Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски и Трајановски на терен: Експресениот пат Куманово – Ранковце-Крива Паланка ќе го завршиме до крај на година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5144

И покрај сите проблеми што ги наследивме од претходната Влада, ќе ги употребиме сите расположливи ресурси и експресниот пат од Куманово преку Ранковце до Крива Паланка ќе го завршиме до крај на годината, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски, при денешната посета на општина Ранковце.

Министерот заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, придружуван од градоначланикот на Ранковце како и преставници од изведувачот и надзорот, извршија увид во изградбата на експресниот пат Kumanovo- Ранковце – Крива Паланка.

— реклама —

Министерот Николоски потенцираше дека во перидот од преземање на функцијата значително е засилена динамиката на градежни активности на терен. Експресниот пат се гради во две делници, истиот е со должина од 25,5 километри со вкупна вредност од 93,7 милиони евра.

“Овие четири недели ги искористив да ги анализарам проектите и не сум многу среќен. Има проблем со експропријација, со изведба, но тука сме да ги решаваме проблемите и ќе ги решиме. Овој експресен пат кој ја поврзува Крива Паланка преку Ранковце до Скопје но исто така поврзува два големи центри Скопје и Софија е од огромно знаење за сите граѓани и за бизнис секторот. Затекнавме проект кој имал слаба дникама, проект кој имал многу проблеми во минатото. Но заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски, посветивме и ќе посветиме силно внимание во иднина и затоа можам со задоволство да кажам дека овој експресен пат ќе бидет готов до нова година и потоа сите жители на Македонија па и на Бугарија ќе можат да го користат”, изјави министерот Николоски од Ранковце.

— реклама —

Со министерот сме на терен и ни претстои силна градежна активност во следниот период. Денеска извршивме увид на овој експресен пат и уверувам дека со министерството за транспорт заедно ќе работиме сите проекти да ги завршиме квалитетно, потенцираше директорот на ЈПДП Коце Трајановски.

“Работите се почнати 2018 година во две фази. Првиот дел е во должина од 15,5 километри и вредност од 43,2 милиони евра и со прогрес околу 68 %, тој е овој дел каде се наоѓаме и денеска на потег Длабочица – Чатал. Додека вториот дел е во должина од 9 километри и тој е во вредност од 50,5 милиони евра и некаде со прогрес од 91 %. Така да очекуваме да го завршиме како што кажа и минстерот до крај на година”, изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања