВР информира дека 38-годишен кумановец е приведен завчера по пријава дека физички го нападнал својот малолетен син.– На 23.03.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(38) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син – информираат од Секторот за внатрешни работи.Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 5 дена

media-library80jm06gsmfnt9KWKW6v

Стружанец со камион удрил пешак во Србија и избегал

Стружанецот Н.К.(33) е уапсен по налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац по сомнение дека синоќа со камион го прегази пешакот Г.П.(57) од Грделица, кој почина на самото место.Несреќата, како што пишуваат дел од српските медиуми, се случи ноќеска на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица.Како што се сомнева, Н.К. управувал камион „Volvo“ кон Лесковац кога удрил во пешакот и му нанел повреди од кои човекот починал на самото место.Според информациите, осомничениот не се застанал, туку побегнал од местото на несреќата.По реакција на полицијата, тој бил уапсен 320 километри подалеку, во близина на Сремска Митровица.

Македонија | пред 5 дена

media-library9ebihmiembn0c4JcH1p

Уапсен возачот кој ноќеска прегази пешак во Марино

На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино.Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 5 дена

media-libraryqqqj6jrpg4kvcO37G8e

1177 сообраќајни прекршоци за два дена: 11 возила одземени, 324 казни за неправилно паркирање

Во текот на изминатите два дена (23/24.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1177 издадени платни налози, од кои 217 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две поради претходно изречена забрана за управување на возило.Во истиот период одземени се 11 возила по член 300-б од Кривичниот законик.Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 324 прекршоци за неправилно паркирање, како и шест санкции за возење под дејство на алкохол.Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 11 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 10 пешаци. Исто така санкционирани се 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 34 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 14 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 5 дена

media-library6k3cinq1n3bbe9agEOL

Четворица возеле без возачка дозвола, еден малолетник меѓу нив: Уапсени седум возачи

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана. По едно лице во Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Тетово (малолетник) воеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово возал под дејстов на алкохол, еден возач во Гостивар возел и покрај тоашто имал активна забрана, а еден возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана з ауправување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој беше фатен со 50 илјади евра поткуп, е јасен доказ за неселективната борба против корупцијата. Тој нагласи дека осомничениот бил фатен на лице место со претходно обележани пари, во координирана акција со Јавното обвинителство.„Ова е еден од случаевите коишто ја потврдува неселективната борба на Министерството за внатрешни работи посебно против оние коишто го срамат својот народ од позиција на директор којшто му била дадено функција од страна на народот преку собрание, влада итн. Истиот е фатен во рамки на постапка како рекетира наводно, еве да го употребам и тој термин, заради тоа што нели немаме правосилна пресуда, но од позиција на министер за внатрешни работи слободно можам да кажам дека на лице место е фатен со одредена сума на пари коишто претходно беа соодветно обработени обележани итн. во соработка со јавното обвинителство при што ова не е прв предмет ваков тип имавме повеќе во изминатиот период и покажавме дека навистина кога обвинителството и министерството за внатрешни работи бирото за јавна безбедност одделот за организиран криминал заеднички функционираат координирано резултатите може да бидат навистина поразлични од она што биле претходно. Со ова упатуваме една многу силна порака а тоа е дека нема недофатливи, нема недопирливи секој којшто ќе се огреши особено на штета на македонските граѓани со рекетирање и корупција ќе одговара“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 6 дена

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Петмина приведени за семејно насилство – 10 пријави за едно деноноќие

На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет.На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна партнерка.На 23.03.2026 во 21:45 часот во СВР Битола, 24-годишна битолчанка пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.А..На 23.03.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А (59) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 63-годишна сопруга.На 23.03.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(38) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син.На 23.03.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријави дека околу 20:30 часот во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, на нејзината 17-годишна ќерка ѝ биле упатени закани од нејзиниот поранешен партнер В.Б.(20), а откако истата излегла од објектот ѝ покажал дека носи огнено оружје. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал и ја присилувал да биде со него.На 24.03.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријави дека на 23.03.2026 околу 23:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзината ќерка А.М.К.(21) од Скопје, која претходно агресивно се однесувала и растурила дел од покуќнината.На 23.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека на 21.03.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К.(42) од Скопје, кој ѝ го одзел мобилниот телефон.На 23.03.2026 во 21:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:40 часот во домот се заканувал на неговата 66-годишна мајка, откако не му го дала мобилниот телефон. Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата мајка, а ѝ оштетил и неколку телефони.На 23.03.2026 во 17:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.М.(51) од Скопје затоа што на 22.03.2026 во домот во скопско упатил закани на неговата 47-годишна сопруга и нејзините родители. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал на сопругата.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 6 дена

taksi

Разбојништво во Прилеп: Нападнат таксист, му ги одзеле парите од прометот

На 24.03.2026 во 03>25 часот во СВР Битола, П.К.(62) – такси возач од Прилеп, пријавил дека на ул.„Тризла“ во Прилеп бил физички нападнат од три лица, кои му ги одзеле  парите од  прометот.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 дена

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Уапсен 48-годишник од Долнени за сексуално вознемирување на прилепчанка

На 23.03.2026 во 16:20 часот во село во општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиja од слобода Џ.Р.(48) од селото, постапувајќи по претходна пријава од 27-годишна прилепчанка дека истиот ден полово ја вознемирувал.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 6 дена

toskovski-sednica

Ромите кои протестираа за да возат без возачки добија кривични: Му се заканувале на Тошковски и блокирале сообраќај

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“.На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон.

Македонија | пред 6 дена

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

58-годишен маж нападнал дете со тврд предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против У.Б.(58) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.На 10.03.2026 во Дебар, пријавениот физички нападнал малолетник од Дебар, при што употребил и тврд предмет.

Македонија | пред 6 дена

uapsen

Кумановец крадел делови од возило, полицијата го уапси

На 23.03.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Д.(34) од Куманово затоа што на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се обидел да одземе делови од паркирано патничко возило.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања