Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ обвинува: Мајки со бебиња остануваат без денар – породилното доцни со недели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library28ao0od2a8321jN9lKC

Членката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска обвини дека државата доцни со исплатата на породилните надоместоци, поради што, како што тврди, голем број мајки со новороденчиња остануваат без средства за основни потреби.

Според Радеска, породилното се исплаќа со задоцнување од 20 дена, а имало случаи и со повеќе од еден месец. Таа посочи дека дел од мајките се јавувале во Фондот за здравствено осигурување барајќи информации за исплатата, при што добивале одговор дека ваквото доцнење „било во ред“.

— реклама —

Радеска оцени дека ситуацијата е недозволива и наведе дека во минатото, ниту во услови на економска криза ниту при хакерски напади, не се случувале вакви доцнења. Според неа, причината за актуелните проблеми лежи во „неспособноста и расипничките приоритети“ на актуелната влада.

Од СДСМ прашуваат зошто, како што велат, нема средства за мајките и бебињата, додека Владата троши на „луксузни автомобили, мебел и тендери за блиски компании“. Партјата бара Фондот веднаш да ги исплати сите заостанати надоместоци и да воведе фиксен датум на исплата секој месец.

— реклама —

Дополнително, СДСМ побара Владата јавно да ја соопшти финансиската состојба на Фондот и да објасни каде завршиле средствата предвидени за породилните надоместоци. Тие прашуваат и дали доцнењето е поврзано со неликвидност на буџетот.

„Ќе бидеме гласот на жените кои денес се чувствуваат изневерени од државата“, порача Радеска, најавувајќи дека партијата ќе продолжи да реагира додека, како што велат, не бидат исполнети сите обврски кон мајките и новороденчињата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 14 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања