Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НИКОЛОСКИ

IMG_6634

Министерот Николоски на бројни средби со министрите за транспорт од ЕУ, ќе го претстави планот за изградба на брза пруга на Коридор 10

,,Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски учествува на состанокот на министри за транспорт на земјите членки на Европската Унија.Министерот Николоски вчеравечер оствари работна вечера со министрите за транспорт на Белгија, Малта, Грција, Германија и Кипар.На средбата мнистрите разговара за развој на транспортниот сектор во регионот. Министерот Николоски ги претстави приоритетите на Македонија, со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор 10 како и олеснување на транспорот и трговијата меѓу земјите од Западен Балкан. Нагласена беше важноста и од изградба на Коридор 8.Во рамки на денешниот министерски собир, министерот Николоски ќе оствари работни средби и со министрот за транспорт на Италија, потоа со министерот на Унгарија и Австрија, како и со претставници на ЕУ каде ќе ги претстави проритетите на Македонија.Состанокот на министри во Будимпешта е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија. Покрај министрите за транспорт од Унијата, на неформалниот состанок учествуваат и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан, од земјите од ЕФТА, Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на институциите на Европската Унија и транспортни организации.На собирот на министри и денеска ќе се разговара за предизвиците на транспортниот сектор на ЕУ, подобрувањето на конкурентноста и поврзаноста меѓу ЕУ и соседните земји меѓу кои и земјите од Западен Блакан. Посебен фокус ќе биде железничкиот сектор, мерки и стратегии потребни за воспоставување на брза железничка мрежа.”, информираат од Министерството за транспорт.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Корумпирани политичари од Бугарија сакаат да ги уништат односите, ја користат Македонија како предизборна тема

,,Би сакал да реагирам во однос на последната хистерија која што ја создаваат дел од неуспешните бугарски политичари.Имено, непотребно Македонија ја внесуваат во предизборната тематика во Бугарија и најмалце мислам дека Македонија може да е одговор на седмите неуспешни избори со кои се соочува Бугарија.Кризата во бугарското општество е создадена од токму овие политичари кои што, наместо да дадат одговор на домашната јавност за високиот степен на корупција и криминал кој што го има во Бугарија, за лошата економија поради која многу заминуваат, тие сакаат да се занимаваат со Македонија.Нивното занимавање со Македонија, всушност покажува дека ниту сакаат добрососедство, ниту сакаат Македонија да стане член на Европската Унија, уште по малце да напредува кон Европската Унија. Тие сакаат да ја блокираат Македонија и да ја користат Македонија како своја предизборна тема.Секако ние нема да го дозволиме тоа и јас нема да дозволам да било кој бара изговори во мои изјави или било што друго што се случува во Македонија. Всушност, самото тоа што се бидат изјави од контекст и што лошо се разбираат во Бугарија, покажува дека македонскиот и бугарскиот јазик се различни. Затоа што, она што има еден контекст на македонски јазик, очигледно има друг контекст на бугарски јазик.Но, јас останувам позади се што сум кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата која што ја претставува.Нема оправдание за Румен Радев затоа што не го стави македонското знаме при посетата на Гордана Силјановска Давкова како претседател на Македонија.Дали сакаше да испрати порака дека тие во суштина и не ја признаваат Македонија, што е можеби нивни долгогодишен сон. Ние сме јасни кој сме, ние сме засебна нација, македонска нација, засебен народ, македонски народ. Ние зборуваме свој македонски јазик различен од сите останати јазици, ние имаме своја историја, своја култура. Ние знаеме кои сме и не треба на никого да се докажуваме. А, оние кои што сакаат поинаку да ја читаат историјата, се политичари од деветнаесетиот, а не политичари од дваесет и првиот век.И би сакал нешто да кажам и на оние политичари кои што бараат оставка од мене. Од мене бараат оставка политичари кои што се обвинети за криминал и корупција, политичари кои што ги видовме на слики како спијат на кревет покрај пачки со злато и стотици илјади евра во девизии. Такви ли политичари ќе бараат оставка од мене?Извинете господа, ама вие не сте достојни да побарате оставка од мене. Жал мие е што добрите односи помеѓу двата блиски народи, македонскиот и бугарскиот народ, ги уништуваат корумпирани политичари кои што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза.И таков е овој кој што го споменав со пачките злато, таков еден друг кој што важи за голем олигарх во Бугарија и такви се една редица други политичари кои што се корумпирани, а таков е и оној кој што е претседател на Бугарија и кој што немаше минимум пристојност и минимум цивилизациско однесување да стави македонско знаме при посетата на македонскиот Претседател.И затоа е ваква мојата реакција и затоа ќе продолжиме и јас и ВМРО-ДПМНЕ да ги браниме македонските национални интереси. Наша цел е Македонија да напредува, да стане членка на Европската Унија, да го изоди патот кон Европската Унија, но тоа да биде гордо и достоинствено, а не понижени. Ние секогаш ќе ги браниме македонските национални интереси. Ние ништо туѓо не бараме, ама сакаме да го заштитиме нашето.”, вели Александар Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski08042024

Николоски на средба со министрите од ЕУ за транспорт

,,Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска и утре е во работна посета на Унгарија, Будимпешта, каде присуствува на состанокот на министри за транспорт на земјите членки на Европската Унија.На состанокот ќе се разговара за приоритетите во транспортниот сектор како клучен фактор во економската интеграција на ЕУ и конкурентноста. Покрај министрите за транспорт од Унијата, на неформалниот состанок учествуваат и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан, од земјите од ЕФТА, понатаму Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на институциите на Европската Унија и транспортни организации.Собирот на министри е предвиден да трае во две сесии. На првата сесија ќе се зборува за подобрувањето на конкурентноста на транспортниот сектор на ЕУ, преку дебата за подобрување на поврзаноста меѓу ЕУ и соседните земји, предизвиците и можностите кои произлегуваат од залениот транспорт како и дигитализацијата во транспортот.Посебенн фокус во втората сесија ќе биде железничкиот сектор, мерки и стратегии потребни за воспоставување на брза железничка мрежа, подобрување на врските помеѓу руралните и урбаните места и мобилизирање на ресурсите неопходни за подобрување на конкурентноста на секторот.Состанокот на министри е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија.”, соопштија од Министерството за транспорт.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Опозицијата преку нивните медиуми и невладини организации шират хистерија меѓу граѓаните-дното го достигнаа

Во интервјуто за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски говори за хистеријата што ја создава опозицијата меѓу граѓаните. Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски:“Сите ќе се согласат дека е огромна работа е што конечно ДУИ ги испративме во опозиција. ДУИ беше на власт во континуитет од 2002 година до 2024 година, со една пауза од 2006 до 2008 година. Тоа што многумина пред нас го ветуваа, ние го реализиравме и ДУИ е во опозиција.Тоа е првата фаза, а втората фаза ќе биде да одговараат тоа што го правеле додека беа на власт.Но она што сакам да го искоментирам е дека ние сме веројатно првата влада во историја на државата, а веројатно и во пошироко во регионот која не доби 100 дена да може да се организира и да може да испорачува проекти.Ние сме два и половина месеци на власт, далеку сме уште од 100 дена, а односот на опозицијата и хистеријата која што ја создава опозицијата и нивни блиски медиуми, невладини организации итн, е како ние да сме десетта година на власт, што мислам дека е лошо за нив затоа што создава контра ефект кај народот.Изборите беа на 8 мај оваа година, не беа пред десет години и луѓето многу добро знаат зошто гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и многу добро знаат зошто го подржаа ВМРО-ДПМНЕ. И кога истите ја распродаваа државава на Бугарија и прифатија француски предлог со кој што се понижи Македонија, сега раскажуваат приказни за патриотизам и изгледаат смешни во очите на народот и тие истите што ја искрадоа државата сега зборуваат за криминал и корупција.Единствено покажаа само колку ситни луѓе се и ситни души и не ни дадоа 100 дена за да можеме да покажеме кој сме и што сме. Од прв ден бевме критикувани како изборите нула-нула да завршија и ние со сила да направивме влада, а не да имаме дво- третинско мнозинство што е најголемо мнозинство што која било власт го имало во Македонија”- истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski

Средба Николоски-Ле Риголер: Започнавме со реформските процеси, Македонија останува силно посветена на евроинтеграциите

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.Министерот Николоски ја истакна добрата соработка со Франција нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава.На средбата министерот Николоски го запозна амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори.Двајцата разговараа и за реформите што се спроведуваат како дел од евро интегративниот процес на државата.Министерот на новименуваниот амбасадаор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.

Македонија | пред 1 година

IMG_6532

Средба Николоски-Рокас: Силно сме посветени на евроинтеграциите и на изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири и директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски, вчера остварија работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ, Михаилис Рокас.На средбата министерот Николоски го запозна евроамбасадорот Рокас со владината програма во делот на инфраструктурните проекти, потенцирајќи ја важноста за развој на патната и железничката инфраструктура со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор10.Министерот Николоски истакна дека планот за брза пруга на Коридор 10 е реален и е од стратешко значење за Македонија, за земјите од регионот и за Европската Унија.На средбата, министерот ја истакна силната посветеност на Владата во однос на просецот на евроинтеграција на земјата, додавајќи дека министерството за транспорт активно работи на усогласување на транспортната политика со регулативите на Европската унија."Очекуваме добра и кооперативна соработка со Делегацијата на ЕУ како и досега. Му посакувам добредојде на новиот амбасадор Рокас и се надевам дека во континуитет заеднички ќе ги реализираме зацртаните политики и проекти. Унијата е наш долгогодишен стратешки партнер и силен поддржувач како во пристапниот процес, така и во делот на финансиска поддршка на капитални проекти за што полагаме огромна благодарност" -истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево- Охрид

Во интервју за неделникот Фокус, Александар Николоски вицепремиер и министер за транспорт истакна дека до крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево-Охрид.„Има бројни проблеми, но реков дека нема да ја заморувам јавноста со проблеми, зашто јавноста е уморна од изговори, но она што може да го кажам дека зборот ќе го држиме и до крај на 2026 година ќе имате функционален автопат Охрид-Кичево“ кажа Николоски а во однос на техничкото решение за проблемот со т.н. косини истакна:„Во однос на косините, се соочуваме со неколку проблеми. Се работи за исклучитечно тежок планински терен. Ние сакаме да ја претставуваме Македонија како земјоделска држава, но 80 проценти се планини кога ќе ја видите мапата. И се работи за земјиште што не одговара на она што се класични геолошки стандарди за изградба на автопат“ кажа Николоски.Николоски во однос на тоа зошто не се направени геолошки истражувања кога се проектирала трасата рече:„Е тоа е вториот проблем. Направени се многу грешки во проектирањето, но направени се грешки и во изведбата. Јас сега ги барам решенијата и ќе го решиме проблемот. Тоа што го кажав на охридски сега ќе го кажам литературно – што ќе правиме ќе правиме, но до крај на 2026 година ќе имаме функционален автопат“ потенцира Николоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6437

Средба на Николоски и Стоилковиќ со потпретседателот на Владата и министер за финансии Синиша Мали

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во рамки на официјалната посета на Белград, Република Србија, денеска остварија работна средба со потпретседателот на Владата и министер за финансии, Синиша Мали.Зајакнување на економските и трговските врски меѓу двете земји беа фокус во разговорите, при што акцент се стави на унапредување на условите за пристап на пазарите, создавање на подобри услови за компаниите како и можностите за содавање на единствен пазар меѓу земјите од Западен Балкан.Македонија е целосно фокусирана на олеснување на трговијата и транспортот меѓу земјите од Западен Блакан, потенцираа од македонската делегација притоа нагласувајќи ја потребата од преземање на нови заеднички политики за подобрување на регионалната трговија.На средбата се разговараше и за иницијативите и мерките во рамки на Отворен Блакан каде и двете страни се согласија дека е потребно да се унапредат политиките со цел ослеснување на движењата на добра и услуги.Заменик претседателот и министер за транспорт Николоски истакна дека Владата има силна заложба за зацврстување на регионалната економија преку содавање на нова модерна и квалитетна инфраструктура која ќе ја засили конкурентската позиција на транспортните кроидори во регионот.Тој потенцираше дека Македонија е силно фокусирана на изградба на брза пруга и приклучување на брзата пруга на европскиот коридор 10, како предуслов за брз транспорт на стока и патници меѓу земјите во регионот. Во тој контекст се нагласи потребата од заеднички активности за доизградба на брза пруга на потег Белград-Ниш – Табановце - Скопје.Економската соработка меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, заклучија и двете страни притоа согласувјаќи се дека и во наредниот период двете влади преку заеднички мерки и политики ќе работат на создавање на подобри услови за граѓаните и компаниите од двете земји.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Со нов Закон ќе ја довршиме изградбата на автопатот Кичево Охрид. Очекувам напролет да се вози по одредени делници од автопатот

Владата донесе нов Закон за измена и дополнување на Законот за реализација на автопатот Кичево – Охрид, кој што се надевам дека следната недела ќе го усвои македонското собрание и со тој Закон ќе биде решен еден од основните проблеми за реализција на автопатот Охрид – Кичево, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Законските измени се во делот на техничките каректеристики на асфалтот што се користи за финализирање на завршните слоеви на автопатската делница, прилагодени на домашните геолошки услови.“Сите проблеми што ги видовме се настанати како резултат на неодговорното работење на претходната влада. Законските измени се во делот на техничките картектеристики на асфалтот што ќе се користи. Правимe прилагодување на македонските услови. Асфалт не може да се носи повеќе од 100 км од местото каде што е произведен што значи дека мора да се користи локална оператива и се прилагодуваме на геологијата односно на наоѓалиштата што се користат во изработката на асфалт. Со гласање на овој Закон веднаш започнуваме со асфалтирање на финалните делови на одредени делници и да бидам пококнретен веќе следната пролет да имаме делови од автопатот кои што ќе бидат целосно ставени во функција. Очекувам до рокот до крај на 2026 година да имаме конечно завршен автопат” - изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Министерот истакана и дека се решаваат наследените проблеми со експропријацијата, објектите што се на траса како и со свлечиштата.

Македонија | пред 1 година

IMG_6318

Николоски од Гевгелија: Започнуваме со изградба на Западен Булевар - Климент Охридски во Гевеглија. Обезбедивме 100 милиони евра за проекти во општините за оваа година

Обезбедив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне неговата изградба. Претходно со околу 10 милиони денари се реконструираше улица во населеното место Мрзенци и ова начинот како оваа Влада дава силна поддршка за развој на општините, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.Тој потенцираше дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, а за следната година планирани се 250 милиони евра директна поддршка исто така за проекти во општините.Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов го посетија и населеното место Миравци каде пуштија во употреба новоизграден пазар.“Претходно со премиерот Мицковски бевме во посета и еве за рекордно време до 3 месеци се изгради пазарот што верувам дека ќе помогне на целиот регион. Министерството за транспорт дава силен фокус и поддршка за Гевгелија. Оваа година од средства од земот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена само што ги одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар - Климет Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоналачникот од првиот ден. Тука секако се и средства што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општинте. Најголем дел од средствата ќе одат преку Министерството за транспорт а во соработка со Гевегелија ќе работиме на реализација на проекти од овие средства”-изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.Министерот Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до ГП Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината. Тој најави дека следи период на силна градежна офанзива во сите општини во државата.Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов истакна дека Владата обезбедува силна поддршка за локалниот развој на Гевгелија. Пазарот во н.м. Миравци е проект на општината инвестиција од 4 милиони денари.

Македонија | пред 1 година

IMG_6184

Средба Николоски-Варнс: Создавање на модерна инфраструктура е приоритет за Македонија и регионот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнс.На средбата министерот Николоски ја потенцира одличната соработка меѓу двете земји и ја нагласи стратешката определба на Владата во насока на зајакнување на билатералната соработка со САД како наш најзначаен партнер и поддржувач.Министерот Николоски информираше за реформските процеси и приоритетите на Владата и Министерството за транспорт како клучни за подобрување на животниот стандард, економскиот раст и борбата против корупцијата за што беше нагласена и силната поддршка на страна на САД.На средбата се отворија и прашања за развој на инфраструктурата за што министерот Николоски ја истакна огромната важност во исполнување на владните цели за реализација на капиталните проекти, како предуслов за побрз економски раст и развој и подобро регионално поврзување и интеграција. Се разговараше и за проектите што се планирани во идниот период, засилената динамика во работењето на коридорите 8 и 10.Министерот разговараше и за проектите во железничкиот сектор, проектот за брзата железница како еден од поважните стратешки проекти.Министерот Николоски ја истакна и стратешката определба на земјата за членство во Европската унија како и континуираниот придонес на Македонија во зајакнување на односите во НАТО Алијансата.Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на соработката меѓу двете земји.

Македонија | пред 1 година

IMG_6173

Николоски: Ќе направиме се во текот на првиот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ градот Кавадарци да има обиколница

„Денес разговараме за еден голем капитален проект кој треба да го забрза развојот не само на Општина Кавадарци туку на целиот Тиквешки регион. Се работи за изградба на обиколница на градот Кавадарци и треба да помогне во подобрување на условите за бизнис, комуникацијата во растеретување на сообраќајот кој се случува во моментот низ самиот град а во перспектива да отвори и сериозни можности за развој“, истакна министерот за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на Општина Кавадарци.Во однос на овој проект министерот Николоски додаде:„Заеднички се договоривме ЈП за државни патишта да пристапи кон проектирање кое треба да се заврши во најбрз можен рок и исто така се договоривме од буџетот на Република Македонија да се определат средства со цел оваа обиколница да се заврши. Ќе направиме се во текот на овој прв мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ оваа обиколница да се заврши“, посочи Николоски.Министерот Николоски во однос на новиот закон за урбанизам истакна:„Во гостување во Сител телевизија јас кажав дека дефинитивно ни треба нов закон за урбанизам и предлагаме еден хетероген состав во кој ќе учествуваат претставници на различни невладини организации кои се засегнати да изработиме целосно нов закон за урбанистичко планирање“, потенцираше министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Од август ќе се засилат работите на терен се со цел во декември да се заврши оваа 1 фаза и да се вози по нов пат од Градско до Дреново

Од 1 август се засилуваат градежните работи на експресниот пат Градско -Прилеп. Застојот од неработењето од година и половина е надминат и до крај на годината граѓаните ќе можат да возат по нов модерен пат од Градско до Дреново, најави заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Како што истакна Николоски, причината за застојот за изградба на првата фаза од овој патен превец е фактот што во изминатата година и половина, Министерството за траспорт и ЈП за државни патишта не номинарале членови на Комисија која во соработка со ЕУ требало да работи на надминување на техничките и административни проблеми во изградба на овој дел од експресниот пат.“ После година и половина јас веднаш ја формирав Комисијата. Таа веќе почна да работи и тоа што е најважно веќе од август ќе се засилат работите на терен се со цел во декември да се заврши оваа 1 фаза и да се вози по нов пат од Градско до Дреново. Во однос на втората фаза од Дреново до Фариш, таа практично е најтешката фаза за што имавме состанок до Синохидро и таму ги придвиживме работите. Реално е за очекување веќе во април месец следната година и таа фаза да биде завршена и да се стави во сообраќај”, изјави министерот Николоски.Според министерот Николоски, од следната година ќе започне да се работи на проект за проширување на превојот Плетвар, во делови каде што недостасува трета лента, се со цел до крај на 2026 година целиот експресeн пат од Градско до Прилеп да биде функционален.

Македонија | пред 1 година

nikoloski08042024

Николоски: Второстепената комисија за жалби по јавни набавки носи сомнителни одлуки, ЈО да ја преиспита нивната работа

Ќе направиме се со Јавното претпријтие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата и оддржувањето да го прават Јавното претпријатие во соработка со Македонија пат, потенцираше заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во утринското гостување во ТВ Сител.Тој изрази сомнеж во работењето на Второстепната комсија за жалби по јавни набавки потенцирајќи дека тендерот за оддржување на патиштата неколку години по ред на сомнителен начин го добива една иста фирма - Мирсад Комерц.“ Пред две години излегов на прес конференција и кажав дека ЈПДП наместо да даде средства на Македонија пат за ги чисти автопатите и да ја коси тревата по автопатите што е работа на Македонија пат, дала тендер на приватна фирма Мирсад Комерц случајно да е од Кичево од каде е и лидерот на ДУИ и тоа за фантастични 2 милини евра. Во овие години ниту гранки видовме пресечени, ниту трева видовме дека исчистила фирмава. На одење стариот директор на ЈПДП повторно распишал тендер за истава фирма Мирсад Комерц која што магично го добила истиот. Останатите фирми се жалат и второстепената комисија по жалби за јавни набавки колку што сум информиран ги одбива сите жалби. Сакам да го прашам претседателот на второстепената комисија која по суштина треба да е незвисно тело, како е возможно да ги одбијат жалбите на сите останати компании и Мирсад Комерц која гранка не пресече, треба да продолжи да работи? Како е возможно таа второстепена комисија да донесе ваква одлука имајќи предвид дека за нејзиното работење имаше вакви сомнежи, еве земете го РЕК Битола каде што иста компанија “Марковски компани” ги доби тендериве во изминтиве 4-5 години, а состојбата во РЕК Битола е катастрофална”, истакна Николоски.Министерот Николоски повика Јавното обвинителство да ја преиспита работата на Второстепата комисија по жалби за јавни набавки, бидејќи како што рече, носеле сомнителни одлуки.

Македонија | пред 1 година

IMG_5144

Николоски и Трајановски на терен: Експресениот пат Куманово – Ранковце-Крива Паланка ќе го завршиме до крај на година

И покрај сите проблеми што ги наследивме од претходната Влада, ќе ги употребиме сите расположливи ресурси и експресниот пат од Куманово преку Ранковце до Крива Паланка ќе го завршиме до крај на годината, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски, при денешната посета на општина Ранковце.Министерот заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, придружуван од градоначланикот на Ранковце како и преставници од изведувачот и надзорот, извршија увид во изградбата на експресниот пат Kumanovo- Ранковце – Крива Паланка.Министерот Николоски потенцираше дека во перидот од преземање на функцијата значително е засилена динамиката на градежни активности на терен. Експресниот пат се гради во две делници, истиот е со должина од 25,5 километри со вкупна вредност од 93,7 милиони евра.“Овие четири недели ги искористив да ги анализарам проектите и не сум многу среќен. Има проблем со експропријација, со изведба, но тука сме да ги решаваме проблемите и ќе ги решиме. Овој експресен пат кој ја поврзува Крива Паланка преку Ранковце до Скопје но исто така поврзува два големи центри Скопје и Софија е од огромно знаење за сите граѓани и за бизнис секторот. Затекнавме проект кој имал слаба дникама, проект кој имал многу проблеми во минатото. Но заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски, посветивме и ќе посветиме силно внимание во иднина и затоа можам со задоволство да кажам дека овој експресен пат ќе бидет готов до нова година и потоа сите жители на Македонија па и на Бугарија ќе можат да го користат”, изјави министерот Николоски од Ранковце.Со министерот сме на терен и ни претстои силна градежна активност во следниот период. Денеска извршивме увид на овој експресен пат и уверувам дека со министерството за транспорт заедно ќе работиме сите проекти да ги завршиме квалитетно, потенцираше директорот на ЈПДП Коце Трајановски.“Работите се почнати 2018 година во две фази. Првиот дел е во должина од 15,5 километри и вредност од 43,2 милиони евра и со прогрес околу 68 %, тој е овој дел каде се наоѓаме и денеска на потег Длабочица – Чатал. Додека вториот дел е во должина од 9 километри и тој е во вредност од 50,5 милиони евра и некаде со прогрес од 91 %. Така да очекуваме да го завршиме како што кажа и минстерот до крај на година”, изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

Македонија | пред 1 година

IMG_5077

Средба Николоски - Туркменоглу: Ни претстојат силни инвестиции на централно и на локално ниво

Денеска во министерството за транспорт, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Синиша Ивановски, остварија средба со Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Македонија.На средбата се разговараше за динамиката на капиталните проекти што се реализираат со поддршка од ЕБОР и можноста за идна соработка со Банката.Министерот Николоски исто така информираше за проектите предвидени во владината програма со посебен акцент на инвестициите во делот на патната, железничката и гасоводната инфраструктура.Тој истакна дека во перидот што претстои, Владата преку Министерството за транспорт ќе ја засили инвестиционата активност се со цел забрзан економски развој на државата.Министерот изрази задоволство од поддршката што ја овозможува ЕБОР за Македонија во овие неколку децении и изрази надеж за продолжување на таквата соработка и во следниот период.„Европската банка за обнова и развој е наш силен подржувач во реализацијата на капиталните проекти и верувам дека таквата соработка ќе продолжи и во следниот период. Имаме силна програма, многу проекти во инфраструктурата како на централно така и на локално ниво и се надевам дека со ЕБОР па и со другите меѓународни кредитори ќе најдеме заеднички интерес во реализација на истите. Нашата цел е квалитетна ифраструктура и задоволни граѓани а тоа токму тоа го определува и владината програма”, истакна министерот Николоски по средбата.

Македонија | пред 1 година

nikoloski08042024

Николоски: Нема да дозволам да се случи повторно “Кичево – Охрид” со ниту еден друг проект

Нејасно е како 12 години не е решена експропријацијата за автопатската делница Кичево-Охрид и за тоа директно е одговорна претходната Влада. Детектиравме три главни проблеми и во овој летен период максимално ќе се посветиме на нивно разрешување за конечно да ја одглавиме изгрaдбата на оваа автопатска делница, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспи ако можеш”, на телевизија Алфа.Како што кажа министерот Николовски, се уште не е решена експропријацијата, не се решени имотно правните работи со бензински пумпи кои се лоцирани на самата траса на автопатот, како и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.“Најголем дел од работното време плаирам да го трошам за разрешување на проблемите со автопатската делница Кичево - Охрид и изградбата на автопатите на Коридор 8. Мислам дека веќе наесен ќе презентирам добри вести и проектите ќе тргнат во посакуваната насока. Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на Кичево-Охрисд, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации. Нема да дозволам пак да се случи Кичево – Охрид со ниту еден друг проект во инфраструктурата, истакна министерот Николоски.Тој уште еднаш го повика Јавното обвинителство да биде поефикасно и да ги истражи наводите за евентуална злоупотреба на буџетските пари.

Македонија | пред 1 година

Nikoloski17082021

Николоски: Доставив три предмети до надлежните органи за кои постои сомнеж за сторен криминал со незаконско трошење на народните пари

Јавното обвинителство да биде поефикасно и очекувам да постапи по информациите содржани во ревизорскиот извештај. Јас лично доставив три предмети за кои сметам дека постои сомнеж за сторен криминал и очекувам Обвинителството да отвори постапки за нив, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспи ако можеш”, на телевизија Алфа.Тој потенцираше дека два од трите доставени предмети директно се поврзани со наводите кои беа објавени од страна на Државната ревизија во извештајот за реализација на капиталните проекти.“И претходнo имавме индиции за можен криминал со буџетските пари. Но еве сомнежот го потврдуваат наводите на Државниот завод за ревизија во извештaјoт за реализација на капиталните инвестиции. Затоа и го повикав Министервото за внатрешни работи, а веќе доставив и три предмети од кои два директно се поврзани со информациите што ги објави државната ревизија. И затоа очекувам Обвинителството да биде поефикасно и веднаш да отвори постапка за нив” објасни министерот Николоски.Во однос на изградбата на автопатската делница Кичево –Охрид тој истакна дека се детектирани три главни проблеми и тоа експропријацијата на земјиштето која сеуште не е завршена, нерешените имотно правни работи со неколку бензински пумпи и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.“ Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на Кичево-Охрид, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации“, истакна министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Со позајмицата од 500 милиони евра ќе го поддржиме стопанството и ќе ги развиеме општините, Унгарија докажа дека е верен пријател на Македонија

„Ова се едни од најдобрите услови кои што можат да се добијат и нека размислат граѓаните дали било кој може вакви услови да добие од било која банка“ истакна Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, говорејќи за 500-те милиони евра што Македонија ќе ги добие како позајмица од Унгарија.„Позајмицата е во износ од 500 милиони евра и тоа е голема сума, имаме три години грејс период што значи во тие 3 години не враќаме ништо. Вкупен рок за отплата се 15 години и каматата е само 3.25%, што е историски најниска камата“, појасни Николоски.Министерот додаде дека тоа што е уште поважно а што го најави и претседателот на Владата Мицкоски е дека со Унгарија ќе се воспостави стратешко економска соработка што ќе значи дека Македонија ќе има можност во годините кои што доаѓаат преку оваа соработка да искористи и други средства.„Зошто ни се потребни овие средства? Овие средства ни се прво за да го поддржиме стопанството. Под исти услови под кои што ги земаме овие средства ќе ги пласираме во стопанството. Тоа е за првите 250 милиони евра, а додека пак другите 250 милиони евра ќе ги користиме за општините за да ги развиеме општините“, Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија. Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Интерес на Унгарија е единствено стабилна Македонија, развиена Македонија. Нивниот интерес е Македонија да стане членка на ЕУ“, истакна Николоски.Во текот на гостувањето Николоски се осврна и на нападите од страна на политичката партија СДСМ за позајмените средства.“ Само во сфаќањата на СДСМ е добро Македонија да се задолжи повеќе. Затоа тие ја задолжија Македонија колку што ја задолжија. Само во сфаќањата на СДСМ е подобро да се има повисока отколку пониска камата. И само во нивните сфаќања пократок отколку подолг рок на враќање, затоа СДСМ изгуби на избори и доживеа крах”, потенцираше Николоски.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Како ќе правиме ќе правиме, автопатот Кичeво-Охрид ќе го завршиме до крај на 2026 година

Ветувањето кое што го дадовме дека до крајот на 2026 година дека ќе има функционален автопат Кичево-Охрид, ќе го реализираме. Како ќе правиме ќе правиме, автопатот Кичeво-Охрид ќе го завршиме до крај на 2026 година, истакна министерот Николоски на новинарско прашање на трибината поврзана за развој на градежништвото.Тој истакна дека во однос на автопатот Охрид – Кичево детектирани се бројни проблеми пред се експропијацијата и дислокација на приватни објекти.“Значи, во однос на изградбата на автопатот Охрид – Кичево има бројни проблеми. Ние ги детектираме во моментов. Дел се поврзани со експропријација, дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти коишто се на самата траса, пред се бензински пумпи коишто треба да се дислоцираат а се на самата траса и она што можам да ви кажам е дека тоа го напишавме во нашата програма, ќе го реализираме и до крај на 2026 година Охрид – Кичево ќе биде завршен”, изјави министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski25012022

Николоски: Приоритет е домашните компании да работат на изградба на инфраструктурата во Македонија

Моја заложба број еден ќе биде средствата кои што Македонија ги инвестира во инфраструктура да остануваат во Македонија, да работат домашни компании, да се вработуваат луѓе од државата но уште повеќе знаењето на градежниците да останува тука и да се надградува и со тоа искуство да сме компетитивни надвор, истакна министерот за транспорт Александар Николоски на денешната трибина посветена за развој на градежништвото.Тој изрази жалење тоа што во последните години Македонија заостанува во делот на ангажирање на домашните компании за капитални проекти и во следниот период најави преземање на сериозни чекори таа состојба да се промени."Пред нас имаме реализација на големи инфраструктурни проекти. Планирам заедно со ЈПДП да целосно ја откочиме работата на автопатот Охрид – Кичево. Понатаму, да почне да се работи и да се изгради автопатот од Кичево до Букојчани. Очекувам во скоро време исто така со ЈПДП да го завршиме Прилеп – Градско, како и сериозно да се посветиме на реализација на автопатските делници од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Букојчани, од Прилеп до Битола и зошто да не да зголемиме со уште некоја друга делница како рационално би ги потрошиле средствата на македонските граѓани”, изјави министерот Николоски.Во однос на развојот на Железницата, министерот истакна дека приоритет е развојот и модернизација на Коридор 10."Имаме различни концепти, но се надевам дека во следниот период и со меѓународните кредитори и со меѓународните донори ќе најдеме заедничко решение да изградиме најефикасна пруга низ која што ќе поминуваат најмногу товарни возови и најмногу патници. Јас мислам дека приоритет број еден за Македонија треба да е Коридорот 10 затоа што тоа е коридор кој што носи пари во Македонија и кој што носи профит во Македонија и тоа е првиот коридор кој што треба да го развиваме заедно со Македонски железници Инфраструктура," истакна Николоски.Според Деканот на Градежен факултет, постои загриженост за намалување на интересот за студирање на факултетот во услови кога во државата има крупни капитални проекти."Само со трипартитна соработка помеѓу државата, односно Владата, образованието односно Факултетот и стопанството претставено преку Стопанските комори може да се изнајдат решенија кои ќе доведат до тоа да се подигне оваа гранка на ниво кое го заслужува да биде најдоходовна, да учествува со најголем процент во БДП и дури и да ја направиме да биде извозна", изјави деканот на Градежен факултет, Горан Марковски.Трибината беше во организација на Градежен факултет, по повод 75 години од основањето на Градежен факултет-Скопје.

Македонија | пред 1 година

IMG_4857

Николоски: Почнуваме со гонење на криминалот! Одговорност мора да има

Заменик на претседателот на Владата и Министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.На средбата присуствуваа и дел од тимот на директорот на Бирото за јавна безбедност кои работат на предмети од областа на организираниот криминал и корупција.На средбата се разговараше за информациите објавени во последниот извештај на Државниот завод за ревизија, а во однос на направената ревизија за реализација на капиталните инвестиции во ЈП за државни патишта и во ЈП за железничка инфраструктура, како можни индиции за неодговорно трошење на буџетски средства.“На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП за државни патишта и во ЈП за железничка инфраструктура. Овие индиции произлегоа од извештајот за реализација на капиталните инвестиции на Државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамки на министерството за транспорт и институциите кои се под негова надлежност.Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите”, истакна министерот Николоски по средбата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: Пендаровски бега од одговори за криминалот, корупцијата и аферите на тие што го поддржуваат

,,Да се заблагодарам за присуството, навистина ми е драго што еве денес тука отвораме еден прекрасен објект. Навистина кога влегов внатре се воодушевив од она што го видов, и би сакал да честитам на градоначалникот. Навистина значајна инвестиција и за Моин, и за цела Гевгелија, и гевгелиско, место кое што мислам дека ќе значи многу за сите локални жители.И работата на градоначалникот покажува како се прават промените и покажува како ќе работи идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што неговата посветена и чесна работа, и реализирањето на бројни проекти ја трансформира Гевгелија како никогаш претходно. И тоа е само причина плус, и мотив плус за да го реализираме нашето главно изборно ветување во делот на децентрализација, а тоа спуштање на околу 250 милиони евра секоја година до општините, како би можеле општините самостојно да се развиваат.Тоа ќе значи затворање на сите поголеми инфраструктурни прашања од типот на водоводни и канализациони системи, изградба на основни и средни училишта, градинки и сето она што е потребно на граѓаните со цел во еден четиригодишен инвестициски циклус да оваа работа се случи и да можат граѓаните да имаат поубави и попристојни услови за живот.Ако ми дозволите би сакал да искоментирам и две – три централни теми поврзани со изборите. Имено, знаете дека долго јас лично и партијата зборуваме за состојбите со криминалот и корупцијата. Јас континуирано го прашувам и Стево Пендаровски за она што се случува деновиве, го прашувам зошто не искоментирал ниедна криминална афера која што е излезена во јавност. Како што го прашувам и зошто ги потпиша измените на Кривичниот законик со кој што практично се дозволи амнестија за криминалците. А, го прашувам и зошто користи крадени народни пари за финансирање на неговата кампања.Одговор од Стево Пендаровски не добивме, но денес добивме одговор од реномираната меѓународна институција „Фридом Хаус“ која што се занимава со состојбите во повеќе држави. Тие велат дека новинарите кои што известуваа за корупција се под закана на власта на СДСМ и ДУИ. Тие велат дека има сериозно политичко влијание врз судскиот и обвинителскиот совет. Тие велат дека непотизмот царува во судството и обвинителството. И „Фридом Хаус“ исто така вели дека со измените на Кривичниот законик кои што ги потпиша Стево Пендаровски се амнестираа бројни криминалци кои што направиле кривични дела во Македонија.Така што најдобриот одговор зошто Стево Пендаровски бега од одговори на овие прашања денеска стигна од „Фридом Хаус“ кој што јасно кажува дека во Македонија царува криминалот и корупцијата, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години. А, интензивно го зборуваме во кампањава и тоа е најдобрата причина зошто треба да имаме масовна излезност и на 24-ти април и на 8-ми мај луѓето да излезат во што поголем број и да се случат промените, Гордана Силјановска Давкова да биде избрана за претседател на Македонија, а Христијан Мицкоски за премиер, а Владата да биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Би сакал да искоментирам и она што се случува во делот на парламентарните избори, мислам дека е безобразно да е од една страна СДСМ се однесува како да биле досега во опозиција, од друга страна носителот во четвртата изборна единица да се однесува како никогаш да не бил министер за здравство, на сите скандали кои што се случија во здравството а дел од нив повторно потврдени во овој извештај од „Фридом Хаус“ кој што вели дека со измените на кривичниот законик, кој што ги донесе мнозинството на СДСМ и ДУИ, а ги потпиша Стево Пендаровски, се прави амнестија и во делот на корупциските скандали во здравството кои што се случија во текот на корона кризата.Да ве потсетам тоа е аферата со набавката на вакцини кои што никогаш не стигнаа во Македонија преку компанијата Ставри, која што е компанија за трговија со јужно овошје, провизиите стигнаа ама вакцините не стигнаа и затоа Македонија има 5-та највисока смртност во време на корона кризата на милион жители што е една црна статистика за Македонија.Понатаму тука е аферата со притисокот врз еден сопственик на приватна болница да истата ја продаде на бизнисмен од Албанија. Тука е делот со стерилизацијата која што се приватизираше и повторно отиде на бизнисмен од Албанија.Понатаму, тука е случајот Онкологија каде што за да се полнат приватни џебови не беше давана терапија на пациенти. Сето ова го потврдува овој извештај и потврдува дека сето она што јас го зборувам со денови во текот на кампањата за жал е вистина.”, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 4.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: Носител во петтата изборна единица е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање го потврди Ѓорѓија Сајкоски за носител на ВМРО-ДПМНЕ во петтата Изборна единица.„Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во петтата Изборна единица. Сметам дека имаме одлично решение, тој долги години беше еден од најуспешните претседатели на Општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ, го водеше Општинскиот комитет во Кичево кој секогаш постигнува фантастични резултати за ВМРО-ДПМНЕ. Како генерален секретар е дел од оваа нова приказна на ВМРО-ДПМНЕ која ќе значи убедлива победа на претседателските и парламентарни избори. Така што во петка одиме со Сајкоски“, истакна Николоски.Потпретседателот Николоски истакна дека промоцијата на пратеници согласно законските правила, најпрво треба да ги достават листите до ДИК, да бидат прифатени, а потоа секако ќе има промоција, а во недела ќе има промоција на програмата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Николоски: Пендаровски и Ковачевски се фатени во лага

,,Денеска ќе продолжиме околу скандалот за странското сомнително советување на СДС и на Стево Пендаровски од страна на контроверзниот странски консултант Асаф Исеин. Имено овие денови излегувам со сознанија кои се поврзани со неговата спорна улога во македонските избори парламентарни и претседателски.Изминативе денови Стево Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и кажа дека тоа го направил како состанок со лице ангажирано од страна на СДСМ. Во исто време претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски демантира дека има таква работа. Но, фактите го говорат токму спротивното. Имено во последните дваесеттина дена повеќе од 10 дена ова лице Асаф Исеин е присутно во Скопје и е често виден гостин во седиштето на СДСМ. Па, се поставува прашањето дали можеби е заинтересиран за македонско државјанство по кое би се зачленил во СДСМ затоа што верува во нивната програма или вистината е можеби она што го кажува Стево Пендаровски, а тоа е дека е ангажиран од страна на СДС.Имајќи предвид дека имаме сериозни сознанија дека е ангажиран од страна на СДС очигледно е дека Пендаровски и Ковачевски се фатени на дело како и едниот и другиот лажат за ангажманот на ова лице.Прашањето кое до денес не го одговорија е кој ќе го плаќа ова лице и зошто договорот со него не е евидентиран од страна на СДС како што прават политичките партии обично кога ангажираат странски консултанти.Колку чини неговиот ангажман и дали можеби тој е платен од страна на некои надворешни држави и странски држави кои би сакале да се вмешаат во изборите во Македонија и дали знаат дека со ова прават тешко кривично дело доколку е така или можеби го плаќаат дома, од домашни извори но не преку сметка туку можеби оди плаќањето во кеш што е исто така тешко кривично дело.Второто прашање кое што се наметнува е која е неговата улога овде и што точно треба да прави, и трето да поставам еве ново прашање и да фрлам нова ракавица, дали е вистина или не дека ова лице има локална поддршка од страна на најмалку една маркетинг агенција која спроведува анкети и една пиар агенција која снима спотови и дали главното седиште на оваа екипа која му помага пред се во делот на снимање на видео спотови кои масовно се споделуваат овие денови се со црна кампања за ВМРО-ДПМНЕ дали седиштето на овие лица кои ги снимаат спотовите е во еден хотел на кејот на „Вардар“ и каква е нивната улога?Така што еве фрлена ракавица со ново прашање која сакаме дополнително да се разоткрие улогата на ова лице.", изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања