Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryms5uafmu6lkgd8BATbz

Изградбата на браната на Отиња кај Штип е во завршна фаза и треба да донесе прво рекреативно вештачко езеро во источниот регион со намена за туризам, наводнување и водоснабдување, со потенцијал за нови работни места и уредување на околината. Проектот е реализиран околу 70%, рокот е април 2027, со можност за порано завршување; потребна е околу една година за полнење (можна функционалност пролет 2028). Вредноста е 448 млн. денари, реализирани 311 млн., финансирано од МТ.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, при што источниот регион наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро, кое ќе има повеќекратна намена – туризам, наводнување и водоснабдување.

— реклама —

Ова го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешниот увид во градежните активности, нагласувајќи дека станува збор за капитален проект со значајно влијание врз локалниот развој.

— реклама —

„Ова ќе биде прво рекреативно вештачко езеро во источниот дел на државата, кое треба да го развие туризмот во целиот регион, да биде главна летна атракција, но и простор за рекреација во текот на целата година, со потенцијал за отворање нови работни места“, изјави Николоски.

— реклама —

Тој додаде дека покрај туристичката функција, езерото ќе има важна улога и во земјоделството и водоснабдувањето, особено во критични периоди.

„Езерото ќе служи и за наводнување, а доколку има потреба, и за решавање на проблеми со водоснабдувањето. Разговаравме и за уредување на просторот околу него, вклучително и можноста трупот на браната да се користи како пешачка патека што ќе го поврзува езерото со Штип“, рече Николоски.

Според него, проектот е реализиран околу 70 проценти, а крајниот рок за завршување е април 2027 година. Сепак, доколку временските услови бидат поволни, постои можност изградбата да заврши и порано.

„Ако имаме добри временски услови, можно е уште оваа година да се заврши езерото, по што ќе биде потребна уште една година за да се наполни. Тоа значи дека во пролетта 2028 година би можеле да имаме целосно функционално езеро“, посочи вицепремиерот.

Тој нагласи дека станува збор за втор ваков проект на Владата, по изградбата на вештачкото езеро во Конско кај Гевгелија.

Вкупната вредност на проектот изнесува 448 милиони денари, од кои досега се реализирани 311 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт.

Николоски изрази благодарност до локалните и државните институции за соработката во реализацијата на, како што рече, еден од најзначајните проекти за источниот дел на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 2 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања