Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Груевски и Шекеринска се најдоа помеѓу обвинувањата при изборот на новиот државен обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryrrruoc7ok372clN0I5s

Жестока расправа меѓу вицепремиерот Александар Николоски и пратеничката Јована Тренчевска се водеше за состојбите во правосудството и изборот на нов државен јавен обвинител. Николоски ја обвини СДСМ дека ја контролирала судско-обвинителската власт, штитела партиски кадри и вршела политички прогон, спомнувајќи СЈО и тврдења за обид да се затвори ВМРО-ДПМНЕ. Тренчевска возврати дека власта сака контрола врз правосудните институции и дека Николоски е фокусиран на Груевски. Дебатата се засилува додека Собранието расправа за нов обвинител.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Жестока размена на обвинувања се случи меѓу вицепремиерот Александар Николоски и пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, околу состојбите во правосудниот систем и изборот на нов јавен обвинител.

Николоски во својата реплика ја обвини претходната власт дека го контролирала правосудството и штитела партиски кадри.

— реклама —

„Претходниот обвинител доби година и пол, ставаше случаи во фиока, не решаваше предмети, не постапуваше и ги штитеше вашите пријатели од поранешното раководство на СДСМ. Кога зборуваме за контрола, сѐ уште најголем дел од судскиот и обвинителскиот совет се контролирани од Струмица, од Зоран Заев“, изјави Николоски.

Тој додаде дека, според него, СДСМ нема кредибилитет да зборува за политички прогон, обвинувајќи дека илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ биле предмет на постапки.

— реклама —

„Три илјади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ставивте под прогон. Луѓето уште не можат на себе да дојдат. Сменивте обвинители и формиравте СЈО кое заврши како што заврши, со торба со пари“, рече Николоски.

Во репликата, тој изнесе и тврдења дека постоеле обиди за, како што рече, политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ: „Оваа што е генерален секретар на НАТО (Радмила Шекеринска) целта и беше со судска одлука да го затвори ВМРО-ДПМНЕ и да го прогласите за терористичка организација“.

На ваквите обвинувања возврати Тренчевска, која оцени дека власта има намера да воспостави контрола врз правосудните институции.

„Од вашата реплика очигледно е дека сте загрижени само за Груевски. Да не заборавиме на заробената држава во времето на владеењето на ВМРО. И претходно и сега, вашата цел е да имате контрола врз правосудните органи. Токму поради тоа е нашата загриженост“, изјави Тренчевска.

Размената на остри тонови доаѓа во период кога Собранието расправа за изборот на нов државен јавен обвинител, што дополнително ја засилува политичката поларизација околу состојбите во правосудството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 21 час

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања