Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НИКОЛОСКИ

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Во објава на социјалните мрежи, министерот Александар Николоски истакна дека денешниот бизнис форум во Будимпешта е значаен чекор за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Унгарија. Тој посочи дека новите деловни можности, инвестиции и воспоставената авиолинија Скопје – Будимпешта ќе ја зајакнат билатералната соработка на сите нивоа.„Денеска заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот Бесар Дурмиши и претставници на институции од економскиот ресор на Владата како и компании од Македонија присуствувавме на бизнис форумот што се одржува во Будимпешта. Форумот има за цел зајакнување на економската соработка и нови бизнис можности за нашите компании.Македонија и Унгарија бележат одлични економски и пријателски односи, денешниот форум само ќе поттикне директна комуникација и поврзување меѓу институциите од двете земји и компаниите, ќе отвори нови можности за инвестиции, трговија и заеднички проекти.Економските врски, претставуваат клучна алка во зајакнувањето на севкупните билатерални односи меѓу двете земји и во таа насока остануваме силно посветени на создавање поволна деловна клима, услови за нови инвестиции и развој на долгорочни партнерства.Воспоставување на новата авиолинија Скопје - Будимпешта која започна да оперира од денеска и која е дел од пакетот на нови линии отворени преку финансиската поддршка на Владата и Министерството за транспорт, дополнително ќе ја зајакне соработката во економијата, образованието, туризмот и полесна комуникација меѓу двата народи.Со Унгарија бележиме традиционално пријателство кое претставува силна основа и значаен поттик за натамошно зголемување на билатералната соработка на сите нивоа“, вели Николоски.

Македонија | пред 2 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи во Охрид и охридското крајбрежје, истакна вицепремиерот Александар Николоски на настанот каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски го означија проектот за реконструкција и надградба на охридскиот аеродром.Проеките што се работат околу аеродромот, вели вицепремиерот Николоски, ќе го подигнат капацитетот и квалитетот на услугите за сите патници. Само за првите два месеци од годината на охридскиот аеродром има зголемување од 20 % на патници во однос на минатата година, односно за 30 % раст на скопскиот аеродром.“ Покрај директните инвестиции на аеродрoмот, тука се активностите на М-НАВ, поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука. Веќе интензивно се работи на скопскиот аеродром. Понатаму изградбата на автопатот Охрид-Кичево, кој што е дел од Kоридорот 8, можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за пет минути се стига до аеродромот, а од Струга некаде за десетина минути. Големата клучка која што се изгради тука позади нас, која што ќе значи брз пристап кон аеродромот, што дополнително ќе значи многу, затоа што најчесто патниците кои патуваат гледат колку се аеродромите оддалечени од местата до коишто треба да стигнат. Секако, тука е експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации воведовме 24 нови дестинации. За мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции” - истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на отварање на новата трафостаница “ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН.Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:„Навистина ми е драго  што можеме да присуствуваме на отворање на овој значаен објект и да се заблагодарам за подршката на тимот на ЕВН затоа што навистина е уметност да се стави еден ваков објект во срцето на Градот имајќи предвид дека ова што се гледа е само еден дел, а тоа што не се гледа е подземната инфраструктура и навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН. Ова е едно архитектонско достигнување и би сакал да честитатм на сите што беа вклучени, различни ресори на Владата и компанијата.Ова е пример како можеме и во централното градско подрачје да реализираме проекти кои се од интерес на државата и се надевам дека овој објект ќе значи стабилност за целокупното централно градско подрачје и за сите што гравитираат кон него.Знаете дека политиката на Владата е да подржува енергетска транзција, во моментов мислам сме шампниони во целиот регион, а со иницијативата што ја претстави премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот и создавање на еден Сојуз и еден обидинет пристап, мислам дека Македонија ќе го покаже своелто лидерско место во годините кои се пред нас во делот на енергетиката и на енергетската транзиција како главен двигател на развојот на државата” се обрати вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

На денешниот настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер, даде изјава за медиуми членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер, Александар Николоски, кој изрази задоволство што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на ваков настан од големи размери и потенцираше дека на овој начин ќе се усвојат нови политики во делот на младинското и студентско организирање.„Драго ми е што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемиот настан којшто во текот на годината го организираат европските демократски студенти, студентската организација на Европската народна партија, најголемата партија во Европа и со тоа најголемата студентска организација во Европа. Ова е организација од којашто излегле голем број на европски политичари, јас се  сеќавам во времето кога јас бев претседател на УМС, во периодот помеѓу 2004-2008 година, дел од тие луѓе со кои тогаш комунициравме, држевме, се гледавме, сега се во врвот на европската политика. Така што сум убеден дека и оваа генерација којшто овие денови е во Скопје е следната генерација на европскиот континент, секако предизвиците сега се различни, пред се во делот на мирот и стабилноста од една страна во Европа и во светот, а од друга страна технолошкиот напредок којшто треба да го следиме и сум убеден дека овие три дена во Скопје ќе бидат доста интензивни, со цел да можат да се усвојат нови политики кои ќе ги применува Европската народна партија во делот на младинското и студентското организирање“, вели Николоски.Николоски во своето обраќање се заблагодари на фондацијата Конрад Аденауер за континуираната поддршка и истакна дека да се биде домаќин на најголемиот настан кој го прави студентската организација на ЕПП претставува огромно признание за ВМРО-ДПМНЕ и државата.„Би сакал да се заблагодарам на фондацијата Конрад Аденауер од Германија за континуираната поддршка, и за поддршката и на овој настан, да честитам на Сергеј Попов и на Унијата на млади сили затоа што да се добие најголемиот настан кој што Европската народна партија во делот на студентско организирање го прави во текот на годината е огромно признание и за Македонија и за УМС и за ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Николоски.

Македонија | пред 3 дена

media-librarydt86tlhj8ubcchv8g77

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати прашање до министерот за транспорт, Александар Николоски, посочувајќи дека власта предводена од ДПМНЕ целосно ја игнорира кризата со домувањето и ги оттурнува граѓаните кон несигурност, сиромаштија и иселување.„Од 2020-та наваму живееме во перпетуална криза: ковид, енергетска, геополитичка, ценовни шокови, а сега и со горивото. Но, најтивката и најболната криза е домувањето. За една цела генерација, домувањето е главниот катализатор за иселување. Не е тоа само проблем на младите, туку и на нивните работнички семејства“, истакна Мециновиќ, нагласувајќи дека власта не нуди никакво решение додека проблемот станува сè подлабок.„Работник што прима 24.000 денари месечно создава вредност од околу 290.000, а дома носи едвај 16%. И од тие пари, ако е под кирија, повторно ги враќа на сопственикот на станот. Со што останува? Со несигурност. Како да купи стан? Како да формира семејство? Во меѓувреме имаме десетици илјади празни станови кои намерно се држат надвор од пазарот за да се одржуваат високите цени, а сега и странски фондови најавуваат купување на станови. Тоа значи дека ќе станеме нација на киријаши!Целата плата оди за кредити. Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите. До стан само без бубрег. Се движиме во реалност каде што никој од нас ништо нема да поседува. До каде со оваа политика, има ли план да излеземе од неа?!”

Македонија | пред 4 дена

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања.Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води популистички политики на создавање на хаос, истакна вицепремиерот Николоски.“Менуваме Правилник со кој Правилник овозможуваме побрзо да оди урбаинизацијата со цел да можат да се градат нови маркети и да се создава конкуренција,  еве имаме најава од два големи ланци, Лидл и Шпар  веќе се тука.  А вие повторно пуштатe монтирани соопштениja со слики монтирани од мене, од премиерот, на овој што Ве формираше, па сте ја ставиле во позадина сликата на тој што Ве формираше.  Јас сум долго во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани. Јас ке ви кажам, со директна материјална подршка на Сашо Мијалков кој сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и ние не сме ги спречиле!   И која ви беше улогата во 2015 година, да ја рушите Шарената револуција.  И сега правите монтажа и на таа слика не обвнинувате зошто полесно ќе се градат хотели надвор од градови, надвор од Национални паркови, надвор од заштитени подрачја,  надвор од заштитата од УНЕСКО.  Па се молиме да дојдат инвеститори, зашто тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, носат туристи и носат пари. А овие маркетиве кои ќе влегувааат носат поевтини цени затоа што не јас туку Комисијата за заштита на конкуренција  кажа дека има картелско здружување. Па се донесе Законот за добри трговски практики, почнаа да регистрираат ПР и маркетинг агенеции надвор од државата, па таму ги тераат производителите да се рекламираат. Е затоа ги правиме овие измени, одговори Николоски.Тој додаде дека се смени закон за полесно да се градат улилишта, болници катни гаражи, и потенцира дека и во тој случај Левица правела хистерија и повикувала законот да не се потпишува.“Правевте хистерија, баравте од претседателката да не го потпишува законот. Кај е урбаниот хаос кој што велевте дека ке се случи? Гледам, многу сте загрижени за Охрид. Знаете колку е цената на квадрат во Охрид, 4000 евра? .Заради такви како вас затоа што правите хистерија. Се кандидиравте за градоначалник на Скопје. Како планиравте градот да го водите со ваква хистерија. Даноци кој ќе плаќа, буџетот како ќе се полни? Лесно е да водите ултра пополустички политики, ама тие ви се удираат во ѕид. Еве ја следиме вашата политика во урбанизаицјата и цената на квадратот стигна до 2500 евра за квадрат. Ако продолжиме,  5000 евра ќе стигне”- одговори вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryms5uafmu6lkgd8BATbz

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, при што источниот регион наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро, кое ќе има повеќекратна намена – туризам, наводнување и водоснабдување.Ова го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешниот увид во градежните активности, нагласувајќи дека станува збор за капитален проект со значајно влијание врз локалниот развој.„Ова ќе биде прво рекреативно вештачко езеро во источниот дел на државата, кое треба да го развие туризмот во целиот регион, да биде главна летна атракција, но и простор за рекреација во текот на целата година, со потенцијал за отворање нови работни места“, изјави Николоски.Тој додаде дека покрај туристичката функција, езерото ќе има важна улога и во земјоделството и водоснабдувањето, особено во критични периоди.„Езерото ќе служи и за наводнување, а доколку има потреба, и за решавање на проблеми со водоснабдувањето. Разговаравме и за уредување на просторот околу него, вклучително и можноста трупот на браната да се користи како пешачка патека што ќе го поврзува езерото со Штип“, рече Николоски.Според него, проектот е реализиран околу 70 проценти, а крајниот рок за завршување е април 2027 година. Сепак, доколку временските услови бидат поволни, постои можност изградбата да заврши и порано.„Ако имаме добри временски услови, можно е уште оваа година да се заврши езерото, по што ќе биде потребна уште една година за да се наполни. Тоа значи дека во пролетта 2028 година би можеле да имаме целосно функционално езеро“, посочи вицепремиерот.Тој нагласи дека станува збор за втор ваков проект на Владата, по изградбата на вештачкото езеро во Конско кај Гевгелија.Вкупната вредност на проектот изнесува 448 милиони денари, од кои досега се реализирани 311 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт.Николоски изрази благодарност до локалните и државните институции за соработката во реализацијата на, како што рече, еден од најзначајните проекти за источниот дел на државата.

Македонија | пред 1 седмица

nikoloski-delnica-Gostivar-Bukojcani_9

(Видео) Штип добива вештачко езеро, кое може да биде готово за две години

Вицепремиерот Александар Николоски изврши увид во изградбата на браната на реката Отиња, при што изрази очекување дека проектот би можел да добие завршница во 2028 година, со полнење на вештачкото езеро.„Доколку нѐ послужи времето, односно ако имаме сув градежен период, можеби уште оваа година ќе го завршиме езерото, а ќе ни треба уште една година да се наполни. Тоа значи дека некаде во пролетта 2028 година би можеле да видиме тука езеро кое ќе претставува атракција“, изјави Николоски.Тој посочи дека ова е второ вештачко езеро во државата, по она во Гевгелија, односно Коњско, и нагласи дека проектот има значаен потенцијал за локалниот развој.„Ова вештачко езеро многу ќе значи за развој на туризмот и локалната економија“, додаде вицепремиерот.Изградбата на браната на Отиња се смета за еден од покрупните инфраструктурни проекти во источниот дел од државата, со очекувања дека ќе придонесе за економски и туристички развој на регионот.

Настани | пред 1 седмица

nikoloski

Николоски: Автопатите на коридорите се градат со предвидена динамика, нема дополнителни трошоците за изградбата

Изведувачот Бехтел и Енка продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени. Растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци, истакна во гостување во емисијата "Стадион" на Канал 77, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Не постои поголем договор во градежништвото каде што не постои така наречено клизно прилагодување на цени, каде што се ставаат неколку клучни параметри. Тоа секако може да е негативно, на пример на проектите кои што ги гради Бехтел и Енка и на Синохидро, минатата година имавме намалување на цени. Битуменот е една од главните состојки за производство на асфалт, а исто така има доста транспорт при изградба на големи инфраструктурни проекти. Сега засега е стабилно, ако ова заврши во наредните 2-3 месеци, ние нема да имаме проблем, ако продолжи, секако ќе седнеме ќе разговараме, рече Николоски.На прашањето што се промени во односот кон договорот со Бехтел и Енка од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција и сега кога е на власт, Николоски директно одговори дека сега се работи, за разлика од тоа кога СДСМ и ДУИ беа на власт, кога ниту една траса не беше започната.Јас бев најгласен критичар на Договорот во опозиција, најголемата маана е што тој договор е класифициран и на секој мој состанок со раководството на Конзорциумот јас барам да се декласифицира, и на секој состанок тие ме одбиваат. Во 2024 година кога бевме избрани, ниту една делница не беше започната да се гради, а беа исплатени 260 милиони евра за така наречена мобилизација. Изборот беше да го раскинеме договорот, да одиме на арбитража и таму сигурно ќе изгубевме уште 250-60 милиони, или да ги натераме Бехтел да работат. Мислам дека е почесно да се заврши проектот, за парите кои што како држава веќе сме ги платиле, отколку да им ги поклониме, посочи вицепремиерот Николоски.Министерот исто така потенцираше дека сите давачки на државата кон конзорциумот во моментов се платени и за тоа постои потврда и од самата компанија.

Македонија | пред 1 седмица

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 говореше за посетата на Вашингтон и средбите во Светска банка и Стејт Департментот на САД. Вицепремиерот Николоски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде имаше обраќање заедно со еврокомесарот за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите држави во светот, каде во фокусот на средбите беше мобилноста и транспортот.Taму бев поканет на годишната конференција на Светска банка каде што имав обраќање заедно со комесарот за транспорт на ЕУ. Имаше претставници од цел свет. Бев дел од министерски состанок со најголемите држави во светот, во делот на мобилност и транспорт, и уште бројни состаноци во рамки на Светска Банка, истакна Николоски.Покрај економските теми, посетата на Вашингтон ја искористив и за низа политички средби во Стејт Департментот и Советот за безбедност, објасни вицепремиерот.Имав состаноци и во Стејт Департментот, каде се видов со помошникот државен секретар за Европа на САД, како и други бројни средби во рамки на Советот за безбедност. Така што тоа беше една сериозна комбинација на економски и политички средби, додаде Николоски.За прв пат на политички состанок, на високо ниво, не е тема број еден Европската Унија, што мислам дека е резултат на односите кои што во моментов постојат и не е никако поврзано со Македонија, туку со нивните меѓусебни односи. А тема беше билатералната соработка, каде што оваа Влада е пофалена, за поддршката која што ја дава. Имаше одредени гласања во ООН, каде што Македонија беше една од ретките држави која што ги поддржа САД. Така што САД се наш стратешки партнер број еден, ние имаме со нив договор за стратешко партнерство и мислам дека тоа треба да е приоритет во надворешната политика, како што скоро потпишавме таков договор и со Обединетото Кралство. Така што тоа се центрите надвор од Брисел, кон кои што ние го вртиме нашиот поглед, заклучи вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrrruoc7ok372clN0I5s

(Видео) Груевски и Шекеринска се најдоа помеѓу обвинувањата при изборот на новиот државен обвинител

Жестока размена на обвинувања се случи меѓу вицепремиерот Александар Николоски и пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, околу состојбите во правосудниот систем и изборот на нов јавен обвинител.Николоски во својата реплика ја обвини претходната власт дека го контролирала правосудството и штитела партиски кадри.„Претходниот обвинител доби година и пол, ставаше случаи во фиока, не решаваше предмети, не постапуваше и ги штитеше вашите пријатели од поранешното раководство на СДСМ. Кога зборуваме за контрола, сѐ уште најголем дел од судскиот и обвинителскиот совет се контролирани од Струмица, од Зоран Заев“, изјави Николоски.Тој додаде дека, според него, СДСМ нема кредибилитет да зборува за политички прогон, обвинувајќи дека илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ биле предмет на постапки.„Три илјади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ставивте под прогон. Луѓето уште не можат на себе да дојдат. Сменивте обвинители и формиравте СЈО кое заврши како што заврши, со торба со пари“, рече Николоски.Во репликата, тој изнесе и тврдења дека постоеле обиди за, како што рече, политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ: „Оваа што е генерален секретар на НАТО (Радмила Шекеринска) целта и беше со судска одлука да го затвори ВМРО-ДПМНЕ и да го прогласите за терористичка организација“.На ваквите обвинувања возврати Тренчевска, која оцени дека власта има намера да воспостави контрола врз правосудните институции.„Од вашата реплика очигледно е дека сте загрижени само за Груевски. Да не заборавиме на заробената држава во времето на владеењето на ВМРО. И претходно и сега, вашата цел е да имате контрола врз правосудните органи. Токму поради тоа е нашата загриженост“, изјави Тренчевска.Размената на остри тонови доаѓа во период кога Собранието расправа за изборот на нов државен јавен обвинител, што дополнително ја засилува политичката поларизација околу состојбите во правосудството.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd6c6068mr5gm9Xx09tz

Николоски: Не правиме естрада, проблемот со превозниците се решава со документи и аргументи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со транспортерите истакна дека секој четврток има состаноци за изнаоѓање на решение.„Гледам дека соседните држави тоа го експлоатираат во медиумите, ние решивме да сме конструктивни и чесни и да работиме, и не мислам дека начин да се реши овој проблем е начинот кој што го прават соседните држави, преку постојано информирање на јавноста и една естрада која што се случува, туку ова се работи во канцеларија со документи, со аргументи, и тоа е начинот на кој што ние работиме. Уште еднаш апелирам да гледаме да ние си го решиме нашиот проблем, а што ќе прават Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина е нивни проблем, и драго ми е што нашите превозници тоа го сфатија и што заеднички работиме на решение за македонските превозници.Решението се движи во насока на издавање на долготрајни, долгорочни работни визи, кои што треба да значат регулиран престој на сите наши превозници, кои што влегуваат во Шенген зоната, без разлика дали се работи за камионски превоз или автобуски превоз или друг вид на превоз кој што се користи. Швајцарија веќе издава такви визи за македонските превозници, Хрватска најави дека тоа ќе го направи, во моментов има законска процедура за усвојување на соодветен закон во хрватскиот сабор, и работиме, координирани со Министерството за надворешни работи, со Министерството за внатрешни работи, и во координација со премиерот да уште неколку држави, усогласат вакви визи за македонските превозници, што ќе значи едно целосно решение на проблемот.Не очекувајте од нас да ние секој четврток ќе излегуваме и изнесуваме, и да замолам да не се потпаѓа на шпекулации кои што доаѓаат од други држави, затоа што најчесто она што го читам во медиумите од соседните држави се од луѓе кои што не учествуваат на тие состаноци, туку пренесено со намери кои што не би сакал да ги коментирам.Значи, системот влегува во сила во април месец, за превозниците од Македонија, повторувам, ќе биде одложен до крај на септември и до тогаш треба да е ова решение изнајдено“, изјави Николоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library7s01f9ejr0cs14HO7ni

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Ги развиваме автопатите и железницата на двата коридори

Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во развој и модернизација на коридорите во Македонија. Работиме на изградба и модернизација на автопатски делници, инвестираме во изградба на брза пруга на Коридор 10 и железничко поврзување на Исток, а со подршка на Светска банка работиме на модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок организиран од Светска банка.Имаме среќа што двата пан европски коридори се пресекуваат во нашата земја. Тоа е Коридорот 10 што го поврзува југот на Европа со северот на Европа и тоа е најдолгиот коридор во Европа. Вториот коридор е Коридор 8 што оди од запад кон исток, започнува во Албанија и завршува во пристаништето Одеса во Украина и сега се смета за втор најважен безбедносен коридор за НАТО. Се обидуваме да ги развиеме двата коридори. Имаме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра што го реализираме на двата коридори,  што потоа отвора нови можности за развој на  бизнисот покрај нив” – се обрати вицепремиерот Николоски.Пред присутните, тој ги потенцира капиталните проекти  што во моментов се реализираат во Македонија.Со нашите партнери и пријатели од Обединетото Кралство работиме на изградба на брза пруга која треба да оперира до 200 км на час за патнички сообраќај  и 120 км на час за транспорт. Потпишавме договор со нашите бугарски соседи за заедничко железничко поврзување на Коридорот 8 и го развиваме овој коридор со финансиска подршка од ЕУ и неколку банки.  Со Светска банка тесно соработуваме на проектот за локални патишта каде во секоја општина градиме локални патишта.  Работиме и на модернизација на најголемиот граничен премин со Албанија, потоа и на најголемиот граничен премин со Бугарија на Коридор 8.  Исто така работиме и на проект со Царината. Тоа е проект за нов едношалтерски систем, кој треба да овозможи товарниот сообраќај да биде многу побрз и многу поефикасен”- додаде вицепремиерот Николоски.Во своето обраќање истакна дека веќе се работи на проект преку кој треба да се поврзат Коридорот 10 и Коридорот 4 во Бугарија, а со тоа Македонија да се поврзе кон Турција и Блискиот Исток.  Се заблагодари за подршката на Светска банка и во делот на финансиите и во делот на експертизата што ја овозможува за Македонија.

Македонија | пред 2 седмици

media-library1tmp5p6j2p9q5EOWhfx

(Видео) Николоски: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат.На економскиот форум во Вашингтон во своето обраќање ја потенцирав важноста на геостратешката позиција на Македонија каде што се вкрстуваат двата пан-европски коридора.Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста. Праќаме позитивни сигнали за инвеститорите"- напиша вицепремиерот Николоски и објави видео од обраќањето на глобалниот форум.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryeet6c2i97dfl6L9MVMp

Николоски од Вашингтон: Разговори за економска соработка, коридорите 8 и 10 и енергетската транзиција

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски оствари работни средби во Стејт Департментот каде се разговараше за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економски врски.На средбата со Даниел Лоутон, заменик помошник државен секретар задолжен за Европа, беше потенцирано силното партнерство меѓу двете земји засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности и создавање на подобри перспективи за економска и трговска соработка.Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски по средбите во Стејт Департментот:Денеска во американскиот Стејт Департмент остварив неколку средби на високо ниво на кои што разговаравме за односите помеѓу нашите две држави. САД се стратешки партнер број еден на Македонија, држава која што најмногу ја подржува Македонија и зборувавме за заедничката економска и политичка соработка. Помеѓу другото се сретнав и со заменик помошникот Државен секретар задолжен за Европа, Даниел Лоутон. На средбата разговаравме за продлабочување на политичките и економски врски меѓу двете држави како и за стратешкото партнерство кое што го делиме, разговараме за соработката во НАТО во овие предизвикувачки времиња, како и заедничките операции што ги водиме. Зборувавме за економската соработка пред се во делот на енергетската транзиција и изградба на коридорите. Зборувавме за Пан европските коридори 8 и 10 кои што поминуваат низ Македонија и кои што се витално значајни за економијата и безбедноста на нашата држава. Зборувавме и за продлабочување на соработката во следниот период, очекуваме повторно да се активира Стратешкиот дијалог каде ќе разговараме за заедничките предизвици што ги имаат двете држави. Тука е и трговскиот договор кои што треба да овозможи многу повеќе бизнис, многу повеќе трговија помеѓу двете држави и секако стратешкото партнерство кое што треба да значи просперитет, напредок, безбедност и прозападни вредности на Македонија", изјави вицепремиерот Николоски.Работната посета на Вашингтон, вицепремиерот Николоски денеска ја продолжува со обраќање на глобалниот настан "Transforming Transportation 2026".

Македонија | пред 2 седмици

media-librarym85agugmuabtbybELlw

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе престојуваат во САД, каде што е предвидено да има средби во Светска банка и Стејт Департментот.На годишниот форум насловен како „Transforming Transportation 2026“, Николоски ја има честа да се обрати како еден од главните говорници.Николоски е предвидено да има свое обраќање на главната пленарна сесија заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.  Вицепремиерот Николоски ќе зборува на тема ,,Коридори за одржливо поврзување" каде што ќе се стави акцент на стратешките Пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8.За време на настанот предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата, Министерството за транспорт во партнерство со Банката.Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт Департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата.За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија.

Македонија | пред 3 седмици

nikoloski3-2

Коридорот 10-д во фокус: Се разгледува автопат низ Плетвар

Делницата од Фариш до Прилеп не може и не смее да остане „црна дупка“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, најавувајќи интензивна работа на решение за изградба на автопат или експресен пат, со цел комплетирање на Коридорот 10-д, кој треба да ги поврзе Скопје и Атина.Во интервју за „360 степени“, Николоски истакна дека завршувањето на овој потег е предуслов за целосен развој на трасата Скопје – Битола – Атина.„Природно е ние да го завршиме овој проект, затоа што за да се развие Коридорот 10-д, а тоа е потегот Скопје-Битола-Атина и да се скрати патувањето од Скопје до Атина од сегашни 8 до 8 ипол часа на 5 до 5 ипол часа, што ќе значи комплетно нов однос помеѓу двете држави во делот на трговија и бизнис, ние мора овие 25 километри да ги завршиме“, рече Николоски.Тој посочи дека активностите се одвиваат паралелно од македонска и од грчка страна.„Грците интензивно работат на нивна страна, од граница, преку Лерин кон Кожани се работи автопатот, ние интензивно работиме на наша страна автопат од Прилеп до Битола. Втора фаза е обиколница на Битола-Жабени и граничен премин. Од друга страна се изгради делот кој што оди Градско-Дреново-Фариш и не може да остане црна дупка делот од Фариш до Прилеп или популарниот Плетвар и најдобро е да се реши со автопат“, додаде Николоски.Според него, конечната одлука дали потегот од Фариш до Прилеп ќе се гради како автопат ќе ја донесат стручните служби, имајќи предвид дека станува збор за сложен и технички предизвикувачки терен.

Македонија | пред 4 седмици

media-library7o8copoi1fvu0lanwZp

Автопатот Гостивар – Букојчани без тунел: Разликата 250 милиони евра

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека за изградбата на автопатската делница Гостивар – Букојчани е донесена „најрационалната одлука во моментов“, имајќи ја предвид економската состојба на државата и можностите проектот да се финансира без дополнителен товар врз буџетот.Во интервју за емисијата „360 степени“, Николоски објасни зошто делницата ќе се гради без тунел.„Разликата со и без тунел беше 250 милиони евра, затоа што се работи за долг тунел од 5,3 километри. Ако јас се прашувам, кога би имал неограничен број средства, секако дека би отишол со тунел, но имајќи во предвид дека 1 километар тунел е 50 милиони евра, а таму проценетата вредност беше 250 милиони евра, со отстапка од 25%. Значи теоретски овој тунел можеше да биде и 25% плус, што би значело дека можеше и преку 300 милиони евра да чини целиот проект“, истакна Николоски.На прашањето за техничките параметри на трасата, тој појасни:„Од 31 километар, на 14 километри има до 6% нагиб или пад, што е под стандардот за автопат, затоа што стандардот за автопат е до 7%. На автопатот ќе може да се вози од 110 до 130 км/ч, затоа што кривините ќе бидат поблаги“, рече Николоски, додавајќи дека на проектот работат инженери, проектанти и компании кои, како што наведе, постапуваат според најновите светски практики.Според него, одлуката е донесена врз основа на финансиска одржливост и реалните можности на државата во актуелниот економски контекст.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Николоски: Државната статистика потврди голем раст на превезнена стока во товарниот сообраќај

Вкупнато количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемена во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година.  Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10.Во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии. Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.

Македонија | пред 1 месец

nikoloski3-2

Николоски: Имаме големи планови за изградба на нови експресни патишта

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во поткастот на ТВ Сител ги истакнува инфраструктурните планови на Владата за изградба на нови експресни патишта за поквалитетно регионално поврзување.Тој во поткастот вели дека плановите опфаќаат изградба на нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија, нов експресен пат од Радовиш до Струмица и нова врска на Коридор 10 со Коридор Струма преку изградба на експресен пат од Смоквица преку Струмица до граница со Бугарија.За нов експресен пат од Куманово до Страцин вели дека веќе се работи на заеднички постапки со Европска Унија и тој ќе го поврзе делот од Страцин до Крива Паланка кој беше пуштен за сообраќај минатата година.Сега во соработка со ЕУ треба да го изградиме делот од Куманово до Страцин. Експресните патишта ќе бидат различини од досегашните што ги изградивме. Сменивме Закон и Правилник и ќе сега ќе личат на пример на автопатот Тетово -Гостивар каде ќе имаат две плус две летни со ограда на средина, ама оградата нема да биде бетонска, туку класична еластична ограда, таков е потегот на Дреново - Фариш таму имаме две плус две ленито со еластична ограда на средина. На Влада ги поминавме основните документи за експресен пат од Кочани до граница со Бугарија.  Клучен проект за мене е експресен пат од Радовиш до Струмица и уште еден експресен пат од Смоквица преку Струмица до граница со Бугарија и Петрич од другата страна”, истакна вицепремиерот Николоски.Во однос на автопатиштата на Коридор 8 и Коридор 10 -д, тој исткана дека тие се работат со потребната динамика и со добро планирање и менаџирање, ќе се завршат во зададените рокови.

Македонија | пред 1 месец

media-library517bg4486n4gfVonK4X

Николоски: До крајот на 2029 ќе се вози по автопатот Гостивар–Букојчани

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека изградбата на автопатот Гостивар–Букојчани се одвива со силна динамика и дека очекува до крајот на 2029 година граѓаните да возат по оваа делница.Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, времената вршителка на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, како и со претставници на институциите, извршија увид во изградбата на делницата, која е дел од западното крило на Коридор 8.Според Николоски, се работи интензивно на секцијата што треба да го поврзе автопатот од Гостивар до Букојчани со постојниот автопат кон Тетово, а понатаму и со делницата кон Кичево, Охрид и Струга. Тој оцени дека проектот ќе донесе значителен економски придонес, ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот.Министерот посочи дека експропријацијата е завршена речиси 90 проценти, што, како што нагласи, е клучен предуслов за непречена реализација. Досега се исплатени околу 470 милиони евра, сума што, според него, е значајна за буџетот на државата. Тој додаде дека финансирањето се одвива навремено и дека државата ја обезбедува потребната логистика.Николоски истакна дека градежништвото бележи раст од 21 процент во третиот квартал од минатата година, што го оцени како историски резултат во независна Македонија. Посочи и дека во проектот се вклучени Градежниот и Архитектонскиот факултет, со цел студентите да стекнуваат практично искуство на реални инфраструктурни проекти.Тој најави дека покрај оваа делница, интензивно се работи и на автопатот Тетово–Гостивар, како и на делницата Прилеп–Битола, со цел да се заокружи современата патна мрежа во западниот дел од државата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygm8d3knkjfpbav9FtYb

Николоски: Воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, коментирајќи ги владините политики во авиосообраќајот."Почнавме сериозна политика на привлекување на нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид дека Македонија нема излез на море и аеродромите се наш единствен излез и тука да доаѓаат повеќе туристи и повеќе луѓе за бизнис и можност македонските граѓани да патуваат. Она што сум горд е дека од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови односно авиолинии, последни се овие кон Алгеро- Сардинија и Палермо-Сицилија. Она што ми е драго е што двата аеродорми, охридскиот и скопскиот поминаа 3,5 милиони патници. Ако видите дека Македонија е 1,8 милиони, тогаш јасно е дека далеку е над бројот на население што го имаме и ако некои спинуваа, оваа година скопскиот аеродром ќе биде лидер со раст во регионот на поранешна Југославија што е гордост, имајќи предвид дека и Загреб и Сараево и Белград се поголеми како градови од Скопје што е додадена вредност", изјави вицепремиерот Николоски.Тој додаде дека се започнати директни разговори со Саудиска Арабија за воспоставување на воздушен сообраќај меѓу двете земји што дополнително ќе се прошири мрежата на летови за Македонија."Очекувам и од таму да објавиме директни летови до скопскиот и охридскиот аеродром и ќе продолжиме со оваа политика на стимулирање на авиолинии. Очекувам оваа година да поминеме 4 милиони патници што ќе е апсолутен рекорд", истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 месец

aleksandar-nikoloski

Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС, да не манипулира, за превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води една црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДС и нашите стратешки пријатели.„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе'', појасни Николоски.Вицепремиерот Николоски истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqmn6ctaavh8jflx3beW

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп и нова обиколница околу градот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.Интенизивно се гради автопатот Прилеп - Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски."Автопатот Прилеп - Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт.Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат", изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.На одбележувањето на настанот 100 дена локална власт во Прилеп, вицепремиерот истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот."Сакам да му честитам на градоначалникот за успешната работа во овие 100 дена. Таа работа се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убeден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат. Ние како Влада ќе продолжиме со подршката која што ја дававме во изминатиот период, дали се работи за средства кои директно се префрлаат од буџетот кон општината за да може да реализира инфраструктурни проекти, дали се работи за подршка на стопанството или земјоделието, сето она што сме го ветиле на најдобар можен начин ќе се обидеме да го реализираме" изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb3app3gtnr7tes6kdky

Се отвора патот за редовни летови меѓу Скопје и Саудиска Арабија

Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, со цел воспоставување директни и редовни авиолинии меѓу двете држави.Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека со спогодбата ќе се создаде правна рамка која ќе овозможи регулирање и воспоставување на воздушен сообраќај меѓу Македонија и Саудиска Арабија, со оглед дека досега меѓу двете земји не се одржувале редовни летови.Според Николоски, воспоставувањето директна авиолинија ќе придонесе за продлабочување на билатералните односи, зголемување на економската и трговската соработка, како и за раст на туристичкиот промет и инвестициите.Македонија и Саудиска Арабија, како што беше посочено, негуваат пријателски односи и заемна заложба за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес.Од Министерството најавуваат дека во наредниот период ќе се преземат сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури, во согласност со националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања