Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски: Не правиме естрада, проблемот со превозниците се решава со документи и аргументи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryd6c6068mr5gm9Xx09tz

Вицепремиерот Александар Николоски вели дека секој четврток се одржуваат состаноци за решавање на проблемот со транспортерите и дека пристапот е работен, со документи и аргументи, без медиумска „естрада“ и шпекулации од соседството. Решението се насочува кон издавање долгорочни работни визи за регулиран престој на македонските превозници во Шенген. Швајцарија веќе ги издава, Хрватска најави и има законска процедура, а се работи со повеќе држави. Системот стапува во сила во април, но за македонските превозници ќе биде одложен до крај на септември, до кога треба да се најде решение.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со транспортерите истакна дека секој четврток има состаноци за изнаоѓање на решение.

— реклама —

„Гледам дека соседните држави тоа го експлоатираат во медиумите, ние решивме да сме конструктивни и чесни и да работиме, и не мислам дека начин да се реши овој проблем е начинот кој што го прават соседните држави, преку постојано информирање на јавноста и една естрада која што се случува, туку ова се работи во канцеларија со документи, со аргументи, и тоа е начинот на кој што ние работиме. Уште еднаш апелирам да гледаме да ние си го решиме нашиот проблем, а што ќе прават Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина е нивни проблем, и драго ми е што нашите превозници тоа го сфатија и што заеднички работиме на решение за македонските превозници.

Решението се движи во насока на издавање на долготрајни, долгорочни работни визи, кои што треба да значат регулиран престој на сите наши превозници, кои што влегуваат во Шенген зоната, без разлика дали се работи за камионски превоз или автобуски превоз или друг вид на превоз кој што се користи. Швајцарија веќе издава такви визи за македонските превозници, Хрватска најави дека тоа ќе го направи, во моментов има законска процедура за усвојување на соодветен закон во хрватскиот сабор, и работиме, координирани со Министерството за надворешни работи, со Министерството за внатрешни работи, и во координација со премиерот да уште неколку држави, усогласат вакви визи за македонските превозници, што ќе значи едно целосно решение на проблемот.

Не очекувајте од нас да ние секој четврток ќе излегуваме и изнесуваме, и да замолам да не се потпаѓа на шпекулации кои што доаѓаат од други држави, затоа што најчесто она што го читам во медиумите од соседните држави се од луѓе кои што не учествуваат на тие состаноци, туку пренесено со намери кои што не би сакал да ги коментирам.

Значи, системот влегува во сила во април месец, за превозниците од Македонија, повторувам, ќе биде одложен до крај на септември и до тогаш треба да е ова решение изнајдено“, изјави Николоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 3 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања