Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarym85agugmuabtbybELlw

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе престојуваат во САД, каде што е предвидено да има средби во Светска банка и Стејт Департментот.

На годишниот форум насловен како „Transforming Transportation 2026“, Николоски ја има честа да се обрати како еден од главните говорници.

— реклама —

Николоски е предвидено да има свое обраќање на главната пленарна сесија заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.  Вицепремиерот Николоски ќе зборува на тема ,,Коридори за одржливо поврзување" каде што ќе се стави акцент на стратешките Пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8.

За време на настанот предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата, Министерството за транспорт во партнерство со Банката.

— реклама —

Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт Департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата.

За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања