Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Венс го предупреди папата Лав XIV: „Бидете внимателни со теологијата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryf138f6sc25if8qnAIg8
Vice President JD Vance

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го критикуваше папата Лав XIV и му порача да биде „внимателен“ во теолошки теми, по неговата осуда на американската надворешна политика и изјавата дека Исус не е на страната на оние што „фрлаат бомби“. Венс тврдеше дека ставот ги игнорира историските конфликти како Втората светска војна. Тензиите следат по размена на остри зборови меѓу папата и Доналд Трамп за Иран; Трамп го нарече папата „слаб“. Папата рече дека не се плаши и ќе продолжи да повикува на мир. Спорот предизвика реакции меѓу католиците во САД, а дополнително негодување имаше и по AI-објавата на Трамп во лик налик на Христос.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс упати критики до папата Лав XIV, порачувајќи дека треба да биде „внимателен“ кога говори за теолошки прашања, откако папата ја критикуваше американската надворешна политика.

Венс реагираше на изјавата на папата дека Исус „никогаш не е на страната на оние кои некогаш замавнувале со меч, а денес фрлаат бомби“, оценувајќи дека ваквиот став ги занемарува историските конфликти како Втората светска војна.

— реклама —

„Дали Бог бил на страната на Американците кои ја ослободија Франција од нацистите? Дали бил на страната на оние кои ги ослободија концентрационите логори и ги спасија преживеаните од Холокаустот? Јас сум убеден дека бил“, изјави Венс на настан на Turning Point USA.

Иако нагласи дека ги цени ставовите на папата за прашања како абортусот и миграцијата, Венс истакна дека не секогаш се согласува со него, особено околу темите за војната и мирот.

— реклама —

Неговата изјава доаѓа по неколкудневната размена на остри зборови меѓу папата и американскиот претседател Доналд Трамп. Папата го осуди конфликтот со Иран, по што Трамп го нарече „слаб“ и „ужасен во надворешната политика“.

Одговарајќи на критиките, папата порача дека „не се плаши“ од администрацијата на Трамп и најави дека ќе продолжи да повикува на мир, нагласувајќи дека неговите ставови се темелат на Евангелието.

Судирот предизвика немир меѓу католиците во САД, при што бројни свештеници застанаа во одбрана на папата, оценувајќи ги нападите како непримерни. Дополнителни реакции предизвика и објава на Трамп на социјалните мрежи, во која преку вештачка интелигенција беше прикажан во лик налик на Христос, што подоцна ја избриша по критики од јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 21 час

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 22 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања