Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ПАРИ

zena-srekjna

По 25 април, парите „се појавуваат од никаде“: Овие 5 хороскопски знаци влегуваат во најплодниот финансиски период

По 25 април започнува период што, според астролошките толкувања, носи нагласена промена во енергијата и отвора врати за финансиски раст, пробиви во кариерата и шанси што доаѓаат ненадејно. Наместо бавен и постепен напредок, акцентот е на брзи можности што можат да се претворат во конкретни резултати речиси веднаш, особено ако се препознаат во вистинскиот момент.Се посочува дека крајот на април носи ретка комбинација на стабилност и силен поттик за напредок, што може да се одрази како: неочекувани финансиски добивки, забрзано професионално признание, нови извори на приход и попаметни одлуки што водат кон долгорочна сигурност.Во фокус се пет хороскопски знаци за кои се најавува „полн паричник“ и појасни резултати по 25 април.Бикот влегува во исклучително поволен циклус за пари, удобност и стабилност. Се нагласува дека трудот од минатото конечно почнува да дава видливи плодови, со можни подобрувања во приходите, раст на заштедите или подобри услови за инвестиции. На работа се очекува поголема стабилност и шанси што носат корист на подолг рок.Кај Близнаците доминира динамика и брзина – период во кој контакти, комуникација и умешно донесени одлуки можат да донесат „брза добивка“. Се потенцира можноста за нови извори на приход, дополнителни ангажмани или идеи што брзо стануваат исплатливи, особено преку вмрежување и соработка.Лавот е во фаза на зголемена видливост и професионални признанија. Според толкувањето, ова е време кога вложениот напор се забележува и се наградува, со потенцијал за унапредување, нова позиција, лидерска улога или значаен чекор напред во кариерата.Шкорпијата, по период на внатрешна трансформација, влегува во фаза на „награда“ и надворешни резултати. Се најавуваат поприметни финансиски подобрувања и посилно чувство на контрола во одлуките поврзани со пари и работа, како и ефект од претходно вложената истрајност.Водолијата, пак, добива силен поттик преку иновации, креативност и неконвенционални патишта. Се спомнуваат ненадејни можности – од нови проекти до профитабилни соработки – при што поддршката од заедници, мрежи и тимови може да биде клучна за успехот во овој циклус.За сите знаци пораката е слична: шансите може да дојдат ненадејно, но најголем ефект ќе имаат кај оние што се подготвени да реагираат брзо, да преговараат паметно и да ги претворат моменталните можности во стабилна основа за понатамошен раст.

Магазин | пред 15 часа

denari

Филипче: Фалат пари во буџетот за исплата на плати и пензии

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, предупреди дека во буџетот недостасуваат средства за редовна исплата на плати и пензии, поради лошо поставените економски политики на владата на ВМРО.„Нашите анализи кои што потекнуваат од експерти во финансии, кои се реални прогнози, покажуваат дека ќе има огромен недостаток на финансиски средства за да се исплатат плати и посебно пензии, затоа што дупката во пензискиот фонд е 50%. Ние ја оставивме со 30%. За 20% се зголеми дефицитот од пари во пензискиот фонд, не знам како ќе иде исплатата на пензиите“, рече Филипче.Притоа, Филипче посочи дека  СДСМ уште кога се носеше буџетот предупредуваше дека е нереален и не може да одговори на кризни состојби.„Дали ќе се преброди една криза или не, зависи од однесувањето на владата. Ние предупредивме на почетокот на годинава, крајот на минатата година, кога се носеше буџетот, дека буџетот ниту е развоен, ниту може да издржи криза. Не е развоен, затоа што немаше доволно странски инвестиции. Тие се донесени на една третина. Во наше време беа милијарда и 200 милиони евра во 2024 година, како резултат на нашите политики, консекутивните тие години. Сега, на третина се донесени странските инвестиции“, рече Филипче.Тој додаде дека буџетот е лошо испланиран, со сериозен дисбаланс помеѓу приходите и расходите.„Огромна е разликата помеѓу приходната и расходната страна. Оваа влада мисли само на расходната страна затоа што тие можат да искористат. Како ќе ги соберат приходите? Уукажавме дека не е соодветно тоа е испланирано. Еве дојде криза, еве гледаме дека не можат ништо да направат, ниту пак имаат желба.Оваа влада не се интересира ниту за граѓаните, ниту за државата“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-library28ao0od2a8321jN9lKC

СДСМ обвинува: Мајки со бебиња остануваат без денар – породилното доцни со недели

Членката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска обвини дека државата доцни со исплатата на породилните надоместоци, поради што, како што тврди, голем број мајки со новороденчиња остануваат без средства за основни потреби.Според Радеска, породилното се исплаќа со задоцнување од 20 дена, а имало случаи и со повеќе од еден месец. Таа посочи дека дел од мајките се јавувале во Фондот за здравствено осигурување барајќи информации за исплатата, при што добивале одговор дека ваквото доцнење „било во ред“.Радеска оцени дека ситуацијата е недозволива и наведе дека во минатото, ниту во услови на економска криза ниту при хакерски напади, не се случувале вакви доцнења. Според неа, причината за актуелните проблеми лежи во „неспособноста и расипничките приоритети“ на актуелната влада.Од СДСМ прашуваат зошто, како што велат, нема средства за мајките и бебињата, додека Владата троши на „луксузни автомобили, мебел и тендери за блиски компании“. Партјата бара Фондот веднаш да ги исплати сите заостанати надоместоци и да воведе фиксен датум на исплата секој месец.Дополнително, СДСМ побара Владата јавно да ја соопшти финансиската состојба на Фондот и да објасни каде завршиле средствата предвидени за породилните надоместоци. Тие прашуваат и дали доцнењето е поврзано со неликвидност на буџетот.„Ќе бидеме гласот на жените кои денес се чувствуваат изневерени од државата“, порача Радеска, најавувајќи дека партијата ќе продолжи да реагира додека, како што велат, не бидат исполнети сите обврски кон мајките и новороденчињата.

Македонија | пред 4 месеци

sud1d-22974-960x632-1

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија вложува најмногу во правосудството, а добива најмалку резултати

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека Македонија процентуално издвојува повеќе средства од Бруто-домашниот производ за функционирање на правосудниот систем во споредба со низа европски држави, но дека резултатите од работата на судовите и обвинителствата, според нив, не соодветствуваат со вложените пари.Повикувајќи се на податоци за буџетското финансирање на судството, партијата наведува дека земјава обезбедува 0,39 отсто од БДП за оваа сфера, што е повисок процент од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), како и од соседна Албанија (0,29%). Според нивните податоци, Македонија вложува повеќе и од Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, и покрај големите издвојувања и законски обезбедените високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува соодветни резултати. Како главни проблеми ги наведуваат долгите судски постапки, одложувањата, нерешените предмети и недовербата кај граѓаните.Паријата дополнително истакнува дека дел од судиите земаат и до три просечни плати, а во одредени случаи и повеќе, но дека ефектите од нивната работа се скромни. Оттаму сметаат дека фокусот не треба да биде само на барањата за зголемување на платите, туку на подобрување на ефикасноста и независноста на правосудството.„Правосудниот систем е созреан за реформи,“ оценуваат од партијата, најавувајќи дека тие се неопходни и, како што велат, неизбежни.

Македонија | пред 5 месеци

krazhba-na-kola

Кражба во Центар – обиен мерцедес и украдена актовка со пари и документи

Непознат сторител украл актовка со пари, печати и документи од службено возило паркирано во центарот на Скопје.На 17.10.2025 во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, од патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, била одземена актовка со пари, документи, печати и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryv5lm30bt7qsb3KlOv0i

Јарец, Девица, Овен и Риби: Судбината им носи ослободување пред крајот на годината

За оние кои долго чекале правда, сега ѕвездите испраќаат знак: до Нова Година ќе го остават минатото зад себе и ќе влезат во нова фаза на животот.Јарац – Нов пат без тешкотии: По години финансиски борби, се отвора можност да здивнат. Нема враќање назад.Девица – Кармата се брише: Сето она што го давале и трпеле, сега им се враќа. Судбината ги наградува за нивните жртви со неочекувана среќа.Овен – Пари и мир рака под рака: Очекува прилив кој го менува секојдневието. Не само што ги решава долговите, туку им овозможува да живеат онака како отсекогаш посакувале.Риби – Дар од Универзумот: Очекува нагло превртување. Таму каде што виделa ѕид, сега се отвораат врати. Патот им станува полесен од кога и да е.Судбината не заборава. Во моментот кога им е најпотребно, овие знаци влегуваат во нов живот – слободни, ослободени и благословени.

Магазин | пред 6 месеци

fzom_8

Нема потврдени случаи на интервенции за профит, ФЗОМ за приватните болници!

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) се огласи во однос на тврдењата дека во приватните болници се вршат непотребни медицински интервенции заради профит. Оттаму нагласуваат дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за такви случаи, а по сопствени наоди биле извршени девет контроли за приватно наплатени средства.„Фондот ја истакнува важноста на придржувањето кон професионалните стандарди, медицинската етика и принципите на медицина заснована на докази, кои претставуваат темел на здравствениот систем. Во рамки на своите законски надлежности, ФЗО врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи, со цел да обезбеди здравствените услуги да се изведуваат во согласност со законските прописи и склучените договори. Во сите установи се вршат редовни годишни контроли, а Фондот постапува и по поднесени претставки на пациенти или по сопствен наод“, велат од Фондот.Истовремено посочуваат дека ФЗОМ нема надлежност да ја оценува медицинската оправданост на изведените интервенции, ниту да врши инспекциски надзор врз стручната работа на здравствените установи. Овие надлежности се во доменот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат или на специјални комисии формирани од Министерството за здравство.„Фондот, во рамки на своите овластувања, ќе продолжи да работи на спречување на евентуални неправилности во користењето на финансиските средства. ФЗО апелира до сите чинители во здравствениот систем, како и до јавноста, за одмерена и аргументирана комуникација заснована на проверливи факти, со цел зачувување на довербата во здравствениот систем и избегнување на генерализации што можат да предизвикаат сензационализам“, велат од ФЗО.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања