Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryh2qmbd26q03v8jnCU1e

Првата линија на Градскиот воз Зелениково–Драчево–Кисела Вода–Аеродром–ЖС Скопје ќе биде завршена до јуни, а по тестирање се планира старт на 1 септември. Напредокот е 65%, а се работи и на обезбедување дополнителни возови и комбинирање со автобуски превоз. За другите две линии тендер ќе се распише годинава, со цел проектот да се заврши до крајот на 2027 и да функционираат три линии. Се заменуваат дрвени со бетонски прагови за брзина до 90 км/ч и се реконструираат премини; со нови автобуси и БРТ се очекува големо растеретување.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

До месец јуни првата линија од Градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до железичка станица Скопје ќе биде завршена, а со почетокот на школската година во септември ќе ја пуштиме во сообраќај. За останатите две линии тендер ќе распишеме оваа година со што ќе го скратиме рокот за една година и до 2027 година Градскиот воз комплетно на трите линии ќе биде завршен, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорите на двете железнички претпријатија извршија увид во рехабилитацијата и реконструкцијата на првата линија.

— реклама —

Вицепремиерот Николоски истакна дека со набавката на новите автобуси, идејата е  да се комбинира транспортот така што фрекфренцијата на Градски воз да биде на еден час

“ Динамиката е добра. Ветивме дека ќе биде завршена првата линија до јуни и првата линија ќе биде завршена до јуни. Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста дека се завршуваат проектите во предвиден рок. И како што гледате, проектите кои што ова Влада ги почна завршуваат во предвидениот рок и се движат во добра динамика, затоа што пред да ги започнеме проектите имаме еден многу сериозен процес на планирање за тоа како ќе се излезе на терен и како ќе се почне да се работи и навистина да се испорачува она што се ветува. До денес прогресот на првата линија која што оди од Зелениково преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица е 65 %, што е согласно динамичкиот план и очекуваме до јуни месец да истата биде завршена. По тоа следува еден период на тестирање и нашата цел е на 1 септември со почеток од новата школска година да почне да функционира градски воз на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица, што сум уверен ќе помогне многу во растаретување на сообраќајот и сообраќајниот метеж во град Скопје а исто така во очекувања на зимата и во намалување на загадувањето. За таа цел со Железници Транспорт интензивно работиме на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, затоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа проект кој што го работиме” -изјави вицепремиерот Николоски и додаде:

— реклама —

“Jaвното претријатие Железничка инфраструктура доста напредува со проектирањето на другите две линии и работата оди побрзо од што беше планирано и очекувано. Очекуваме во текот на оваа година да се распише јавен повик односно тендер за двете делници заедно, што значи дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот Градски воз до крајот на 2027 година и ќе имаме три линии функционални.  Во добра соработка со ЈСП ќе значи едно целосно растеретување на сообраќајот во градот. Ако на тоа се надоврзе и проектот БРТ  веќе мислам дека во 2029 година ќе имаме целосно нова сообраќајна инфраструктура” – изјави Николоски.

Директорот на ЈП Железничка инфраструктура Синиша Ивановски истакна дека во овој момент се работи на замена на дрвените прагови кои се заменуваат со бетонски прагови со  цел да да се достигне проектирана брзина до 90 км на час, како и реконструкција на патните премини.

Градоначалникот на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна дека со проекот Градски воз, набавката на новите 100 автобуси и проектот за БРТ, значително ќе се подобри квалитетот на сообраќајниот транспорт во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања