Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПЕЦАКОВ

media-librarya1js5s5r50mo0W1vsJE

Пецаков во официјална посета на Стар Град Белград, најавена продлабочена соработка

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, заедно со делегација од Општина Охрид, оствари официјална посета на Општина Стар Град Белград, каде што одржа работна средба со претседателот на општината Радослав Марјановиќ.На средбата се разговарало за официјализирање и продлабочување на меѓуопштинската соработка, со акцент на размена на искуства во областа на локалниот економски развој, туризмот, промоцијата на културното наследство, урбанистичкото планирање и образованието.Пецаков изразил подготвеност за воспоставување долгорочни партнерски односи насочени кон размена на добри практики и реализација на заеднички проекти од значење за граѓаните на двете општини.Во рамки на посетата, делегацијата од Охрид ги посетила и капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во Стар Град Белград, при што се запознала со современите пристапи во развојот на урбаната средина.Од Општина Охрид оценуваат дека ваквите средби се значајни за унапредување на меѓуинституционалната соработка и отворање нови можности за развој на градот.

Охрид | пред 1 месец

media-library1hu9tlhpg2be3XaUqr0

(Фото) „Бранкојавление” или повторно „случајна” средба

Поранешниот премиер, претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно е фотографиран, овојпат во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.Минчев, кој сега е висок функционер во владејачката ЗНАМ, беше генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја предводеше СДСМ.Заедно со нив е и Зоран Попов, актуелниот амбасадор во САД.Црвенковски со години беше надвор од политиката и не се појавуваше ниту во тешки и кризни моменти за државата, иако редовно ја зема високата претседателска пензија и има и кабинет.Минатата година неофицијално се говореше дека работи во корист на ЗНАМ, каде се негови поранешни блиски луѓе.Последниов месец, среде кампања, беше фотографиран во друштво со актуелни функционери и политичари.Црвенковски прво беше фотографиран во Охрид на маса во ресторан со староновиот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, за што имаше објаснување дека била случајна средба.Ден по изборите се појави и фотографија од поранешниот лидер на СДСМ со активисти на партијата во Кичево.Познавачи на политичката клима велат:,, Ако Бранко не сака, нема да се појави никаква фотографија”.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfjmdm442jj9ia4z0dUd

Пецаков: Реконструкција на кеј „Македонија“, изградба на Младински културен центар и со цел заштеда на народните пари поставување фотоволтаици на јавните институции

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на вечерашниот митинг во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека градот ќе продолжи да се развива со заедничка работа, труд, визија и со конкретни дела, притоа ги наведе и проектите кои што следат во иднина како за младите така и во областа на инфраструктурата, дигитализацијата се со цел подобри услови за сите охриѓани.„Реконструиравме училишна зграда за ООУ „Кочо Рацин“ и комплетно ја опремивме, и слободно можам да кажам дека тоа е прво ново училиште изградено во Охрид од осамостојувањето на Македонија. Имаме план и програма за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид. Планираме реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“. Изградба на нов Младински културен центар, ќе го уредиме кејот во Пештани и градскиот пазар во Охрид, ќе создадеме зелени зони и простори за семејствата! Ги дигитализираме услугите на Општината со QR-кодови за документи, онлајн плаќања, електронски услуги“, вели Пецаков.Кандидатот за градоначалник на општина Охрид ги посочи проектите кои се од суштинско значење за чист и зелен град, но и инвестиции со што би се зачувала традицијата и културата на градот.„Започнуваме со поставување фотоволтаици на сите јавни институции кои се под Локалната самоуправа. Се поставуваат модерни корпи за отпад, а домаќинствата ќе имаат можност да ги користат субвенциите од Општина Охрид за поставување на фотоволтаици. Планираме реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ.  Продолжува поддршката на нашите фестивали: Охрид Ватер Фестивал, Вино Фест, Џез Фестивал, Коктел Фест“, рече Пецаков.На крај од своето обраќање Пецаков ги повика граѓаните масовно да излезат на 19 октомври и референдумски да дадат поддршка за бројот 9, за победа во прв круг и за мнозинство во Советот на општина Охрид.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarytsd3pera9qr97cJLx58

Пецаков: Општинскиот долг го намаливме за над 10 милиони евра, работиме на нови сообраќајни решенија, како и ново училиште

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков, во гостување на МТВ, говореше за големите предизвици со кои се соочил изминатите години откако седнал на градоначалничката функција. Тој истакна дека како еден од клучните моменти за него е намалувањето на долгот од 14,5 милиони евра на 3,5 милиони.Пецаков наброја голем дел на реализирани проекти како што се велосипедски патеки, реконструкција на плоштади, фотоволтаици, основно училиште, спортска сала во Лескоец и други. Во однос на тоа што да се очекува од него следните 4 години, Пецаков ги истакна неговите ветувања.„Уредување на булевар „Туристичка“ во пресек со улицата Стив Наумов до Јане Сандански, уредување на кејот Македонија, на кејот во Пештани, реконструкција на културните домови во Љубаништа, Кочишта и во Црногорци, продолжување на фекалната канализација, започнавме со проект за одобрение на втора катна гаража, но и уште еден проект за одобрение за уште едно училиште“, посочи Пецаков.Градоначалникот Пецаков најави и стратегија за туризмот во наредните 10 години и како што кажа во соработка со централната власт ќе работат на зголемување на туристите во Охрид.„Стратегијата која ќе биде направена за наредните 10 години, заедно со централната власт би можеле заеднички да ја спроведеме. Синергијата помеѓу локалната и централната власт, со добивањето на посебно Министерство за култура и туризам, сметам дека ќе даде добри резултати, не само по однос на зголемување на бројот на туристи, што е основен императив за еден туристички центар, туку и во квалитетот на туризмот во иднина“, потенцираше Пецаков.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-29-at-23.23.14

Пецаков: Граѓаните со свои идеи ќе ја креираат програмата за Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ја најави акцијата „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина“, преку која се собираат предлози и иницијативи од граѓаните што ќе влезат во новата програма за наредниот мандат.„Денеска собираме идеи на граѓаните кои ќе бидат дел од програмата во следните четири години“, изјави Пецаков, додавајќи дека програмата е поделена во три сегменти. Првиот е насочен кон капитални инфраструктурни проекти што ќе се надоврзат на започнатите и завршените од претходниот мандат. Вториот дел ги опфаќа проектите кои произлегле од потребите на месните заедници во изминатите години. Третиот дел, како што посочи, ќе биде составен од новите идеи што граѓаните ќе ги доставуваат во наредните денови.„Сето она што ќе биде реално остварливо, ќе може да биде дел од нашата програма и ќе се потрудиме да биде реализирано во еден мандат,“ нагласи Пецаков.

Охрид | пред 7 месеци

pecakov

Пецаков: Меѓународната и меѓугранична соработка директно придонесуваат во туризмот како основна гранка на развој на Охрид

Во однос на меѓународната соработката, а и меѓуграничната соработка, придобивките би ги поделил во два дела. Едната придобивка би ја поврзал директно со туризмот како една основна гранка на развој на самиот град, а втората се сите оние проекти, без разлика дали станува збор за инфраструктура или некакво опремување на медицински центри или опремување на јавните претпријатија со соодветна опрема, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид на денешниот настан Саем-Отчет, земајќи збор на панел-дискусијата на тема „Меѓународна соработка за развиени општини“.Пецаков истакна дека она што се работи со туризмот и учеството на саемите за туризам, се гледа како директна придобивка, посебно во зимскиот период, кога станува збор за новогодишните празници, но и околу велигденските и првомајските празници, каде огромен број на туристи, пред сè од соседството, го поминуваат времето во Охрид.„За нас, таа меѓународна соработка на тие саеми, претставува директна придобивка за туризмот и локалниот развој. Заедно со тур операторите но и сите други што нудат некакви туристички услуги се вмрежуваат и се создава позитивен придонес, посебно во текот на летниот период каде што се создаваат тие пакети, настрана од тоа што претставува новогодишен период. Ние како град, создавајќи и творејќи, токму во делот на туризмот, како што придобивките се најголеми и ги гледаме на одреден начин, но она што претставува број на ноќевања и собирањето на туристичка такса каде што годинава сериозно предничиме“, рече Пецаков.Пецаков додаде дека соработката со Владата за воведување на нови авиолинии од охридскиот аеродромот значително придонесоа за дополнителен развој на туризмот во Охрид и целиот регион.

Македонија | пред 7 месеци

pecakov

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

-Охрид долги години беше позната како општина која е една од најзадолжените заедно со Тетово и нашиот долг околу 2013 го достигна пикот и беше околу 36 милиони евра. На прес излегов со пресек дека блокадата, заедно со тековни работи и фактури коишто се завршени долгот е 14.5 милиони евра. Со кого и да разговарав во Охрид сите знаеја дека функционираме под блокада, во 2024 година ја одблокиравме општината, а во 2025 година пренесовме 4 милиони евра на сметка. Така да позитивното финансиско работење е едно од работите на кои што сум посебно горд, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид во своето гостување во поткастот ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“.Градоначалникот Пецаков во текот на своето гостување се осврна и на тоа што може да очекуваат граѓаните на Охрид до крајот на неговиот мандат каде наброја неколку проекти.-Почеток на плоштадот Чинар, почеток на катната гаража, повеќе инфраструктура во руралните средини и ќе ја превршиме онаа динамика која што веќе сме ја започнале и наметнале во изминатите 4 години. Јас само можам да замислам како би било да настапивме со позитивна сметка или без долгови или со многу ситно нешто, укажа тој.Пецаков го истакна и планираниот проект за стратешко водоснабдување по гравитационен пат каде околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија.-Ние сме спремни наредната година да го започнеме стратешкото водоснабдување на градот Охрид по гравитационен пат. Околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да потрошиме електрична енергија. Дури може и да го искористиме сиот тој потенцијал кој што самиот извор го носи и за нас ќе претставува голема помош за нормалното водоснабдување на градот, кажа тој.На крај градоначалникот Пецаков ја посочи и помошта од Владата каде истакна дека како општина аплицирале со 24 проекти и добиле помош од околу 9 милиони евра.-Ние аплициравме за 24 проекти на двата повици од Влада и тоа е некаде околу 9 милиони евра. Тоа е огромна помош, порача тој.

Охрид | пред 9 месеци

pecakov

Пецаков до СДСМ Охрид: Излезете и признаете дека локациите каде во моментов се гради, се од вашите ДУП-ови

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати критика кон СДСМ Охрид кои го критикуваат дека во градот и натаму се гради, како и дека тој не го става под контрола, урбанистичкото планирање.„Не е ни чудно што елементарната правна неписменост доаѓа од партијата која за свои лични интереси и интересите на нивните бизнис партнери штанцаше урбанистички планови по нарачка. Ставање ред во урбанистичко планирање значи сосема спротивното од она што вие го работевте, односно престанок со штанцање на урбанистички планови со кои го девастиравте Охрид. За сликата да биде појасна и целосна, треба да сте доблесни, како што не сте, да излезете пред граѓаните и да си признаете дека сите локации каде во моментов се гради, се дел од урбанистичките планови кои вашите раководства на Општина Охрид, ги изработиле и одобриле. Исто така граѓаните треба да знаат дека од моето доаѓање на местото градоначалник до овој момент се донесени само два урбанистички планови од кои еден се однесува на индустриска зона Лескоец.Почитувани господа од СДСМ, кабаетот за девастацијата на Охрид е ваш, како што е ваш и за оттуѓувањата на државни земјишта за да им угодите на бизнис партнерите, за кои локации сега морализирате и се обидувате да се исперете од нечистотиите во минатото. Општина Охрид под мое раководсво ќе продолжи да се бори против вашите штетни одлуки од минатото за Охрид во интерес на граѓаните. Обидите за манипулација на јавноста за ситни политички поени се препознани од граѓаните. Вие сте веќе прочитана книга. П.С. За сите слики кои беа предмет на објава на СДСМ „reels“ партијата, го повикувам претседателот на СДСМ Охрид, Асен Шајн, на кој сака медиум во кој и да било ден и час, да поразговараме со факти за оваа тема, но и за било која друга тема која е во интерес на јавноста, а се однесува на Општина Охрид“, напиша Пецаков.

Охрид | пред 11 месец

Нема фотографија

(Видео) Пецаков: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

„Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и туристички потецијали е многу значаен центар на Македонија и затоа заслужува да сјае како вистински бисер на развојот, во секоја сфера од живеењето“, кажа Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.„Со големо задоволство, можам да кажам дека како посветена локална власт, во изминатите три години гордо чекориме по зацртаниот пат за напредок и обезбедување подобри услови во сите урбани и рурални средини.Од десетте приоритетни проекти кои ги ветивме на почетокот на мандатот, девет проекти се финализирани или се во напредна фаза на реализација. Ова претставува исклучителен успех кој ја потврдува мојата доследност и големата ангажираност на тимот со кој работам.Како прво и најважно, би сакал да потсетам дека Општина Охрид беше најзадолжена општина во државата, но со голем труд и финансиска дисциплина, успеавме да го завршиме процесот на раздолжување и да ја одблокираме сметката. Сега општината може да гради буџет на здрава основа и е подготвена за капитални инвестиции, големи проекти и користење на средствата од меѓународни фондови.Реализиравме низа проекти за изградба и реконструкција на комуналната и сообраќајната инфраструктура. Дваесетина градски улици и голем број локални патишта добија нова функционалност, симболизирајќи ја обновата на Охрид како урбана и модерна заедница. Современ лик добија улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември, а улицата „Гоце Делчев“ е во завршна фаза од реконструкцијата. Поставивме асфалт на педесетина локации во сите рурални средини, изградивме потпорни ѕидови, поставивме нови водоводни линии и системи за отпадни води. Го ставивме под контрола урбанистичкото планирање и завршивме илјадници предмети за легализација кои беа заглавени со години.Особено внимание посветивме на образовните институции, знаејќи дека се тие камен-темелник за иднината. Тука се голем број проекти за реконструкција на објектите од средното образование, економското училиште и гимназијата, каде што се инвестирани значителни средства. Исто така, го решивме проблемот со ООУ „Кочо Рацин“ кое наскоро ќе биде дислоцирано во нови современи простории во Охридската касарна. Градиме нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец и извршивме комплетна реконструкција на ООУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани.Во насока на обезбедување на подобри услови за спортскиот развој на децата, изградивме нови спортски и детски игралишта и комплетно ги реконструиравме постоечките. Отворањето на првиот Младински центар во Охрид ја покажува вистинската грижа која ја имаме за младите. Со овој проект нашата општина стана лидер и пример за креирање на младински политики во Македонија.Бевме исклучително посветени на културната дејност и развојот на спортот и поддржавме низа важни манифестации и настани. Тука би сакал да ги издвојам Фестивалот на вино, Ohrid Water Festival и Охридскиот џез фестивал, како нови содржини кои ја збогатија туристичката понуда на Охрид, надвор од шпицот на летната сезона.Со знаење, чесна и транспарентна работа, промените, проектите и победите јасно се гледаат во Охрид. Изразувам длабока благодарност на сите граѓани за довербата, соработката и за поддршката која секојдневно ни ја даваат. Пред нас стојат нови предизвици и со заеднички сили, продолжуваме да работиме за подобра иднина на Охрид, за нашите семејства и за сите генерации што доаѓаат“, изјави Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.

Македонија | пред 1 година

IMG_4933

Градоначалникот Пецаков оствари средба со македонската претставничка на Летните Олимписки игри Анастасија Мојсовска

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со охриѓанката Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз 2024, во категоријата спортско стрелаштво.Градоначалникот изрази големо задоволство што Охрид е горд на уште еден талентиран спортист со охридско потекло, кој ќе настапи на најпрестижниот спортски настан во светот. Тој упати честитки до Мојсовска за нејзиниот пласман на Олимписките игри со желби за висок резултат и уште поголеми успеси во нејзината спортска кариера во иднина. Градоначалникот истакна дека Општина Охрид во континуитет дава поддршка на спортот и особено е посветена на поддршка на талентирани спортисти кои остваруваат големи успеси.Младата 22-годишна Анастасија Мојсовска ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени – 60 истрели. Според програмата на Олимписките игри, македонската олимпијка ќе го има својот настап на 28 јули 2024 година.Мојсовска е член на Стрелачкиот клуб „Стрелец“ од Скопје и е повеќекратен Државен првак и рекордер на Македонија со високи резултати на меѓународните натпревари. На последниот Светски куп во Минхен, Германија, таа постави државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој беше конкурентен за влез во финале на Летните Олимписки игри.

ОО | пред 1 година

IMG_4769

Започнува Охридскиот вински фестивал - Ohrid wine festival 2024

Охрид е подготвен за третото издание на Ohrid wine festival што од 27-ми до 29-ти јуни ќе се одржува на кеј „Македонија“ пред хотел „Палас“.Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната средба со новинарите истакна дека фестивалот полека но сигурно зазема место и ја разубавува туристичката разгледница на Охрид.– Овој фестивал како и Оhrid water festival, се одраз на нашите големи желби за поголема туристичка промоција на Охрид и Охридското Езеро. Очекувам трите фестивалски ноќи да донесат гости и туристи од земјава и странство, а годинешното издание да биде успешно бидејќи музичките ѕвезеди кои ќе настапат, тоа и го ветуваат. Во трите фестивалски ноќи ќе настапуваат и стенд ап комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски- подвлече градоначалникот Пецаков.Пане Темов од организацискиот одбор на фестивалот се осврна на програмскиот дел.– Во четврток ќе настапат „Backdoor band“, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Во петок „Urban Planet“, „NEXT TIME“, „BRASS BROTHERS“ . Саботната вечер е резервирана за „Балканико“, групата „АРЕА“ и Влатко Лозановски – рече Темов.Фестивалот се одржува со поддршка на Општина Охрид, а во организација на CRAFT продукција.

ОО | пред 1 година

Screenshot-2023-11-26-at-14.05.54

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков по повод Меѓународниот ден на Балканските египќани

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 24 јуни, Меѓународниот ден на Балканските египќани, упати честитка до припадниците на оваа заедница во Општина Охрид.– Дозволете во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, најискрено да Ви го честитам 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските египќани, да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Египќаните, како посебен етнички, јазичен и културен субјект се од особено значење за целата македонска држава.Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик, Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од египќаните, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков упатена до заедницата на египќаните во Охрид.

ОО | пред 1 година

IMG_4475

Освојувачот на Европската бронза Давид Крстески оствари средба со градоначалникот Пецаков

Денес градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со Давид Крстески, член на Таеквон-до клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец, кој на последното Европско јуниорско првенство во Копер, Словенија го освои бронзенииот медал. Крстески се закити со брнозеното одличје во категоријата спаринг борби до 63 килограми.На средбата, Пецаков, честитајќи го големиот успех, порача дека локалната самоуправа и понатака активно ќе го помага клубот, овозможувајќи оптимални услови за работа на младите спортисти.

пред 1 година

IMG_4474

Најдобрите тенисерки Спасеска и Џајкоска на средба со градоначалникот Пецаков

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ги прими тенисерките Ана Спасеска и Маја Џајкоска кои освоија златен медал на Државното првенство по тенис што се одржа во период од 1-ви до 4-ти јуни во Тениската академија Аеродром во Скопје.Двете млади спортски надежи од Охрид кои доаѓаат од ТК „Адвантико“ , Спасеска и Џајкоска беа најдобри во категоријата Јуниорки за двојки. Тие успеаа да ги соборат Ведрана Танеска и Марија Попоска од ТК „Охрид“ и ТК „Чери Спорт“.На средбата градоначалникот Пецаков им честита за постигнатиот успех, со желба први места да освојуваат и во иднина, а локалната самоуправа ќе продолжи да го поддржува секој спортски проект што е од јавен интерес и општо добро.Ана Спасеска и Маја Џајкоска во континуитет, подолг период имаат најдобри резултати и освојуваат први места на општински и државни натпревари.

ОО | пред 1 година

IMG_4473

Градоначалникот Пецаков ја честиташе титулата на младите фудбалери од „Фер Плеј“

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со младите фудбалери од фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид, кои ја освоија титулата -Државен првак на Македонија во детски фудбал за генерација 2015 година.Градоначалникот Пецаков упати срдечни честитки до дечињата и нивните трењери со желби за уште поголеми успеси во иднина. Тој истака дека Општина Охрид како и до сега ќе продожи да инвестира во спортот и да дава поддршка на младите спортисти.На првенството во категорија на детски лиги организирано од ФФМ, екипата на „Фер Плеј“ играше без пораз и беше најдобра во конкуренција од 120 клубови од цела Македонија.„Фер Плеј“ е првата охридска фудбалска екипа која освоила ваква титула. Екипата ја водат тренерите Марјан и Игор Настоски.

ОО | пред 1 година

Нема фотографија

На пригодна свеченост доделени наградите на најдобрите основц и средношколци од Охрид

Во рамки на одбележувањето на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригодна свеченост на која беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.- На овој убав празничен ден ја имаме честа да оддадеме почит и благодарност на првите апостоли на Словените, кои ни го оставија најдрагоцениот подарок, а тоа е нашата писменост и културниот идентитет. Денес ја имаме честа, токму овде пред нивниот паметник, како охриѓани и македонци да го славиме споменот на Светите браќа Кирил и Методиј, на нивната несебична работа и визија.Создавањето на Глаголицата и ширењето на писменоста меѓу Словените значеше почеток на нова ера, …ера во која словенските народи добија можност за образование и духовно воздигнување.Оваа дејност продолжи и се усоврши преку учениците Свети Климент и Наум Охридски, кои токму тука во Охрид го создадоа најважниот културен и образовен центар на средновековниот свет – Охридската книжевна школа. Овој центар не само што бил светилник на знаењето и духовноста, туку и место каде што се создавала и пренесувала словенската писменост.Како една нова генерација, која се соочува со бројни актуелни промени и идентитетски предизвици, од особена важност е да го чуваме и славиме делото на Свети Кирил и Методиј и да ја почитуваме нивната света мисија. Тие ни покажаа дека образованието и културниот развој се основата на секое општество и дека преку знаењето и мудроста можеме да изградиме подобра иднина за сите нас. Нека Светите браќа продолжат да бидат наша инспирација во сите понатамошни чекори на патот кон подобра иднина.Според она што можеме да го видиме овде, денес, помеѓу овие млади и успешни ученици, убеден сум дека нашата иднина ќе биде светла и дека делото на светите браќа ќе продолжи да живее не само овде покрај Охридското Езеро, туку и насекаде во Македонија.Упатувам срдечни честитки до сите наградени ученици, кои со својата посветеност постигнале извонредни резултати. Вие сте доказ дека преку вложен труд, секој сон може да стане реалност. Вашите успеси се гордост за сите нас и пример за вашите врсници. Ви посакувам да продолжите да бидете истрајни и посветени и во понатамошното образование.Почитувани,На крајот од ова мое обраќање, дозволете ми да ја споделам со вас мојата лична и голема гордост што го носам името на еден од овие Свети браќа и прекрасното чувство на лична обврска да ги почитувам и пренесувам вредностите што тие ни ги оставија.Нека е честит денешниот празник, нека е вечно името и делото на Свети Кирил и Методиј. Нека е вечен Охрид, нека е вечна Македонија!, истакна Пецаков во своето обраќање.На настанот, беа доделени околу 300 признанија на ученици од сите основни и средни училишта од Општина Охрид.Во рамки на чествувањата по повод празникот, претходно во ЦК „Кирил и Методиј“ во населба Кошишта се одржа панихида и се одржа фолклорен концерт.

ОО | пред 1 година

pecakov-3

Честитка на градоначалникот Пецаков за денот на сесловенските просветители

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 мај, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.– На сите просветни работници, ученици и на сите граѓани на Општина Охрид им го честитам 24 мај, Денот на сесловеснките просветители Светите браќа Кирил и Методиј.Благодарение на нивната извонредна просветителска дејност, денес го имаме најголемото духовно богатсво јазикот и идентитетот. Писменоста на еден народ е најголемата и најважната придобивка на цивилизацијата.Создавајќи ја првата азбука глаголица, Кирил и Методиј ги поставиј темелите за описменување на словенските народи.Нека е вечно нивното име затоа што на основите на глаголицата се создаде кирилицата со што се обезбеди стандардизација на македонскиот јазик и писмо. Благодарение на нивното дело и ние Македонците, како дел од словенското семејство народи имаме можност и благослов на мајчин јазик да ја развиваме својата култура, уметност, образование и наука– стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

ОО | пред 1 година

290266770_448170893989597_374681502270615387_n

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 23 мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Општина Охрид.Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа упатувам срдечни честитки по повод 23 мај – Националниот ден на Власите со желби за добро здравје, среќа и успех.На овој празник се потсетуваме на богатата култура и традиции на влашкиот народ. Вашиот придонес во општеството е од непроценливо значење и е нераскинлив дел од Македонската историја.Современиот свет се соочува со бројни предизвици, па затоа на нас како заедница ни е важно да ги негуваме мултиетничките вредности, единството и меѓусебната поддршка. Само преку взаемна соработка можеме да изградиме подобра и посветла иднина за нас и нашите деца, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.

ОО | пред 1 година

Screenshot-2023-11-26-at-14.05.54

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков по повод Велигден

,,Христос Воскресна! Навистина Воскресна!Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни во секој дом. Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, е возвишен ден, бидејќи е ден во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. На овој празник го славиме животот и победата на смртта.Нека ни биде честит Воскресението Христови и Господ да ни подари сила, верба и истрајност, да го негуваме и сочуваме се она што ни го дарил.За многу години!", стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.

ОО | пред 1 година

436379323_753537420250242_4137723493996268395_n-1

Како Мијалкови стигнале до атрактивното земјиште во Охрид каде градат хотел

Фирмите на Мијалкови, земјиштето во Охрид на атрактивна локација со поглед на Охридско Езеро го купиле во 2011 година, а веќе во 2012 година добиле и одобрение за градење. Градоначалникот Кирил Пецаков нема преземено било какво дејствие во врска со предметната парцела.„Во 2007 година од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет Горица, кој од мнозинството советници е усвоен. Понатака во 2011 година врз основа на усвоениот план е организирано јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски, а по завршувањето на истото е склучен договор за оттуѓување на градежно земјиште со најповолниот понудувач.Понатака во 2012 година е издадено одобрение за градење на инвеститорот, а во 2013 година е склучен анекс од страна на Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување на рокови. Исто така анекс на договор е направен и во 2020 година е направен уште еден анекс со ОпштинаОхрид согласно измени во Законот за градежно земјиште – уреденост на градежното земјште согласно УПВНМ.Од погоре наведеното може да се констатира дека целокупната постапка е започната и завршена многу оддамна пред моето доаѓање на позиција градоначалник, па оттука нејасно ми е зошто токму пред избори и зошто токму јас сум повикан за нешто што се случувало оддамна, иако на оваа тема многу пати се зборувало во минатото. Овие факти нека служат како одговор до сите медиуми и иницијативи кои што доставуваа барања за информации од јавен карактер“, вели Пецаков.

Свет | пред 1 година

IMG_3469

Пецаков на изложбата посветена на охридскиот уметник Вангел Наумовски

,,Синоќа имав чест да присуствувам на изложба посветена на вонвременскиот охридски уметник Вангел Наумовски. Изложбата беше организирана од ЛК „Лихнидос“, а на неа присуствуваа бројни охриѓани, а за него зборуваа уметници, ликовни критичари, историчари, новинари, пријатели, познаници, општествено истакнати личности и членови на неговото семејство.Изложбата на која беа изложени дела од Вангел Наумовски се организира по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Од страна на организаторите и фамилијата Наумовски произлезе иницијатива за именување на плоштадот кај „Мини Маркет“ во Плоштад „Вангел Наумовски“. Оваа иницијатива со задоволство ја прифаќам и ја иницирам постапката за прифаќање на оваа иницијатива и со тоа големиот Вангел Наумовски да добие заслужено место. Неодамна на овој простор од страна на Младите од Охридскиот архитектонски колектив „Архрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, со поддршка на ЛК Лихнидос, ЛК Охрид, Кармен Бауцентар и уметнилчката галерија „Букефал“ беше исцртан мурал посветен на 100 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски.”, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Македонија | пред 1 година

IMG_3468

Пецаков: Неуморно работиме и вложуваме во спортот

,,Денеска извршив обиколка на активностите кои се одвиваат во СРЦ „Билјанини извори“ на теренот со вештачка трева. Таму започнати се зафати за изградба на трибина со капацитет од околу 150 седишта. Трибината ќе биде изградена од челична конструкција на која ќе се постават столчињата. Исто така тука се работи и на изведба на електрична инсталација за осветлување и ќе се постави нова ограда на овој терен со што можностите за негово користење се зголемуваат.Го посетив и фудбалското игралиште во склоп на поранешната касарна, каде што во тек е негова реконструкција. Тука веќе се подготвува земјата за садење на природна трева и се подготвува теренот за спроведување на автоматски систем за наводнување на теренот. Доплнително предвидено е да се огради фудбалскиот терен и да се адаптираат простории за соблекувални.Неуморно работиме и вложуваме во спортот се со цел подигнување на условитена повисоко ниво како би привлекле што повеќе млади луѓе да се занимаваат рекреативно и професионално со спорт.” напиша Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Македонија | пред 1 година

Kiril-Pecakov

Пецаков: Атмосферата и расположението во цела Македонија е во корист на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја преточиме во огромна разлика и историска победа на 24 април и 8 мај

Во цела петта единица атмосферата е одлична, расположението ја следи таа атмосфера и се надевам дека на 24 април ќе ги видиме резултатите, односно таа атмосфера ќе ја преточиме во огромна разлика помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ и за веќе на 8 мај да имаме кулминација и таа атмосфера да се преточи во историска победа за Македонија, односно, конечно ослободување на Македонија од ова лудило кое што ја има зафатено во изминатите 7-8 години, вели Кирил Пецаков во линковското вклучување во отвореното студио пред почетокот на денешниот митинг, односно голем народен собир пред македонската Влада со кој ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја започнува кампањата за избор на претседател.Тој посочи дека како колеги во македонското Собрание имаше прилика да соработува и сиот жар и став кој што професорката го имаше, беше исклучиво за Македонија и бранењето на македонските национални интереси.„Дополнително, сето она знае што го има, ние како држава треба да искористиме и спроведеме во наредниот период. Докажа и покажа дека е повеќе од достоинствен кандидат кој што Македонија може да ја води на вистински пат и Македонија заслужува да има претседател токму каков што е професорката“, рече Пецаков, повикувајќи ги македонските граѓани масовно да го дадат нивниот глас за професорката Силјановска Давкова.Тој се осврна и на работата на локалната власт при што истакна дека, динамиката и начинот на работа на сите градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го отсликува начинот на работа, принципот и динамиката на спроведување на сите работи ветени и на кои се обврзале во изборната кампања пред граѓаните дека ќе ги направат.Посочи дека токму тој ќе биде принципот и на работа на ВМРО-ДПМНЕ понатаму и во централната власт, додавајќи дека ние сме докажале дека за нас зборот е збор, дека секој проект што ќе го реализираме за нас постои отчетност.

Македонија | пред 1 година

pecakov-1

Пецаков до Левица: Се занимавате со мене, а најмалце Пецак ви е крив шо не можите да соберите 10.000 потписи за вашиот претседателски кандидат

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, возврати на прозивките од генералната секретарка на Левица, Јована Мојсоска. Таа иронично искоментира дека Пецаков го толерира Нефи Усеини и дивоградбата кај Чинарот, а градоначалникот и врати дека треба да се обрати во Државниот градежен инспекторат бидејќи станува збор за старо градско јадро каде тој нема надлежност. Објавата на Мојсоска ја сподели и Димитар Апасиев кој напиша: „Пецак, ај седи си мирно брат“, алудирајќи на тоа да не им го трга штандот од јавна површина.„Упорно продолжвите да се занимавате со мене, а најмалце Пецак ви е крив шо не можите да соберите 10.000 потписи за вашиот претседателски кандидат веќе 4 ден!За користење на јавна површина и поставување на штанд е потребна дозвола,то е повеќе од јасно, а за стикери и флаери нит забранил некој нит ќе забранит, посебно разорна политичка акција како вашата е добредојдена во овој предизборен период, кажите и на Јована дека во старо градско јадро надлежна е државата ( министерство за транспорт и врски и државен градежен инспекторат) и НЕКА СЕ ОБРАТИТ таму ќе и кажет то шо ја интересират. ПС. ако мислите дека е до штандот пред општина во Охрид как Пецакот, тогаш не е еден и три поставите.. Ај сега седите си мирни двајцата да го испијам кафето на раат‼️“, пиша Пецаков.Инаку, Левица собира потписи за Билјана Ванковска да биде претседателски кандидат на нивната партија. До вчеравечер, тие успеаја да соберат нешто повеќе од 4.500 потписи, а потребни се 10.000.

Охрид | пред 2 години

366285462_758128602993823_2685972792349870313_n

Пецаков им посака успешна сезона на целокупниот тим од ГРК Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им посака успешни подготовки и успешна сезона на тимот од ГРК Охрид.„Им посакав успешни подготовки и уште поуспешна сезона на целокупниот тим од ГРК Охрид во која цел е излез во Европа, истакнувајќи дека Градот цврсто стои зад клубот од кој во новата сезона се очекуваат добри резултати.Тренерот, Стевче Алушовски ме увери дека подготовките се одвиваат во посакуваниот правец најавувајќи дека претстои финално брусење на формата и воигрување на екипата пред стартот на првенството.Секогаш големи емоции пробудува кај мене клубскиот дрес. Неизмерно сум им благодарен за поклонот, вели Пецаков.Во знак на благодарност за поддршката, капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, на градоначалникот Пецаков, инаку поранешен ракометен голман, му подари дрес со број 1

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања