Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски: Автопатите на коридорите се градат со предвидена динамика, нема дополнителни трошоците за изградбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
nikoloski

Бехтел и Енка продолжуваат со изградбата на автопатите според динамиката, а државата ги има платено сите тековни обврски, со потврда и од компанијата, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој објасни дека договорите содржат „клизно“ прилагодување на цени според параметри како битумен и транспорт. Засега растот на горивата не носи дополнителни трошоци; ако состојбата се продолжи, ќе се разговара. Николоски посочи дека во 2024 не била почната ниту една делница, иако биле исплатени 260 милиони евра за мобилизација. Наместо раскин и арбитража со дополнителни загуби, Владата се решила да го доврши проектот и повтори барање договорот да се декласифицира.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Изведувачот Бехтел и Енка продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени. Растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци, истакна во гостување во емисијата "Стадион" на Канал 77, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Не постои поголем договор во градежништвото каде што не постои така наречено клизно прилагодување на цени, каде што се ставаат неколку клучни параметри. Тоа секако може да е негативно, на пример на проектите кои што ги гради Бехтел и Енка и на Синохидро, минатата година имавме намалување на цени. Битуменот е една од главните состојки за производство на асфалт, а исто така има доста транспорт при изградба на големи инфраструктурни проекти. Сега засега е стабилно, ако ова заврши во наредните 2-3 месеци, ние нема да имаме проблем, ако продолжи, секако ќе седнеме ќе разговараме, рече Николоски.

— реклама —

На прашањето што се промени во односот кон договорот со Бехтел и Енка од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција и сега кога е на власт, Николоски директно одговори дека сега се работи, за разлика од тоа кога СДСМ и ДУИ беа на власт, кога ниту една траса не беше започната.

Јас бев најгласен критичар на Договорот во опозиција, најголемата маана е што тој договор е класифициран и на секој мој состанок со раководството на Конзорциумот јас барам да се декласифицира, и на секој состанок тие ме одбиваат. Во 2024 година кога бевме избрани, ниту една делница не беше започната да се гради, а беа исплатени 260 милиони евра за така наречена мобилизација. Изборот беше да го раскинеме договорот, да одиме на арбитража и таму сигурно ќе изгубевме уште 250-60 милиони, или да ги натераме Бехтел да работат. Мислам дека е почесно да се заврши проектот, за парите кои што како држава веќе сме ги платиле, отколку да им ги поклониме, посочи вицепремиерот Николоски.

— реклама —

Министерот исто така потенцираше дека сите давачки на државата кон конзорциумот во моментов се платени и за тоа постои потврда и од самата компанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања