Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ПАПА ЛАВ

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата во Ангола: Поседувате богатство што не може да се продаде ниту украде

Папата Лав XIV остро ги осуди „социјалните и еколошките катастрофи“ поврзани со експлоатацијата на материјалното богатство, за време на првиот ден од неговата посета на Ангола, јавува АФП.Во обраќањето до властите во претседателската палата во Луанда, поглаварот на Католичката црква порача дека моќни интереси ги присвојуваат природните ресурси, оставајќи зад себе страдање, смрт и нееднаквост.„Колку страдање, колку смрт, колку социјални и еколошки катастрофи предизвикува оваа логика на искористување“, изјави папата.Тој предупреди дека низ светот сè уште се наметнува модел на развој кој дискриминира и исклучува, претставувајќи се како единствен можен пат.Ангола, земја богата со нафта и минерали, се соочува со длабоки економски разлики, а околу една третина од населението живее под меѓународната граница на сиромаштија.Папата ги повика властите да не се плашат од различни мислења и да не ги задушуваат визиите на младите и соништата на постарите генерации.„Општото добро ставете го пред интересите на партијата“, порача Лав XIV.Тој додаде дека Африка итно треба да ги надмине конфликтите и непријателствата кои го разоруваат општественото и политичкото ткиво на многу земји, продлабочувајќи ги сиромаштијата и исклученоста.

Свет | пред 4 дена

media-libraryf138f6sc25if8qnAIg8

Венс го предупреди папата Лав XIV: „Бидете внимателни со теологијата“

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс упати критики до папата Лав XIV, порачувајќи дека треба да биде „внимателен“ кога говори за теолошки прашања, откако папата ја критикуваше американската надворешна политика.Венс реагираше на изјавата на папата дека Исус „никогаш не е на страната на оние кои некогаш замавнувале со меч, а денес фрлаат бомби“, оценувајќи дека ваквиот став ги занемарува историските конфликти како Втората светска војна.„Дали Бог бил на страната на Американците кои ја ослободија Франција од нацистите? Дали бил на страната на оние кои ги ослободија концентрационите логори и ги спасија преживеаните од Холокаустот? Јас сум убеден дека бил“, изјави Венс на настан на Turning Point USA.Иако нагласи дека ги цени ставовите на папата за прашања како абортусот и миграцијата, Венс истакна дека не секогаш се согласува со него, особено околу темите за војната и мирот.Неговата изјава доаѓа по неколкудневната размена на остри зборови меѓу папата и американскиот претседател Доналд Трамп. Папата го осуди конфликтот со Иран, по што Трамп го нарече „слаб“ и „ужасен во надворешната политика“.Одговарајќи на критиките, папата порача дека „не се плаши“ од администрацијата на Трамп и најави дека ќе продолжи да повикува на мир, нагласувајќи дека неговите ставови се темелат на Евангелието.Судирот предизвика немир меѓу католиците во САД, при што бројни свештеници застанаа во одбрана на папата, оценувајќи ги нападите како непримерни. Дополнителни реакции предизвика и објава на Трамп на социјалните мрежи, во која преку вештачка интелигенција беше прикажан во лик налик на Христос, што подоцна ја избриша по критики од јавноста.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав: „Доста се војни, доста се демонстрации на моќ“

Папата Лав во саботата упати силен апел до светските лидери да го прекинат она што го нарече „лудило на војната“, во време кога високи американски и ирански претставници се состануваат во Пакистан за преговори за завршување на шестнеделен конфликт, јавува Ројтерс.На посебно молитвено бдение во базиликата „Свети Петар“, првиот папа Американец остро го осуди користењето на религиозна реторика за оправдување на војната, истакнувајќи дека „заблудата за семоќ која нè опкружува станува сè понепредвидлива“.Тој директно им се обрати на светските лидери со порака: „Престанете! Време е за мир! Седнете на маса на дијалог и посредување, а не на маса на која се планира ново вооружување.“Папата Лав се осврна и на страдањата на цивилите, цитирајќи писма од деца од воени подрачја кои опишуваат „ужас и нечовечност“, нагласувајќи дека човештвото е сериозно нарушено од тековните конфликти.Тој ја критикуваше и злоупотребата на верата за оправдување на насилството, потсетувајќи на ставовите на Црквата против војната во Ирак во 2003 година и порача: „Доста е од идолопоклонство на себеси и на парите! Доста е од демонстрација на моќ! Доста е од војна!“Папата и претходно изјави дека Бог ги отфрла молитвите на оние кои започнуваат војни, нагласувајќи дека човечката рамнотежа е сериозно нарушена кога религијата се користи за оправдување на конфликти.

Свет | пред 1 седмица

vatikan

Папата Лав XIV тргнува на историска африканска турнеја: прва станица Алжир и порака до исламскиот свет

Се очекува папата Лав XIV да пристигне во Алжир на 13 април 2026 година и да ја отвори, како што се оценува, својата прва голема меѓународна турнеја – патување што ќе трае до 23 април и ќе го однесе и во Камерун, Ангола и Екваторска Гвинеја. Посетата на Алжир се смета за историска затоа што станува збор за прва посета на римски папа на оваа претежно муслиманска држава.Во фокусот на пораките што Лав XIV ќе ги испрати во Алжир се најавува темата на мирното соживување и дијалогот во време на засилени меѓународни тензии. Од Ватикан е посочено дека целта на посетата е обраќање до исламскиот свет, но и соочување со заедничките предизвици на живеењето во мултирелигиски средини.Патувањето има и силна лична симболика за папата роден во Чикаго: во Алжир ќе оди по трагите на свети Августин (354–430), еден од најзначајните христијански мислители, роден на просторот на денешен Алжир, чие духовно наследство се поврзува со понтификатот на Лав XIV.Во деновите пред посетата, повеќе меѓународни невладини организации побараа папата да ги отвори прашањата за човековите права и верските слободи, наведувајќи дека верските малцинства се соочуваат со правни и административни ограничувања. Иако исламот во Алжир е државна религија, уставот гарантира слобода на богослужение, со услови поврзани со одобрување на проповедници и места за богослужба.Во рамките на престојот во главниот град, се најавува средба со претседателот Абделмаџид Тебун, по што папата ќе одржи говор пред властите и дипломатскиот кор. Не се предвидуваат јавни настапи низ градот, а белото папско возило нема да се користи за јавни обиколки.Попладнето, Лав XIV треба да ја посети Големата џамија – една од најголемите во светот – и да се сретне со верниците во катедралата „Богородица Африканска“, која гледа кон Алжирскиот Залив. Најавено е и приватно молење во капела посветена на 19 алжирски маченици, свештеници и монахињи убиени за време на граѓанската војна во земјата (1992–2002).Една од најсимболичните точки на патувањето во Алжир ќе биде посетата на Анаба, древниот Хипо Регис, каде што свети Августин бил епископ. Таму папата се очекува да служи миса во базилика со поглед кон градот, нагласувајќи ја духовната линија што, според негови блиски кругови, го поврзува неговиот понтификат со августинската традиција.

Свет | пред 1 седмица

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав: Војната на Блискиот Исток е скандал за целото човештво

Папата Лав остро ја осуди војната на Блискиот Исток, оценувајќи дека страдањата и уништувањето претставуваат „скандал за целото човештво“ и упати повик за итен прекин на непријателствата.Говорејќи на неделната молитва „Ангелус“ на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, поглаварот на Католичката црква истакна дека со загриженост ја следи ситуацијата во регионот, но и во другите делови од светот погодени од насилство и конфликти.„Не можеме да останеме неми пред страдањето на толку многу луѓе, беспомошни жртви на овие судири. Она што ги боли нив, го боли и целото човештво“, порача папата Лав.Тој повторно апелираше до верниците да истраат во молитвите, со цел да се стави крај на конфликтите и да се отвори пат кон мирот.Изјавата доаѓа во момент кога војната меѓу САД, Израел и Иран влегува во четвртата недела, со сè поголем број жртви и разурнувања во регионот.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав: Прекинете го огнот, илјадници невини луѓе се убиени

Папата Лав денеска упати силен апел за итен прекин на огнот во војната поврзана со Иран, предупредувајќи дека ескалацијата на насилството носи огромно страдање за цивилното население на Блискиот Исток.Говорејќи на традиционалната неделна молитва Ангелус на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата истакна дека во изминатите две недели народите во регионот трпат „страшно воено насилство“. Според него, насилството нема да донесе правда, стабилност ниту мир за кои копнеат луѓето во регионот.„Во име на христијаните на Блискиот Исток и на сите луѓе со добра волја, апелирам до оние што се одговорни за овој конфликт: прекинете го огнот“, порача папата.Тој изрази длабоко жалење што, како што рече, илјадници невини луѓе биле убиени, а многу семејства биле принудени да ги напуштат своите домови поради нападите. Папата нагласи дека особена загриженост предизвикува и ситуацијата во Либан, кој е погоден од судирите меѓу Израел и либанското движење Хезболах, поддржано од Иран.Тој изрази надеж дека ќе се отвори пат за дијалог меѓу властите во регионот, со цел да се постигне трајно решение на кризата и стабилност за целиот либански народ.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања