Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека Владата го намалила ДДВ и интервенирала со акцизата, што придонело инфлацијата во март (споредено со лани) да биде 0,7%. Тој посочи дека има шпекулативни поскапувања (пример битумен со раст до 100% за еден месец) и дека Министерството за економија и Пазарниот инспекторат ќе достават извештаи, по што ќе следат мерки и можни казни. Николоски додаде дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот и најави дополнителни мерки ако кризата продолжи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Го намаливме ДДВ-то најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме и со акцизата што позитивно влијаеше имајќи предвид дека целокупната инфлација во март оваа година споредена со март минатата година е само 0,7 %. Има одредени шпекулативни однесувања на пазарот со цените и во вторник на редовната седница на Влада ќе ги гледаме извештаите на Министертвото за економија и на таа основа ќе преземеме мерки, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “Само Интервју” на Тв Канал 5.

 “Она што огледаме e одредени шпекулативни однесувања, затоа што никој не може да ме убеди дека наеднаш цените растат од ден за ден. Имавме такви, на пример во битуменот. Тоа е најкарактеристично каде што битуменот порасна скоро за 100% само за еден месец. И затоа го задолживме Министерството за економија заедно со Државниот пазарен инспекторат да направат споредба на цени и квантитативно да ги споредат и во вторник на редовната седница на Влада ќе ги гледаме извештаите и на таа основа ќе преземеме мерки. Може ќе треба да одиме покрај со оваа политика на олеснувања и со рестриктивна политика односно оние кои што ја злоупотребуваат ситуацијата да бидат казнети” – истакна вицепремиерот Николоски.

— реклама —

Тој ги спореди цените на горивата во регионот и додаде дека Македонија има најниски цени на горивата по интервенциите на Владата.

“ Во делот на оние цени кои што се поврзани со берзата, како на пример бензинот и нафтата, тука апсолутно презедовме мерки, знаете дека имаме најевтини цени на супер, безоловен и дизел во целиот регион и всушност само тоа што е зголемен конзумот на овие производи за три пати од страна на граѓани кои што доаѓаат надвор од Македонија, на пример во пограничните места со Грција, покажува дека навистина ова што го говориме е така и всушност цените се најниски”-додаде Николоски.

— реклама —

Доколку продолжи кризата, тој најави преземање на дополнтелни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh2qmbd26q03v8jnCU1e

Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања