Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Вицепремиерот Александар Николоски на отворањето на новата трафостаница „ТЦ Централа“ во Скопје, инвестиција на ЕВН, истакна дека вложувањата во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите и економски напредок за државата. Тој нагласи дека проектот е резултат на заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор, со значајна подземна инфраструктура и архитектонско решение во центарот на градот. Додаде дека Македонија е лидер во регионот во енергетската транзиција и дека регионалната иницијатива за интеграција ќе ја зацврсти таа улога.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на отварање на новата трафостаница “ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН.

Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.

— реклама —

Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:

„Навистина ми е драго  што можеме да присуствуваме на отворање на овој значаен објект и да се заблагодарам за подршката на тимот на ЕВН затоа што навистина е уметност да се стави еден ваков објект во срцето на Градот имајќи предвид дека ова што се гледа е само еден дел, а тоа што не се гледа е подземната инфраструктура и навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН. Ова е едно архитектонско достигнување и би сакал да честитатм на сите што беа вклучени, различни ресори на Владата и компанијата.

Ова е пример како можеме и во централното градско подрачје да реализираме проекти кои се од интерес на државата и се надевам дека овој објект ќе значи стабилност за целокупното централно градско подрачје и за сите што гравитираат кон него.

Знаете дека политиката на Владата е да подржува енергетска транзција, во моментов мислам сме шампниони во целиот регион, а со иницијативата што ја претстави премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот и создавање на еден Сојуз и еден обидинет пристап, мислам дека Македонија ќе го покаже своелто лидерско место во годините кои се пред нас во делот на енергетиката и на енергетската транзиција како главен двигател на развојот на државата” се обрати вицепремиерот Николоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања