Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Цената во Скопје ќе биде над 5.000 евра метар квадратен, ако продолжи да не се носи ДУП, вели Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, излезе со предупредување дека одлуката на граѓаните да не се носат детални урбанистички планови може сериозно да влијае врз цените на становите во Скопје. Тој истакна дека без планирана урбанизација, цените на недвижностите ќе продолжат да растат и може да достигнат над 5.000 евра за метар квадратен.

„Јас ви гарантирам дека доколку продолжи да не се носат детални урбанистички планови, цената во Скопје ќе биде над 5.000 евра метар квадратен. Лесно е сега некој што ме гледа да рече – нека си живеат во нивните градови, ама не сакаат да живеат, сакаат да живеат во Скопје. Ако сакаат да живеат во Скопје и доаѓаат тука, ние мораме да имаме можност да имаат што да купат. Ако немаат што да купат, ќе купуваат овие кои ќе имаат најмногу пари, и тоа ќе го ништува животот на овие кои сега живеат во Скопје“, рече Николоски.

— реклама —

Според него, одлуките за урбанистичко планирање не се само технички формалности, туку директно влијаат врз пристапноста на пазарот на недвижности за просечниот граѓанин и со тоа врз квалитетот на животот во главниот град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања